Се работи за Кинески џип со монтиран бестрзаец од 105мм(ТИП-75).Макетата е од фирмата Трумпетер и барем засега не ми создаваше некои поголеми проблеми.Самата макета е релативно нов калап од 2001 година.Првично сакав да го правам во боите на Албанската народна армија од парадата 1984 година.По кратко време се дојде до заклучок дека Енвер Хоџа немал верзии на БЈ-212А,туку обични џипови БЈ-212 на кои се демонтирале задните седишта,и се монтирал бестрзаец 105мм.И така по кратко размислување решив да биде во боите на Либија од страната на рахметли М.А Гадафи.Што значи дека нема да има ознаки,само камуфлажа еднобојна песок боја(ознаки имаат терористичките џипови)а нешто не ми се омилени тие т.н демократи.Би требало утре да го офарбам со црна предбоја а ако стигнам со време и во пустинска боја.
Не, сега тој мене ми е чирак,(мала шала)Џипот е готов,во Недела ќе го носам на натпревар во Белград во Музеј на воздухопловство.Другата недела веројатно ќе се има фотосесија со квалитетен апарат.