Најобичната 1200 долари комад,а нај скапата мисла дека беше 3800 долари комад...
Не биле скапи, јас мислев да не се над 50.000 и нагоре една ракета, колку што коштаат овие најевтините противоклопни или противвоздушни ракети.Вака со 50.000 долари има да се испразни цел еден лансер со 40 ракети. Штета што не ги користевме во 2001.
Мала исправка за МЕАДС бидејќи не е Повеќецевен ракетен лансер туку ПВО со АБМ можност МЕАДС = Medium Extended Air Defense System.
Ако јас бирам Иако има опција да се користат биохемиско оружје кај БМ-21 град сепак калибарот не одгавара(122) иако дометот е солиден, но добра комбинација е Оркан(220+) бидејќи пушта бомблети кои паѓаат со падобранчиња стандард противтенковски но може да имаат и антракс,чума,колера се до табун,соман.
Но ако веќе сакате тотална деструкција и тоа на штаб, бункер со многу муниција или аеродром па и енергетска станица тогаш нема подобро од MLRS на САД и ќе објаснам зошто конкретно станува збор за овој систем кој ако не се лажам и низа држави го имаат
Еве зошто го претпочитам МЛРС, очигледно е модуларен т.е едниот канистер може да се наполни со една а другите со 6 или пак двата канистра со две наведувани(хипотетички ако имаш батерија на располагање) а во одбраната на една држава тоиа може многу да значи
И тоа е наведувана и многу деструктивнма
За разлика од Оркан или БМ21 овде имате 60км и тоа прецизно наведување
Но ова е важно-ракетата т.е две mlrsATACMS која ја има во две опции едната како што напишав има да уништи цел хангар посебно ако се детонира горе, а втората варијанта е со нервен агенс ВХ но интересно е тоа што е бинарен т.е сосема легални материјали но кога се во контакт создаваат ВХ.
Има домет сигурни 300км со CEP Боево полнење од 220 до 500кг!!
Ќе ја претставам и ракетата и лансерот еквивалент на Искандер кои за Жал Грција ги има така да ХАВК со АБМН способност не е на одмет, инаку патриот е многу добра опција поради новиот радар дизајниран за објекти со мал RCS но може и да се додаде само системот ќе биде поранлив освен ако не се мобилизира(како на М113 или Египет па и полска на оклопот од старите Т-55 поставија СА-3 НЕВА лансери.
Да не цитирам ми дава лимит но неклој спомна за системот со мнооогу лансери па истиот е за брзо дефанзивно дејство и киамуфлажа под хитно без релоад инаку ќе биде уништен 30 минути после лансирањето бидејќи системите за локација на артилерија полесно ќе го лоцираат.
Друга работа околу МН-13 не се работело уште 30-ти, туѕку тогаш и германците користеле ракети и Јапонците(на копно и море) па и русите но за димни завеси, додека катјуша БМ13 станува оперативна 1942 иако е развивана 2-5(1938-1942 класифициран) години и затоа немала прецизност но иронијата е што Советите немнале возила па така БМ-13, првиот МЛРС е поставен на американски киамиони од марката Studebaker.
Камиони примени преку програмата на САД за помош на СССР против германија, програма која се нарече ленд анд леасе и СССР добија минимум 1000 шерман тенкови, толку камиони и џипови, низа оклопни возила, Матилда тенкови илјадници тони гориво, експлозив и храна.
Но кога сме кај артилериски системи има доста модерна германска мобилна хаубица направебна доста добро да има мал одраз звучен па и термален а истовремено јак систем за контрола на огнот и затоа ги групираат по 5 хаубици имено ако треба да се гаѓа една мета и да се дејствува ако се испалуваат проектилите еден по еден (често кога се лансира една за корекција еве со Оркан ќе дадам пример) веднаш непријателот после првите две гранати ќе се засолни, но што ако една хаубица за минута и 12 секунди ќе испали 5 проектили притоа првиот на агоч најблизу до прав па така накај остар и со помош на компјутерските пресметки една хаубица ќе погоди исто место во исто време со 5 гранати а 5 ќе испалат 25 артилериски гранати а време за заштита ќе нема, поради мобилноста германските хаубици ќе се релоцираат.
Повелете еден добар артилериски систем конечно Pzh2000