Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Топ ЗиС-3 76мм Миниарт 1/35,АРМ 2001

Go down 
4 posters
АвторПорака
leopard




Број на мислења : 567

Топ ЗиС-3 76мм Миниарт 1/35,АРМ 2001 Empty
ПишувањеПредмет: Топ ЗиС-3 76мм Миниарт 1/35,АРМ 2001   Топ ЗиС-3 76мм Миниарт 1/35,АРМ 2001 Empty19/6/2013, 21:11

Поздрав,Макетава која следи во продолжение претставува Топ ЗиС-3 во служба на Армијата на Република Македонија во војната 2001 година на позиции пред селото Слупчане -Кумановско(Гледано од слики)Макетата е произведена од Украинскиот производител Миниарт и не е многу прецизно одлиена,деловите се одлиени од крута пластика.За да се направи автентичен АРМ топ,направив преработки на штитникот,кој се состојат во сечење на штитот и правење на неколку шарки и утврдуваши за да изгледа како на слики од 2001.Фигурата е производ на Руската фирма 5та Козарска Бригада во оригинално пакување коа го претставува Командантот на 5та лесна пешадиска бригада Полковник Перо Чолиќ,кој во мојот случај претставува Македонски Армиски Резервист (Кочанчанец-бидејки дојдов до сознанија дека резервисти од тој град опслужувале неколку ЗиС-3ки)Самиот топ решив да го вкопам и воедно ова е мој прв проект на изработка на подлога за макета.Подлогата е изработена со обична земја пресеана преку најситно сито и со рамномерни движења посипувана е со цедилка за чај.Основата е рамка за фотографија премачкана со дрвофикс лепак разреден во вода,постапката е повторувана неколку пати додека топот не го вкопав,преку целата површина е попрскана со лак за коса за да се стврдне,па потоа е третирана со пигменти за да не биде целата во кафена боја туку да се гледаат нијанси.Десно од Резервистот поставена е мунициска кутија адекватно запрљана на која има поставено Југословенска Полуавтоматска Пушка (м-59/66 Паповка) која е извадена од сетот на фирмата Драгон,првобитно претставуваше кинески Тип 68 но со преправки ја доведов до Југословенски стандардVery Happy.Шлемот е Советски од втората светска војна кој дојде во кутијата од макетата со 5 војници од посадата кој не ги искористив.туку само малку го зашмирглав и му дадов облик на АРМ модел,додадено и еи шише кое би требало да симулира шише со вода-ракија,кој како ќе си го доживее.Крај топот има 3 празни чаури (бидејки на слики ги имам забележено) инаку во кутијата имаше 3 фугасни,3 поткалибарни и 3 чаури.На краците од топот поставив вреќички со песок-условно кажано треба да симулираат песок,инаку вреќиќките се пластични,адекватно ги испрљав и колку што можев се трудев да ги поставам автентично,бидејки топчево кога е многу немирно-скока,за што во поранешната ЈНА во војничкиот жаргон му е доделено името Јарец.На самиот топ на механизмот за оган му залепив конец со дрвена рачка кој симулира јаже за оган-стрелба.Во продолжение следуваат слики од ЗиС-3 сликани во конфликтот 2001 во Кумановско

Топ ЗиС-3 76мм Миниарт 1/35,АРМ 2001 2uLAIlc

Топ ЗиС-3 76мм Миниарт 1/35,АРМ 2001 JqFIVyL

Топ ЗиС-3 76мм Миниарт 1/35,АРМ 2001 Zq0XbY4

Топ ЗиС-3 76мм Миниарт 1/35,АРМ 2001 B4ZblAJ

Слики од Макетата
Топ ЗиС-3 76мм Миниарт 1/35,АРМ 2001 SHDrig1l

Топ ЗиС-3 76мм Миниарт 1/35,АРМ 2001 KSRimA3l

Топ ЗиС-3 76мм Миниарт 1/35,АРМ 2001 Vzhu0ibl

Топ ЗиС-3 76мм Миниарт 1/35,АРМ 2001 XnGOcDul

Топ ЗиС-3 76мм Миниарт 1/35,АРМ 2001 C4aLl3Nl

Топ ЗиС-3 76мм Миниарт 1/35,АРМ 2001 GT6XQ2il

Топ ЗиС-3 76мм Миниарт 1/35,АРМ 2001 YPHRnIyl

Топ ЗиС-3 76мм Миниарт 1/35,АРМ 2001 RYc9C5hl

Топ ЗиС-3 76мм Миниарт 1/35,АРМ 2001 X0QXCMKl

Топ ЗиС-3 76мм Миниарт 1/35,АРМ 2001 1NpqGcHl

Топ ЗиС-3 76мм Миниарт 1/35,АРМ 2001 YaCOfrDl

Неколку Историски факти за топот ЗиС-3 76мм на Поранешните Југословенски простори

Топот ЗиС-3 76мм во вооружувањето на Партизанските единици влече корени од 1944 после преговорите водени помеѓу Маршалот Тито од една страна и Сталин и врвот на Црвената Армија од друга страна.Првата прака на ЗиС-ови е примена 27 Октомври 1944 во Петровград,денес Зрењанин,и артилериската бригада број 5 во Панчево.Сите артилериски единици од Македонија собрани се во Декември 1944 во Артилериската база број 8 во Скопје во која инструкторите од Црвената Армија извеле обука со гаѓање.На Сремскиот фронт во состав на 42та дивизија заминала 1та Македонска Артилериска Бригада која била пополнета со 4 батерии ЗиС-ови,2 во 1от дизизион и 2 во тежок дивизион,во 48та Дивизија се наоѓала 2та Македонска Артилериска Бригада со 2 батерии ЗиС.Во пописот на ЈНА од 1959 по планот Дрвар-1 се наоѓале 1089 ЗиС топови.Во средината на 70те години со доаѓањето на нова противоклопна техника ЗиС постепено преминуваат во посед на новоформираната Територијална одбрана ширум земјата.Со почетокот на воените дејствија во СФРЈ ЗиС топовите земаат активна улога во војната,само за пример војската на Република Српска Краина кон крајот на 1995 имала 137 ЗиС. М-42(Југословенска ознака за ЗиС-3)Во состав на ВРС-Војска на Република Српска во 2006та година сеуште се наоѓале 36 М-42,а додека во војската БиХ имало 87 М-42.Во Војската на Југославија ВЈ М-42 го дочекуваат 21 век конзервирани и во резерва,дел е повлечен и продаден после генералниот ремонт,последните 18 ЗиС топови се одредени за протоколарни и свечени прилики во составот на гардата каде за одредени празници изведуваат почесна стрелба пред граѓаните од касарната на Дедиње или од Калемегдан каде љубителите на стара воена техника можат да видат како изгледа плотун од ЗиС.Во Армијата на Македонија се наоѓаа 10 ЗиС-3 оставени од поранешната ТО, активно се изведуваше обука на нив до 2005 година кога летото беа испукани последните гранати за нив и беа отпишани од Арсеналот на АРМ.ЗиС-овите има запазена улога во војната 2001 година.1 ЗиС е сочуван во поранешниот Воен Музеј во касарната Гоце Делчев во Скопје населба Аеродром во надворешната збирка и заедно со останатите експонати е оставен на забот на времето,топот е произведен во 1945 година.

Топ ЗиС-3 76мм Миниарт 1/35,АРМ 2001 BkVHWUEl

Во текстот е искористена литература од Српското издание Арсенал број 62
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6110

Топ ЗиС-3 76мм Миниарт 1/35,АРМ 2001 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Топ ЗиС-3 76мм Миниарт 1/35,АРМ 2001   Топ ЗиС-3 76мм Миниарт 1/35,АРМ 2001 Empty19/6/2013, 21:17

aplauzaplauzaplauzaplauz
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Топ ЗиС-3 76мм Миниарт 1/35,АРМ 2001 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Топ ЗиС-3 76мм Миниарт 1/35,АРМ 2001   Топ ЗиС-3 76мм Миниарт 1/35,АРМ 2001 Empty19/6/2013, 21:24

Секоја чест Лео. Сигурно и БВП-то што беше презентирано во Штит е твое?

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Топ ЗиС-3 76мм Миниарт 1/35,АРМ 2001 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Топ ЗиС-3 76мм Миниарт 1/35,АРМ 2001   Топ ЗиС-3 76мм Миниарт 1/35,АРМ 2001 Empty19/6/2013, 22:45

Не таа е на Драган Цветич,еден од најдобрите макетари од Македонија,уствари најдобриот,кој има доста награди надвор од Македонија...штета што макетарите кај нас се бројат на прсти...иначе секоја чест Лео...jupii
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6110

Топ ЗиС-3 76мм Миниарт 1/35,АРМ 2001 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Топ ЗиС-3 76мм Миниарт 1/35,АРМ 2001   Топ ЗиС-3 76мм Миниарт 1/35,АРМ 2001 Empty19/6/2013, 23:57

Драган е исто дел од форумов, а на наговор на Леопард ќе стане поактивен од следната недела да се надеваме, има што да покаже!
Вратете се на почетокот Go down
leopard




Број на мислења : 567

Топ ЗиС-3 76мм Миниарт 1/35,АРМ 2001 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Топ ЗиС-3 76мм Миниарт 1/35,АРМ 2001   Топ ЗиС-3 76мм Миниарт 1/35,АРМ 2001 Empty20/6/2013, 00:02

Точно БВП- БМП-2К е на Драган Цветиќ,во следните броеви на Штит ќе биде презентирано уште едно наше борбено возило од истиот макетар,во иднина планира да направи Стрела 10 АРМ.Досега во серијалот АРМ во минијатура заедно имаме неколку макети Ми-24В 0д 2001 и сегашен кои беа обработени во Штит,Су-25,БМп-2 ,М-113,ЗиС-3,Т-55А,а на ред чекаат и останатите возила од инвентсрот на АРМ(Бтр-70/80, БРДМ-2,Т-55А,М-113,Т-34/85,,Хамви,Мерцедес Унимог,Ух-1,Ми-24,Су-25,БМП-2 од стандардните,Хаубица М-30 122мм,Минофрлач М-37 82мм, М-38 120мм,Флак 38.итн.
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Топ ЗиС-3 76мм Миниарт 1/35,АРМ 2001 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Топ ЗиС-3 76мм Миниарт 1/35,АРМ 2001   Топ ЗиС-3 76мм Миниарт 1/35,АРМ 2001 Empty20/6/2013, 00:14

Т-72 ќе прајте ли,а и добро би било 206-те на школото за пилоти да напрајте и лебетките тоес МТ-ЛБ...
Вратете се на почетокот Go down
leopard




Број на мислења : 567

Топ ЗиС-3 76мм Миниарт 1/35,АРМ 2001 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Топ ЗиС-3 76мм Миниарт 1/35,АРМ 2001   Топ ЗиС-3 76мм Миниарт 1/35,АРМ 2001 Empty20/6/2013, 00:27

Да секако,Т-72А заборавив да го спомнам,тој ни е приоритет,проблемот со него е во тоа што ја немаме извадено камуфлажата за него,распоредот на боите и полињата на истите.инаку за него имам набавено и ресинска купола со точни димензии,останува уште метален топ.МТ-ЛБВН моментално неможе да се направи,постои макета од стандардниот МТ-ЛБ со потесни гасеници и купола со митралез 7,62мм,нашите се со широки гасеници и полукупола со НСВ 12,7мм со илустрирана Ајкула од страните на косите плочи која е наследство од Лавовите,бидејки секој тип на возило имал прекар и соодветен знак на него,пример М-113 во служба на Лавовите имале илустрирано Кобра од страните и реден број пред неа.Правиме напори да купиме ресински транспортер Леонидас од Грчки производител кој го има калапот за лиење-мастер,и кој несака да ни одлие бидејки сме Македонци,(меѓутоа ако не ни го продаде нас,ќе го купиме преку макетари од Португалија,инаку 50-60 евра е 1 макета.Хеликоптерот Бел-206 моментално го нема на пазарот,пред 1 година имаше 206ка во размер 1/48 доста неквалитетна и за брзо време ја снема.Меѓутоа имаме набавено 2 макети од Бел-212 и ќе бидат направени во боите на Македонското МВР.исто така и АН-2 ќе биде обработен,само за се треба време.
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Топ ЗиС-3 76мм Миниарт 1/35,АРМ 2001 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Топ ЗиС-3 76мм Миниарт 1/35,АРМ 2001   Топ ЗиС-3 76мм Миниарт 1/35,АРМ 2001 Empty20/6/2013, 00:34

Да знам дека има ајкула од страна,но таткоми пред да се формира ЕБР беше во составаот на оклопниот батаљон на МВР,тогаш МТ-ЛБ беа кај нив со + БТР-те и М-113-те,прекарон он како што ми кажува на МТ-ЛБ бил Лебетки,и биле донесени од бугарија...
Вратете се на почетокот Go down
leopard




Број на мислења : 567

Топ ЗиС-3 76мм Миниарт 1/35,АРМ 2001 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Топ ЗиС-3 76мм Миниарт 1/35,АРМ 2001   Топ ЗиС-3 76мм Миниарт 1/35,АРМ 2001 Empty20/6/2013, 00:39

Точно од Бугарија биле земени,Инаку правиот прекар им беше Ајкули,забуна им создавала ознаката ЛБ пред цртежот на Ајкулата....стои ЛБ-кое означува Лавови Баталјон и ознаката,денес прекарот им е ЛБ,благодарение на ознаката оставена од 2001.така да не спорам дека некои припадници ги ословувале и Лебетки.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Топ ЗиС-3 76мм Миниарт 1/35,АРМ 2001 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Топ ЗиС-3 76мм Миниарт 1/35,АРМ 2001   Топ ЗиС-3 76мм Миниарт 1/35,АРМ 2001 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Топ ЗиС-3 76мм Миниарт 1/35,АРМ 2001
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» T-55A 1/35 x2 комада АРМ 2001 година
» Македонија во 2001
» 1/35 ОТ M-113 Лавови 2001 година
» 1/35 М-113 Полиција на РМ, 2001 година.
» 1/35 Минофрлач М-37 82мм АРМ 2001

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Макетарство и моделарство-
Отиди до: