Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+28
BABUN
trpe grozni
MarkoMKD
Macedonian09
mstislav
MakWarrior
HoLfElDeR
shady3
dzole
Panter
Iko
loran11
Legija91
Mrshajnoski
darkness
kocov
assasian
РИС
koki.skopje
Зоран
JKD
Цане
Alvar
Smrtnikot
Momak od Gjorce
Генерал
Macedonian Knight
SIG
32 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3 ... 51 ... 100  Next
АвторПорака
Гостин
Гостин




Македонија во Балканскиот вртлог - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 2 Empty3/11/2014, 03:22

Ала да го благослови Груевски! И Волк да скине Орел...
Вратете се на почетокот Go down
Цане

Цане


Број на мислења : 87

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 2 Empty3/11/2014, 03:32

Ма каков радикален ислам па ти кај го има то нас ни се чини така. Laughing
Ќе се среди еден ден се надеваме. Cool
Вратете се на почетокот Go down
Цане

Цане


Број на мислења : 87

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 2 Empty3/11/2014, 04:57

Две гранати испукани кон Владата

06.08.2007 [​IMG]
Две гранати 30 минути по полноќ биле испукани кон Владата, ама паднале преку пат, пред јапонскиот конзулат. Едната експлодирала кога удрила во бетонски ѕид, другата уште подалеку од Владата, зад конзулатот, во гранките на едно дрво.
Владиниот портпарол вели дека е терористички напад. Целта била Владата.
„На извршителите и на наредбодавците на овој чин Владата на РМ им порачува дека кога-тогаш ќе се најдат зад решетки. На политичките инспиратори, пак, на овој чин Владата на РМ им порачува дека пораката е примена и дека со овој чин само ја зацврстија одлучноста на Владата на РМ да продолжи со истите политики што ги спроведуваше и досега“, изјави Ивица Боцевски, портпарол на Влада на РМ.
Од полицијата за А1 не потврдуваат дека се работи за терористички напад. Се уште не знаат кој е мотивот, кои се напаѓачите и од кој правец е стрелано. Не е сигурно ниту дали Владата била цел.
Попладнево полицијата беше на скопското Кале и испитуваше дали е стрелано од таму. Досега единствено се знае дека некој пукал со рачен фрлач од јужноафриканско производство. Дометот на оружјето бил 450 метри.
„Се вршат сите неопходни проверки во радиус од 450 метри, за да се утврди од каде се испукани и евентуално да се утврди идентитетот на лицата коишто ги испукале гранатите“, рече Иво Котевски, портпарол на МВР.
Инцидентот го пријавиле жителите на околните згради. Слушнале како да има силна експлозија, но се зачудиле од малата разорна моќ.
„Врнеше и не знаевме што е. Се јавивме во комшии, никој не знаеше што е. Излеговме на балкон, не видовме никого и повторно се повлековме во соба“, вели граѓанка.
МВР најави засилено обезбедување на државните институции, иако пред Владата не е видливо полициско зајакнување. Владиниот портпарол претходно, пак, најави дека нема да има вонредни мерки.

Еве за членот JKD што бараше за претходниот напад на владата ене и датум било на 06.08.2007 и скоро идентично како сега со 2 гранати само што ја промашиле тогаш, а сега ја погодија.
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 2 Empty3/11/2014, 10:02

Членот JKD треба да почне да го користи google пребарувачот и предностите кои ги дава интернетот. Smile

______________________
"Through discipline comes freedom"
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




Македонија во Балканскиот вртлог - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 2 Empty3/11/2014, 11:10

Како прво како може да се случи дестабилизација во Македонија кога голем број странски инвестиции со вложени милиони евра се во Македонија и во најва дека ќе доаѓаат. Не е некој толку глуп бизнисот да го носи во небезбедна држава. Прошлата година УЧКиве во Бујановац се занесоа премногу со закани по рушењето на споменикот, дури снимија и аматерско видео со лоша глума и ти доаѓаше да се прснеш од смеење додека го гледаш. И веднаш по тоа дојде закана од Америка кон "браќата" од типот "Оставете ја Србија на страна да не си имате со нас работа", и со брзина на светлината се заборави се тоа.
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 2 Empty5/11/2014, 18:03

Ќамили потврдува: Во Тетово забележани лица во црни униформи

Лица во црни униформи легитимирале и заканувале граѓани во Tетовско, потврди заменик-министерот за внатрешни работи, Земри Ќамили, коментирајќи ги шпекулациите дека деновиве во регионот на Тетово се забележани непознати лица како легитимираат граѓани, јави Журнал.
Во изјава за порталот, Ќамили вели дека две непознати лица, облечени во црно, се заканувале на неколку граѓани во овој регион.

– Во неделата е евидентиран случај кога непознати лица во црни униформи, но без обележја се заканувале на вработени на Водовод Тетово. Тие не се претставиле како припадници на некоја гарда, односно, како што се шпекулира, Гардата на Илирида – вели Ќамили.

Тој нагласи дека Министерството за внатрешни работи ги превзема сите безбедносни мерки согласно законот.

– Ќе продолжиме да собираме информации и да ја следиме ситуацијата. Од полициски аспект, ситуацијата не е за вознемирување – вели Ќамили.

Пред неколку дена, во некои медиуми беше објавено соопштение од т.н Гарда на Илиридата, во која се вели дека нејзини припадници ќе патролираат низ Македонија на сите територии населени со Албанци.

http://libertas.mk/%D1%9C%D0%B0%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%B8-%D0%BF%D0%BE%D1%82%D0%B2%D1%80%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D1%82%D0%B5%D1%82%D0%BE%D0%B2%D0%BE-%D0%B7%D0%B0%D0%B1%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%B6%D0%B0%D0%BD/

______________________
"Through discipline comes freedom"
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10949

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 2 Empty5/11/2014, 18:07

Звучи како работна задача за ЕСЗ. Баш би сакал да ги видам повторно во некоја "ала" Бродец акција.
А уште повеќе би сакал да ги видам ова Илиридашиве наредени на земја како диви свињи по лов.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 2 Empty5/11/2014, 19:46

Alvar напиша:
Звучи како работна задача за ЕСЗ. Баш би сакал да ги видам повторно во некоја "ала" Бродец акција.
А уште повеќе би сакал да ги видам ова Илиридашиве наредени на земја како диви свињи по лов.

Проблемот е што за разлика од оние во Бродец, овие у црни униформи имаат поголема политичка поддршка. Барем така изгледа Smile

______________________
"Through discipline comes freedom"
Вратете се на почетокот Go down
Цане

Цане


Број на мислења : 87

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 2 Empty5/11/2014, 20:02

По се изгледа дека ова со "гардата на Илирида" и не е баш за занемарување. Треба сега МВР да дејствува брзо и сите "гардисти" да ги неутрализира во најскоро можно време.
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




Македонија во Балканскиот вртлог - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 2 Empty5/11/2014, 20:11

Која политичка поддршка, да не спаѓаат во некое министерство овие? Laughing

Само мислам дека треба да се почека малку, немора да значи дека ако двајца се глупирале имаат и некоја структура позади нив. Да не испадне дека има акција против гардата а нема гарда... На некој тоа ќе му годи. Може да избувне нешто големо а да биде заради недоразбирање...
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 2 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 2 of 100Отиди на страна : Previous  1, 2, 3 ... 51 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: