Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 Здравствени и други прегледи за служба во институциите за безбедност

Go down 
3 posters
АвторПорака
psanje

Број на мислења : 1

Здравствени и други прегледи за служба во институциите за безбедност Empty
ПишувањеПредмет: Здравствени и други прегледи за служба во институциите за безбедност   Здравствени и други прегледи за служба во институциите за безбедност Empty20/4/2012, 19:10

Ме интересира каде се одвива прегледот за доброволни војници и како изгледа (од што се состои) ви благодарам
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG

Број на мислења : 6108

Здравствени и други прегледи за служба во институциите за безбедност Empty
ПишувањеПредмет: Re: Здравствени и други прегледи за служба во институциите за безбедност   Здравствени и други прегледи за служба во институциите за безбедност Empty20/4/2012, 21:13

Веројатно мислиш на здравствените прегледи? Тие прегледи се вршат по пријавувањето за службување во АРМ.

Еве ТУКА имаш ЈАВЕН ОГЛАС за прием на ПФВ во АРМ, додуша од прошлата година но правилата верувам се исти за здравствените критериуми.

Еве цитат кој се наоѓа во јавниот оглас поврзан со тоа..

Цитат :
да имаат посебна здравствена и физичка способност потребна за вршење на служба во Армијата (посебна здравствена способност за служба во Армијата ќе се утврдува со лекарски прегледи извршени од Воено-лекарската комисија на Министерството за одбрана ,здравствената состојба кандидатите ја докажуваат со Уверение- Потврда од матичен лекар. Физичката способност ќе се утвдува согласно Правилникот за одржување и Проверка на физичката способност на служба во АРМ на професионални војници и воени старешини...

... Кандидатите во текот на постапката на прием на професионални војници ќе полагаат општо образовни тестови, ќе биде проверена нивната физичка подготвеност и ќе бидат лекарски прегледани од страна на посебни комисии формирани од министерот за одбрана. Во случај на еднакви услови , предност ќе имаат кандидатите со познавање на англиски јазик. Познавањето на англискиот јазик ќе се утврди со полагање на тестови.по англиски јазик.
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал

Број на мислења : 2343

Здравствени и други прегледи за служба во институциите за безбедност Empty
ПишувањеПредмет: Re: Здравствени и други прегледи за служба во институциите за безбедност   Здравствени и други прегледи за служба во институциите за безбедност Empty20/4/2012, 21:45

Лекарските прегледи се вршат во Воената амбуланта сместена во Воена болница.

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG

Број на мислења : 6108

Здравствени и други прегледи за служба во институциите за безбедност Empty
ПишувањеПредмет: Re: Здравствени и други прегледи за служба во институциите за безбедност   Здравствени и други прегледи за служба во институциите за безбедност Empty10/7/2012, 15:38

Незнам посоодветна тема..

KАДАР ШТО ХРОНИЧНО НЕДОСТИГА

Стотици униформи чекаат конкурси

Иако нема официјален податок колку точно места за униформирани службеници се непополнети, а бројките за некои категории денес се класифицирани, извесно е дека станува збор за повеќе од илјада работни места

Неколку стотици работни места за униформирани службеници чекаат буџетски пари и одобрение од Министерството за финансии за да бидат пополнети. Непополнети места за вработување има во полицијата, АРМ, судската полиција, обезбедувањето на затворите, територијалните противпожарни бригади... Некои од овие служби со години имаат недостиг на кадар, но не и буџетска ставка за нови вработувања. Иако нема официјален податок колку точно места за униформирани службеници се непополнети, а бројките за некои категории денес се класифицирани, извесно е дека станува збор за повеќе од илјада работни места.

МВР има места, но не планира брзо да ги пополни

МВР минатиот месец распиша конкурс за прием на 300 полицајци. Во тоа министерство велат дека секогаш им треба нов кадар, но наскоро не планираат повторно да ги пополнат редовите со позначаен број нововработени.

- Секогаш има потреба од млад, физички подготвен кадар за униформирана полиција. Но, потребите мора да се адаптираат во однос на расположливиот буџет, вкупниот број вработени и односот на број на полицајци според бројот на жители – изјави Иво Kотевски, помошник на министерот за односи со јавноста.

Во МВР велат дека според систематизацијата, имаат слободни работни места за полицајци, но не планираат наскоро да ги пополнат. Слободни работни места има во актите за систематизација на полициите на сите европски држави, велат во МВР:

Од 2009 година од МВР во предвремена пензија заминаа околу 1.300 припадници. Во пензија, според проекциите, во следните три години ќе заминат уште 2.000 вработени во МВР. Но не сите испразнети работни места ќе бидат пополнети со нов кадар за да се запази европскиот просек на број на полицајци во однос на населението, велат во МВР.

Вработувањето во полиција предизвикува далеку најголем интерес од сите „униформирани“ професии. На последниот конкурс за секое огласено работно место имаше по 25 пријавени кандидати. Според полициските синдикалци, пресудни за огромниот интерес се сигурноста на вработувањето, висината на платата и бенефициите што ги нуди работата.

АРМ чека пари за повеќе војници

Непополнети работни места има и во АРМ. Според последните објавени податоци за бројната состојба, АРМ покрај вишокот офицери и цивилни лица, имаше недостиг од подофицери, а требаше да вработи и 1.240 професионални војници. Оттогаш Министерството за одбрана спроведе неколку конкурси, а, според извори во тоа министерство, во последниве три години биле примени околу 350 професионални војници. Последниот голем конкурс беше во октомври лани.

Денес Министерството за одбрана не дава податоци за бројот на непополнети работни места за професионални војници, бидејќи таа информација била класифицирана. Сепак, разликата во предвидениот број вработени според новата структура на силите и бројот на вработени кој фигурира во буџетот на одбраната е 340 непополнети работни места. Според податоците за бројот на професионални војници во АРМ кои заменик-министерот за одбрана Емил Димитриев ги изнесе на собраниска седница во март годинава, одговарајќи на пратенично прашање, би можело да се заклучи дека АРМ има неколку стотици непополнети места во оваа категорија.

Kусок во судовите, затворите, противпожарните единици

Недостиг на кадар со години има и во униформираните структури на Министерството за правда. Ова министерство чека пари и одобрение од Министерството за финансии за пополнување на редовите на судската полиција и затворските служби за обезбедување.

- Во моментов судската полиција брои 178 припадници, а предвидено е да имаме 266 судски полицајци. Има разни причини за кусокот, но планираме потребниот број да го пополниме со преземање на вработени од Министерството за одбрана – вели Елиријана Зилбеари, портпаролка на Министерството за правда.

На затворските служби за обезбедување им недостигаат уште најмалку стотина нови кадри. Оваа категорија досега се пополнуваше и со преземање вработени од АРМ, а големи празнини беа пополнувани и од редовите на дипломираните питомци на Воената академија, кои Министерството за одбрана одби да ги вработи поради недостиг на слободни места за офицери во формацијата на армијата.

Во земјава има и стотици слободни пожарникарски униформи. Недостигот на кадар е во територијалните противпожарни единици, кои сега се во надлежност на општините. Во Македонија треба да функционираат 42 професионални противпожарни единици, од кои 12 се за целата територија, односно републички противпожарни единици.

Во Дирекцијата за заштита и спасување велат дека имаат пополнет состав на тимовите за брзи реакции, во кои со договор се ангажирани 509 припадници, и на единиците за заштита и спасување, кои имаат 6.641 припадник, но се резервен состав и се активираат во поголеми непогоди. Општините ги преземаа професионалните територијални противпожарни единици со бројна состојба од околу 750 пожарникари, за 500 помала од предвидените 1.200, кои се потребни за земја како Македонија.

Игор К. ИЛИЕВСКИ

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=F8CAF6A2803BF44896F13DEEC8D36843
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин

Здравствени и други прегледи за служба во институциите за безбедност Empty
ПишувањеПредмет: Re: Здравствени и други прегледи за служба во институциите за безбедност   Здравствени и други прегледи за служба во институциите за безбедност Empty10/7/2012, 21:56

Frogfoot напиша:

Ќе го пополнат АРМ со се само не со Македонци. Имаше реакции и прашања до Министерот за одбрана дека се отпуштаат само Македонци од АРМ.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content

Здравствени и други прегледи за служба во институциите за безбедност Empty
ПишувањеПредмет: Re: Здравствени и други прегледи за служба во институциите за безбедност   Здравствени и други прегледи за служба во институциите за безбедност Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Здравствени и други прегледи за служба во институциите за безбедност
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» НАТО членки и Сојузнички сили
» Воена Служба за Безбедност и Разузнавање
» Воени инсталации и други објекти на АРМ и МВР
» Потреба од SAR служба во Македонија?
» УБК - Управа за Безбедност и Контраразузнавање

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: