Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Воен Музеј

Go down 
3 posters
Отиди на страна : 1, 2  Next
АвторПорака
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Воен Музеј Empty
ПишувањеПредмет: Воен Музеј   Воен Музеј Empty18/9/2014, 17:34

СЛУЖБА ЗА ВОЕНА ИСТОРИЈА - ВОЕН МУЗЕЈ

Воен Музеј IGPLZq2

Воениот музеј на Република Македонија е основан во 2006 година како прв специјализиран национален музеј во 28 вековната воена историја на Македонија со кој се манифестира осамостојувањето на Република Македонија и борбата за слобода и стекнување на државна независност. Воениот музеј свечено е отворен на 1 август 2006 година на локација во Касарната „Гоце Делчев“ во Општина Аеродром.Заради приближување на содржините на Воениот музеј кон пошироката јавност и збогатување на културно-историската понуда за домашните и странските посетители со Одлука на Владата на Република Македонија во 2008 година Воениот музеј е дислоциран во централно градско подрачје на просторот под Скопската тврдина Кале. Со позиционирање на Воениот музеј како специјализирана национална институција за истражување на воената историја на Македонија во центарот на Скопје се зајакнува меѓуинституционалната соработка и се докомпонираат содржините прикажани на спомениците на видни војсководачи и идеолози на македонската борба за државност и самостојност поставени во централното градско подрачје, како и содржините на Музејот на македонската борба за државност и самостојност – Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите на комунистичкиот режим, Археолошкиот музеј на Македонија, Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, Музејот и гробот на Гоце Делчев во „Црквата Свети Спас“, Музејот на Македонија и другите институции од областа на културата, образованието и науката сместени во јадрото на најатрактивните туристички понуди во престолнината на Република Македонија.Административните простории и внатрешен изложбен простор на Воениот музеј се сместени во објектот во Стара скопска чаршија кој заеднички го користат Национална Установа Музеј на Македонија, Национален Конзерваторски центар на Република Македонија и Воениот музеј во состав на Министерството за одбрана на Република Македонија. Воениот музеј го користи расположливиот капацитет на објектот во кој се сместени Кино сала, Продавница на сувенири, Централно депо, Конзерваторкски лаборатории и простор за времени изложби. Музејската поставка на отворено за Воениот музеј на Македонија е проектирана под Скопската тврдина Кале.Во 2012 година Воениот музеј станува постојан член на реномирана Меѓународна мрежа на музеите за мирот со седиште во Хаг, Холандија како прв и единствен национален музеј од Балканот и регионот на Југоисточна Европа заедно со Нобеловиот Мировен Центар од Осло, Музејот на Меѓународниот Црвен крст од Женева и други познати светски музеи чија главна мисија е промоција на мирот во светот (линк http://www.inmp.net ). По влегувањето во меѓународната мрежа на музеите за мирот Воениот музеј организационо се трансформира во Музеј на мировни и безбедносно-одбранбени истражувања во состав на Министерството за одбрана на Република Македонија.Воениот музеј досега организирано го посетиле голем број детски градники, основни и средни училишта и студенти, како и странски воени делегации и бројни посетители речиси од целиот свет.

ИСТОРИЈАТ НА ФОРМИРАЊЕ
   1995-2005 Научно-истражувачка и образовна дејност во рамките на предметите Воена историја на Македонија и Воена историја на додипломските студии и предметот Еволуција на војувањето на командно штабна академија на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје
   1997 Во Скопје е потпишан Протокол за соработка во областа на воената историја, воените архиви, воената музеологија и воените публикации, помеѓу Генералштабот на Армијата на Република Македонија и Генералштабот на Армијата на Република Турција
   1997 Остварено најголемо откритие во областа на воената историја на Република Македонија – во Воениот музеј на Турските вооружени сили во Истанбул д-р Ванче Стојчев како член на воена делегација на Министерството за одбрана го откри оригиналниот примерок на Црешовото топче употребено во Илинденското востание при одбрана на Крушевска Република во август 1903 година.
   2000 Министерството за одбрана ја објави за прв пат во историјата на Македонија книгата на тема „Воена историја на Македонија“ од автор проф. д-р Ванче Стојчев, која во истата година ја доби државната награда „13 Ноември“.
   2002 Во Скопје е реализирана средба и размена на искуства со Центарот за Воена историја на Армијата на САД.
   2002 Учество на претставник на Министерството за одбрана на меѓународен научен симпозиум во организација на Конзорциумот на Партнерството за мир одржан во Софија, Република Бугарија, на тема „Воена политика на Европа од 1870-1914 година“ со труд „Одбранбена политика на Балканот и поделбата на Македонија во 1913 година“.
   2002 Делегација на Министерството за одбрана од областа на Воената историја оствари средба и научноистражување во Службата за воена историја на армијата на Република Франција во Париз.
   2003 По повод јубилејот „100 години од Илинденското востание“ Министерството за одбрана го реализира временото донесување и изложување на оригиналниот примерок на „Црешовото топче“ во Скопје и Крушево. Во периодот од јули до септември 2003 година оригиналното Црешово топче беше најголемата атракција при одбележувањето на јубилејот и притоа го видоа голем број граѓани на Република Македонија и посетители од странство. Денес овој вреден експонат, во согласност со строгите меѓународни акти и домашни закони во Р. Турција кои ја регулираат музејската дејност се чува во Воениот музеј во Истанбул.
   Министерството за одбрана финансиски го поддржа снимањето на документарниот филм за Црешовото топче во соработка со Македонска радиотелевизија.
   2003 Во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје е одржана научна трибина по повод „100 години од Илинденското востание“ и презентирани се резултатите од научноистражувачкиот проект “Информатичка поддршка на наставата по Воена историја“. На научниот Симпозиум организиран во Македонската Академија на Науките и Уметностите по повод 100 години Илинденското востание учествуваа и гостите на Министерството за одбрана од Службата за воена историја на армијата на Република Франција.
   2004 Министерството за одбрана ја преведе и свечено ја промовира книгата „Воена историја на Македонија“ на англиски јазик
   2005 Експертски тим од Министерството за одбрана предводен од полковник проф. д-р Ванче Стојчев го изработи проектот за формирање на Воениот музеј
   28 јуни 2006 Одлука на Владата на Република Македонија за почеток со работа на Воениот музеј
   1 август 2006 Свечено отворен Воениот музеј во Касарната „Гоце Делчев“ во Скопје, Општина Аеродром

МИСИЈА
Воениот музеј е особено важна специјализирана национална институција која:
- открива, собира, истражува, конзервира и чува предмети, документи и други сведоштва поврзани со Воената историја на Македонија.
- организира постојани и времени изложби
- организира едукативни програми и настаниОсновни задачи на Воениот музеј се:
- афирмација на Армијата на Република Македонија и военото минато на земјата
- едукација на младите
- јакнење на националната свест низ обединување на граѓаните околу културното наследство на државата

ОРГАНИЗАЦИЈА
Во согласност со законските прописи и интерните организациски акти на Министерството за одбрана Воениот музеј е специјализиран национален музеј во состав на Министерството за одбрана директно хиерархиски одговорен пред министерот за одбрана.

http://www.morm.gov.mk/?page_id=498
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Воен Музеј Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воен Музеј   Воен Музеј Empty18/9/2014, 17:34

Воен Музеј L0hkLwE

Воен Музеј 1DUq0ns

Воен Музеј F1OXKbL

Воен Музеј KzCDFGQ

Воен Музеј YI0jQlE

Воен Музеј 0agUFGZ

Воен Музеј LruTWKm

Воен Музеј 6acgDMU
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Воен Музеј Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воен Музеј   Воен Музеј Empty18/9/2014, 17:35

Воен Музеј SHrYDrS

Воен Музеј G9x7tWj

Воен Музеј Z8tI9VJ

Воен Музеј Oi6IJII

Воен Музеј 3wpJ47u

Воен Музеј 3LWmUdV

Воен Музеј ZVj4O1Q

Воен Музеј Szqzn93
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Воен Музеј Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воен Музеј   Воен Музеј Empty18/9/2014, 17:35

Воен Музеј Q7dAxPh

Воен Музеј N1H7Pjb

Воен Музеј 9nNIvQX

Воен Музеј 1xx4XVr

Воен Музеј Cl7tafN

Воен Музеј G7xfjVM

Воен Музеј EV4VOEt

Воен Музеј V2hPLGQ
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




Воен Музеј Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воен Музеј   Воен Музеј Empty18/9/2014, 17:59

Зградата на првите две слики денес е полициска станица
Вратете се на почетокот Go down
Panter




Број на мислења : 452

Воен Музеј Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воен Музеј   Воен Музеј Empty18/9/2014, 20:27

Vanco Stojcev pocinat e sega negoviot sin e direktor na voeniot muzej i toj po stapkite od tatkomu.Vanco go izbrkaa koga sakase da napise kniga za 2001 sto se slucuvalo i kako dojde,a na nekoj toa mu smetase pa go izbrkaa...
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Воен Музеј Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воен Музеј   Воен Музеј Empty23/5/2016, 12:12

Министерот Јолевски во Воениот музеј ги отвори изложбите посветени на Разловечкото востание и на Македонскиот фронт 1917 година
http://morm.gov.mk/?mainnews=ministerot-jolevski-vo-voeniot-muzej-gi-otvori-izlozbite-posveteni-na-razloveckoto-vostanie-i-na-makedonskiot-front-1917-godina&lang=mk

Воен Музеј X00kSi6

Воен Музеј KBZCcsA

Воен Музеј Efig4y5

Воен Музеј BN1QZEY

Воен Музеј 3zN9M1i
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Воен Музеј Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воен Музеј   Воен Музеј Empty31/5/2016, 13:45

Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Воен Музеј Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воен Музеј   Воен Музеј Empty22/10/2021, 17:08

Пошто сме "неспособни" да направием еден асален Воен Музеј а имаме интересни експонати кој можеме(вме) да ги изложиме,али не ми е жал пошто боје да иде Флаков во Словенија него ли да го скрнаварт кој стигне и помине....

Obisk državnega sekretarja Republike Makedonije
Линк

Воен Музеј ECJjrx2

Воен Музеј 4sOUlJQ

Зоран likes this post

Вратете се на почетокот Go down
РИС




Број на мислења : 2376

Воен Музеј Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воен Музеј   Воен Музеј Empty22/10/2021, 17:15

Мислам дека го имам видено во Петровец
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Воен Музеј Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воен Музеј   Воен Музеј Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Воен Музеј
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 2Отиди на страна : 1, 2  Next
 Similar topics
-
» Воена опрема и каде да се набави
» Доброволен воен рок
» ПРАВИЛО за воен протокол во АРМ
» Враќање на задолжителниот воен рок?
» Воен удар во Зимбабве

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: