Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 НАТО-во бомбардирање на СР Југославија

Go down 
+7
beowulf
Alvar
Legija91
SIG
Goust
Генерал
filip555
11 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3  Next
АвторПорака
Legija91

Legija91


Број на мислења : 1330

НАТО-во бомбардирање на СР Југославија - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: НАТО-во бомбардирање на СР Југославија   НАТО-во бомбардирање на СР Југославија - Page 2 Empty5/3/2014, 19:49

[You must be registered and logged in to see this image.]
Шта су лепи ови трасери ..  Cool 

______________________
If you're going throw hell, keep going.
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

НАТО-во бомбардирање на СР Југославија - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: НАТО-во бомбардирање на СР Југославија   НАТО-во бомбардирање на СР Југославија - Page 2 Empty25/3/2014, 10:04

15 години од НАТО бомбардирањето на ЈУГОСЛАВИЈА

СРЈ тогаш беше нападната под изговор дека е виновна за неуспехот од договорот во Рамбује и Париз за идниот статус на Косово. Откако беше соопштена одлуката за неприфаќањето на странски трупи, и беше потврдена од страна на Собранието на Србија, која предложи силите на Обединетите нации да го надгледуваат мирното решение на конфликтот во Косово, НАТО на 24 март 1999 година во 19:45 започна со лансирање на воздушни напади со ракети и авијации на повеќе области на Србија и Црна Гора

[You must be registered and logged in to see this image.]

Се навршуваат 15 години од почетокот на бомбардирањето на НАТО врз Србија, која започна со цел да се принуди Белград да ги прекине репресиите во Косово. Вчера беше ден на сеќавање на сите жртви кои настрадале во 78-дневното бомбардирање, кое беше одбележано со низа комеморативни собири ширум целата земја. За време на целото бомбардирање беа убиени најмалку 2.500 цивили меѓу кои 88 деца. Ранети беа повеќе од 12.500 луѓе.

Воздушните напади на НАТО врз Србија, тогашна Сојузна Република Југославија (СРЈ) почнаа на вчерашен ден пред 15 години. Погинаа 1.031 припадник на војската и српската полиција, потешко и полесно повредени беа 6.000 цивили, меѓу кои 2.700 биле деца. Ранети беа над 5 илјади војници и полицајци, а десетмина луѓе до ден-денес се водат како исчезнати, пишува "ртс.рс". Вкупната материјална штета се проценува на повеќе од десетина милијарди долари.

Одлуката за бомбардирањето на тогашната СРЈ за прв пат во историјата била донесена без одобрение од Советот на безбедност на УН, а наредбата, на тогашниот командант на сојузничката сила, американскиот генерал Весли Кларк му ја дал генералниот секретар на НАТО, Хавиер Солана, а Владата таа ноќ прогласи воена состојба.

Подоцна Кларк во книгата "Модерно војување", напиша дека поинтензивно започнале да се планираат воздушните напади против СРЈ во средината на јуни 1998 година, а истата година во август биле завршени.

СРЈ тогаш беше нападната под изговор дека е виновна за неуспехот од договорот во Рамбује и Париз за идниот статус на Косово. Откако беше соопштена одлуката за неприфаќањето на странски трупи, и беше потврдена од страна на Собранието на Србија, која предложи силите на Обединетите нации да го надгледуваат мирното решение на конфликтот во Косово, НАТО на 24 март 1999 година во 19:45 започна со лансирање на воздушни напади со ракети и авијации, на повеќе области на Србија и Црна Гора.

Деветнаесетте земји на Алијансата, започнаа со бомбардирање на бродовите во Јадранот, од четири воздухопловни бази во Италија, поддржани од стратешките бомбардирања кои полетаа од базата на западна Европа, а подоцна и од САД. Најпрво ги гаѓале касарните и единиците за противвоздушна одбрана на армијата на СРЈ, во Батајница, Младеновац, Приштина и други места.
Како што пишува "ртс.рс", речиси сите градови на Србија се нашле на метата на НАТО во текот на единаесетнеделното бомбардирање, каде биле оштетени 25.000 станбени објекти, онеспособени за возење биле 470 километри од патот и 595 километри од пругата. Оштетени биле 14 аеродроми, 19 болници, 20 здравствени домови, 18 градинки, 69 училишта, 176 споменици на културата и 44 мостови, додека 38 биле разурнати.

Во текот на бомбардирањето извршени се 2.300 воздушни удари на 995 објекти ширум земјата, а 1.150 борбени авиони лансирале приближно 420.000 проектили, со вкупна маса од 22.000 тона.
НАТО лансирал 1.300 крстосувачки ракети, и истрелал 37.000 касетни бомби од кои животот го загубиле 200 лица, а ранети биле повеќе од сто. Во текот на бомбардирањето тие го употребиле забранетиот осиромашен ураниум.


После единаесет недели, поради високите дипломатски притисоци, бомбардирањето е окончано со потпишување на Воено-технички договор во Куманово на 9 јуни 1999 година, за три дена подоцна да започне повлекувањето на силата на СРЈ од Косово. Тогашниот претседател Слободан Милошевиќ, на почетокот на јуни, го прифатил нивниот план за разместување на меѓународните трупи на Косово, а потоа тој договор е верификуван од Собранието на Србија. Така и бомбардирањето заврши на 10 јуни, бидејќи била донесена Резолуцијата 1244 на Советот на безбедност на ОН, пишува српски "курир". Последниот проектил паднал во селото Коколец во 13:30, а генералниот секретар на НАТО на 10 јуни дал наредба да се прекине бомбардирањето. На тој ден, Советот за безбедност на ОН ја усвои Резолуцијата 1244, во покраината беа упатени 37.200 војници на КФОР од 36 земји, со задача да го зачуваат мирот, безбедноста и враќањето на повеќе од сто илјади албански бегалци додека не се дефинира најширок степен на нејзина автономија.

Единицата на ВЈ се повлекла од Косово по донесената Резолуција на ОН, а првите меѓународни трупи стигнале на Косово на 12 јуни 1999 година, преку Грција и Македонија.
Инаку, според податоците на УНХЦР, од донесувањето на мировниот договор Косово го напуштиле околу 230.000 Срби, Роми и други народи, а во покраината се вратиле околу 800.000 од избеганите Албанци.

Излезе документарецот "Зошто"
Авторите на документарецот Зошто??, Србинката Јелена Милинчиќ и Американката Аниса Науаи, патувале низ поранешна Југославија во Белград, Косово и Црна Гора. Тие зборувале со луѓето што ги преживеале злосторствата и ужасите на војната и ги загубиле најблиските, и го направиле документарецот кој трае скоро половина час.


Осиромашениот ураниум ја коси Србија
Во некои проценки на српските стручњаци се наведува дека во текот на бомбардирањето на територијата на Србија се искористени околу 10 тони осиромашен ураниум. После жесток притисок е добиено признание оти е користена муниција со осиромашен ураниум, но од претставниците на Западот, никој никогаш не ја потврдил врската со многубројните малигни заболувања. Како што пишуваше "глас Русије" кон крајот на 2012 година, се употребил осиромашен ураниум во текот на бомбардирањето иако тоа било забрането. Па така, од 2000 година, тоа прашање се покренува и надвор од границата на земјата, додека сега здравствените установи предупредуваат дека драстично е зголемен бројот на заболени од леукемија и различни видови на тумори.
- Во извештајот на Бакарија Кантеа се наведува дека бомбардирањето се случило во време на сеидба, а осиромашениот ураниум влијаел на квалитетот на воздухот, земјата, водата, што резултирало со последици на целиот синџир на исхрана. Како резултат на тоа, идните генерации се изложени на зголемен број на заболени од рак, леукемија, абортуси, деформирани новороденчиња - наведува "Експер".
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

НАТО-во бомбардирање на СР Југославија - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: НАТО-во бомбардирање на СР Југославија   НАТО-во бомбардирање на СР Југославија - Page 2 Empty25/3/2014, 10:04

Руски документарец „ЗОШТО“...



Вратете се на почетокот Go down
Legija91

Legija91


Број на мислења : 1330

НАТО-во бомбардирање на СР Југославија - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: НАТО-во бомбардирање на СР Југославија   НАТО-во бомбардирање на СР Југославија - Page 2 Empty25/3/2014, 18:46

Симнувам капа, што дале отпор, а и што издржале толку најголемите воени сили во тоа време.  Wink 

______________________
If you're going throw hell, keep going.
Вратете се на почетокот Go down
assasian

assasian


Број на мислења : 304

НАТО-во бомбардирање на СР Југославија - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: НАТО-во бомбардирање на СР Југославија   НАТО-во бомбардирање на СР Југославија - Page 2 Empty26/3/2014, 11:14

Не сум некој Србоман , ама Нато не можеше да ја скрши тогашната СР Југославија , тоа беше срамен пораз за Нато , една мала земја да им го сруши нивниот "невидлив" авион , Ф -16, и уште еден бомбардер кое е непотвредно , и неколку десетици дронови е срам за коаливија од 20 земји кои учествуваа во тие напади
Одсекогаш интелектот на балканецот е 100 % подобар од нивниот "интелект",
да бомбардираш макети од тенкови , казани со топла вода ставени за ракетите на топлина да ги привлекуваат е стварно добро и за пофалба
еве и нивни луѓе прават анализи во кои потврдуваат дека не направиле никаква воена шета ,туку само цивилна

______________________
Не прашуваме колку се , туку каде се !!
Вратете се на почетокот Go down
BABUN

BABUN


Број на мислења : 133

НАТО-во бомбардирање на СР Југославија - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: НАТО-во бомбардирање на СР Југославија   НАТО-во бомбардирање на СР Југославија - Page 2 Empty26/3/2014, 14:38

Па со оглед на потенцијалот на тогашната нивна армија по мое и малце направија, НАТО ја исполна целта, косове независно, се посадија во Бонстил..не гледам кај му е поразот...
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

НАТО-во бомбардирање на СР Југославија - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: НАТО-во бомбардирање на СР Југославија   НАТО-во бомбардирање на СР Југославија - Page 2 Empty26/3/2014, 16:17

Па и не е  баш мала земја,тогашната српска војска наследи најголем дел од ЈНА,а не треба да се спомнува каде беше ЈНА во свое време и со што располагаше,што опрема материални и технички сретства што љутство,ако во нешто вложуваше тоа беше школуван кадар,а да не заборавиме дека на тогашната ВА имаше посебни смерови за ВВ и ПВО како и за [You must be registered and logged in to see this link.],во што се покажаа во најдобро светло во НАТО агресијата,ЈНА со сигурност прва на балканот а и највероватно во европа имаше во својте редови 3Д радар AN/TPS-70,кој во свое време беше врвот а ЈНА беше една од ретките земји кој го поседува,ден денес ВС го користи...Невидлив,нема такво нешто барем не до сега,туку намалена видливост,но сепак се покажува на радар,со каков такаов сигнал,+ Ф-117 е авион од првата генерација со стелт технологија...како што рече бабун и јас мислам дека малце направија два авиони и децентина дронови е малку според нивниот потенциал и количината на напади од страна на НАТО...но сепак капа доле...
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

НАТО-во бомбардирање на СР Југославија - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: НАТО-во бомбардирање на СР Југославија   НАТО-во бомбардирање на СР Југославија - Page 2 Empty26/3/2014, 19:13

Дечки аманте бе, како можеа повеќе да направат кога над небото буквално НЕМАШ НИШТО свое кое може нешто да стори? Соочени со најмоќниот воен сојуз на светов, незнам дали и ова што го направија беше многу!

Им ја уништија скоро целата инфраструктура на Србите, го загубија Косово, политички немаа ниту еден, НИТУ ЕДЕН сојузник. Беа препуштени сами на себе. И 76 дена бесомучно бомбардирање? секоја им чест за тоа, но сигурен сум дека го дадоа својот максимум во една таква ситуација.
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

НАТО-во бомбардирање на СР Југославија - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: НАТО-во бомбардирање на СР Југославија   НАТО-во бомбардирање на СР Југославија - Page 2 Empty27/3/2014, 19:04

Денот кога Србија го собори американскиот „невидлив“ Ф-117А (ФОТО+ВИДЕО)

[You must be registered and logged in to see this link.]
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

НАТО-во бомбардирање на СР Југославија - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: НАТО-во бомбардирање на СР Југославија   НАТО-во бомбардирање на СР Југославија - Page 2 Empty5/8/2014, 18:05

Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





НАТО-во бомбардирање на СР Југославија - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: НАТО-во бомбардирање на СР Југославија   НАТО-во бомбардирање на СР Југославија - Page 2 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
НАТО-во бомбардирање на СР Југославија
Вратете се на почетокот 
Страна 2 of 3Отиди на страна : Previous  1, 2, 3  Next
 Similar topics
-
» Распадот на Југославија
» Напалм бомбардирање во Виетнам
» НАТО морнарица
» НАТО Авијација
» НАТО членки и Сојузнички сили

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Воена историја-
Отиди до: