Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Логистичка База

Go down 
3 posters
Отиди на страна : 1, 2, 3  Next
АвторПорака
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Логистичка База Empty
ПишувањеПредмет: Логистичка База   Логистичка База Empty25/7/2014, 13:48

Бригада за логистичка поддршка

Логистичка База EoYIzWO

Мисија:
Планирање, организирање, координирање и извршување на логистичка поддршка на командите и единиците на АРМ на II и III рамниште.

Задачи:
1. Планирање, организирање, координирање и извршување на логистичка поддршка во следните функионални области:
• снабдување
• одржување и поправка
• движење и транспорт
• медицинска и ветеринарна поддршка
• инфраструктура и
• услуги

2. Менаџмент со материјалите од сите класи на снабдување за потребите на командите и единиците на АРМ
3. Чување и одржување на на материјални резерви за АРМ според утврдени критериуми
4. Зајакнување на логистичките капацитети на единиците на АРМ при изведување на обука, работа во теренски услови, борбено ангажирање и учество во мисии
5. Координирање на поддршката на сојузничките сили кои транзитираат или се задржуваат на територијата на РМ
6. Извршување на логистичка поддршка за потребите на органите на управата и органите на локалните самоуправи, организации, здруженија и др ( во посебни услови и по посебни наредби и упатства)

Историја:
•1 Заднинска база 1992
• Заднинска база на КоВ 1993
• Логистичка база на КоВ 1996
• Команда за логистика 2001
• Команда за логистичка поддршка 2005
• Бригада за логистичка поддршка 2012

Структура:
•1. логистички баталјон
•2. логистички баталјон
•3. логистички баталјон
•Техничко ремонтен центар
•Центар за снабдување и транспорт
•Воено медицински центар


Последната промена е направена од Momak od Gjorce на 30/1/2020, 19:24. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Логистичка База Empty
ПишувањеПредмет: Re: Логистичка База   Логистичка База Empty25/7/2014, 13:50

1.логистички баталјон

Еве М70Б1

Логистичка База HUvnoFf

Логистичка База 5xzvRAK

Логистичка База QKI2C0g

Логистичка База JYQI44f

Логистичка База OXyb6go

Логистичка База Uj748qL

Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Логистичка База Empty
ПишувањеПредмет: Re: Логистичка База   Логистичка База Empty25/7/2014, 13:52

Логистичка База UYXNUdb

Логистичка База 6pjWWVX

Логистичка База 9wrHP5o

Логистичка База QDTamC0

Логистичка База KvLsteW

Логистичка База PprABBJ

Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10947

Логистичка База Empty
ПишувањеПредмет: Re: Логистичка База   Логистичка База Empty28/7/2014, 14:58

Momak od Gjorce напиша:
Еве М70Б1

Логистичка База HUvnoFf

Баш за овие прашував на оваа тема:

Alvar напиша:
Дечки, да не знае некој чиво производство се АКМ-то кои ги носат регрутите на насловната страна од Мартовскиот "Штит"?
Би рекол или Руски... или Украински, но не сум сигурен. Можеби некој од вас знае од прва рака.
https://odbrana.forumotion.org/t18p40-topic

Дефинитивно не се М70Б1 бидејќи имаат преден и заден ракофат од ламинат, исто како и кундакот. Плус клипот во задниот дел е црн, а немаат ни тромблонски нишан.
М70Б1 како и М70АБ2 има црн пластичен заден ракофат кој е поинаков на изглед од овие, а и дрвените облоги се од полно дрво (тиковина).
Ова на сликиве се АКМ, но со какво потекло и од каде се земени... не би знаел.

Логистичка База 2wuHz3U

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Логистичка База Empty
ПишувањеПредмет: Re: Логистичка База   Логистичка База Empty28/7/2014, 16:23

Сега поубаво ја заглеов сликата,да не е М70Б1,e сега од каде дошле кај нас господ знае,а и според википедија имаме АКМ
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Логистичка База Empty
ПишувањеПредмет: Re: Логистичка База   Логистичка База Empty14/11/2014, 12:22

Обука за одржување на возилата „Ивеко 80,17“ и „Ивеко Еурокарго“

Во период од 10-14 октомври во капацитетите на Техничкиот-ремонтниот центар согласно планот за билатерална соработка помеѓу Министерството за одбрана на Република Македонија и Република Италија, се реализираше обука за одржување на возилата „Ивеко 80,17“ и „Ивеко Еурокарго“.

Обуката ја посетуваа припадници на АРМ на формациско место –механичари на кои од страна на инструкторите им се презентираа детални инструкции од доменот на сервисирање на моторот и останатите системи на возилата.

Преку стручните упатства и практична работа, присутните механичари се стекнаа со дополнителни знаења од областа на одржувањето и сервисирањето со цел продолжување на временските ресурси на користење на возилата од овој тип.

По завршување на обуката, на учесниците од страна на обучувачите од им беа врачени сертификати за успешно реализирана обука.

http://www.arm.mil.mk/vesti/zok/2014/11/obuka_iveko.html

Логистичка База CdtnH5c

Логистичка База OTTcNKS

Логистичка База LxV5fmB

Логистичка База TBcjri1

Логистичка База Z0kid2T

Логистичка База KeN62ok
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Логистичка База Empty
ПишувањеПредмет: Re: Логистичка База   Логистичка База Empty19/12/2014, 14:52

Воено-медицинскиот центар го прослави Денот на единицата

Денес 19 декември, во бригадата за логистичка поддршка (брЛП) свечено се одбележа 21-ви декември, ден на Воено-медицинскиот центар (ВМЦ).

На свеченоста присуствуваа: претставници од Генералштабот на Армијата на Република Македонија (ГШ на АРМ), Здружената Оперативна Команда (ЗОК), командантот на Команда за обука и доктрини, команданти на бригади и баталјони од составот на АРМ и други гости.

Командантот на брЛП, полковник Владимир Стојановски, честититајќи го денот на единицата, пред присутните истакна дека за да се биде дел од военото здравство, покрај стручноста потребна е дополнителна пожртвуваност и посветеност, по што нашите припадници се препознатливи како во земјата така и во меѓународните вежби и мировни операции АЛТЕА и ИСАФ, што нас не прават посебно горди.

Три години од промоцијата на највисоката медицинска установа во Армијата на Република Македонија, командантот на ВМЦ, полковник доктор Душан Стојановиќ ја нагласи подготвеноста на овој колектив да одговори на предизвиците на новото време и новиот коцепт на делување на санитетската служба.

На свеченоста, по повод денот на единицата беа прочитани честитки од Началникот на ГШ на АРМ, командантот на ЗОК, како и доделените стимулативни мерки за постигнатите резултати во работењето на дел од припадниците на ВМЦ.

Со одлука на Претседателот и врховен командант на вооружените сили на Република Македонија за определување на ден на единиците на АРМ, за ден на ВМЦ е определен 21 декември, ден кога е извршена промоција и свечено отварање на ВМЦ како највисока медицинска установа во АРМ.

http://www.arm.mil.mk/vesti/zok/2014/12/den_na_vmc.html
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Логистичка База Empty
ПишувањеПредмет: Re: Логистичка База   Логистичка База Empty5/5/2015, 15:43

Избор за најдобар готвач во Бригадата за логистичка поддршка (брЛп)

Денес 05. мај 2015 година, во рамки на планираните активности за одбележување на 20 мај Денот на бригадата за Логистичка поддршка (брЛп), во кујната на касарната Гоце Делчев се спроведе натпревар за избор на најдобар готвач.

Во изборот за најдобар готвач учествуваа припадници од 1. 2. и 3. логистички баталјон (логбн), кои во тек на натпреварот ги покажаа своите готвачки способности при подготовка на оброци од риба, месо и прилози од зеленчук.

Натпреварот го следеше и оценуваше комисија од составот на Здружената оперативна команда (ЗОК) и брЛп. Покрај своите готвачки вештини учесниците на натпреварот за време на подготовката на оброците одговараа и на прашања за количина, видови прилози на главните јадења согласно рецептурата за подготовка на војнички оброци.

Членовите на комисијата по завршувањето на оброците, имаа можност да ги дегустираат, оценат квалитетот и начинот на декорација на истите и преку гласање да го изберат најдобриот готвач во брЛП.

Цел на денешниот натпреварот е размена на искуства и правилна имплементација на актуелните упатства од новиот правилник за исхрана кој е од клучно значење за припадниците на армијата, без разлика на условите и околностите во кои се наоѓаат.

Од квалитетната конкуренција комисијата за најдобар готвач го прогласи десетарот Горан Димовски од составот на 1. логистички баталјон.

http://www.arm.mil.mk/vesti/zok/2015/05/najdobar_gotvac.html

Логистичка База 1

Логистичка База 2

Логистичка База 5

Логистичка База 6
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Логистичка База Empty
ПишувањеПредмет: Re: Логистичка База   Логистичка База Empty15/5/2015, 15:15

Во бригадата за логистичка поддршка се реализираа натпревари за избор на најдобар возач и механичар

Во рамките на планираните активности по повод одбележување на 20 Мај - Денот на бригадата за логистичка поддршка (брЛп) на ден 15.05.2015 година во транспортна чета од Центарот за Снадбување и Транспорт (ЦСТ) во касарната Илинден се одржа финален натпревар за избор на најдобар возач.

На натпреварот по претходно направениот избор најдобрите три возачи од составот на ЦСТ ги презентираа своите возачки способности во паркирање товарно моторно возило (мв) и во менување на пневматици, како и теоретските познавања на сообраќајните правила и безбедност во сообраќајот.

Претходно на ден 05.05.2015 година во техничко ремонтниот центар (ТРЦ) осум механичари се натпреваруваа во теоретски познавања на функционирање на основните склопови, потсклопови и системи на мв и во практично мерење на притисок во работниот простор во цилиндрите на мотор на патничко мв.

Комисија од состав на брЛп, транспарентно и објективно ги оценуваше натпреварувачите при што согласно покажаните резултати за најдобар возач беше прогласен десетар Музафер Салиу од оделение за специјални возила во ЦСТ, додека цивилно лице Александар Таневски од составот на ТРЦ беше прогласен за најдобар механичар.

Со ова завршија натпреварувањата за избор на најдобри поединци од воените специјалности кои се застапени во брЛп, на кои покрај изборот за најдобар возач на мв и механичар во претходната недела беа избрани најдобриот готвач и болничар од состав на брЛп.

На најдобрите поединци на 20 мај кога ќе се реализира воената свеченост по повод денот на единицата ќе им се доделат признанија за најдобри поединци во своите специјалности за оваа година.

http://www.arm.mil.mk/vesti/zok/2015/05/najdobar_vozac_mehanicar.html

Логистичка База 1

Логистичка База 2

Логистичка База 3

Логистичка База 4

Логистичка База 5

Логистичка База 8

Логистичка База 9

Логистичка База 10

Логистичка База 11



Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Логистичка База Empty
ПишувањеПредмет: Re: Логистичка База   Логистичка База Empty20/5/2015, 13:38

Свеченост по повод Денот на Бригадата за логистичка поддршка
http://www.mia.mk/mk/Inside/RenderSingleGalleryTest/132650045/1?month=5&year=2015&day=20&desc=0


Логистичка База 132650046

Логистичка База 132650047

Логистичка База 132650049

Логистичка База 132650050
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Логистичка База Empty
ПишувањеПредмет: Re: Логистичка База   Логистичка База Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Логистичка База
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 3Отиди на страна : 1, 2, 3  Next

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: