Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 ЕИП - Единица за интервентна полиција

Go down 
+12
Спенсер
Alvar
Momak od Gjorce
assasian
tose
alexmkd
Legija91
Smrtnikot
JKD
Зоран
SIG
Генерал
16 posters
Отиди на страна : 1, 2, 3 ... 12 ... 23  Next
АвторПорака
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

ЕИП - Единица за интервентна полиција    Empty
ПишувањеПредмет: ЕИП - Единица за интервентна полиција    ЕИП - Единица за интервентна полиција    Empty8/5/2012, 14:56

06.05.2012
Извештај за работењето на мобилната единица “Алфа“ за месец Април
Посебната мобилна едница на Полицијата за борба против криминалот во месец АПРИЛ при вршење на редовна мотопатролна дејност, вкупно извршила легитимирање на 474 лица, извршен преглед на ПМВ вкупно 47, а по разни основи приведени се Вкупно 249 лица.


По основ на телеграма 38 лица, Потраги, Гласник, Наредба од Основен суд –16, под сомнение за извршено кривично дело –25, по извршено кривично дело – 29, на лице место во вршење на кд – 7, за утврдување идентитет – 7, странски државјанин за нерегулиран престој – 8, за издржување на казна затвор – 7 и недозволени предмети -1.

Вкупно приведени лица по ЈРМ – 33
Учество во тепачка - 18
за физички напад – 10
нарушен ЈРМ – 5

Вкупно приведени лица со оружје – 3
гасен пиштол – 1
Пиштол – 1
Сигнален пиштол - 1

Вкупно приведени лица за поседување опојни дроги – 40
НН тревкаста материја – 34
НН прашкаста материја - 6

Вкупно приведени лица со ПМВ – 33
по телеграма – 21
недозволени предмети - 3
сообраќаен прекршок – 9

Приведени лица со моторцил без документација – 2

Вкупна дадена асистенција при вршење претрес на дом и други простории – 14 и се пронајдени: радио врска марка Супера; пронајдени ножеви и ченгели подобни за колење на животни; пронајдени повеќе куќишта од компјутери и хард дискови; компјутер, неколку мобилни телефони и сим картички;


Вршено пребарување на терен и опсервација на околното место по сторено кривично дело Убиство на 5 лица
Предадено ПМВ предмет на кд
Пронајдено огнено оружје- пиштол марка Застава кал. 762 кој претходно е фрлено од возило во движење
предадени 3 лица фатени непосредно по извршено кривично дело
пронајдени и предадени 7 ПМВ барани по телеграма
предадени 9 лица за нарушен ЈРМ (тапачка, физички напад)
постапено по План за спречување ЈРМ меѓу средношколци
дадена асистенција на УЈП за пронаоѓање апарати и други средства за игри на среќа (пронајдени и одземени повеќе апарати)

Вкупно извршен спровод на 9 лица

Предадени лица на сообраќајна патрола- 2

http://www.mvr.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=11195&mid=1367&tabId=358&tabindex=0

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

ЕИП - Единица за интервентна полиција    Empty
ПишувањеПредмет: Re: ЕИП - Единица за интервентна полиција    ЕИП - Единица за интервентна полиција    Empty8/5/2012, 15:18

ЕИП - Единица за интервентна полиција    -

ЕИП - Единица за интервентна полиција    Bfb57ab2

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

ЕИП - Единица за интервентна полиција    Empty
ПишувањеПредмет: Re: ЕИП - Единица за интервентна полиција    ЕИП - Единица за интервентна полиција    Empty8/5/2012, 19:39

Од колку луѓе се состои единицава? има 500+ ? Некако за обичен граѓанин кога ќе слушне „алфа„ одма помислува на башибозук...
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

ЕИП - Единица за интервентна полиција    Empty
ПишувањеПредмет: Re: ЕИП - Единица за интервентна полиција    ЕИП - Единица за интервентна полиција    Empty8/5/2012, 20:15

Да се зборува за бројки е неблагодарно. Повеќе внимание сакам да посветам на вториот дел од твојот пост со што би сакал да го разбијам митот кој упорно се шири во јавноста за насилничкото и безобразно однесување на припадниците на ПМЕПБПК-АЛФА. Идејата за формирање на оваа единица доаѓа уште во времето кога министер беше Љубомир Михајловски - Џанго. Единицата е формирана со основна цел борба против уличниот криминал, односно фаќање на сторителите in flagranti што значи во време на извршување на кривичното дело или непосредно потоа. Во почетокот единицата беше составена од припадници на ЕСЗ Тигар. Со оглед на задачите е усвоена и организацијата и методите на работа на единицата. Со текот на времето единицата напредуваше и ги усоврши своите тактики, техники и постапки на работа врз основа на своите искуства како и врз искуствата на други единици.

Она што е спорно кај оваа единица е начинот на дејствување, односно полемиката се води околу тоа дали тие се однесуваат премногу нападно или не. Најпрво би сакал да го појаснам овој момент. ПМЕПБПК е ПОСЕБНА единица што во организацијата се наоѓа помеѓу редовниот состав на полицијата и Специјалните полициски единици. Е сега. Ако ги знаеме методите на работа на редовниот полициски состав од една страна и методите на работа на Специјалните полициски сили од друга, може да извадиме заклучок за тоа какви методи на работа користи оваа ПОСЕБНА единица. Со прости зборови тоа би звучело вака: Оваа единица се употребува онаму каде што редовниот состав не може да одговори на ризикот на задачата а употребата на Специјланите сили би била пренападна.

Друг аргумент околу дејствувањето на оваа единица е и самите задачи кои ги извршува. Со оглед на тоа дека се работи за високоризични задачи, при чие извршување припадниците на ПМЕПБПК се сретнуваат со опасни лица при што разбирлив е фактот на употреба на доза на агресивност.

Секој оној кој има и малку познавање за начинот на дејстување на Специјалните единици знае дека агресивноста е начин на совладување на ситуацијата, која во најголем дел на случаи помага во отстранувањето на употребата на оружје. ( Британски САС има едно мото кое гласи - Speed Aggression Surprise ).

Како и секогаш мора да има и доза на резервираност. Мојата резервираност е насочена кон оној дел на припадници од ПМЕПБПК кои по разни основи ( со исклучок на професионалните ) се наоѓаат таму но притоа не сфаќајки ја суштината на нивната улога со што ја доведуваат во прашање професионалноста на целата единица и нејзиниот кредибилитет.


______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

ЕИП - Единица за интервентна полиција    Empty
ПишувањеПредмет: Re: ЕИП - Единица за интервентна полиција    ЕИП - Единица за интервентна полиција    Empty8/5/2012, 20:24

Благодарам за одличната елаборација другар Генерал! ziveli
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

ЕИП - Единица за интервентна полиција    Empty
ПишувањеПредмет: Re: ЕИП - Единица за интервентна полиција    ЕИП - Единица за интервентна полиција    Empty8/5/2012, 20:26

Frogfoot напиша:
Благодарам за одличната елаборација другар Генерал! ziveli

Нема проблем. Секогаш сум тука да дадам поддршка на вистинските професионалци, на оние момци кои пеколно добро си ја вршат својата работа и кои ги заслужуваат сите пофалби. Но само на нив...

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

ЕИП - Единица за интервентна полиција    Empty
ПишувањеПредмет: Re: ЕИП - Единица за интервентна полиција    ЕИП - Единица за интервентна полиција    Empty23/5/2012, 14:34

20.05.2012 Со брза полициска интервенција
од страна на “алфите“ фатени две лица во обид да извршат кривично дело “кражба“
Минатата недела, поточно на 16. овој месец, околу 02,30 часот, по добивање на оперативно сознание дека е во тек извршување на кривично дело “кражба“ од страна на НН сторители на булевар “Партизански Одреди“, поточно во трафиката “Кораб Комерц“ со брза интервенција на припадници од единицата “Алфа“ на лице место во тек на извршувањето на кривичното дело се затекнати и приведени во ПС Карпош лицата М.З. (16) и Б.Ј. (20) и двајцата од Скопје .

Од извршените разговори со приведените лицата, истите посочиле дека во извршувањето на делото учествувало и лицето Г.Н. (17) од Скопје, кој дополнително е повикан во ПС Карпош заради давање известување во врска со извршени кривични дела. Во разговорите лицата посочиле дека покрај ова кривично дело извршиле и повеќе други кривични дела во периодот од март до средината на мај годинава, сите на подрачјето на Карпош и Ѓорче Петров, односно ги извршиле следниве кривични дела: две “тешки кражби“ на велосипеди со насилно отварање на влезните врати од затворени помошни простории; потоа две “тешки кражби“ во помошни магацински простории кои ги извршиле со насилно отварање на влезните врати при што одзеле рачен алат за обработка на дрво и една вага; една “тешка кражба“ во фирма каде со употреба на хебла со насилно отварање на влезната врата одзеле еден компјутер со монитор и еден лап-топ; како и една “тешка кражба“ во бутик каде што со употреба на хебла и со насилно отварање на влезната врата одзеле разна текстилна роба.

По целосното комплетирање и документирање на случајот и настаните против сторителите, од страна на ККР Карпош до ОЈО Скопје, ќе биде поднесена кривична пријава за сторени кривично дело “тешка кражба“.

http://www.mvr.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=11247&mid=1367&tabId=358&tabindex=0

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

ЕИП - Единица за интервентна полиција    Empty
ПишувањеПредмет: Re: ЕИП - Единица за интервентна полиција    ЕИП - Единица за интервентна полиција    Empty23/5/2012, 14:35

23.05.2012 Вчера во акција на полициските “алфи“
Приведено лице осудено на затворски казни во вкупно времетраење од 20 години
Вчера (22.05.) околу 13 часот на улицата Мито Хаџивасилев Јасмин во Скопје, припадниците на единицата “алфа“ го лоцираа и лишија од слобода лицето Марјан Д. (36) од Пробиштип. Приведениот беше баран по распишана потерница од Основниот суд Скопје 1 а за издржување на затворска казна во вкупно времетраење од 20 години, поради сторени повеќе кривични дела од областа на имотните делекти: “тешка кражба“, “кражба“, “одземање моторно возило“. Приведениот по приведувањето е препратен во КПУ Идризово на издржување на затворската казна.

http://www.mvr.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=11254&mid=1367&tabId=358&tabindex=0

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




ЕИП - Единица за интервентна полиција    Empty
ПишувањеПредмет: Re: ЕИП - Единица за интервентна полиција    ЕИП - Единица за интервентна полиција    Empty3/7/2012, 20:38

Имам приметено кај луѓево, а се спомне зборот Алфа, одма кај нив е синоним на уличар, бивши робијаш, криминалец, рекетар, набилдан тепач, шериф итн.

Инаку многу ми се допаѓа амблемот на Алфите, од дизајнерска гледна точка. Едноставно нацртан и не е пренатрупан со разни фигури и останати глупости.
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

ЕИП - Единица за интервентна полиција    Empty
ПишувањеПредмет: Re: ЕИП - Единица за интервентна полиција    ЕИП - Единица за интервентна полиција    Empty29/10/2012, 18:52

Припадник на Алфите спречи самоубиство на 35 годишна жена

29/10/2012 | 17:21

Драмата се одиграла вчера попладне, на улицата Сава Ковачевиќ.Во 15,45 часот, на четвртиот кат од зграда на оваа улица била забележана жена која се обидувала да скокне од прозорецот и се оглушувала на повиците да се повлече во соба.
Соседи, пожарникари и полициски алфи вчера ja спречиле девојката да се самоубие.

Од страна на екипата од Брза помош укажана и е лекарска помош, но истата во еден момент провторно се качила на прозорецот и се обидела да скокне.

Тогаш полициските алфи интервенирале и ја спречиле во намерата да се самоубие.

http://for.net.mk/2012/10/29/%D0%BF%D1%80%D0%B8%D0%BF%D0%B0%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D0%BA-%D0%BD%D0%B0-%D0%B0%D0%BB%D1%84%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D1%81%D0%BF%D1%80%D0%B5%D1%87%D0%B8-%D1%81%D0%B0%D0%BC%D0%BE%D1%83%D0%B1%D0%B8%D1%81%D1%82-2/

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





ЕИП - Единица за интервентна полиција    Empty
ПишувањеПредмет: Re: ЕИП - Единица за интервентна полиција    ЕИП - Единица за интервентна полиција    Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
ЕИП - Единица за интервентна полиција
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 23Отиди на страна : 1, 2, 3 ... 12 ... 23  Next
 Similar topics
-
» 1/72 AБ-212 Полиција МВР
» Затворска полиција
» Гранична полиција
» Полициска единица „АЛФИ”
» ЕБР - Единица за Брзо Распоредување

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Министерство за Внатрешни Работи - МВР-
Отиди до: