Макетава е од реномираниот производител Трумпетер,кој последниве 2-3 години на пазарот исфрла одлични модели на макети.Макетава е одлична за работа,барем до овој момент.Ќе биде во боите на Ирачката Армија 1991,се работи за Т-62 модел 1972 со ЕРА оклоп.Фабрички во кутијата има и метална цевка,единствено додадов метални држачи за буриња со гориво,бидејки ќе има едно буре на задниот дел,а другиот носач ќе биде празен.Офарбан е со црна предбоја и симулација на рѓа+зелена боја на ЕРА оклопот кој подоцна ќе треба да се третира адекватно,бидејки тенковите од Советските фабрики излегуваат во Советска зелена боја.