Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 МВР - новости

Go down 
+36
IgorM
ace89
gunner
tose
ESN
assasian
Dejan N
Iko
Panter
JKD
РИС
alexmkd
dt71
marinium
Smrtnikot
Legija91
momo
shady3
macko23
Zajcef
dejand
Makedon
Gero
beowulf
Mrshajnoski
Subzero
Goust
Alvar
Wolf
filip555
Генерал
Зоран
meth
AlexGreat
Momak od Gjorce
SIG
40 posters
Отиди на страна : 1, 2, 3 ... 50 ... 100  Next
АвторПорака
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

МВР - новости Empty
ПишувањеПредмет: МВР - новости   МВР - новости Empty31/7/2011, 09:02

Новости од МВР на секојдневна база...
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

МВР - новости Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости Empty14/10/2011, 12:36

Донација од ОБСЕ
Техничка опрема за потребите на МВР


Денес (13.10) во Центарот за обука на кадри од областа на безбедноста во Идризово, во рамките на проектите за опремување на просториите за обука при осумте Сектори за внатрешни работи, при Центарот за обука како и Регионалните центри за обука на граничната полиција (“Обука за тахографи“, “Обука за водење на истражни разговори“), од страна на мисијата на ОБСЕ во РМ беше донирана вредна опреам за потребите на МВР.

Опремата опфаќа низа технички помагала - персонални компјутери, лаптопови, проектори, монитори, дигитални камери, LCD телевизори, платна за презентација, DVD плеери, стативи за камери, клуч за инспекција на прекршоци при проверка на дигитален тахограф и друго. Наменета е за обука на централно и децентрализирано ниво, а истата е во вредност од 60.000 евра.

МВР - новости Donacija%20obse%2013_10_2011%20vnatre

http://www.moi.gov.mk/
Вратете се на почетокот Go down
AlexGreat

AlexGreat


Број на мислења : 277

МВР - новости Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости Empty14/10/2011, 20:32

Наздравје!

______________________
Born to be Macedon!
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

МВР - новости Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости Empty27/10/2011, 17:45

Потпишан Договорот за соработка со кој се опфатени повеќе сфери од заеднички интерес

МВР - новости Minrusija(1)

Министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска и нејзиниот домаќин, министерот за внатрешни работи на Руската Федерација Рашид Нургалиев, денеска во Москва го потпишаа “Договорот за соработка меѓу Министерството за внатрешни работи на Р. Македонија и Министерството за внатрешни работи на Руската Федерација“, што е прв билатерален договор од ваков ранг меѓу двете министерства.

Министерката Јанкулоска истакна дека договорот е од особена важност за Република Македонија и дека претставува доказ за досегашната соработка но и одличните перспективи за натамошно продлабочување на меѓусебните односи. Министерот Нургалиев, пак, го истакна рускиот интерес за изнаоѓање механизми за поефикасна операционализација на договорот и предложи формирање мешовити работни групи и редовни средби на највисоко ниво меѓу претставници на двете министерства.

Почнувајќи од јазикот и културата, тој истакна дека двата народа и двете земји ги поврзуваат многу фактори и дека Русија ќе остане сериозен партнер на Република Македонија Јанкулоска му заблагодари за подршката која и досега Руската Федерација ја даваше во борбата за зачувување на уставното име на нашата држава, прашање кое е од најголем интерес за Република Македонија. Двајцата министри се согласија дека без разлика на големината, во 21 век сите земји се соочени пред истите предизвици и закани од глобалниот тероризам и екстремизам, недозволената трговија со наркотици, луѓе и оружје, но и новите форми на компјутерски криминал кои не познаваат граници.

Размената на искуства и оперативни информации меѓу двете министерства, според Јанкулоска и Нургалиев ќе придонесат за поефикасно справување со овие закани. Министерката Јанкулоска, исто така, ја изрази заложбата за натамошно олеснување на режимот на патување на граѓаните на двете земји и укинување на визите што би значело и подобра размена на стоки, услуги и знаења.

На покана на министерот Нургалиев, Јанкулоска попладнево ке го посети 15-от јубилеен саем на опрема од областа на безбедноста во Москва на кој своите производи ги изложуваат над 400 руски и 25 меѓународни компании од 12 земји.

Инаку, Согласно договорот, кој стапува на сила од денот на неговото потпишување, двете министерства ќе соработуваат во спречувањето, идентификацијата, сузбивањето и откривањето на кривични дела, вклучувајќи ги и оние кои се извршени од организирана група, пред сè во областите на: насилен криминал против човечкиот живот, слобода и достоинството; акти на тероризам и финансирање на тероризам; екстремистички активности; кривични дела против имотот; корупција; економски криминал, вклучително и легализирање на имотот стекнат по пат на вршење на кривични дела; трговија со луѓе, особено со жени и деца, проституција и други форми на сексуална експлоатација, како и незаконска трговија со човечки органи и ткива; недозволена трговија со оружје; недоволена трговија со наркотици; производство и трговија на фалсификувани банкноти, документи, хартии од вредност како и кредитни и дебитни картички и други средства за плаќање; кривични дела поврзани со прекршување на правата на интелектуалната сопственост; кривични дела поврзани со кражба и криумчарење на културни, историски, научни и уметнички вредности; кривични дела во областа на информатичките технологии; кривични дела од областа на илегалната миграција; сексуална експлоатација на деца и производство и продажба на материјали и предмети кои содржат порнографски слики од малолетни лица.

МВР - новости DSC_0050

За имплементација на овој Договор, двете министерства ќе се обврзат на: размена на информации од интерес кои се однесуваат на кривични дела кои се во подготовка или кои се веќе извршени; извршување на барањата за спроведување на оперативни мерки и мерки за потрага; трагање по лица кои го избегнуваат кривичниот прогон или отслужувањето на казната, како и трагање по лица кои се пријавени за исчезнати; размена на информации за новите наркотични дроги и психотропни супстанции кои што се појавиле во недозволена трговија; како и размена на работни искуства.

http://www.moi.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=10563&mid=1367&tabId=358&tabindex=0
Вратете се на почетокот Go down
meth




Број на мислења : 70

МВР - новости Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости Empty1/12/2011, 10:32

момци дали знаете за ЕБР конкурсот јануари сега што ќе биде дали ќе примаат со служена војска само или ќе биде интерен меѓу полицијата ?
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

МВР - новости Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости Empty1/12/2011, 11:10

meth напиша:
момци дали знаете за ЕБР конкурсот јануари сега што ќе биде дали ќе примаат со служена војска само или ќе биде интерен меѓу полицијата ?

Знам дека за да влезеш во ЕБР прво треба да имаш најмалку двегошен сташ во МВР(ондносно да рабориш како полицаец),па потоа иде онаа селекција која ако не се помине не може да се стане член на ЕБР,но како прво треба да се има најмалку двегошен сташ во МВР...за селекцијата мислам дека беше 3200 метри за помалку од 15 минути,60 склека 60 стомачни 10 згиба за одредено време незнам точно колку.... Smile
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

МВР - новости Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости Empty7/1/2012, 23:19

06.01.2012 Активности на Посебната мобилна единица на полицијата во текот на декември

По разни основи “алфите“ привеле 235 лица

Посебната мобилна едница на Полицијата за борба против криминалот “Алфа“ во текот на минатиот месец, при вршење на редовна мотопатролна дејност, вкупно извршила легитимирање на 477 лица, потоа извршен е преглед на вкупно 63 патнички моторни возила, а по разни основи приведени се 235 лица. И тоа, по основ на телеграма 32 лица, по основа на потраги, гласник, Наредба од Основен суд –15 лица, под сомнение за извршено кривично дело –14, по извршено кривично дело – 41лице, на лице место во вршење на кривично дело – 13 лица, при утврдување на идентитет – две лица, како и за издржување на казна затвор – 9 лица.
Вкупно приведени лица по ЈРМ – 47

- Учество во тепачка - 20

- за физички напад – 14

- омаловажување на ПС – 1

- пиротехнички средства - 11

- нарушен ЈРМ – 1

Вкупно приведени лица со оружје – 7

- Гасен пиштол – 4

- Пиштол – 2

- Автоматска пушка - 1
Вкупно приведени лица за поседување опојни дроги – 19

- НН тревкаста материја – 17

- НН прашкаста материја – 1

- НН таблети - 1
Вкупно приведени лица со ПМВ – 31

- по телеграма – 24

- сомнение за фалсификат - 1

- сообраќаен прекршок - 6

Вкупно приведени лица со ТМВ – 2

- непоседување соодветна документација (огревно дрво) – 2

Вкупно приведени лица со моторцикл без документација - 2
- Вкупна дадена асистенција при вршење претрес на дом и други простории – 6 и се пронајдени: гасен пиштол, НН прашкаста материја, 2 гасни пиштоли, муниција, автоматска пушка и 20 парчиња муниција за истата, поголема количина НН тревкаста материја, лисици, повеќе фантомки, машина за броење на пари, нож со поголемо сечиво, поголем износ на парични средства, две рачни бомби, две парчиња пластичен експлозив, фитил за експлозив, детонатори за експлозив и граната

- Предадено лица при обид да изврши кривично дело

- Пронајдени и предадени предмети кои потекнуваат од извршено кд

- Предадени 2 лица за омаловажување на ПС

- Предадени 5 лица за нарушен ЈРМ со тепачка

- Предадено 3 ПМВ натоварени со огревни дрва

- Пронајдено и предадено ПМВ барано по телеграма

- Асистенција за пронаоѓање на стебла (пронајдени 2 тони стебла со наркотична содржина)

- Асистеницја за контрола на Угостителски објекти

- Асистенција за иселување од стан

- Обезбедување на судска расправа

- Опсервација на паркинг простори

- Опсервација на витални објекти

- Опсервации на маркети


Вкупно извршен спровод на 35 лица
Предадени лица на сообраќајна патрола- 8
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

МВР - новости Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости Empty10/1/2012, 19:07

02.01.2012

Дисциплински постапки во МВР

Во изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 12 решенија против 12 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од член 207 став 1 точка 8 од Колективниот договор на МВР. Притоа, на осумина вработени изречена им е мерка мерка парична казна, а на четворица вработени мерка - “запирање на дисциплинска постапка“, а се работи за:

К.Т., полицаец во техничка група, изречена му е мерка „парична казна“ во износ од 15% од една месечна плата во траење од два месеци, бидејќи го напуштил работното место;

Б.Ф., полициски службеник за БПС, изречена му е мерка „парична казна“ во износ од 15% од една месечна плата во траење од два месеци, бидејќи го напуштил работното место;

И.Р., полицаец за патрола и интервенции во дежурна служба, изречена му е мерка „парична казна“ во износ од 15% од една месечна плата во траење од два месеци, бидејќи бил под дејство на алкохол за време на работа;

Г.М., полицаец во ПС НФОО, изречена му е мерка „парична казна“ во износ од 15% од една месечна плата во траење од четири месеци, бидејќи го напуштила работното место;

З.Т., полицаец во ПС НФОО, изречена му е мерка „парична казна“ во износ од 15% од една месечна плата во траење од три месеци, бидејќи облечен во униформа седел во угостителски објект;

З.С., командир на оперативна група во ЕСЗ, изречена му е мерка „парична казна“ во износ од 15% од една месечна плата во траење од шест месеци, бидејќи со службено возило превезол до Хрватска, каде бил упатен на обука, лице кое не било вработено во МВР, а исто така без да го извести претпоставениот со возилото се упатил од Хрватска до БиХ;

Б.Ј., полицаец во ПС НФОО, изречена му е мерка „парична казна“ во износ од 15% од една месечна плата во траење од еден месец, бидејќи облечен во униформа седел во угостителски објект;

З.П., полицаец во ПО за БПС Гази Баба, изречена му е мерка „парична казна“ во износ од 5% од една месечна плата во траење од четири месеци, бидејќи за ист прекршок по грешка му изрекол на лице две казни;
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

МВР - новости Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости Empty10/1/2012, 19:10

ЕКСЛУЗИВНО!!! affraid

Гордана Јанкуловска понудила ОСТАВКА?!

„Gordana Jankulovska ja razbrala vcerasnata poraka od Igor Spasov, da ne se gleda vo nego koga se bara ubiecot na M. Neskoski. Pa za da ne bide "rastrgnata" od javnosta i opozicijata, vo predvecerje na objava na presudata na Spasov i sobraniska sednica na koja ce se rasprava za nejzina interpelacija, uste sinoca na Nikola Gruevski mu PONUDILA OSTAVKA!

Se nadevam deka nena da se izvlece so obicna smena i zaminuvanje vo diplomatija. Sakam da ostane do kraj, da se sooci so svojata vmesanost vo organiziran kriminal. . .„

Ова е текстот на Зоран Божиновски (контроверзниот новинар) на неговиот ФБ профил!

Што мислите? има вистина во ова или?
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

МВР - новости Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости Empty10/1/2012, 20:30

Двајца скопјани на возраст од 18 и 21 година синоќа биле повредени во оружен напад во Скопје Север.

До нападот дошло кога дваесет и двегодишниот Д.Т. со автомобил марка „голф“, во кој биле со уште неколкумина застанал на улицата „Боро Менков“ по што излегол од автомобилот и се упатил кон автомобилот „опел Корса“ во кој се наоѓале дваесет и едногодишниот Д.П., осумнаесетгодишните Е.И. и Т.С. и деветнаесетгодишниот В.В. Тогаш Д.Т. почнал да пука кон нив, по што се вратил во автомобилот и избегал.

Полесно е повреден возачот на „опелот“ и еден од патниците. Тие побарале лекарска помош во Градската болница, по то едниот бил пуштен дома, а вториот бил задржан на лекување.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





МВР - новости Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
МВР - новости
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 100Отиди на страна : 1, 2, 3 ... 50 ... 100  Next
 Similar topics
-
» АРМ - новости
» АРМ - новости
» МВР - новости
» АРМ - новости
» Воени новости

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Министерство за Внатрешни Работи - МВР-
Отиди до: