Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Интегрирано гранично управување

Go down 
АвторПорака
AlexGreat

AlexGreat


Број на мислења : 277

Интегрирано гранично управување Empty
ПишувањеПредмет: Интегрирано гранично управување   Интегрирано гранично управување Empty18/10/2011, 14:40

КОНЦЕПТ ЗА БЕЗБЕДНА ДРЖАВА - I дел

Интегрирано гранично управување Granicar34

Безбедноста и стабилноста на една држава во голема мера зависат од примената на ефикасно гранично управување, на информирањето,на комуникациите и на координацијата. Овие функции не треба да бидат во рацете на индивидуи,односно треба да бидат раководени од институции. Воедно, за нивното спроведување не треба да бидат одговорни само индивидуални институции туку меѓуагенциски тимови формирани во рамките на системот на интегрирано гранично управување. Обезбедувањето на државната граница претставува преземање различни мерки, постапки, дејства и активности заради создавање што поповолни услови за подготовка, за организирање и за изведување на гранични операции. Со нивното преземање се исклучува или се отежнува изненадувањето и се предвидуваат мерки и постапки за навремено откривање на нелегални минувачи, шверцери, терористичките групи и отстранување на последиците од нивните противзаконски активности.Државната граница се обезбедува
постојано, во сите услови и во секое време.Попрецизно, под обезбедување на државната граница се подразбира систем од мерки и постапки кои се преземаат во граничниот појас и во граничното подрачје заради запазување на неповредливоста на државната граница, заштита на суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија.Поаѓајќи од Уставната одредба дека „постојната граница на Република Македонија е неповредлива“, а заради ефикасна заштита, обезбедувањето на државната граница се организира како систем. Во рамките на системот, одделни државни органи како субјекти на системот имаат надлежности во поглед на заштитата на државната граница, додека конкретно задачите од нивниот делокруг им се одредени со закон или со подзаконски акти како уредби, правилници,упатства, правила и наредби.Во освртот ќе се направи компаративен приказ на двата системи во Република Македонија, поранешниот кој беше во надлежност на Министерството за одбрана (МО), односно Армијата на Република Македонија (АРМ), и сегашниот, кој е во надлежност на Министерството за внатрешни работи (МВР). Ќе се уочат карактеристиките на новиот систем на интегрирано гранично обезбедување и ќе ги увидиме предностите и напредокот што е постигнат во исполнувањето на мисијата за постигнување сигурна и контролирана државна граница.
Со освртот ќе се потврдат и конкретните резултати од воспоставувањето на системот како еден од клучните реформски проекти во рамките на евроатлантските интегративни напори и имплементацијата на европските стандарди и норми, што несомнено беше еден од најсилните аргументи за либерализација на визниот режим на Република Македонија со државите-членки на Европската унија. Стратегиските определби на Република Македонија за влез во НАТО и во ЕУ значеше обврска за повлекување на Армијата од должностите за гранично управување и предавање на истите на Граничната полиција.


НАЧИН НА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ДРЖАВНАТА ГРАНИЦА ОД СТРАНА НА АРМ

Системот за обезбедување на државната граница на Република Македонија во периодот од осамостојувањето на Република Македонија па сe до 2005 година го реализираа субјекти кои директно учествуваа во нејзината физичка заштита, контрола и надзор, како и структури кои придонесуваа во нејзината заштита.

Субјектите кои директно ја обезбедуваа државната граница беа:

– Министерство за одбрана на Република Македонија преку АРМ;

– Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.

Структури кои придонесуваа во заштитата:

– Царинската управа;

– Ветеринарната инспекција;

– Санитарната инспекција

Структури кои придонесуваа во заштитата на државната граница:

– органите на локална самоуправа и граничното население;

– Капетанијата на пристаништата на Република Македонија (орган во состав на Министерството за транспорт и
врски);

– претпријатија за стопанисување со шумите и езерата;

– Шумската полиција;

– ловни и риболовни друштва.

Структури за соработка при обезбедувањето на државната граница:

– органи и институции на соседните држави;

– тела за соработка при обезбедување на државната граница и за решавање на гранични инциденти (секторски ко- мисии);

– институции и единици на ЕУ и на НАТО присутни во Република Македонија и во соседните држави.



Меѓусебната поврзаност, содејството и соработката во работите на безбедноста и заштитата се остваруваа преку разни форми и методи во согласност со утврдените заеднички планови и менаџмент со граничните служби, органи и единици, чија дејност беше во врска со безбедноста на границата. Развивањето и подобрувањето на соработката на сите овие структури во обезбедувањето и во заштитата на државната граница имаше
значајна улога.
Министерството за одбрана на Република Македонија своите надлежности во поглед на заштитата на државната граница ги реализираше преку АРМ.
Во согласност со членот 122 став 1 од Уставот на Република Македонија, вооружените сили на Република Македонија го штитат територијалниот интегритет и независноста на Републиката.
На ниво на АРМ единица задолжена за непосредно практично обезбедување на државната граница беше Првата гранична бригада (1.грбр), која својата мисија ја остваруваше врз основа на одредбите од Законот за одбрана, Законот за преминување на државната граница и движење во граничниот појас и Правилото за гранична служба.
Оваа бригада беше здружено-тактичка единица со променлив состав. Во Бригадата, зависно од местото, улогата и задачите за кои беше наменета, се здружуваа пониски гранични наменски и стручни единици, како и единици од други родови и служби, што овозможуваше изведување резновидни активности и дејства во одредена зона или простор при заштитата на државната граница.Првата гранична бригада ја обезбедуваше државната граница и го контролираше движењето и престојот на лицата во граничниот појас надвор од населените места и граничните премини заради спречување неовластено преминување на границата и повреда на граничната линија, исто и на реките и на езерата, заради недозволена пловидба, недозволен риболов и други со закон забранети активности.

Основна мисија на Првата грбр беше обезбедување на државната граница на Република Македонија која се остваруваше преку:

– заштита на неповредливоста на државната територија на Република Македонија од навлегување делови на вооружените сили од соседните земји;

– следење на состојбата во задграничното подрачје и прибирање разузнавачко-извидувачки податоци;

– попречување на недозволената трговија со дрога и со оружје;

– спречување на уфрлување на диверзантско-терористички и други непријателски групи или поединци;

– контрола на остварувањето на пропишаниот режим во граничниот појас;

– навремено и потполно известување за состојбата и за настаните на границата.



Интегрирано гранично управување Granicar342



Во согласност со законските надлежности,обезбедувањето на државната граница се изведуваше со линиски и со линиско-длабински систем на обезбедување во просторот на граничниот појас и во граничното подрачје.

Обезбедувањето на државната граница Првата грбр го реализираше преку:

– одбранбено-заштитно делување;

– спроведување гранични операции.

Појдовните основи за одбрана и заштита на државната граница беа дефинирани во:

– Уставот на Република Македонија во членовите 1, 122 и 123;

– Стратегијата за одбрана според која „Системот за одбрана се заснова на неделивост, неотуѓивост и непроменливост на суверенитетот на Република Македонија и неповредливоста на границите“;

– „Белата книга за одбрана“ во која се дефинирани принципите на одбранбената политика на Република Македонија;

– Правилото за гранична служба кое ги регулира технолошките упатства при реализацијата на обезбедувањето на
државната граница и практичните начини за негово спроведување.


Стратегиската цел на концептот за операции беше целосно и ефикасно обезбедување на неповредливоста на државната граница од сите закани врз нејзината безбедност. Реализацијата на стратегиската цел предвидуваше планирање и изведување операции во нормални услови, редовно ангажирање на единиците од мирновременскиот состав на Бригадата, соработка со полицијата, со царината, со претставници и со авторитети од локалната власт и со населението во граничното подрачје, со лица и органи на мониторинзи и мисии, како и употреба на мобилни гранични сили за реакција на одредени правци и во одредени реони.

Концептот операции на Првата грбр за обезбедување на државната граница имаше варијанта за редовно и за засилено обезбедуванје, односно обезбедување во кризни ситуации, и варијанта за обезбедување при ескалација на кризата.


Текстот е превземен од „Штит„ , а е во моја обработка.

______________________
Born to be Macedon!
Вратете се на почетокот Go down
AlexGreat

AlexGreat


Број на мислења : 277

Интегрирано гранично управување Empty
ПишувањеПредмет: Re: Интегрирано гранично управување   Интегрирано гранично управување Empty18/10/2011, 14:47

КОНЦЕПТ ЗА БЕЗБЕДНА ДРЖАВА - II дел

Интегрирано гранично управување Granicaristroj


Безбедноста и стабилноста на една држава во голема мера зависат од примената на ефикасно гранично управување, на информирањето, на комуникациите и на координацијата. Овие функции не треба да бидат во рацете на индивидуи, односно треба да бидат раководени од институции. Воедно, за нивното спроведување не треба да бидат одговорни само индивидуални институции туку меѓуагенциски тимови формирани во рамките на системот на интегрирано гранично управување.
Во освртот ќе се направи компаративен приказ на двата системи во Република Македонија, поранешниот, кој беше во надлежност на Министерството за одбрана (МО), односно на Армијата на Република Македонија (АРМ), и сегашниот, кој е во надлежност на Министерството за внатрешни работи (МВР). Ќе се уочат карактеристиките на новиот систем на интегрирано гранично обезбедување и ќе ги увидиме предностите и напредокот во исполнувањето на мисијата за постигнување сигурна и контролирана државна граница.
Продолжуваме со компаративната анализа за системот за интергирано гранично управување. Додека во претходниот армиски систем Армијата беше кордонски и линиски распоредена со своите објекти по должината на државната граница, сега основни носители на системот на граничната контрола се регионалните центри на Граничната полиција: Север, Запад, Југ и Исток. Во рамките на Граничната полиција постојат специјализирани единици за гранични проверки, за граничен надзор, како и Прифатен центар за странци. Единиците за гранична проверка се полициските станици на граничните премини (патни, железнички езерски) и аеродроми, со основна задача да вршат контрола на патници и на моторни возила на легалните премини на државната граница и преземање мерки во длабочина на државната територија.
Регионалните центри се одговорни за управување на надзорот на границата во нивните региони. Полициските станици за надзор на границата извршуваат задачи на терен. Постојат четири регионални центри и 28 полициски станици за надзор на границата долж границата на Република Македонија. Бројот на персонал во другите министерства, но нивното работно место се наоѓа во рамките на нивните министерства и тие треба да преземат дел од работата на Координативниот центар кога е потребно.
Република Македонија е потписничка на Конвенцијата за полициска соработка на Југоисточна Европа т.н. Виенска конвенција.



Во поглед на имплементацијата на одредбите од Конвенцијата, Република Македонија има потпишано документи во областа на граничната полиција со:

- Србија – протокол меѓу МВР на Република Македонија и МВР на Република Србија за организација и за одржување на редовни состаноци помеѓу претставници на граничните служби на национално, на регионално и на локално ниво;

- Бугарија – спогодба за прекугранична соработка.

На бугарската граница се одржуваат состаноци на регионално ниво. Постојат и планови за утврдување точка за контакт на бугарска територија. Слични иницијативи се планираат и со другите соседни земји. Секторот за гранични работи постепено работи на трилатерална соработка со Бугарија и со Србија. Една од целите на таквата
соработка е брза размена на информации. Со Република Грција Република Македонија нема склучено писмена спогодба. Од тие причини соработката е помалку интензивна, но постои на сите нивоа.

- Албанија – протокол помеѓу МВР на Република Македонија и МВР на Република Албанија за организација и за одржување на редовни состаноци помеѓу претставници на граничните служби на двете земји на национално, на регионално и на локално ниво, како и договор за заеднички патроли долж државната граница;

Со Албанија во практика постојат две заеднички патроли на зелената граница еднаш месечно. Командирите и дежурните офицери на полициските станици се среќаваат меѓусебно еднаш неделно со цел да разменат информации. Овие патроли и неделни состаноци се многу корисни.

- Со косовските служби – договорна состојба на билатерална основа за полициска соработка која предвидува можност да се воспостават заеднички гранични полициски патроли, размена на информации и заедничка обука. На границата со Косово се одржуваат редовни состаноци со КФОР на централно ниво секои два месеци. Се одржуваат контакти со безбедносните сили на Косово на сите три нивоа. Соработката, особено со царинските служби, е редовна. Размената на информации главно се извршува преку НКЦИГУ и преку дежурниот оперативен центар. Размената на информации е многу формална, но тоа дава гаранции за заштита на податоците. Граничната полиција во Република Македонија е овластена да врши истрага за кривични дела на граничниот премин. Со осомничениот уапсен од страна на полицајци на границата или на граничниот премин првично се спроведува интервју во полициската станица, а потоа се предава на инспектор на регионално ниво.

Ако криминалот е сериозен/тежок или комплициран, тогаш е под истрага на Единицата за организиран криминал.
Системот за информатичка технологија (ИТ) на Граничната полиција е поврзан со централизираниот систем за ИТ на МВР. Сега таа има централизиран систем за податоци со back up–сервери. Секој граниченпремин е поврзан со централната база на податоци. Полицајците кои работат во полициските станици се овластени за пристап до овие податоци. Полициските станици за надзор на границата засега не се поврзани со централниот систем за ИТ на МВР. Основната обука на полицајците е поделена на три модули. Секој модул трае три месеци, а потоа следи еден месец практична обука на терен. Првиот модул е за јавен ред и безбедност, вториот за сообраќајно работење и третиот дел е за гранично полициско работење.

Граничната полиција има создадено „ментор-систем“. Ментор-системот значи дека квалификувани полицајци се обучени како ментори кои организираат континуирана обука во полициските стаиици. Регионалните обуки се организирани од регионалните центри. Целта на децентрализираната програма за обука е сите службеници да се усовршат на напредно ниво. На сите службеници по нивното враќање од обука треба да им се дозволи и практично да ги применат овие способности. Врз основа на досега изнесеното во освртот може да се согледаат предностите на новиот систем на обезбедување на државната граница од страна на МВР, односно надзорот и контролата на државната граница.

Интегрирано гранично управување Granicnapodelbanarm

______________________
Born to be Macedon!
Вратете се на почетокот Go down
AlexGreat

AlexGreat


Број на мислења : 277

Интегрирано гранично управување Empty
ПишувањеПредмет: Re: Интегрирано гранично управување   Интегрирано гранично управување Empty18/10/2011, 14:53

ПРЕДИЗВИЦИ И ПРОБЛЕМИ ВО ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА ДРЖАВНАТА ГРАНИЦА

Интегрирано гранично управување Granicnapolicijanarm


Без оглед на досега постигнатите резултати постојат проблеми и пречки во обезбедувањето на државната
граница. Надминувањето на овие проблеми и пречки претставува голем предизвик. Под проблеми и пречки во секојдневната активност на полицијата и на структурите кои придонесуваат во надзорот и во заштитата на државната граница се подразбираат состојби и услови од објективна и од субјективна природа кои ја отежнуваат
работата, функционирањето на субјектите за надзор на државната граница и го намалуваат успехот во нивното
работење.

Овие проблеми се постојано присутни и го обременуваат системот за контрола и надзор на државна граница, а условно може да се групираат во следните целини:

1. Проблеми кои произлегуваат од недоволна координираност на субјектите вклучени во надзорот на државната граница.

2. Објективни проблеми со кои се среќава Граничната полиција како основен субјект во надзорот на државната граница.

3. Проблеми од субјективна природа во функционирањето на Граничната полиција.




1. Проблеми кои произлегуваат од недоволна координираност на субјектите вклучени во надзорот на државната граница.

– нерегулирана соработка, размена на информации и координација помеѓу министерствата и агенциите инволвирани во граничното управување;

– недоволна регулиратива во надлежностите и во меѓуминистерската конкуренција на граничните премини – не постои професионален и процедурален механизам за координација помеѓу министерствата присутни на гранични-
те премини. Особено е слаба процедуралната координација и соработката помеѓу Царината и Полицијата која е
непродуктивна од аспект на европските стандарди;

– недостаток на објекти и на средства на граничните премени;

– недостаток на јасни процедури врз иноснова на кои може да се врши контрола врз работењето на персоналот;

– недоволна обученост на дел од персоналот кој извршува проверка и контрола на стоката и на луѓето на државната граница за справување со опасен и радиоактивен материјал;

– слабата инфраструктура, недоволно развиени услуги, здравството, образованието (оддалеченоста) и недостатокот на можности за вработување на населението кое живее во граничните региони, се причините за прибегнување кон криминални активности и користење на услуги кои полесно можат да се остварат преку границите на соседните држави;

– недоволна екипираност, техничка опременост и координација на структурите на граничните премини.

2. Проблемите со кои се среќава Граничната полиција како основен субјект во надзорот и заштитата на државната граница главно имаат објективен или субјективен карактер.

Проблемите во функционирањето на Граничната полиција од објективна природа се манифестираат преку:

– нестабилна политичко-безбедносна ситуација во регионот на Југоисточна Европа;

– поволноста на македонскиот простор како коридор;

– обиди за нелегално преминување на државната граница;

– непочитување на граничниот режим од страна на месното население (албанскиот фактор) од Косово;

– високопланинскиот предел, постоењето на бројни природни и вештачки објекти и населби покрај самата гранична линија кои нелегалните минувачи ги користат за криење и за престој;

– отежнато контролирање поради самата конфигурација на земјиштето, пошуменоста и бујна вегетација на теренот што овозможува добра покриеност за нелегалните активности и дејства;

– слабата економска моќ на населението од граничното и од задграничното подрачје;

– оштетените и уништени гранични ознаки на копно и на вода кон Р. Албанија;

– недоволната и непотполна опременост на граничните единици и на полициските сили со посебни возила, уреди за ноќно набљудување, за гаѓање, радари и современи уреди за врски;


3. Проблемите во функционирањето на Граничната полиција од субјективна природа се манифестираат преку:

– недоволно организираната и ненавремена соработка со структурите кои придонесуваат или, пак, можат да придонесат во надзорот и во заштитата на државната граница;

– слабата соработка на месното население со субјектите за надзор на државната граница, посебно со полициските
сили.


МОЖНОСТИ ЗА НАДМИНУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИТЕ

Имплементацијата на мерките и на активностите во системот на интегрираното гранично управување врз осно-
ва на Стратегијата за интегрирано гранично управување и на Националниот акционен план за интегрирано гранично управување, како и во согласност со Шенген-прирачникот, овозможи да се изгради систем кој развива база на податоци за управување со границата и нивна поврзаност во рамките на информатичкиот систем за интегрирано гранично управување со цел пристап и размена на информации помеѓу државните органи кои имаат надлежност во граничното управување. Со ова се градат организирани и координирани мерки на органите вклучени во интегрираното гранично управување во надзорот на законитоста на влезот и на излезот на лица, на
стоки и на превозни средства, се спречува и се открива организираниот криминал,се спречуваат лица и сторители на кривични дела и сите видови шверц преку граничните премини, се врши контрола и спречување на пренос на материи и на заразни болести што ги загрозуваат луѓето и стоките.



Мерки кои треба да се преземат за подобрување на ефикасноста на системот на интегрирано гранично управување:

– да се обезбеди јасно дефинирање на надлежностите на Граничната полиција и на царинските органи на граничниот премин (вршење проверки на приватни автомобили и на тешки возила);


– да се обезбедат доволен број на крос-кантри и на редовни возила за да се подобри мобилноста на Граничната полиција на зелената граница;

– да се постигне добар квалитет на анализата на ризикот на сите нивоа;

– да се инсталираат понови модели на читачи на документи на граничните премини;

– аеродромите да бидат поврзани со мрежа за размена на информации помеѓу меѓународните аеродроми како чин на меѓународна соработка;

– да се разгледа интеракцијата помеѓу улогата на Националниот координативен центар за интегрирано гранично управување во стратегиската анализа и развојот на системот за анализа на ризик и дистрибуирање на инфоринформации за ризик внатре во Граничната полиција и во другите инволвирани организации;

– да се обезбеди понатамошен развој на системот за интегрирано гранично управување,

– да се изгради систем за компензациски мерки за контрола на движењето и престојот на луѓе и на стоки во внатрешноста на државната територија.

______________________
Born to be Macedon!
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Интегрирано гранично управување Empty
ПишувањеПредмет: Re: Интегрирано гранично управување   Интегрирано гранично управување Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Интегрирано гранично управување
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Кантина :: Наука и литература-
Отиди до: