Поздрав.Макетава ми е поклон од макетарот Драган Цветиќ,размер 1/72 украински производител ИЦМ.Бидејки не е мој размер,и да не ми фаќа место решив да ја направам.Пластиката не е баш најдобра за работа,особено тенките делови,па така истите ги заменив со жица,исто така направив и заштита на поклопците на моторот,некои БТР-60П ги имаат некои не.Декалите-ознаките се катастрофални се распаѓаат при допир со вода,едвај некако ги составив.Ознаките претставуваат Советски БТР-60П од Советската морнаричка пешадија на почетокот на 70те години од минатиот век.Прљањето е стандардно МИГ пигменти,домашен вош,плус сливања со уљан резредувач.