Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Модернизација на АРМ (Набавки и Донации)

Go down 
+18
Trifun.L
Macedonian Knight
ESN
Motorola
Macedonian09
Birac
MISFIT
leopard
momo
BoyfromKavadarci
debarska
SIG
РИС
Зоран
Smrtnikot
Alvar
JKD
Momak od Gjorce
22 posters
Отиди на страна : 1, 2, 3 ... 50 ... 100  Next
АвторПорака
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Модернизација на АРМ (Набавки и Донации) Empty
ПишувањеПредмет: Модернизација на АРМ (Набавки и Донации)   Модернизација на АРМ (Набавки и Донации) Empty2/3/2016, 18:45

Собраниската расправа за модернизација на АРМ продолжува утре
http://kurir.mk/makedonija/vesti/sobraniskata-rasprava-za-modernizatsija-na-arm-prodolzhuva-utre/

Владејачкото мнозинство, смета дека модернизацијата на АРМ е неопходна особено, како што потенцираа, во услови на безбедносна криза во Европа.

Собранието на Република Македонија утре во рамки на 85-та седница ќе ја продолжи расправата по Предлог законот за дополнување на Законот за одбрана, пишува МИА.

Со дополнувањето се предвидува Министерството за одбрана да биде ослободено од плаќање царински давачки и даноци за оружје и воена опрема за модернизација на Армијата на Република Македонија, но и ослободување од ДДВ за прометот на станови и станбени згради со примена на повластена даночна стапка на промет во висина од  5 проценти, за намалување на трошоците на припадниците на АРМ за решавање на станбеното прашање во рамки на проектот „АРМ мој дом“.


Министерот за одбрана Зоран Јолевски истакна дека на ваков начин со планот за модернизација Република Македонија во наредните години ќе ги исполни стандардите поставени од НАТО, два проценти од БДП да бидат за одбраната, а 20 проценти од нив за модернизација.

Пратениците од опозициските партии се изјаснија дека нема да го поддржат законското решение, пред се, како што рекоа, поради тоа што се бара ослободување од даноци и царини за модернизација без да се наведе колкави средства се предвидени за тоа и колку би било ослободувањето. Нема, рекоа тие, прецизен план како треба да се одвива модернизацијата во наредните години.

Владејачкото мнозинство, пак, смета дека модернизацијата на АРМ е неопходна особено, како што потенцираа, во услови на безбедносна криза во Европа.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ Илија Димовски потенцира дека одбраната на државата е прашање за кое не треба да се разликуваме.

– За овој закон е потребно двотретинско мнозинство што значи за да помине е потребна широка поддршка во Собранието. Целта на измените е да се ослободи армијата од плаќање ДДВ и царини од 1 до 11 отсто за да може Армијата во следните 10 години да набави ново современо оруже и опрема. Самиот факт дека СДСМ не сака да даде поддршка со тие средства кои во моментов може да ги издвоиме државата да набави нова опрема и оружје, а да потроши помалку средства и да добие поголема количина оружје е скандал. СДСМ денеска ќе гласа против набавка на оружје и модернизација на АРМ, рече Илија Димовски.

Овој план, додаде, кој претпоставувам дека не може да го знаеме бидејки ако го знаеме тука ќе го знаат и таму кај што не треба, е направен од повеќе од 100 луѓе во АРМ во повеќе од 10 тематски области за кои е потребна набавката.

– Потребна е поддршка токму од СДСМ за овој закон, заради тоа што овие две три години сите соседи и од поблиското и поширокото соседство набавуваат оружје. Македонија се соочува со безбедносна криза која е најголем безбедносен ризик од 2001 година. Поигрувањето на политика и живеењето во фиктивен свет и прикаски дека некој од тоа ќе правел криминал е крајно неодговорно, несериозно и недржавничко однесување. Апелирам и ве замолувам да размислите како ќе гасате за овој закон, рече Димовски.

Според пратеникот Драган Цуклев од ВМРО – ДПМНЕ, укинувањето на ДДВ-то и ослободувањето од царинските давачки согласно предложените дополнувања на законот, значи  помалку средства резервирани на расходната страна на буџетот за набавка и модернизација на опремата на АРМ.

– Никаков изговор за вас не се ниту фискалните импликации, ниту можноста за криминал, туку вие сте против националната безбедност и исполнување на НАТО стандардите, им порача Цуклев на пратениците од опозицијата.

Координаторот на пратеничката група на ДУИ Талат Џафери смета дека нашата држава има проблеми со миграцијата како и секоја друга држава во Европа, а индивидуални, не сакани постапки и можни импликации од безбедносен аспект, посочи, не може да се оценат како кризна или воена состојба или опасност по безбедноста на државата.

Димовски истакна дека денеска имаме над 10 илјади бегалци од држави со висок ризик кои се на нашата јужна граница, а со кои полицијата, посочи, тешко се справува заради тоа што почнуваат да стануваат насилни.

Пратеникот Влатко Ѓорчев во дискусијата, меѓу другото, потсети дека условите за полноправно членство во НАТО кое требаше да се случи на Самитот во 2008 година, ги исполни владата на чело со ВМРО – ДПМНЕ.

За да се донесе овој закон е потребно двотретинско мнозинство или 82 пратеници.


Последната промена е направена од Momak od Gjorce на 15/8/2016, 23:34. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

Модернизација на АРМ (Набавки и Донации) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Модернизација на АРМ (Набавки и Донации)   Модернизација на АРМ (Набавки и Донации) Empty2/3/2016, 23:31

не разбирам зашто се бунат СДСМ,па ако може некој стварно што разбира,да објасни во кратки црти ?
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Модернизација на АРМ (Набавки и Донации) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Модернизација на АРМ (Набавки и Донации)   Модернизација на АРМ (Набавки и Донации) Empty3/3/2016, 00:00

Jaс колку што ја разбирам ситуацијава,го немам гледано преносот.Наводно СДСМ им го бара комплетниот план и програма што и од каде ке се купува и за кои пари,а овие од ВМРО не им кажуваат со изговор дека е класифицирана информација,поради ова најверојатно ги обвинуваат за обид за криминал...

На нивните канали успеав да најдам видео исечоци,од денешната седница...

https://www.youtube.com/user/vmrodpmnemacedonia/videos
https://www.youtube.com/user/SDSMtube/videos

Ме изненади Ѓорчев што барем колку толку знае што опрема има АРМ
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

Модернизација на АРМ (Набавки и Донации) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Модернизација на АРМ (Набавки и Донации)   Модернизација на АРМ (Набавки и Донации) Empty3/3/2016, 00:08

па ако им го кажат тоа преку говорница у собрание,не само они,туку цела нација ќе знае што како зашто...нека праат криминал ама нека подноват нешто,од 2001 ништо немаме купено,униформи гага ни даваа турците,бруки живи,а сите околу нас е вистина дека масовно се модернизираат...а тоа сигурно не е ради реда,и случајно.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10947

Модернизација на АРМ (Набавки и Донации) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Модернизација на АРМ (Набавки и Донации)   Модернизација на АРМ (Набавки и Донации) Empty3/3/2016, 01:59

Нека имаат затворена за јавност седница па нека дискутираат колку и што опрема би се зело, и волкот сит и овците на број.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

Модернизација на АРМ (Набавки и Донации) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Модернизација на АРМ (Набавки и Донации)   Модернизација на АРМ (Набавки и Донации) Empty3/3/2016, 15:00

Alvar напиша:
Нека имаат затворена за јавност седница па нека дискутираат колку и што опрема би се зело, и волкот сит и овците на број.

а командант џафери и остали ? Very Happy ипак колку и да се во коалиција,не е дека се е мед и млеко.
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Модернизација на АРМ (Набавки и Донации) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Модернизација на АРМ (Набавки и Донации)   Модернизација на АРМ (Набавки и Донации) Empty4/3/2016, 11:56

Дополнувањата за воената опрема и армиските станови не поминаа во Парламентот
http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=3CEFAC19C1E95243BFFBDBAEAF825028
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10947

Модернизација на АРМ (Набавки и Донации) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Модернизација на АРМ (Набавки и Донации)   Модернизација на АРМ (Набавки и Донации) Empty4/3/2016, 13:31

Избришан е текстот, затоа ги ставам интегрално вестите, нашиве онлајн изданија ги бришат по еден ден.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

Модернизација на АРМ (Набавки и Донации) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Модернизација на АРМ (Набавки и Донации)   Модернизација на АРМ (Набавки и Донации) Empty4/3/2016, 13:38

а прво да модернизираат се што имаме и да стават у функција па после да купуваат,нели би било паметно ?
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10947

Модернизација на АРМ (Набавки и Донации) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Модернизација на АРМ (Набавки и Донации)   Модернизација на АРМ (Набавки и Донации) Empty4/3/2016, 14:08

Се е старо, би требало паралелно да идат и двете опции... модернизација на постара опрема, но и набавка на нова (пред се транспортери).
Секако, тука мора да се обрне итно внимание и приоритет на одржувањето на техничките средства, и на самата собраниска седница кажаа (што и не беше некоја тајна) дека во моментов оперативни се само 2 (два) хеликоптери на АРМ. Што е катастрофа.

На ВМРО им смрди газот што во последниве 10 години тотално го забаталија сегментот одбрана, од 2.5% буџет за армија, падна на 1%, па дури и подолу со неколку ребаланси во изминативе години. Малку доцна се сетија на модернизација и купување опрема, што викаат старите... кога ќе ти дојде јајцето на газот.
СДСМ (сечачите на тенкови) пак се посебна приказна, од пусти инает гласаат против (за ај да речеме ОК иницијатива) и тогаш кога не треба. Демек ни ги штедат парите. Шупци.
ДУИ/UÇK нормално гласа против, они ни се јасни.

Така да памет од нашиве црвено-сини клошари не барај.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Модернизација на АРМ (Набавки и Донации) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Модернизација на АРМ (Набавки и Донации)   Модернизација на АРМ (Набавки и Донации) Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Модернизација на АРМ (Набавки и Донации)
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 100Отиди на страна : 1, 2, 3 ... 50 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Модернизација на АРМ (Набавки и Донации)

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: