Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Баталјон за врски на АРМ

Go down 
3 posters
Отиди на страна : 1, 2  Next
АвторПорака
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Баталјон за врски на АРМ Empty
ПишувањеПредмет: Баталјон за врски на АРМ   Баталјон за врски на АРМ Empty11/3/2013, 17:53

Баталјон за врски на АРМ 3_bmp11
Баталјон за врски на АРМ 4_bmp10
Баталјон за врски на АРМ 5_bmp10
Баталјон за врски на АРМ 6_bmp10
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Баталјон за врски на АРМ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Баталјон за врски на АРМ   Баталјон за врски на АРМ Empty22/10/2014, 12:11

Одбележан денот на баталјонот за врски

На ден 21.10.2014 година (вторник) во касарната „Илинден“ во Скопје се одржа свеченост по повод „21-ви октомври“ Ден на баталјонот за врски.

На свеченоста присуствуваа: претставници од Генералштабот на Армијата на Република Македонија (ГШ на АРМ), Здружената Оперативна Команда (ЗОК), поранешни команданти на полкот за врски, локалната самоуправа и други гости.

Командантот на баталјонот за врски потполковник Станко Велков истакна дека единиците за врски се нераздвоен дел од Армијата на Република Македонија. Денес, во современите услови, владеењето со информациите е од непроценливо значење. Оттаму баталјонот за врски живее и работи под мотото „Информацијата е моќ“. Со својата формациска поставеност и техничка опременост баталјонот за врски е основен носител на потребите на ЗОК и ГШ на АРМ.

На свеченоста беа прочитани честитки до припадниците на баталјонот за врски, како и стимулативни мерки по повод денот на единицата.

На завршеток од свеченоста се прикажа дел од специјалната опрема со која располага баталјонот за врски, кој со стручно и професионално оспособени старешини и цивилни лица успешно ја извршува поставената мисија.
Со одлука на претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили д-р Ѓорѓе Иванов, 21 октомври е одреден за Ден на баталјонот за врски, како датум со кој се одбележува значаен историски настан, поврзан со денот на формирањето на одделението за врски при главниот штаб на Народноослободителната војска на Македонија.

http://www.arm.mil.mk/vesti/zok/2014/10/den_na_bv.html

Баталјон за врски на АРМ F0ZqATx

Баталјон за врски на АРМ PgIPbvH

Баталјон за врски на АРМ RwGLknK

Баталјон за врски на АРМ 2hleEsM

Баталјон за врски на АРМ BMUDnPd

Баталјон за врски на АРМ TYeJn8K

Баталјон за врски на АРМ K2SHeTj

Баталјон за врски на АРМ JdkCfgs
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Баталјон за врски на АРМ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Баталјон за врски на АРМ   Баталјон за врски на АРМ Empty13/1/2015, 19:42

Примопредавање на должност командант на баталјонот за врски

Денес 13.01.2015 година во касарната „Илинден“ во Скопје се одржа воена свеченост по повод примопредавање на должност командант на баталјонот за врски (бв) од составот на Здружената Оперативна Команда (ЗОК).

На свеченоста присуствуваа заменик на командантот на ЗОК бригаден генерал Мухамeт Рацај, началникот на штаб на ЗОК бригаден генерал Стојан Димчов, командантот на 1.мпбр бригаден генерал Павле Арсоски, преставници од ГШ на АРМ и останатите команданти на првопочинетите единици на ЗОК.

За време на свеченото примопредавање согласно Правилото за воен протокол во АРМ обраќања имаа заменик на командантот на ЗОК бригаден генерал Мухамет Рацај, досегашниот командант на баталјонот за врски потполковник Станко Велков и новопоставениот командант, мајор Драган Ѓорѓиевски.

За време на извршување на должноста потполковник Станко Велков има дадено голем придонес во изградбата на борбената готовност на единицата и покажано како високо професионални и способни лидери успешно се справуваат со сите предизвици.

Мајор Драган Ѓорѓиевски своето високо воено образование го има завршено на Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“ Скопје, слушател е на стручно специјалистички студии за командно - штабни должности во АРМ на Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“ Скопје. Во својата војничка кариера ги има извршувано должностите: командир на вод, командир на чета и началник на штаб-заменик на командант на баталјон за врски.

http://www.arm.mil.mk/vesti/zok/2015/01/smena_komandanti_bv.html
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Баталјон за врски на АРМ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Баталјон за врски на АРМ   Баталјон за врски на АРМ Empty27/5/2015, 11:48

Баталјонот за врски ја одбележа 14 годишнината од трагичното загинување на капетан Зоран Бубевски

На ден 26.05.2015 година во касарната „Илинден“ во Скопје припадниците на баталјонот за врски (бв) ја одбележаа 14 годишнината од трагичното загинување на својот припадник, капетан Зоран Бубевски.

Пред спомен собата во командата на бв посветена на трагично загинатиот, се положи свежо цвеќе и се изрази сочувство на семејството.

На поменот покрај припадниците од бв, семејството на загинатиот и негови пријатели, присуствуваа и командантите на единиците кои се стационирани во касарната „Илинден“.

Командантот на бв го истакна придонесот кој капетан Бубевски го има дадено за единицата, неговата посветеност и несебичност во извршување на поставените задачи, за што од страна на Преседателот на Република Македонија постхумно е одликуван со „Медал за Храброст“.

http://www.arm.mil.mk/vesti/zok/2015/05/pomen_zoran_bubevski.html

Баталјон за врски на АРМ 1

Баталјон за врски на АРМ 2
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Баталјон за врски на АРМ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Баталјон за врски на АРМ   Баталјон за врски на АРМ Empty27/5/2015, 14:24

Нека му е вечна слава!
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Баталјон за врски на АРМ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Баталјон за врски на АРМ   Баталјон за врски на АРМ Empty27/5/2015, 15:12

Amin.

______________________
Мијак 100 %
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Баталјон за врски на АРМ Empty
ПишувањеПредмет: ффф   Баталјон за врски на АРМ Empty25/9/2015, 15:13

На вежбата „Електрон“ потврдена целосната функционалност на комуникациско информатичкиот систем на врски во единиците на ЗОК

Во период од 22.09 до 24.09.2015 година во организација на Здружената Оперативна Команда (ЗОК) се реализира тактичка стручна вежба „Електрон 2015“ на која учествуваа припадници на секциите од командите и единиците за врски и комуникациско информациски системи (КИС) од ЗОК и потчинетите команди и единици.

Вежбата се реализира на повеќе издвоени локации во зоната на одговорност на ЗОК каде беа стационирани комуникациско информатички центри (КИЦ) на командните места на командите и единиците.

Цел на вежбата „Електрон“ е согледување на функционалноста на КИС на АРМ во реални ситуации и растојанија, како и увид во извежбаноста и оспособеноста на единиците, персоналот и расположивите материјално технички средства во спроведување на доделените борбени и неборбени задачи.

Реализираната вежба даде јасна слика за капацитетите и можностите со кои располагаат командите и единиците во обезбедување на комуникациско информациска поддршка на командите во АРМ со што се согледа и потврди нивото на достигнатата борбена готовност и успешно извршување на мисијата на единиците на врски во ЗОК.

Функционирањето на врските е еден од главните сегменти и главен крвоток за подршка на командувањето и контрола помеѓу командите и единиците во АРМ во мирновремени услови, елементарни непогоди, криза и војна.

http://www.arm.mil.mk/vesti/zok/2015/09/vezba_elektron.html

Баталјон за врски на АРМ JdVM1ae

Баталјон за врски на АРМ YWJsTOS

Баталјон за врски на АРМ D7NtNqq

Баталјон за врски на АРМ TG6j31Q

Баталјон за врски на АРМ AKpFtE9

Баталјон за врски на АРМ T3vZB9h

Баталјон за врски на АРМ S6Y7kRM

Баталјон за врски на АРМ YpmaVZ3
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Баталјон за врски на АРМ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Баталјон за врски на АРМ   Баталјон за врски на АРМ Empty25/9/2015, 15:25

Одличен опис момак.

______________________
Мијак 100 %
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Баталјон за врски на АРМ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Баталјон за врски на АРМ   Баталјон за врски на АРМ Empty21/10/2015, 15:21

Припадниците на баталјонот за врски го одбележаа денот на единицата

Денес 21.10.2015 година во касарната „Илинден“ во Скопје се реализира воена свеченост на која припадниците на баталјонот за врски го одбележаа денот на единицата.

Со одлука на претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили д-р Ѓорѓе Иванов, 21 октомври е одреден за Ден на баталјонот за врски, како датум со кој се одбележува значаен историски настан.

Баталјонот за врски (бв) од составот на Здружената Оперативна Команда (ЗОК) е носител на традициите на формирањето на одделението за врски при главниот штаб на Народно Ослободителната Војска и Партизанските Одреди на Македонија.

На свеченоста присуствуваа: Заменикот на Началникот на ГШ на АРМ генерал мајор Мухамед Рацај, командантот на ЗОК, бригаден генерал Васко Ѓурчиновски, претставници од ГШ на АРМ и од ЗОК, команданти на единиците кои се стационирани во касарната Илинден, поранешни команданти на единицата и останати гости.

Во говорот пред присутните од страна на командантот на баталјонот за врски потполковник Драган Ѓоргиевски покрај краткиот историски осврт на единицата се истакнаа и постигнатите резултати на бв при извршување на поставените задачи, како и подготвеноста да се одговори на сите предизвици од својот домен.

Оваа единица со успех ја обезбедува потребната комуникациско информациска поддршка и непречено функционирањето на врските во командувањето и контрола помеѓу командите и единиците во АРМ.

Во рамки на свеченоста се прочитаа пристигнатите честитки до припадниците на баталјонот за врски, а се доделија и стимулативни мерки по повод денот на единицата.

На завршеток од свеченоста се прикажа дел од специјалната опрема со која располага баталјонот за врски, потребни за успешно извршување на мисијата на единицата.

http://www.arm.mil.mk/vesti/zok/2015/10/den_na_bv.html

Баталјон за врски на АРМ 1

Баталјон за врски на АРМ 3

Баталјон за врски на АРМ 9

Баталјон за врски на АРМ 10
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Баталјон за врски на АРМ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Баталјон за врски на АРМ   Баталјон за врски на АРМ Empty21/10/2016, 20:39

Свеченост по повод Денот на единицата-Баталјонот за врски
http://www.mia.mk/mk/Inside/RenderSingleGalleryTest/133398838/1?month=10&year=2016&day=21&desc=0

Баталјон за врски на АРМ PppWpJK

Баталјон за врски на АРМ HbyiHwf

Баталјон за врски на АРМ BVQxx8K

Баталјон за врски на АРМ Vo4qucs

Баталјон за врски на АРМ N8bhmqX

Баталјон за врски на АРМ IdDvg3W

Баталјон за врски на АРМ GpSwG0u

Баталјон за врски на АРМ OiqKi0A
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Баталјон за врски на АРМ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Баталјон за врски на АРМ   Баталјон за врски на АРМ Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Баталјон за врски на АРМ
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 2Отиди на страна : 1, 2  Next
 Similar topics
-
» Баталјон на Воена Полиција
» Баталјон за почести - Гарда
» БСС - Баталјон на Специјални Сили
» Ренџери - Извидувачко Разузнувачки баталјон

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: