Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Легија на странци - Légion Etrangère

Go down 
+12
alexmkd
Legija91
Subzero
beowulf
Генерал
viktor555
AlexGreat
Волчко
tonin
Momak od Gjorce
Profesionalec
SIG
16 posters
Отиди на страна : 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9  Next
АвторПорака
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Легија на странци - Légion Etrangère Empty
ПишувањеПредмет: Легија на странци - Légion Etrangère   Легија на странци - Légion Etrangère Empty7/12/2011, 01:07

ФРАНЦУСКИОТ КОКТЕЛ ОД ПАРИ,ВЕЖБИ И СМРТ - I дел

Легија на странци - Légion Etrangère Legija2

Само наивните веруваат дека служењето во платеничка војска е возбудлива авантура и место каде што 17 години се губи секаква врска со минатото. Легијата војувала во Африка, Индокина, односно секаде каде што требало да се бори за француските интереси,а во таа врста очигледно спаѓа и БиХ во југословенските војни во оквирот на францускиот контингент на мировни сили.
Веројатно ниедна воена формација на светот не е обвиена со слична темна марама на романтика и маштовити приказни како што е случајот со француската Легија на странци (LEGION ETRANGERE) . Но за тоа е заслужна и бурната историја на самата Легија, богата со крвави војни и битки. Представите и илузиите на бројните авантуристи кои „трчаат„ во Легијата фантазирајќи за возбудлив и егзотичен живот на легионери се растопиле на жешкиот песок во Африка, на маларичните мочвари на Амазонија, во спарните џунгли на Индокина или пак на крвавиот асфалт во Либан, односно на сите оние места каде што се бореле легионарите од основањето на таа елитна формација во 1831. година па се до денес.

ЛЕГИЈАТА – НАША ТАТКОВИНА

Легија на странци - Légion Etrangère Slavnazloglasnalegijast

Легијата од самиот почеток го отфрлила патриотизмот како мотив за постоење. Легионерската вредност се сведува на верност према договорот и дадената заклетва, како и чувството на обврска спрема браќата по оружје,односно соборците. Лојалност на заклетвата е она што легионерот, пред се, почитува и за која , ако треба, ќе го даде и својот живот, а во тоа се вклопува и обврската дека никогаш нема да го остави својот ранет соборец на боиштето.Поради тоа на сите знамиња е извезена заклетвата LEGIA PATRIA NOSTRA односно Легијата – наша Татковина.
После Втората Светска војна во која Легијата изгубила околу 40 000 луѓе, следното воено упориште за легионерите станал просторот на Индокина каде што се бореле од  1945 до 1954. Кулминацијата на воените операции е достигната со легендарната битка кај Дијен Бијен Фу , водена од 13.март до 7.мај 1954. која се смета за тежок воен пораз не само за Франција него и за Западот воопшто.Губитоците на легионерите изнесувале преку 1500 мртви со многу повеќе ранети. Вкупните губитоци од девет годишното војување во Индокина се качуваат до бројката од 10 000 луѓе па и повеќе.
По повлекувањето од Индокина , Легијата повторно се нашла во војна – овојпат во Алжир. Војната во Алжир траела од 1954. до 1963. година а во него учествувале околу 20 000 легионери кои на крајот биле поразени од „Фронтот за народно ослободување„ на Алжир (ФНЛ) . Во Алжир Легијата изгубила 55 офицери, 278 подофицери и 1633 војници.
Од 1964. Легијата била присутна и интервенирала во повеќе афрички земји како Чад,Заир,Габон,Џибути,Сомалија,Руанда,Либан итн. Нејзините единици можат исто така да се најдат и на Пацификот и во Централна Америка (Француската Гвајана) па дури и во оквирите на УНПРОФОР , значи мировните сили. Во составот на францускиот контингент овие војници , во мисијата во БиХ овие војници имале за задача да го набљудуваат реонот на Сараево и аеродромот Бутмир.


МОЖНОТО „ЗБОГУМ„ НА МИНАТОТО

Основниот договор за служба во Легијата на странци се потпишува на 5 години, со можност да се продолжи на уште два пати по 5 години, што значи вкупно 15 години служба, но некои нови информации говорат за 17 години служба. Кој ги преживее сите 15 години служба стекнува право на легионерска пензија во износ на половина просечна плата од таа што ја имал во активна служба која по некои шпекулации  ја прима онолку време колку што служел во Легијата, но исто така се здобива и со право на француско државјанство. Месечната најниска плата е околу 1000 евра (за каплар 1350 евра), но доколку припадникот се наоѓа во базите на Легијата платата е повеќепати повисока. Годишниот одмор трае 15 дена.Кога се наоѓаат на задачи легионерите добиваат околу 100 евра дневно. Со желба за опуштање и провод, при секое излегување од касарната , поготово ако се наоѓаат на терен надвор од Франција можат да потрошат дури и половина од својата плата, но затоа командата тогаш им исплатува само една третина, додека остатокот оди на нивната сметка. Првопотпишаниот договор од 5 години може да го поништи командата или пак кандидатот, во тек од шест пробни месеци. Се смета дека 50-60% од легионерите по истекот на првиот договор, повторно потпишуваат нов. Легионерите ,према правилата на служба, користат добиваат целосно нов идентитет , односно она што сте биле пред да го потпишете договорот повеќе не постои се додека сте во Легијата. При добивањето на новиот идентитет вие добивате ново „воено„ име nom de guerre , и Легијата ви гарантира анонимност и заштита од било чие плеткање во вашето минато.
Ако накнадно се открие дека некој од примените кандидати бил осудуван или криминалец, тој после седум години служба може да добие чин подофицер. Тоа е делумно и поради тоа што Легијата држи до тоа да нејзините подофицери имаат поголема моќ,заслужуваат поголема почит и повеќе вредат од подофицерите во другите единици и армии.

МАРШИРАЈ ИЛИ УМРИ

Легија на странци - Légion Etrangère Legija4

За француското МО , Легијата има необична конституционална предност. Имајќи во предвид дека се состои од странски платеници таа може директно да се упати кон одредена земја без сложени расправи и одобрение во парламентот.
Обуката е екстремно тешка и напорна, комплексна и се базира на цврста дисциплина. Се состои од фазите , основна обука и специјалистичка односно напредна обука.Дезертерите кои на годишно ниво во се бројат во десетици, се казнуваат на посебен начин.
Основната обука трае 4 месеци, а цел и е да ги научи легионерите на основните воени вештини и познавања. Се заснова на дрил,физички вежби и прилагодување на традицијата и животот во Легијата. На терен доста време се посветува на напорните и долги маршеви преку брдата и планините на Корзика, со вооружување и под полна опрема. Се вели дека никој неможе да ја помине обуката во Легијата а да пред тоа неколкупати не ги натопи своите чорапи со крв и униформата безброј пати со пот. За стекнување на потребната физичка кондиција, секојдневно се трчаат и маршеви по десетици километри, а работниот ден почнува од 5 часот наутро,некогаш и порано.
После основната обука, на ред е селекцијата, и легионерите према своите специјалности се упатуваат во некои од специјализираните школи и кампови каде што ги чекаат искушенија. Посебно се бираат кандидати за курс за каплар, кој трае од 8 до 10 недели и тој курс се смета за физички најтешкиот курс во Легијата. Освен овој курс постои и 14-то неделен курс за подофицери после кој се стекнувате со звање – постар каплар, што непосредно му претходи на добивањето на добивањето подофицерски чин.

ПАДОБРАНЦИ – ЕЛИТА НА ЛЕГИЈАТА
Легија на странци - Légion Etrangère Legija3

За потребите на падобранските и специјалните единици се бираат најуспешните и психофизички најспособните поединци. Нивниот тренинг опфаќа комплетна обука на командосите, со сите специфичности. Падобранците, на пример, својата специјалистичка обука ја изведуваат во кампот Рафајли на Корзика, потоа во центарот за војување во џунгла во Француска Гвајана а вежбаат и во Џибутија. Познато е дека многу легионери повеќе ја сакаат воената стварност во Чад или Руанда отколку тактичките вежби и обуката во заливот Губет во Џибутија каде што под полна опрема се трча преку 30км на температура повисока од 40 степени. На „Ѓаволскиот остров„ во заливот Губет,падобранците скокаат од карпи високи 30 метри во топлото море. Сонот за пустоловините и возбудливиот живот во Легијата овде се претвора во исцрпување на телото и душата.
Стандардното вооружување на легионерите е француската воена автоматска пушта ФАМАС со калибар од 5.56мм и „бул-пап„ конструкција. Од неа може да се пука од двете рамена бидејќи има две позиции за исфрлање на чаурите. Има и ногалки за зголемување на степенот на прецизност и стабилност при гаѓањето.
Легија на странци - Légion Etrangère Famasimg1018

Снајперистите ја користат снајперската пушка Ф-2 со калибар од 7.62мм со капацитет од 10 куршуми. Од пушката може да се испалат 10 000 куршуми без промена на карактеристиките односно прецизноста и 20 000 куршуми , а притоа прецизноста да не се намали за повеќе од 10%. Во специјалните акции се користат оружја со пригушувачи и ноќни пасивни нишани од кои омиленото оружје за тивка ликвидација е самострелот.
Легија на странци - Légion Etrangère Legija1
Од против оклопното вооружување,опремени се со рачни ракетни фрлачи ЛРАЦ 89мм , АПИ-ЛАС 112мм како и против тенковскиот ракетен систем Милан и Хот. Тука се и минофрлачите од 81 и 120мм , хаубиците од 105мм додека како оружја за борба против ниско летечки цели се користат лесно преносливите ПВО ракетни системи Мистрал со ИЦ наведување.

СТРУКТУРА НА ЛЕГИЈАТА

Денес легијата брои околу 8000 припадници разместени во неколку полкови (регименти) кои организациски се состојат од чети. Структурата и распоредот го имаат следниот изглед:

1 Полк на Легијата : Сместен е во касарната Виено во Обања. Задолжен е за прием и обука на нови регрути и врши административни работи за другите единици на Легијата. Бројноста изнесува 1 000 луѓе.

2 Пешадиски полк: Ова е уствари механизиран полк стациониран во Ним (Франција). Во неговиот состав е и Прекуморската оперативна група од која , на смени, се упатуваат во деташованиот одред на островот Мајор во Индијскиот океан. Бројноста изнесува околу 1500 луѓе.

3 Пешадиски полк : стациониран во базата Коуру во Француска Гвајана. Се состои од 4 чети, од кои три се ангажирани за опслужување и заштита на Европската космичка станица и ракетната база во Коуру. Полкот ја штити и границата со Бразил и учествува во изградбата на „источниот пат„ низ прашумата Амазонија. Бројноста изнесува околу 1000 луѓе.

4 Школски полк „Кастелнодри„ : Се наоѓа во Кастелнодрија , во близина на Тулуз. Врши основна обука, селекција и одредува смер и специјалност за новите војници. Организира и курсеви за подофицери. Во составот има 5 чети а вкупната бројност е околу 1000 луѓе.

5 Мешовит „Пацифички„ полк : наменет е за работа и обезбедување во „Пацифичкиот нуклеарнен испитувачки центар„ на островот Мурутоа во Полинезија. Предвиден е за интервенција на другите француски територии на Пацификот во тнр. „прекуморски земји„, како што е Нова Каледонија. Полкот има 4 чети – штабна, две мешовити инжињерски  и пешадиска чета. Вкупната бројност изнесува околу 900 луѓе.

1 „Коњанички„ полк : Стациноран е во Оранж , Франција. Брои 1000 луѓе распоредени во три извидувачки батаљони опремени со оклопни возила и во еден против оклопен-механизиран батаљон вооружен со ПО ракети. Полкот влегува во состав на 6.леснооклопна дивизија на француската армија.

2 падобрански полк (2.РЕП) : сместен е во кампот Рафалји и во местото Калви (Корзика). Представува најелитна единица на Легијата и се гордее со способноста да во рок од 24 часа може да изведе акција на било кое место во светот. Брои околу 1300 луѓе распоредени во 6 чети. По една чета од составот на овој полк постојано е присутна во Џибутија. Инаку 2. Падобрански полк влегува во состав на 11. Падобранска дивизија на француската армија која преставува окосница на француските сили за брзи интервенции.

6 Инжењерски полк : се наоѓа во близина на Авињон и брои 800 луѓе. Се состои од штабна чета, чета за поддршка и снабдување , како и од три инжењерски чети ( пионирска, понтоњерска и градежна).
13 Полу-бригада (Demi-brigade, 13.DBLE) : Стационирана е во Република Џибута,а се состои од штабно позадинска чета, пешадиска чета, леснооклопен извидувашки батаљон и инжењерски батаљон. Брои повеќе од 1000 припадници.


Последната промена е направена од SIG на 21/10/2015, 14:37. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
Profesionalec

Profesionalec


Број на мислења : 149

Легија на странци - Légion Etrangère Empty
ПишувањеПредмет: Re: Легија на странци - Légion Etrangère   Легија на странци - Légion Etrangère Empty7/12/2011, 17:42

Sjajno!!! Bravo frogfoot! Twisted Evil
ziveli

______________________
Don't underestimate your enemy!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Легија на странци - Légion Etrangère Empty
ПишувањеПредмет: Re: Легија на странци - Légion Etrangère   Легија на странци - Légion Etrangère Empty8/12/2011, 23:22

2. ПАДОБРАНСКИ ПОЛК
Легија на странци - Légion Etrangère Legija2pad

Вториот падобрански полк ја преставува елитата на француската Легија на странци. За во оваа единица се бираат „најсуровите„ легионери кои влегуваат во полкот по основната обука и селекцијата во останатите единици на Легијата. Карактеристичниот амблем на зелените беретки и црвените гајтани на свечени униформи представуваат обележје од кое стрепат дури останатите легионери и војници.
Поради способностите да брзо интервенираат на било која точка на планетава во рок од 24 часа, 2 падобрански полк ( 2 REP – Regiment Etrangere de Parachutistes ) влегува во составот на француските единици за брзи интервенции (FAR) , како дел од 11-тата падобранска дивизија. Се проценува дека бројот на припадници во овој полк изнесува околу 1300 луѓе, расподелени во чети. Во споредба со другите легионери, падобранцита имаат подобар статус и поголема плата до 30% . Главната база на полкот се наоѓа во Калвија на Корзика, која е одлична за обука на падобранци поради тоа што на едно место се наоѓаат и море, планини , стрмни карпи , а и климатските услови се доста поволни што условуваат со голем број на ведри денови што се пак како измислени за обука на падобранците и за падобрански скокови. По една чета од овој полк постојано е присутна во Џибута во состав на 13-тата Полу-бригада на Легијата.
Организациски гледано, 2 падобрански полк се состои од команда, четири стрелачки чети за извидување и огнена поддршка, како и од Штабно-позадинска чета.
Легија на странци - Légion Etrangère Legijaamblemi

ТРЕНИНГ И ВОЕНО ИСКУСТВО

Стрелачката, односно падобранско-пешадиските чети се поделени по специјалности :

1 чета за ноќни акции, противоклопна борба и дејства во населени места,
2-ра чета , за војување во планински и снежни услови,
3-та чета за амфибиско-десантни операции на вода и под вода, и
4-та чета за снајперски акции и диверзии.

Ваквата поделба настанала на искуствата од многуте војни и интервенции бидејќи овозможува дејства во разни ситуации и на разни терени.
Секоја пешадиска (стрелачка) чета има команден дел, три стрелачки вода и вод за огнена поддршка со два минофрлачи од 81мм и два системи со наведувани ПО ракети „Милан„. Првата чета на полкот се обучува на посебно припремен полигон за градска и ПО борба во Фраселија на Корзика, но изведува вежби и со другите армии, како германскиот Бундесвер на нивниот полигон во Хамелбург. Во составот на оваа чета се наоѓа и еден вод од 17 кучиња посебно обучени за барање, обезбедување и борба.

За изведување на ноќни акции четата е опремена со современи софистицирани средства и вооружување – ИЦ пасивни и термовизиски уреди (нишани и наочари) , ласерски обележувачи на цели, со автоматски пушки ФАМАС во калибар 5.56мм со пригушивачи, и ХиК МП-5СД со интегриран пригушувач, со самострели, Ремингтон сачмарки за пробивање на врати и „друго„.
Другата чета е наменета за борба во планински и снежни услови. Програмот на нивната обука, покрај стандардниот падобрански дел, опфаќа и алпинистички дел, скијање, совладување на препреки на тешко прооден терен, изработка на игла во снегот, ориентација , маскирање и други вештини. Заедничките вежби се изведуваат со припадниците на 27-та планинска дивизија на француската армија на полигонот Монтженевре и во центарот за планинско војување во Шемонија. За оваа чета се тврди дека престојувала во Босна, каде во оквирот на мисијата Ифора во зимата 1996 година и организирала ски-патроли и извидувачки групи на Игман, контролирајќи го спроведувањето на Дејтонскиот договор, но се тврди дека изведувала и други „специјални„ задачи.
Легија на странци - Légion Etrangère Legijaplaninski

СПЕЦИЈАЛИСТИ ЗА ДИВЕРЗИИ И САБОТАЖИ

За десантно-амфибиските операции на вода и под вода, задолжена е 3-тата чета која брои 175 луѓе. Четата се состои од извидувачки , моторизиран и два десантно-јуришни вода. За извршување на задачите опремени се со гумени десантни чамци од типот „Зодиак„, со надворешни мотори (пенти) , како и со кануи, а поддршка им пружат и бродови, подморници и хеликоптери на воената морнарица. Обуката опфаќа и многу пливање,нуркање и техники на подводни диверзии, ориентација и навигација со помош на бусола и ГПС.
Една од проверките за оспособеност е и препливување на траса од 8км под јака морска струја , која мора да се помине (под опрема) за помалце од 4 часа.
Легија на странци - Légion Etrangère Legijapadobranec
Снајперистите на 4-тата чета имаат доста борбено искуство од многуте акции во кои е потврдено значењето на снајперското вооружување во денешните услови на војување, посебно во населените места. Во нивниот арсенал може да се најдат пушките ФР-Ф2 со калибар од 7.62х51 НАТО , со рачно репетирање, британската снајперска пушка Л-96 А1 АИ , во калибар од .338 Супер Магнум и далекуцелната снајперска пушка „ Barret„ и „McMilann„ во калибар од 12.7мм .Сите оружја имаат можност за користење на дневен и ноќен оптички нишан а се користи и друга додатна опрема како на пример, радари и осетливи микрофони за анти-снајперска борба, односно откривање на позициите од каде што дејствуваат непријателските снајпери.
Групата за извршување на саботажи од 4-тата чета ја сочинуваат специјалисти за експлозиви, минери, за изработка на ИЕН, но и за деминирање. За изведување на овие задачи припадниците се обучуваат во центрите за обука на диверзанти „Маунт Луис„ и на Пиринејите и Арта-Плаж во Џибута. Во состав на четата за извидување и огнена поддршка делува и падобранскиот вод на командоси CRAP (Commandos de Rechereche et d’ Action en Profondeur) обучен за изведување на падобрански скокови од големи височини, изведување на длабински операции во позадината на непријателска територија поради вршење на специјални задачи, наведување на авијацијата и артилеријата на непријателските позиции, како и извидување и собирање на разузнувачки податоци, напад на разни цели и објекти и сл.
Легија на странци - Légion Etrangère Legijasnajper
Оспособен е и за против-терористички акции и ослободување на заложници,заробеници, спасување на оборени пилоти и друго. Опремен е со најмодерна опрема за собирање и обработка на податоци, сателитски уреди за одржување врска, портабл предаватели и камери за моментално пренесување на слика до оперативниот центар, со ласерски обележувачи на цели за наведување на авио-бомби, и друга софистицирана опрема.
Вратете се на почетокот Go down
Profesionalec

Profesionalec


Број на мислења : 149

Легија на странци - Légion Etrangère Empty
ПишувањеПредмет: Re: Легија на странци - Légion Etrangère   Легија на странци - Légion Etrangère Empty18/12/2011, 16:04

Бивш припадник на Легијата од Србија - интересно!






______________________
Don't underestimate your enemy!
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Легија на странци - Légion Etrangère Empty
ПишувањеПредмет: Re: Легија на странци - Légion Etrangère   Легија на странци - Légion Etrangère Empty27/12/2011, 14:19

Загина Македонец - припадник на Легијата на странците

Македонецот Стојмир Тодоровски, припадник на француската Легија на странците, загинал во сообраќајна несреќа на Корзика, објавува дневниот весник „Корс-Матан“.

Младиот 23-годишен легионер почина во болницата во Бастиа, еден час откако бил пренесен со хеликоптер од местото на несреќата. Несреќата се случила во неделата вечерта околу 18 часот, кога автомобил движејќи се на релацијата од Понте-Лекиа кон Пиетралба удрил во дива свиња која се наоѓала на патот. Дивата свиња под силата на ударот била фрлена во воздух при што завршила во шофершајбната на автомобилот кој доаѓал од спротивната насока и во кој се наоѓале двајца легионери. Возачот бил повреден во вилицата, додека Стојмир Тодоровски бил потешко повреден во главата и вратот.

Стојмир Тодоровски беше легионер прва класа и служеше во рамките на 3-та чета на 2-от падобрански полк на Легијата на странците од мај 2010 година. Ова е една од најелитните единици на француската армија. Легионерот, според весникот „Корс-Матан“ веќе бил во мисија во Џибути, а денеска се очекува во воената база во Рафали на Корзика да допатуваат неговите родители и сестрата на загинатиот, по што неговото тело ќе биде пренесено во Македонија. Весникот „Корс-Матан“ им изразува во таа прилика сочувство на семејството на Тодоровски и на неговите другари од легијата.

Легија на странци - Légion Etrangère 15472557

http://www.plusinfo.mk/vest/27945/Zagina-Makedonec---chlen-na-Legijata-na-strancite
http://www.corsematin.com/article/papier/balanina-le-jeune-legionnaire-na-pas-survecu.543806.html

Нека почива во мир... Sad
Вратете се на почетокот Go down
tonin




Број на мислења : 26

Легија на странци - Légion Etrangère Empty
ПишувањеПредмет: Re: Легија на странци - Légion Etrangère   Легија на странци - Légion Etrangère Empty27/12/2011, 16:18

вечна ти слава човеку ! Sad

______________________
девојко да не постоеше МАКЕДОНИЈА мојата љубов ќе ти ја дадев на тебе.
Вратете се на почетокот Go down
Волчко

Волчко


Број на мислења : 88

Легија на странци - Légion Etrangère Empty
ПишувањеПредмет: Re: Легија на странци - Légion Etrangère   Легија на странци - Légion Etrangère Empty27/12/2011, 21:14

Стварно за греота во елити на елити да стигнеш од проклета свиња да умреш стварно нема смисла !

______________________
Success is how high you bounce when you hit bottom.
Вратете се на почетокот Go down
AlexGreat

AlexGreat


Број на мислења : 277

Легија на странци - Légion Etrangère Empty
ПишувањеПредмет: Re: Легија на странци - Légion Etrangère   Легија на странци - Légion Etrangère Empty29/12/2011, 16:45

Нека почива во мир!

Навистина е гордост да се знае дека сме имале во 2-от Падобрански полк Македонец дури командир на единица како што прочитав во Вест. Инаку во погорниот текст ако го прочитавте ќе приметите дека 2-от Падобрански полк е најелитната единица од Легијата.

______________________
Born to be Macedon!
Вратете се на почетокот Go down
viktor555




Број на мислења : 10

Легија на странци - Légion Etrangère Empty
ПишувањеПредмет: Re: Легија на странци - Légion Etrangère   Легија на странци - Légion Etrangère Empty28/1/2012, 16:14

NEKA MU E VECNA SLAVATA I NEKA POCIVA VO MIR
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Легија на странци - Légion Etrangère Empty
ПишувањеПредмет: Re: Легија на странци - Légion Etrangère   Легија на странци - Légion Etrangère Empty17/3/2012, 02:28

Марширај или умри

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Легија на странци - Légion Etrangère Empty
ПишувањеПредмет: Re: Легија на странци - Légion Etrangère   Легија на странци - Légion Etrangère Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Легија на странци - Légion Etrangère
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 9Отиди на страна : 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9  Next

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Воени и полициски единици :: Западен блок-
Отиди до: