Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Учеството на Македонците од САД во Втората светска војна

Go down 
АвторПорака
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Учеството на Македонците од САД во Втората светска војна Empty
ПишувањеПредмет: Учеството на Македонците од САД во Втората светска војна   Учеството на Македонците од САД во Втората светска војна EmptyНед 22 Апр - 22:41

Александар Стеванов

За време на Втората светска војна, Македонците како слободољубив народ, масовно се вклучиле во борбата против фашизмот и нацизмот. Ова не важи само за Македонците од Македонија и Европа туку и нивните сонародници, кои потрагата по подобар живот ги однела преку Атлантикот, исто така зеле активно учество во војната на страната на победничката коалиција.

На 7. декември 1941 година, Јапонија ненадејно ја нападнала американската морнаричка база во Перл Харбур, Хаваи, а по четири дена следи објавување на војна од страна на Хитлер. Овие два настани се доволен повод, дотогаш формално неутралните, Соединети Американски Држави и официјално да се вклучат во Втората светска војна.

За време на војната над 16 милиони луѓе од Соединетите Американски Држави служат во американската војска, а истите се регрутирани во седум наврати во периодот од 16. октомври 1940 година до 31. декември 1943 година.

Меѓу опфатените со овие регрутации има и такви со потекло од Македонија.

Од архивите, кои што неодамна делумно беа отворени за јавноста, ексклузивно Ви прикажуваме дел од овие Македонци опфатени со четвртата регрутација.

Од 27. април 1942 година. Наречена е "Old Man's Draft" (регрутација на стариот човек) поради тоа што со неа биле опфатени луѓе на возраст од 45 до 64 години.

Како што може да се види од долу прикажаните картички, тие не ја заборавиле својата родна земја и во полето "Birth State Or Country" (родна земја) истакнале дека се од "Macedonia" (Македонија).

Учеството на Македонците од САД во Втората светска војна Makedoncite-vo-sad-1Учеството на Македонците од САД во Втората светска војна Makedoncite-vo-sad-2Учеството на Македонците од САД во Втората светска војна Makedoncite-vo-sad-3Учеството на Македонците од САД во Втората светска војна Makedoncite-vo-sad-4Учеството на Македонците од САД во Втората светска војна Makedoncite-vo-sad-5
Вратете се на почетокот Go down
 
Учеството на Македонците од САД во Втората светска војна
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» Енциклопедија: Авионите од 2-ра Светска војна
» Прва Светска Војна ( Големата Војна )
» Македонија во II-та Светска војна (НОБ)
» Воздухоплови во II Светска војна
» Енциклопедија: Тенкови од 2-ра Светска војна

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Кантина :: Наука и литература-
Отиди до: