М4 карабините за американците се добри(и уште долго време нема да ги сменат) поради фактот што потполната надмоќ, одлична логистика и контрола на боиштата на кои војуваат, не дозволуваат да дојдат до израз маните кои ги поседува М4ката. Лесно им е на американците да војуваат преку ден со далеку послаб противник, а навечер да се враќаат во своите бази и слободното време да го користат да ги исчистат детално своите пушки, да ги подмачкаат, да ги наполнат рамките со квалитетна униција, па потоа да играат фудбал, кантер и да спијат на мирно и на безбедно место. Од друга страна замислете ситуација како некој во воена состојба(на пример како нас) треба да ја должи и да биде со неа 24/7 цела година, во услови на никаква безбедност, екстремни услови, никаква логистика(па уште и муниција со неквалитетен барут).....па замислете некој прегладнет и преморен наместо да одмори да треба тие неколку саати луфта да ги искористи да ја чисти, бриши и подмачкува својата пушка затоа што утре истата може да го чини живот. Затоа М4ката за американците е добра, а на пример за нас не, барем јас во војна би преферирал да носам груб калашников одколку нежна М4ка. Иначе како полициска пушка тешко дека М4ката има конкуренција.
Alvar
Број на мислења : 11097
Предмет: Re: Colt (М16/М4) 10/5/2013, 00:06
beowulf напиша:
Затоа М4ката за американците е добра, а на пример за нас не, барем јас во војна би преферирал да носам груб калашников одколку нежна М4ка.
Нивото на доверба кое го имам во АК како пушка, тешко дека би можел да го имам во М4... говорам за реална борбена ситуација. Не велам дека М4 е лоша платформа, далеку од тоа... но треба да се земе во обзир дека Америта со таа пушка буквално раснат, убедливо најпродавано комерцијално оружје во САД сооднос 100 : 1 кон било која друга пушка. Секако дека добро ќе ракуваат со неа кога речиси секој ја поседува дома во разно разни конфигурации.
______________________ Si vis pacem, para bellum
Alvar
Број на мислења : 11097
Предмет: Re: Colt (М16/М4) 10/5/2013, 00:14
______________________ Si vis pacem, para bellum
SIG
Број на мислења : 6117
Предмет: Re: Colt (М16/М4) 10/5/2013, 00:51
Што камери користат?
beowulf
Број на мислења : 765
Предмет: Re: Colt (М16/М4) 10/5/2013, 01:13
Alvar напиша:
beowulf напиша:
Затоа М4ката за американците е добра, а на пример за нас не, барем јас во војна би преферирал да носам груб калашников одколку нежна М4ка.
Нивото на доверба кое го имам во АК како пушка, тешко дека би можел да го имам во М4... говорам за реална борбена ситуација. Не велам дека М4 е лоша платформа, далеку од тоа... но треба да се земе во обзир дека Америта со таа пушка буквално раснат, убедливо најпродавано комерцијално оружје во САД сооднос 100 : 1 кон било која друга пушка. Секако дека добро ќе ракуваат со неа кога речиси секој ја поседува дома во разно разни конфигурации.
Да, тој патриотски елемент има големо влијание што М4 останува во служба.....ама барем да ја заменеја за некоја варијанта која функционира со барутна позајмица преку клип....овај direct impingment системот неприкосновен е кога станува збор за прецизноста и трзајот ама маните сите ги знаеме.
Последната промена е направена од beowulf на 10/5/2013, 01:14. Мислењето е променето 1 пати