Special Task Force (STF) е специјална полициска единица која е основана во 1983 година во рамки на Министерство за внатрешни работи на Шри Ланка. На почеток била составена од обични полициски служебници кои биле обучувани од инструктори на армијата на Шри Ланка, за подоцна да бидат обучувани од инструктори на САС и инструктори од безбедносните сили, а сега STF ги имаат едни од најдобрите инструктори во југо-источна Азија. . Нивната обука се состои од преживување, борба во џунгли, анти-тероризам, обезбедување на ВИП личности, анти-бунтовнички операции и др. На почетокот на граѓанската војна во Шри Ланка оваа единица била распоредувана како засилување во полициските станици, за подоцна да стане главен адут во борбата против терористичката организација "Тамилски тигри". Од почетокот на војната (1983) па се до крајот во 2009 година кога "Тамилските тигри" беа официјално поразени, оваа единица има изгубено околу 500 припадници. Покрај тоа, оваа единица е често обвинувана од страна на меѓународни хуманитарни организации, за сторни воени злосторства за време на граѓанската војна во Шри Ланка.
______________________ "Through discipline comes freedom"