Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во II-та Светска војна (НОБ)

Go down 
+4
Зоран
meth
filip555
SIG
8 posters
Отиди на страна : 1, 2  Next
АвторПорака
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Македонија во II-та Светска војна (НОБ) Empty
ПишувањеПредмет: Македонија во II-та Светска војна (НОБ)   Македонија во II-та Светска војна (НОБ) Empty4/4/2012, 13:57

Оваа тема ја отворам бидејќи сметам дека на овој период треба да му придадеме едно поголемо внимание и да добро продискутираме со цел подобра едукација на сите,и оние кои знаат и оние кои не го знаат овој дел од историјата баш како треба... ова е само вовед од Википедија, па доста теми не се опфатени..ајде тука ако некој знае навистина би го молел да напише нешто повеќе и подетално,да ги опфатиме сите настани и сите херои. study


Вовед

Народно-ослободителната борба на Македонците во Бугарија, во Грција и во Југославија не била раководена од еден центар. Таа била раководена од комунистички партии во соодветните држави, но тие партии имале различни ставови за македонското национално прашање. Меѓутоа сите комунистичките партии кои дејствувале во оделните делови на Македонија и сред македонскиот народ требало да водат сметка за неговите барања и интереси бидејќи македонското националноослободително движење во сите дела на Македонија кон крајот на четвртата деценија од 20 век, непосредно пред започнувањето на Втората светска војна, навлегло во нова и повисока фаза на развој. Тоа е време во кое, во сите три дела на Македонија без оглед на поделеноста и непостоењето на политичка и организациона поврзаност меѓу револуционерните сили на македонскиот народ, благодарение на претходните борби, на традицијата и изградената колективна историска и национална свест, процесот на афирмација на македонскиот национален и политички индивидуалитет, изразен низ формата на одбрана на правото за самостојност на македонскиот народ, ги зафатил скоро сите слоеви. Во сите три дела на Македонија на дневен ред се нашла борбата за признавање на националната самобитност на Македонците, борбата за афирмација на македонскиот јазик и за откривање на сопственото историско битие. Тоа е период во кој се акцентирала потребата од организиран и осмислен напор за афирмација на националното културно наследство на македонскиот народ и за развивање на современата македонска култура.


ОКУПАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА


Окупацијата на Македонија во Втората светска војна била спроведена по капитулацијата на Кралството Југославија и Кралството Грција. Притоа, освен порано вклучениот Пирински дел на Македонија, Бугарија го анектира и најголемиот дел од Вардарскиот дел и дел од Егејскиот дел на Македонија (до реката Струма и островите Тасос и Самотраки), со вкупно 21.460 км² и околу 876.000 жители.
Италија го доби најголемиот дел од Западна Македонија со градовите Тетово, Гостивар,Кичево, Дебар и Струга, најголемиот дел од преспанските села и Костурско, Леринско и Кожанско во Егејскиот дел на Македонија, со вкупно 4.314 км² и со околу 232 илјади жители. Во јули тоа окупационо подрачје беше препуштено на анектирање од квислиншка Албанија. Така, Егејскиот дел на Македонија, кој дотогаш се наоѓаше под грчка власт, беше поделен под бугарска, италијанска и германска окупација (Солунско, Воденско и Гуменџиско).
Заедно со германската војска што навлегувала во Македонија, во Скопје пристигнала од Бугарија една група на македонски политички емигранти, кои заедно со месни Македонци, под заштита на германската воена власт, на 13 април 1941 година го формирале Бугарскиот централен акционен комитет. Сета активност на Акциониот комитет требало да послужи како основа за што побрзо превземање на административната власт во Македонија од страна на Бугарија и аргумент за нејзино анектирање.

Помеѓу 9 и 10 мај 1941 година, бил формиран Албански комитет во Тетово, кој побарал овој град да биде ослободено од Италија и приклучено кон Албанија. По примерот на Албанскиот комитет во Тетово, слични комитети биле формирани и во други градови во западниот дел од Вардарска Македонија. Бугарската окупација на Вардарска Македонија започнала во втората половина на април 1941 година, а преземањето на новите административно-полициски органи се одвивала бргу. По доаѓањето на бугарските воени сили и полициски органи во Македонија, уследило и назначување на највисоки функционери во организираните обласни дирекции, кои претставувале нависока извршна власт на државниот ситем на Царството Бугарија.
Бугарската власт во окупираните делови на Македонија биле ограничени од Нацистичка Германија. Некои германски институции што постоеле во окупираниот дел на Македонија биле во привилигирана положба, а со самото тоа се намалувале и ограничувале суверените права на Бугарија над окупираните подрчја во Македонија. Западна Македонија, во периодот од мај до јули 1941 година, преставувала окупациска област на италијанската војска. Новите власти создале посебен систем од разновидни мерки за економско искористување на риридните и другите богатства во Македонија. Бугарската влада за да си создаде потпора во оној дел од Македонија кој се наоѓал под нејзина власт, дозволила да се формираат фашистичките и националистичките организации.

Центарот на балистичката организација во западна Македонија се наоѓал во Гостивар. Овој центар бил раководен од Кадри Сали, а во Тетово Шуаиб Камбери. Овие двајца биле членови на фашистичкиот корпоративен совет во Тирана, а потоа членови на Окружниот комитет за Косово. Други истакнати балистички водачи биле: Џафер Сулејмани, Мунир Тршана, Осман Азизи, Фиќири Дина и други, а команданти на балистичките одреди биле Џемаил Хасани - Џемо и Мефаил Шеху - Зајази.



Почеток на народно-ослободителна борба во Македонија

Еден месец по окупацијата на кралството Југославија, секретарот на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија, Методија Шаторов - Шарло испратил проглас, именуван како Писмо до Стојана, до македонскиот народ. Во прогласот меѓу другото било истакнато:

... безразличието на широките народни маси по одношението на југославјанската држава и правителства, који 23 години плјачкаја и потискаја народите на Југославија... како резултат на војната и наша Македонија е окупирана од германски, италјански и бугарски војски... Ние не видофме нити наши чиновници, нити да се споменува нешто за нашите македонски револуционери, што пак за македонската култура. Се што е наше ни се представуе како да е било бугарско... да се обединат сите Македонци и други народности во Македонија за општо своје право за слобода и равноправност, но не цепене на македонската земја и македонскио народ.“

Иван Козарев
[You must be registered and logged in to see this image.]

Писмото на Стојан
[You must be registered and logged in to see this image.]

Оружениот отпор започнал непосредно по германскиот напад на СССР. Во Пиринскиот дел на Македонија, Иван Козарев ја формира првата партизанска група, а непосредно по неа беа формирани и партизанските групи на Никола Парапунов и Костадин Кантарџиев, поради што бугарските власти презедоа апсење на околу 150 антифашисти. Во повеќе градови на Вардарскиот дел на Македонија беа организирани масовни илинденски демонстрации (2 август 1941). Истиот месец скопските диверзанти извршија успешни диверзии во рудникот за хром Радуша, на аеродромот Петровец, на железничката линија и на други објекти, а потоа беа формирани и Скопскиот НОП одред (22 август 1941) и Прилепската партизанска чета (12 септември 1941). На 11 октомври 1941 година, Прилепскиот партизански одред извршил напад врз полицискиот участок во Прилеп, на прилепскиот затвор и на телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп.

По нападот на Советскиот сојуз, низ цела Егејска Македонија се засилила активноста за подготовака на воружената борба под раководство на Комунистичката партија на Грција. Оваа партија ги зацврстила врските со Покраинскиот комитет за Македонија во Солун. Еден од најкрупните настани во 1941 година е Драмското востание, во кое масовно учествувале Грците и Македонците од тој крај. Востанието започнало на 29 септември, а пред самиот негов почеток биле изврешени повеќе воружени и диверзански акции.


Развој на народно-ослободителната војна

Развојот на народно-ослободителната борба на Македонија се одвива во текот на 1942 година. На Јануарското советување одржано во Скопје на 7 јануари 1942 година. На ова советување учествувале 25 делегати и други кумунистички дејции. На советувањето било одлучено во иднина партизанските одреди треба да бидат мали и подвижни, да имаат народен карактер, а нивната цел е преку развивање на националноослободителната борба да се извојува национална слобода на македонскиот народ. Во однос на дејноста на ПК било одлучено засилување на партиската политичка активност сред селаните.

Елпида Караманди
[You must be registered and logged in to see this image.]

ПК и Покраински штаб под влијание на внатршната и надворешната состојба, во март 1942 година донеле одлука за организирање на нови партизански одреди. Беа формирани уште четири одреди во Битолско, Крушевско, Мавровско и на Шар Планина. Во Пиринскиот дел на Македонија беа формирани нови партизански групи во Горноџумајско, Неврокопско и Петричко и беше извршен оружен напад на германската станица за врски во Горна Џумаја.
Борбата во 1942 година, покрај дејствувањето на партизанските одреди, е исполнета со разни форми на отпор во кој на свој начин чествувал целиот народ. Чести биле атентатите, демонстрациите, саботажите и многу други активности со кои се негиралала окупаторската власт. Атентати биле организирани врз преставниците на окупаторската власт како и нивните соработници. Во 1942 година во Скопје бил извршен атентат врз агентот Мане Мачков, во Велес бил ликвидиран полициски соработник, во Битола бил извршен атентат врз полицискиот началник и др.

Партизани на планина Мукос, 1942
[You must be registered and logged in to see this image.]


Разгор на народно-ослободителната борба на Македонија

Разгорот на народно-ослободителната борба на Македонија се одвивал во текот на 1943 година. По формирањето на КПМ и неговиот централен комитет било решено Главниот штаб на НОПОМ и другите воени штабови да излезат на терен за непосредно раководење на оружената борба. Беа формирани и пет обласни комитети на КПМ и пет оперативни зони на НОВ и ПОМ, со задача да се поврзат со воено-политичките раководства на отпорот во Албанија, Бугарија и Грција.
Во Пиринскиот дел на Македонија беше формиран НОПО Јане Сандански, а потоа и НОПО Никола Калапчиев во Горноџумајско, НОПО Антон Попов во Петричко и партизанските чети во Светиврачко и во Мелничко. Беа создадени силни жаришта на оружената борба во Дебарца, Преспа, Тиквешко, Гевгелиско и Кумановско.

На Преспанското советување било решено да почнат подготовките за свикување на Првото заседание на АСНОМ како највисок орган на власта во македонската држава, да се формираат баталјони и бригади, команди на местата и на подрачјата, обласнии околиски НОО. Наскоро потоа бил формиран Народноослободителниот баталјон Мирче Ацев како прва регуларна воена единица на НОВ и ПОМ. и ПОМ.
По капитулацијата на Италија единиците на НОВ и ПОМ запленија големо количество оружје и муниција. На слободните територии се создавале и легални НОО, бил формиран и првиот легален Околиски НОО во слободното Кичево, биле организирани санитетска и амбулантна служба, беа отворени првите училишта на македонски наставен јазик и се одржа првиот свештенички народен собор како зачеток на автокефалноста на македонската црква. Издавачката дејност на македонски јазик добиваше уште поголеми размери.

Кузман Јосифовски-Питу
[You must be registered and logged in to see this image.]

Беше објавен Манифестот на ГШ на НОВ и ПОМ како програмски документ за целите на НОАВМ. При ГШ пристигна и првата англиска сојузничка мисија како значаен акт на меѓународно признание на НОАВМ. Воените сили на НОВ и ПОМ нараснаа на 6 баталјони, една чета со тешко оружје и една батерија топови, а беше формирана и Првата македонско-косовска НОУ бригада. ЦК на КПМ и ГШ на НОВ и ПОМ го формираа Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ и беа избрани 42 делегата за Второто заседание на АВНОЈ, кои поради воените услови не успеаја да учествуваат во неговата работа.
Во Костурско и Леринско, во Егејскиот дел на Македонија, беа формирани Славјаномакедонскиот народноослободителен фронт (СНОФ) и Славјаномакедонската ослободителна војска (СОВ) како вооружен дел на СНОФ, во чии рамки дејствуваа НОПО Лазо Трповски и НОПО Вичо. ГШ на НОВ и ПОМ почна да води покрупни воени операции. Беше формирана Втората МНОУ бригада Мегленско и по два дена таму се одржа и Првиот конгрес на Народноослободителниот младински сојуз на Македонија, со учество на 288 делегати од младинските организации

Слободни територии во Вардарска Македонија во 1943 година
[You must be registered and logged in to see this image.]

Депортација на Евреите од Македонија

Депортацијата на Евреите од Македонија претставува настан од Втората светска војна организиран од владите на фашистичка Бугарија и нацистичка Германија, со цел систематска елиминација на еврејското население од т.н. „новоослободени територии“ од страна на бугарската власт. Депортацијата на Евреите од Македонија претставува дел од депортација на Евреите од сите „новоослободени територии“ (Вардарска Македонија, Егејска Македонија, Поморавјето (Србија), и Тракија).

Сите Евреи од Македонија биле депортирани во логорот Треблинка во Полска, каде што биле задушени во гасни комори. Од Треблинка не се вратил никој. Не останал ниту еден сведок да прераскаже за стравотиите на уништувањето на еврејското население од Македонија. Документите се единствените сведоци за докажувањето на судбината на Евреите во Македонија.
Од Вардарска Македонија биле иселени над 7.000 Евреи, додека вклучувајќи ги и оние од Егејска Македонија и Тракија околу 11.400. Според податоци од октомври 1945 година, на територијата на денешна Македонија преостанале само 419 лица, чијашто заедница денес брои околу 200.
Вратете се на почетокот Go down
filip555

filip555


Број на мислења : 94

Македонија во II-та Светска војна (НОБ) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во II-та Светска војна (НОБ)   Македонија во II-та Светска војна (НОБ) Empty4/4/2012, 17:33

Пролетна офанзива

Пролетната офанзива е офанзива која ја презеле германските и бугарските окупациски сили во пролетта 1944 година во Македонија и Поморавјето. Офанзивата траела од 25 април до 19 јуни 1944 година, при што се воделе жестоки борби на партизаните со германските и бугарските војски, како и со балистичките формации во неколку реони на долината на Вардар, во Западна Македонија и во Јужна Србија. Овие борби, предводени од генералот Михајло Апостолски во македонската историографија се познати под името Пролетна офанзива.
По завршувањето на оваа офанзива, со последната битка на Петрова Гора, целата територија на Македонија, со исклучок на поважните комуникации и градовите, практично била ослободена, а Првата македонско-косовска бригада ја повратила загубената територија во Западна Македонија. На слободната територија се развивал целокупниот живот, насочен во прв ред кон стабилизирање на народната власт и политичките организации. Сите овие услови овозможиле непречено свикување на Првото заседание на АСНОМ во манастирот „Св. Отец Прохор Пчињски“ во близина на Куманово.

______________________
"If you want peace, prepare for war."
Flavius Vegetius Renatus. Roman Military strategist. c. 390. A.D
Вратете се на почетокот Go down
filip555

filip555


Број на мислења : 94

Македонија во II-та Светска војна (НОБ) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во II-та Светска војна (НОБ)   Македонија во II-та Светска војна (НОБ) Empty4/4/2012, 17:39

По нападот на Германија врз Советскиот Сојуз на 22 јуни 1941 година, самоиницијативните состаноци на МК на КПЈ во Македонија го иницирале Покраинскиот комитет (ПК) кон крајот на јуни 1941 година да формира Воена комисија која ќе биде одговорна пред ПК за военото прашање.
Активностите на Воената комисија резултирале со формирањето на Скопскиот партизански одред на 22 август 1941 година.
Нешто подоцна биле формирани Прилепскиот и Кумановскиот партизански одред, а на 11. октомври со нападот на жандармериската станица во Прилеп започнало планско и организирано вооружено востание на македонскиот народ.

Во почетокот на 1942 година по одржувањето на Јануарското советување Македонското националноослободително движење (НОД) се засилило, биле формирани повеќе месни воени штабови, a во јуни 1942 година, Покраинскиот воен штаб бил преименуван во Главен штаб на народноослободителните партизански одреди на Македонија [ГШ на НОПОМ).
Во март 1943 година е формирана Комунистичката партија на Македонија (КПМ) на чело со Централен комитет (ЦК).
Главниот штаб на НОПОМ е проширен и преименуван во Главен штаб на народноослободителната војска и партизански одреди на Македонија.
На тој начин биле формирани политичкото и военото раководство на МНОД и се започнало со создавање на покрупни воени формации, се создавале слободни територии, се формирале оперативни зони, обласни комитети и воени штабови, се зголемил приливот на нови борци, со што вооруженото востание прераснало во народноослободителна војна.
Во втората половина на 1943 година се одржал Преспанскиот состанок од 2-4 август, формиран е Акциониот народноослободителен комитет (АНОК) на Македонија, формиран е баталјонот "Мирче Ацев" на 18 август како прва регуларна воена единица, создаден е Иницијативен одбор за подготовка и свикување на АСНОМ, формирани се Првата македонско-косовска бригада на 11 ноември и Втората македонска бригада на 20 декември 1943 година, и веднаш потоа македонската народноослободителна војска ги започнала зимските операции.

Во меѓувреме ГШ на HOB и ПОМ го издал Манифестот до македонскиот народ.
Потоа биле одржани Фуштанското партиско советување и Основачкиот конгрес на Нароодноослободителниот младински сојуз на Македонија (НОМСМ).
Во февруари 1944 година, со познатиот Февруарски поход, народноослободителната војска на Македонија извршила оперативни дејства, речиси на целата етничка територија на Македонија.
По пролетната офанзива 1944 година биле создадени покрупни слободни територии и се создале можности за свикување на Првото заседание на АСНОМ.
Во согласност со одлуките на Второто заседание на АВНОЈ, одлуките и решенијата на АСНОМ служат како основа за воспоставување и натамошна изградба на македонската државност.
Подготовките за конечното ослободување на Македонија ГШ на HOB и ПОМ ги започнал со реорганизација на единиците и раководствата на македонската народноослободителна војска.
Донесена е одлука да се формираат четири оперативни зони, во секоја од нив по една до две дивизии. Формиран е Главен одбор на единствениот НОФ на Македонија.
Донесена е одлука да се спроведе општа мобилизација, да се формираат и корпуси, народното стопанство да се мобилизира за логистичко обезбедување на народноослободителната војска и објавен е проглас со кој се повикуваат сите граѓани на Македонија да ја засилат борбата против фашистичките окупатори и нивните соработници.
Формирани биле седум дивизии, а во октомври 1944 година оперативните зони прераснале во корпусни и биле формирани три корпуси.

По ослободувањето на Македонија, во средината на ноември 1944 година македонската војска била реорганизирана, a 15. македонски корпус во состав од 42. и 48. дивизија, во бројна состојба од околу 25.000 борци, е испратен на Сремскиот фронт, при што учествувал во завршните операции за ослободување на Југославија.


Во борбите за пробивање на Сремскиот фронт до капитулацијата на германските сили, единиците на 15. македонски корпус имале околу 1.200 мртви, 3.369 ранети и 378 исчезнати.

______________________
"If you want peace, prepare for war."
Flavius Vegetius Renatus. Roman Military strategist. c. 390. A.D
Вратете се на почетокот Go down
meth




Број на мислења : 70

Македонија во II-та Светска војна (НОБ) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во II-та Светска војна (НОБ)   Македонија во II-та Светска војна (НОБ) Empty4/4/2012, 20:00

Ова е повеке од историско-идеолошки аспект кажано него ли од теориско воено гледиште
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во II-та Светска војна (НОБ) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во II-та Светска војна (НОБ)   Македонија во II-та Светска војна (НОБ) Empty4/4/2012, 20:05

од се по нешто.
Вратете се на почетокот Go down
kocov




Број на мислења : 137

Македонија во II-та Светска војна (НОБ) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во II-та Светска војна (НОБ)   Македонија во II-та Светска војна (НОБ) Empty30/9/2012, 21:16

makedonski partizani vo zaseda na italjanska kolona

[You must be registered and logged in to see this image.]
Вратете се на почетокот Go down
kocov




Број на мислења : 137

Македонија во II-та Светска војна (НОБ) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во II-та Светска војна (НОБ)   Македонија во II-та Светска војна (НОБ) Empty30/9/2012, 21:46

na slikata bese napisano deka ovie italjanski vojnici bile slikani vo debar prethodno od kako se predale na vojskata na kralstovot
jugoslavija od kako peskopja bila bomandirana od jugoslavenskata artilerija i togas se predela 6000 italjanski vojnici od peskopja

[You must be registered and logged in to see this image.]
Вратете се на почетокот Go down
kocov




Број на мислења : 137

Македонија во II-та Светска војна (НОБ) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во II-та Светска војна (НОБ)   Македонија во II-та Светска војна (НОБ) Empty1/10/2012, 19:01

Италјанска војска на парада во Кичево

[You must be registered and logged in to see this image.]
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Македонија во II-та Светска војна (НОБ) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во II-та Светска војна (НОБ)   Македонија во II-та Светска војна (НОБ) Empty28/8/2013, 15:27

[You must be registered and logged in to see this link.]
Вратете се на почетокот Go down
Stamenov

Stamenov


Број на мислења : 58

Македонија во II-та Светска војна (НОБ) Empty
ПишувањеПредмет: Македонија во II-та Светска војна (НОБ)   Македонија во II-та Светска војна (НОБ) Empty18/2/2014, 16:42

Нешто стварно фасцинантно е движењето на македонските единици од НОБза време на февруарскиот поход значи стратегијата што ја направиле е стварно добра втората ударна бригара се движи во тиквешкиот регион се со цел да привлече повеќе неп.единици на неа и да им го отвори патот на другите единици на југот...

[You must be registered and logged in to see this link.]

______________________
Воената победа се завршува со карневал во црнина...!!!!
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во II-та Светска војна (НОБ) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во II-та Светска војна (НОБ)   Македонија во II-та Светска војна (НОБ) Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во II-та Светска војна (НОБ)
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 2Отиди на страна : 1, 2  Next

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Воена историја-
Отиди до: