Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Враќање на задолжителниот воен рок?

Go down 
5 posters
Отиди на страна : 1, 2  Next
АвторПорака
Stamenov

Stamenov


Број на мислења : 58

Враќање на задолжителниот воен рок? Empty
ПишувањеПредмет: Враќање на задолжителниот воен рок?   Враќање на задолжителниот воен рок? Empty22/3/2013, 08:24

Деновиве се шират шпекулации за можно враќање на воениот рок.Глубот на генерали иницира задолжителна воена обврска но министерството за одбрана го демантира тоа исто така се вели дека воениот рок би траел некаде одколу 3 до 4 месеци..... Според мене треба да се врати но рокот од 3 месеци е премногу мал за да еден млад човек да се вклопи во војничкиот живот.
Ваше мислење
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

Враќање на задолжителниот воен рок? Empty
ПишувањеПредмет: Re: Враќање на задолжителниот воен рок?   Враќање на задолжителниот воен рок? Empty22/3/2013, 09:26

Јас мислам дека е потребно враќање на задолжителниот воен рок, пред се поради обучување на потребните воени резерви кои во иднина доколку дојде до нова војна би биле од голема помош.

Оф топик: Ова е мое прво мислење и се надевам дека ќе се дружиме. Smile
Вратете се на почетокот Go down
Stamenov

Stamenov


Број на мислења : 58

Враќање на задолжителниот воен рок? Empty
ПишувањеПредмет: Дали треба да се врати задолжителниот воен рок???   Враќање на задолжителниот воен рок? Empty22/3/2013, 09:42

Точно бе брат и јас сум за тоа ама нели мислиш дека 3 месеци се малку малце за обука..... а за воениот рок секако дека сум за тоа тербаше да се врати уште многу порано..... ..Поздрав Very Happy
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

Враќање на задолжителниот воен рок? Empty
ПишувањеПредмет: Re: Враќање на задолжителниот воен рок?   Враќање на задолжителниот воен рок? Empty22/3/2013, 11:39

Па не можам да кажам колку би требало да биде, од причина што немам отслужено воен рок. Доколку беше задолжително служењето воен рок, оваа година ќе требаше да служам меѓутоа вака, доброволно не сум сигурен дека ќе отидам од причина што ќе треба да изгубам 1 година од факултет, поточно ќе треба 1 година покасно да се запишам на факултет само заради 3 месеци воен рок во кој едвај се учи да пукаш. Патем понатака колку што знам немаш никакви предности со тоа што доброволно си служел воен рок. Инаку, доколку се воведе задолжително служење на воен рок ќе биде корисно за нас младите, ќе стекнеме одредени навики и вештини кои ќе ни користат во текот на животот.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Враќање на задолжителниот воен рок? Empty
ПишувањеПредмет: Re: Враќање на задолжителниот воен рок?   Враќање на задолжителниот воен рок? Empty22/3/2013, 17:36

Смртник, добредојде! ziveli

Како нови членови на форумот еве од нас постарите и поискусни форумаши малку добронамерни критики и совети. Како администратор на форумов би ве замолил во иднина да внимавате каде, односно во кој подфорум ги отварате темите. Значи, ќе се сложите дека служењето воен рок не е актуелно воено-политичко случување Smile Посоодветно место би бил подфорумот Кантина или Безбедносни сили на РМ.

Е поради тоа, утре темава ќе ја преместам во подфорумот Безбедносни сили на РМ, додека го видите мислењево, па во иднина таму ќе дискутираме за ова прашање.

Се надевам дека нема лутење..тука сме сите да учиме.
Вратете се на почетокот Go down
Stamenov

Stamenov


Број на мислења : 58

Враќање на задолжителниот воен рок? Empty
ПишувањеПредмет: Дали треба да се врати задолжителниот воен рок???   Враќање на задолжителниот воен рок? Empty22/3/2013, 20:18

Во право си frogfoot моја е грешката ....знаеш почетници.... сега ќе извиниш нов сум па не сум баш запознает со сите правила и како сето тоа тече нема више грешката да се пофторе....а за лутење скраја да е кај ќе ни беше крајот ако сите се лутевме толку лесно.... Поздрав Very Happy
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Враќање на задолжителниот воен рок? Empty
ПишувањеПредмет: Re: Враќање на задолжителниот воен рок?   Враќање на задолжителниот воен рок? Empty27/3/2013, 11:20

Македонија со најевтина војска и најголем трошок за мировници

Грција има трипати повеќе војници од европскиот просек на НАТО, двојно поголем буџет од земјите во регионот и најголем трошок за војската

Игор К. Илиевски

Македонија има најмал трошок за одбраната, а најголем за учеството во мировни операции, споредено со земјите од регионот што се членки на НАТО. Просечно, граѓанин на Македонија годишно плаќа 56,7 долари за војската, а помалку плаќа само Албанија, 51 долар на жител, што е најмал трошок за одбрана во НАТО. Од друга страна, Македонија одвојува 26 отсто од воениот буџет за операции и одржување, а само мисиите на АРМ во странство опфаќаат околу 10 отсто од буџетот на одбраната. За споредба, земјите во регионот за операции издвојуваат околу 18 отсто од буџетот, велат последните статистички податоци на НАТО за 2010 и 2011 година.

Во НАТО, Албанците плаќаат најмалку за својата армија - 51 долар на жител. Македонските војници се втори најевтини, а за нив секој од нас одвојува по 56,7 долари. Бугарите трошат по 64 долари, а жителите на Романија по 67 долари за секој свој војник. Во регионот, граѓаните на Хрватска плаќаат по 160 долари за војската, во Турција по 149, а во Словенија - по 255 долари. Најмногу за одбраната плаќаат Грците, кои во 2010 издвојувале по 565, а во 2011 година по 427 долари. Просекот на европските земји во НАТО е околу 418 долари на жител, а САД ги креваат статистиките со 2.060 долари на жител за одбраната.

Освен што е рекордер во трошењето за одбраната во регионот, Грција го држи рекордот и со најголем процент „мобилизирано“ население. Со 124.000 војници и со сите цивили вработени во одбраната, 2,8 отсто од работоспособните Грци се на некој начин ангажирани во вооружените сили. За споредба, Турција има 495.000 припадници на вооружените сили, но тоа е околу 2 отсто од работоспособното население. Грција во одбраната ангажира трипати повеќе луѓе од европскиот просек на алијансата. Вкупниот просек на НАТО, чии членки имаат армии од вкупно 3,5 милиони војници, е 1,1 отсто од активното население.

Македонија во одбраната ангажира 0,8 отсто од активното население. Толкав процент ангажираат и Романија, со 66.000 војници, и Словенија, со 7.000 припадници на вооружените сили. Албанија, со 10.000 војници, Бугарија со 29.000 и Хрватска со 16.000 припадници на вооружените сили имаат по 1,1 отсто од активното население. Најмалку војска во НАТО имаат Луксембург (0,4 отсто од активно население) и Германија и Kанада (по 0,5 отсто). САД има вооружени сили од 1.427.000 припадници, што е 1,4 отсто од активното население.

Според процентот што од бруто-домашниот производ го издвојува за одбраната, кој годинава е 1,2 отсто, Македонија е малку под просекот на европскиот дел на НАТО (1,6 отсто). Во просекот на НАТО се и членките од регионот. Исклучок е Грција, која е најголем „расипник“ во одбраната во регионов и втора во Европа, по Велика Британија. Најмногу пари за војската во НАТО трошат САД - 5,4 отсто во 2010 година и 4,8 отсто од БДП во 2011 година.

Но, Македонија има голем трошок за воени операции. Годинава само за операциите во Авганистан и во Босна и Херцеговина се предвидени околу 9 милиони евра, што е речиси 10 отсто од вкупниот буџет на одбраната.

За воени операции и одржување АРМ троши 26 отсто од буџетот. Само за операциите во Авганистан и во Босна и Херцеговина годинава се предвидени околу 9 милиони евра, што е речиси 10 отсто од вкупниот буџет на одбраната.

За споредба, во 2011 година Бугарија за операции одвоила 24 отсто. По околу 18 отсто од буџетот за операции одвојуваат Хрватска, Турција и Грција, Словенија 17 отсто, а Романија - 11 отсто. Во НАТО најмногу за операции троши Естонија, 44 отсто од буџетот, Велика Британија околу 40 отсто, а САД околу една третина од парите за одбраната. Најмалку пари за операции во алијансата одвојува Албанија, која во 2010 наменила 6,8, а во 2011 година 8,8 отсто.

САД финансираат четвртина од НАТО

САД даваат 22,2 отсто од парите во буџетите и фондовите на НАТО, велат статистиките на алијансата. Во регионов, во буџетите на НАТО најголемо учество имаат Грција и Романија, со по околу 1 отсто, а најмало Албанија, која одвојува најмалку пари од сите земји-членки.

Германија е втор придонесувач, со 14 отсто, а Британија и Франција пополнуваат по 11 отсто од буџетите на алијансата.

Заедничките активности на алијансата се финансираат од три буџети. НАТО има три буџети во кои учествуваат сите земји-членки. Цивилниот буџет ги покрива трошоците на цивилните структури на алијансата и лани бил 213 милиони евра. Воениот буџет, кој има педесетина подбуџети, во 2012 година бил 1.402 милиони евра.

Третиот буџет за заедничко финансирање е Програмата на НАТО за безбедносни инвестиции, која ги поддржува и меѓународните операции. Лани програмата располагала со 700 милиони евра.

Според правилата, членка на алијансата може да користи пари од оваа програма само за проекти што ги надминуваат националните капацитети.

Дел од буџетот наменет за операции и за одржување Македонија 26 отсто

Албанија 8,8 отсто
Бугарија 24,8 отсто
Хрватска 18 отсто
Грција 18,3 отсто
Турција 18,5 отсто
Романија 11,1 отсто
Словенија 17,1 отсто

Долари за одбрана на жител

Македонија 56,7
Албанија 51
Бугарија 64
Хрватска 161
Грција 427
Турција 149
Романија 67
Словенија 255

Броj на воjници во вооружените сили/процент од активно население ангажирано во одбраната

Македонија 8.000 0,8 отсто
Албанија 10.000 1,1 отсто
Бугарија 29.000 1,1 отсто
Хрватска 16.000 1,1 отсто
Грција 124.000 2,8 отсто
Турција 495.000 2,1 отсто
Романија 66.000 0,8 отсто
Словенија 7.000 0,8 отсто
Вратете се на почетокот Go down
Kire1993

Kire1993


Број на мислења : 24

Враќање на задолжителниот воен рок? Empty
ПишувањеПредмет: Re: Враќање на задолжителниот воен рок?   Враќање на задолжителниот воен рок? Empty4/4/2013, 17:04

Добра работа е да се врате пак редовната војска 3 до 4 месеци али не ми се верува.. Smile
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Враќање на задолжителниот воен рок? Empty
ПишувањеПредмет: Re: Враќање на задолжителниот воен рок?   Враќање на задолжителниот воен рок? Empty4/4/2013, 17:58

Абе минимум 6 месеци.
Вратете се на почетокот Go down
Kire1993

Kire1993


Број на мислења : 24

Враќање на задолжителниот воен рок? Empty
ПишувањеПредмет: Re: Враќање на задолжителниот воен рок?   Враќање на задолжителниот воен рок? Empty4/4/2013, 18:04

6 месеци уште подобро али не се знае јас имам другар што скорото отслужи доброволно и ми кажуваше дека се спремале плика позиви за редовна војска али поминаа неколку месеци ништо немат кажано ниту по медиумите никаде
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Враќање на задолжителниот воен рок? Empty
ПишувањеПредмет: Re: Враќање на задолжителниот воен рок?   Враќање на задолжителниот воен рок? Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Враќање на задолжителниот воен рок?
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 2Отиди на страна : 1, 2  Next
 Similar topics
-
» Воена опрема и каде да се набави
» Доброволен воен рок
» Воен Музеј
» ПРАВИЛО за воен протокол во АРМ
» Воен удар во Зимбабве

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: