Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми

Go down 
+13
Macedonian Knight
risteski.goce@yahoo.com
sdan
Legija91
JKD
Momak od Gjorce
leopard
Zajcef
Alvar
Генерал
Зоран
beowulf
SIG
17 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 8 ... 12, 13, 14 ... 17 ... 22  Next
АвторПорака
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10947

Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми   Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми - Page 13 Empty1/7/2013, 09:54

beowulf напиша:
Alvar напиша:
Не сум некој љубител на полуавтомати (како ловни сачмарки, така и ловни карабини), но има една за која би одвоил брдо пари (кога би ги имал). Smile 
Да најдам сличе ќе го ставам.
Не е мој тип Cosmi-то. Laughing

Да, има нестандарден ретро дизајн и дефинитивно не е за сечиј вкус (за џеб да не збориме). Very Happy 
Туку нешто друго сакав да прашам, гледам 20-ка патрониве се се по-популарни во последно време... какви им се перформансите во споредба со 12-ка и 16-ката?
И дали ги има по нашиве дуќани и од кој производители... сигурно при студијата за калибар си ги зирнал и нив. Smile 

P.S. Какви се можностите за набавка на ловна пушка (или било каков вид на оружје) од страна, пр. Бугарија или Србија? Порано знам дека беше опција за доста наши ловци бидејќи и познавам луѓе кој на времето (мислам на Југославија) имаат набавено оружје на страна.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10947

Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми   Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми - Page 13 Empty1/7/2013, 10:31

Туку Бео, што мислиш за Breda Xanthos?



P.S. Ми се чини ни треба тема за ловно оружје, што викате?

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми   Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми - Page 13 Empty1/7/2013, 12:28

Go for it!
Вратете се на почетокот Go down
beowulf

beowulf


Број на мислења : 765

Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми   Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми - Page 13 Empty1/7/2013, 17:39

Alvar напиша:
Туку нешто друго сакав да прашам, гледам 20-ка патрониве се се по-популарни во последно време... какви им се перформансите во споредба со 12-ка и 16-ката?
И дали ги има по нашиве дуќани и од кој производители... сигурно при студијата за калибар си ги зирнал и нив. Smile 
20ките се се пополуарни ама не и кај нас. Кај нас ги нема ни за лек, затоа воопшто не се двоумев за кој калибар ќе се одлучам. Од друга страна 16 калибарот постои само во стандард варијанта односно до максимална должина на патронот од 70мм и пополека е во изумирање. Кај нас уште го има. Полуавтомати во овој калибар денес скоро и никој да не прави. Знам едно време ремингтон имаше полуавтомат во калибар 16. Иначе во перформанси калибарот 20 до негде може да се мери со 12ката ама само ако таа споредба е 20магнум против 12 стандард. 20 стандард бери 20-28г сачми, а магнум верзијата до 36г сачми. Од друга страна 12 стандард бери до 36г сачми, а магнум до 56г. Друга работа е што понудата на патрони за калибар 20 со крупни сачми и кугли е далеку далеку послаб во однос на калибарот 12......така да 12 gauge си е 12 gauge.Cool Иначе кога би купувал друга некоја двоцевка во калибар различен од 12, побрзо би се определил за 16 одколку за 20 бидејќи стандардните полнења на 16 берат повеќе сачми од стандардните полнења на 20 и сигурно се многу поевтини, а од друга страна нормално е дека магнум патроните за калибар 20 ќе бидат посупериорни од 16ките, ама чим патронот е магнум тој сигурно и кошта.
Alvar напиша:
P.S. Какви се можностите за набавка на ловна пушка (или било каков вид на оружје) од страна, пр. Бугарија или Србија? Порано знам дека беше опција за доста наши ловци бидејќи и познавам луѓе кој на времето (мислам на Југославија) имаат набавено оружје на страна.
Забрането е купување на оружје од странство освен за правни лица.
Вратете се на почетокот Go down
beowulf

beowulf


Број на мислења : 765

Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми   Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми - Page 13 Empty1/7/2013, 17:55

Alvar напиша:
Туку Бео, што мислиш за Breda Xanthos?
Добра е бредата ама тешко дека кај нас ќе се најде нешто вакво....ама да ви кажам право и не ми се прави многу ќејф за ваквите полуавтомати(inertia) кои не работат на позајмица на гасови туку со инерцијален затворач иако по се изгледа пак ќе земам некој со инерцијален затворач. Од друга страна не ги сакам нити пак оние полуавомати кои работат на гасна позајмица и кои немаат саморегулирачки вентил(бајкал, бернардели, мосберг), а пак оние саморегулирачки како Хатсан и Фабарм не ми изгледаат баш сигурни, посебно не Фабармот кој има некој си механизам со преливни прстени од еластомер......а од овие докажаните и проверени полуавтомати кои имаат саморегулирачки механизам и кои голтаат секакви патрони со полнења од 24 до 56г, нема(Бровинг(има ама 110.000ден), Берета и Винчестер(има еден ама со полимерски кундак))

Alvar напиша:
P.S. Ми се чини ни треба тема за ловно оружје, што викате?
hell yeah.Very Happy

ПС И да кажам зошто инерцијалните полуавтомати не ми се по ќејф....бидејќи не биле баш најдоверливи со лесни спортски понења 24-28-30г, и бидејќи било потребно полуавтоматот цврсто да се држи на рамото иначе ако се држел лабаво можело да дојди до застој. Исто така два полуавтомати со идентична тежина, а со различен механизам(позајмица ВС инерција), овој инерцијалниот имал поголем трзај.
Од друга страна предностите кај инерцијалните затворачи се едноставноста, полесни се за чистење(се чисти само цевката како двоцевките) бидејќи не постојат гасен цилиндар и клип и се добива за нијанса поголема излезна брзина бидејќи сите барутни гасови се искористени максимално, односно не се зема дел од гасовите за механизмот.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10947

Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми   Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми - Page 13 Empty1/7/2013, 18:11

Еве тема за ловно оружје, па од сега натаму може да дискутираме таму. Smile 
https://odbrana.forumotion.org/t458-topic#14931

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми   Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми - Page 13 Empty1/7/2013, 18:48

Ќе ги префрлам мислењава таму.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10947

Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми   Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми - Page 13 Empty1/8/2013, 01:34

Се носи нов закон за оружје
Воздушни пушки и плашливци – само со дозвола

Сигналните пиштоли плашливци, посилните воздушни пушки, лакови и самострели ќе се купуваат само со дозвола од МВР, но под олеснети услови

МВР воведува дозволи и процедура за набавка на плашливци, воздушното оружје што исфрла проектил побрзо од 200 метри во секунда и сила од 10,5 џули и за оружјето со тетива со јачина на натегнување на тетивата над 45 килограми. Ова оружје досега беше во слободна продажба, а добива третман на оружје со новите измени на Законот за оружјето, кои се во собраниска процедура. Според МВР, со ова треба да се спречи злоупотреба на плашливците, кои може да се модифицираат во оружје, и на посилните лакови и воздушни пушки.

- Ова оружје нема опасна природа и не може да предизвика тешки и смртоносни повреди и од тие причини е вброено во законската категорија на речиси безопасни огнени оружје. Но, со негова модификација од страна на илегални работилници, ова орудие станува оружје со кое може да се извршат тешки кривични дела. Едноставната постапка за набавка на оружјето го прави ова оружје присутно кај граѓаните, со што се создаваат можности за негова злоупотреба - стои во образложението на законските измени.

Според МВР, политиката во однос на сигналното оружје се заострува и во земјите од соседството. Граѓаните што ќе побараат одобрение за набавка на плашливци, лакови и воздушни пушки нема да мора да докажуваат оправдана причина за набавката, ниту техничко знаење за употреба и за одржување на оружјето, кои се задолжителен дел од процедурата за набавка на другите видови оружје. Сегашните сопственици на вакво оружје во рок од три години ќе треба да ги заменат сегашните потврди со дозволи за оружје.

Додека го заострува начинот на набавка на овие видови оружје, МВР со законските измени предвидува и олеснување на пристапот до цивилните стрелишта. Досега само лица со дозвола за оружје или во процедура за добивање можеа да гаѓаат со огнено оружје на стрелиште. Поволност е и можноста граѓани или фирми меѓусебно да разменат ист вид оружје. Процедурата ќе оди преку посредник, со нотарски договор. Со законските измени се воведува и следење на оружјето, односно систем за електронска евиденција на сите поправки и купопродажби на оружје и главни делови.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=F838575A70CEB94B9FE3C9BFB5C8C51D

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10947

Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми   Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми - Page 13 Empty20/10/2013, 22:57

Македонија - склад на нелегално оружје?!

Колку нелегално оружје има во Македонија никој не знае. Полицијата е во постојана борба со лицата кои тргуваат и неовластено имаат оружје кај себе. Тоа се’ почесто се употребува во апсурдни ситуации во кои има и жртви.

Неодамнешното грозоморно убиство на 13 лица во Србија од страна на воен ветеран и во Македонија го актуелизира прашањето: Има ли државата точна евиденција кој се’ поседува легално оружје и како се справува со оние кои нелегално го поседуваат?! Министерството за внатрешни работи смирува дека до парчето метал во рака не се доаѓа лесно. Максимално се почитуваат Законот за оружје и процедурите и секој кој што бара дозвола е подложен на широки безбедносни проверки.

Секое трето семејство со едно парче оружје

Медиумите речиси секојдневно пренесуваат вести за убиства, обиди за убиства или кражби извршени со нелегално оружје. МВР признава околу 170 илјади парчиња легално, а од невладината „Цивил“ децидни дека во Македонија циркулираат меѓу 170 до 300 илјади парчиња нелегално оружје. По конфликтот од 2001. и потпишувањето на Рамковниот договор „Цивил“ прва во Македонија го истакна проблемот со нелегалното оружје.

„Две години подоцна, тогашната влада и УНДП излегоа со проект за амнестија предавање на нелегалното оружје, акција во чии рамки ’Цивил’ учествуваше со проекти за јакнење на јавната свест. Акцијата во 2003 година беше успешна, не толку поради бројката на собраното оружје (околу 7.500 парчиња) колку заради успехот на кампањата по која голем дел од граѓаните беа добро информирани за темите од областа на контролата на оружјето“, вели претседателот Џабир Дерала. Загрижува слободната статистика дека во просек едно парче оружје му припаѓа на секое трето семејство во Македонија.

Оправдан е и стравот дека оружјето ширум Македонија од визбите и подрумите лесно може да биде злоупотребено. „Поопасен од присуство на оружјето е фактот дека расте подготвеноста оружјето да се употреби, дури и во крајно апсурдни и банални животни ситуации. Тоа е областа каде што треба да се фокусираме, како да се надмине култот кон оружјето и насилството, односно да се понудат поинакви решенија за проблемите на луѓето“, вели Дерала.

Нелегално оружјето за лична безбедност и заштита

Во 2012 година Министерството за внатрешни работи регистрирало 178 кривични дела недозволено тргување, поседување оружје и распрскувачки материи. Кривични пријави заработиле 215 осомничени лица. Најголем дел, 25 проценти од кривичните дела се извршени или откриени на подрачјето на Скопје.

„Граѓаните оружјето најчесто го набавуваат под изговор дека им е потребно за лична безбедност, заштита и сигурност“, вели Иво Котевски помошник министер за односи со јавноста. Лани полицијата запленила: 178 парчиња оружје, најмногу пиштоли – 65, 35 ловни пушки, 15 бомби,14 автоматски пушки и полуавтоматски пиштоли, по 3 рачни ракетни фрлачи и воздушни пушки, пиштоли за звучна и светлосна сигнализација, но и околу 8.700 парчиња различна муниција, 75 детонаторски каписли, 55 килограми експлозив и друго. МВР соработува со полициите од опкружувањето и пошироко и е дел од откривањето на шверцерите на оружје. „Лани се регистрирани 8 убиства извршени од лица кои оружјето го поседувале нелегално. Имало 12 обиди за убиства, 73 разбојништва, 10 кривични дела насилство, по едно кривично дело лишување од слобода, злосторничко здружување, загрозување на сигурноста и слично“, додава Котевски.

Кампањата на МВР од пред две години за анонимно предавање на нелегалното оружје без кривична одговорност заврши неславно. Граѓаните предале само стотина парчиња оружје и засега нема да има слични акции.

Постои ли профил на потенцијален убиец?!

„Не е прашањето дали постојат потенцијални убијци, туку колку ги има? Најчесто во оваа група припаѓаат неколку категории граѓани“, изјави за Дојче веле Станислав Петковски- Сашо, специјалист по медицинска психологија и цертифициран трансакциски аналитичар од Скопје.

Според Петковски тука се луѓето кои имаат слаб контакт со реалноста или се во психоза. Луѓето кои поради проблем со моралот и етичноста имаат развиено антисоцијална или психопатска структура на личност која не го почитува и не го вреднува туѓиот живот. Главно нивната цел им е важна и се’ што ќе се најде на патот, ќе го поместат, а ако треба и ќе го убијат. Вакви личности во овие 20 години се’ повеќе се присутни поради распадот на системот, немоќта на родителите во општиот хаос да преземат интервенции, недостатокот на љубов и емпатија. Има и луѓе кои поради партиски, етнички или верски верувања се толку радикализирани што оние кои се во спротивниот табор ги доживуваат како непријатели кои треба да се елиминираат.

„Докажано е дека луѓето не убиваат луѓе, туку симболи. Системот во Македонија нема доволно ресурси за ефикасна превенција на ваквата состојба, ниту материјални средства и експерти кои би се вклучиле во овој процес“, заклучува Петковски.
http://www.dw.de/%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D1%81%D0%BA%D0%BB%D0%B0%D0%B4-%D0%BD%D0%B0-%D0%BD%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%B3%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%BE-%D0%BE%D1%80%D1%83%D0%B6%D1%98%D0%B5/a-16777028?maca=maz-standard_feed-maz-10339-xml

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10947

Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми   Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми - Page 13 Empty9/11/2013, 21:41

Измени во законите за набавка и поседување на оружје во рамките на ЕУ.

Danger from Brussels: EU Commission demands stricter gun laws
http://www.all4shooters.com/en/news/law/2013/European-Commissionfirearms-internal-security-eu-protecting-citizens-disrupting-illegal-trafficking/

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми   Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми - Page 13 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми
Вратете се на почетокот 
Страна 13 of 22Отиди на страна : Previous  1 ... 8 ... 12, 13, 14 ... 17 ... 22  Next
 Similar topics
-
» Воздушно оружје
» Гасно оружје
» Ловно оружје
» 3Д печатање и правење оружје
» Егзотично Оружје

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Копнено вооружувње :: Пешадиско вооружување и опрема-
Отиди до: