Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Конкурси за вработување во МВР

Go down 
+40
Macedonian09
Macedonian Knight
Генерал
bojan1006
Drettica
darkness
gunner
warior
Gjole^Stolarot
wezzy
ZokiFifty
Rashid
ESN
икс
Спенсер
petarbt
Panter
Nikolce Trajkovski
Букефал
nikolce jakimovski
Зоран
Simona Ancevska
minceski
Kristijankiko
dekikb
Goran695
milo0710
asdasd12312345
Dimche.Trpeski
IgorM
viston
Braveheart993
assasian
JKD
Smrtnikot
ace89
tose
Momak od Gjorce
Цане
SIG
44 posters
Отиди на страна : 1, 2, 3 ... 42 ... 84  Next
АвторПорака
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

Конкурси за вработување во МВР Empty
ПишувањеПредмет: Re: Конкурси за вработување во МВР   Конкурси за вработување во МВР Empty19/10/2014, 13:11

ОГЛАС: МВР ќе вработи 400 полицајци

Министерството за внатрешни работи, утре ќе распише Јавен оглас за прием на нови 400 извршители на работно место „Полицаец“ за работа во Министерството, трет ваков конкурс кој што ќе се реализира согласно веќе стандардизираните и исцрпни критериуми.

-Кандидатите кои ќе ги исполнат условите и кои ќе бидат избрани по направената селекција, ќе склучат договор за основна обука за кандидат за полицаец во времетраење од една година, која ќе се спроведе во Центарот за обука при Министерството за внатрешни работи. По завршување на основната обука кандидатите за полицаец ќе склучат и договори за вработување во организациските единици сместени во Скопје, информираше министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Исто како и при распишувањето на претходните два конкурси за прием на полициски службеници, кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови: да се државјани на Република Македонија, да се полнолетни, а да не наполниле 25 години, да имаат завршено најмалку четиригодишно средно образование, да се здравствено и психофизички способни и со правосилна пресуда да не им е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Освен овие општи, кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови: телесна висина од најмалку 175 сантиметри за мажи, односно 165 сантиметри за жени, како и висока лична физичка и психичка подготвеност за извршување на полициските задачи.

Постапката за селекција на кандидатите ќе ја спроведува Комисија за избор на кандидат за полицаец, која што ќе ја формираме и ќе се спроведува во пет фази. На почеток ќе се врши административна проверка, односно утврдување на навременост и потполнетост на поднесената документација, како и исполнетост на пропишаните услови. Потоа, во дополнително закажаните термини ќе следи проверка на моторички способности. Како и при претходниот прием на полициски службеници, предуслов за натамошно продолжување со селекцијата ќе биде минимумот од 60 стомачни склекови, 55 градни склекови, трчање на 3200 метри за 13,30 минути и 10 згибови на вратило за мажи, додека минимумот за женските кандидати ќе изнесува 60 стомачни склекови, 27 градни склекови и 3200 метри за 16,30 минути, како и други физички проверки, кои би биле определени од страна на Комисијата.

По завршување на физичкиот дел, ќе следува писмено тестирање кое опфаќа општообразовен тест и психолошки тест, по што ќе се спроведува поединечно интервјуирање, односно разговор со секој кандидат за полицаец, кој ги поминал претходните фази.

Последна фаза во селекцијата ќе бидат здравствените прегледи, односно проверката на здравствените и психофизичките способности на кандидатите. Истите во постапката за селекција ќе се утврдуваат од страна на Здравствена комисија која што ќе биде формирана за таа намена.

Заинтересираните кандидати ќе треба да ги достават следните докази за исполнување на потребните услови за работното место, во оригинал или копија заверена на нотар: уверение за државјанство, извод од матична книга на родените, диплома за завршено четиригодишно образование, доказ дека со правосилна пресуда не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност и две фотографии во големина на патна исправа.

Пријавата со потребната документација, кандидатот е должен да ја поднесе ЛИЧНО во едно од определените места за пријавување, и тоа: СВР Скопје во Полициските станица од општа надлежност-Гази Баба, Бит Пазар и Карпош, како и во останатите Сектори за внатрешни работи, односно Битола, Велес, Куманово, Тетово, Охрид, Струмица и Штип.

Кандидатот е должен при поднесување на потребните документи, со себе да носи лична карта или пасош за идентификација, а тоа може да се прави секој работен ден во определениот рок, во текот на работното време.

Кандидатите може да конкурираат веднаш по објавувањето на огласот а рокот за доставување на пријавите е 15 дена. Ненавреманата и непотполната документација нема да се разгледува.

По спроведената постапка за селекција, избраните кандидати за полицаец склучуваат договор за основна обука за полицаец и на истата се упатуваат за 10 отсто поголем број кандидати за полицаец од бројот на слободни места за кои е распишан овој оглас или во конкретниот случај 440 кандидати.

По завршување на основната обука во времетраење од една година, Министерството со кандидатот за полицаец кој ја завршил основната обука за полицаец и кој врз основа на постигнатите резултати соодветно е внесен во ранг листата склучува Договорот за вработување.

-При селекцијата ќе биде земена предвид соодветната и правичната застапеност на сите етнички заедници во Република Македонија од редот на кандидатите кои ги исполнуваат општите и посебните услови како и психо-физичките и моторички способности, а Министерството особено ќе внимава и на соодветната родова застапеност на кандидатите кои ги исполниле условите на обата пола од кандидатите во секоја етничка заедница согласно позитивните законски прописи. Лесно може да се забележи дека условите се практично идентични со оние кои ги предвидовме на претходниот конкурс од едноставна причина што нема причина да се менува варијантата која се покажа како најпродуктивна. Имено резултатите кои ги постигнуваат кандидатите на едногодишната обука која што ја привршуваат, ни говорат дека сме го одбрале вистинскиот начин за селекција на идните полициски службеници. Заедно со 700–те кандидати кои беа примени во претходните две години, Министерството по завршување и на овој конкурс ќе добие вкупно 1.100 нови млади полициски службеници, што ќе претставува значително освежување на кадарот и многу поголема мобилност и ефикасност на униформата, додаде Јанкулоска.

Министерката им посака среќа на сите заинтересирани и ги повикам со време да почнат да работат на својата физичка подготвеност.

[url= http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/175418-OGLAS-MVR-ke-vraboti-400-policajci] http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/175418-OGLAS-MVR-ke-vraboti-400-policajci[/url]

______________________
"Through discipline comes freedom"
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

Конкурси за вработување во МВР Empty
ПишувањеПредмет: Re: Конкурси за вработување во МВР   Конкурси за вработување во МВР Empty19/10/2014, 15:15

Дел ќе биле прераспределени и во посебните едници...под посебни се сметаат ПЕП ?
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Конкурси за вработување во МВР Empty
ПишувањеПредмет: Re: Конкурси за вработување во МВР   Конкурси за вработување во МВР Empty19/10/2014, 18:05

И ЕБР и ЕСЗ... не верувам само за ПЕП да е.
Вратете се на почетокот Go down
Цане

Цане


Број на мислења : 87

Конкурси за вработување во МВР Empty
ПишувањеПредмет: Re: Конкурси за вработување во МВР   Конкурси за вработување во МВР Empty19/10/2014, 23:39

И јас мислам дека за сите специјални единици станува збор, а не само за ПЕП. А по некоја логика би требло најмногу да е за новата единица за јвен ред и мир и интервенции.
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

Конкурси за вработување во МВР Empty
ПишувањеПредмет: Re: Конкурси за вработување во МВР   Конкурси за вработување во МВР Empty20/10/2014, 02:00

Нејќам да ме сфатите погрешно,и јас сакам да влезам на следниот конкурс и да завршам обуката,но не знам колку би било паметно одма да ме(хипотетички) префрлат во некоја од тие единици...не знам колку би можело таа обука да те спреми за во специјална единица.И знам дека и таму ќе им вршат до-обука,но можеби е некако брзо веднаш да се пикаат во тие единици,кај што се бараат 100% спремни момци.

и АЛФА и треба обнова и тоа бајаги...повеќето се постари припадници.
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




Конкурси за вработување во МВР Empty
ПишувањеПредмет: Re: Конкурси за вработување во МВР   Конкурси за вработување во МВР Empty20/10/2014, 07:39

Незнам како пишување казни ќе те спреми за упад во зграда... Мислам дека основната обука да ја поминеш и би требало да ти биде доволно, затоа што во која единица и да влезеш пак ќе добиваш основна обука за таа единица. Извинете ако грешам, ама не гледам некоја посебна обука што ја имаат полицајциве...
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

Конкурси за вработување во МВР Empty
ПишувањеПредмет: Re: Конкурси за вработување во МВР   Конкурси за вработување во МВР Empty20/10/2014, 16:00

Треба да осетиш терен,треба да осетиш притисок,пцуење,вреѓање,дерење,камења по штит,провоцирање,да осетиш адреналин кога ќе се деси нешто(тепачка нај основна работа на пример) да осетиш како е да ставиш лисици на агресивен момак,наспроти момакот од твојата група кога си му рекол стој,рацете горе,и му ги ставаш лисиците,што е исценирано сценарио и знаеш дека нема да направи глупост,пошто е вежба,и уште еден куп мали ситници,кои што не може никако да се научат преку вежба.
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

Конкурси за вработување во МВР Empty
ПишувањеПредмет: Re: Конкурси за вработување во МВР   Конкурси за вработување во МВР Empty20/10/2014, 16:01

Значи, на обуката во времетраење од скоро 1 година, идните полициски службеници се стекнуваат со основно знаење за извршување на секојдневни полициски задачи и притоа ефикасноста се оценува. Мислам дека по завршувањето на обуката, некои се испраќаат по специјалните единици (најверојатно оние кои се покажале во најдобро светло) каде што додатно се обучуваат според програмата за обука која ја има одредена специјална единица (ЕБР или ЕСЗ). Што се однесува на ПЕП, тие немаат постојано седиште туку е составена од униформирани полициски службеници кои извршуваат секојдневни задачи.

______________________
"Through discipline comes freedom"
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

Конкурси за вработување во МВР Empty
ПишувањеПредмет: Re: Конкурси за вработување во МВР   Конкурси за вработување во МВР Empty20/10/2014, 16:07

Знам за ПЕП,туку мислев дека под посебни единици,спаѓа ПЕП и можеби АЛФА,а доколку кажеше Горде и во специјалните единици,ќе значеше и за ЕБР и ЕСЗ.
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Конкурси за вработување во МВР Empty
ПишувањеПредмет: Re: Конкурси за вработување во МВР   Конкурси за вработување во МВР Empty20/10/2014, 23:08

Јас како што слушнав од овој конкурс повеќето ќе бидат прераспоредени по станици како „обични“ плавковци
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Конкурси за вработување во МВР Empty
ПишувањеПредмет: Re: Конкурси за вработување во МВР   Конкурси за вработување во МВР Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Конкурси за вработување во МВР
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 84Отиди на страна : 1, 2, 3 ... 42 ... 84  Next
 Similar topics
-
» Конкурси за вработување во МВР

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Министерство за Внатрешни Работи - МВР-
Отиди до: