Сега за сега ги урежав панелите бидејки беа во позитив излиени,има уште поправки на нив од типот исправање на линија и пополнување на линии надвор од означените панели.Ќе биде во боите на Бразилското Воено Воздухопловство.бидејки таа камуфлажа ми е најдобра,Италијанските и Австралискиот за којшто има декали во кутијата се еднобојни и отпаѓаат како опција.
Авиончето го завршив,направив грешка со подлогата со црната боја.Имено бојата беше полу сјајна па затоа треба подолго да се суши,почекав еден ден и почнав со фарбање на камуфлажа, и останаа на трупот од долната страна отисоци,при фарбање на тоа место се познава дека не е нешто во ред,исто и на десната страна позади крилото,плус Агама боите кога се шприцаат на пониски тамператури знаат да прават проблем.Има 2 и понекој крив панел.