Предмет: Kaibiles - Guatemala special operations forces 3/3/2015, 10:36
"Kaibiles" се воена специјална единица кои функционираат како дел од армијата на Гватемала, нивната специјалност е герилско војување во џунгла и анти-тероризам. Формирани се во 1974 година и за релативно брзо време стануваат најелитна единица во рамките на вооружените сили на Гватемала. Во мирновременски услови нивната примарна намена е борба против нарко-картелите.
Тренинг - За потребите на оваа единица министерството за одбрана на Гватемала основало посебен целосно опремен тренинг центар, каде што се извршува селекцијата и обуката на потенцијалните и сегашните членови на оваа елитна единица. Припадниците на оваа единица се обучуваат за герилско војување, герилски тактики во џунгла, топографија, воено разузнавање и контра-разузнавање, преживување во природа, саботажа и основен медицински курс. Исто така нивниот тренинг вклучува и посебно одбран систем на вештини за невооружена борба, познат како "Temv-K'a".
______________________ "Through discipline comes freedom"