Значи вака, да објаснам околу амблемите. Почнувам од најосновните работи
Прво, амблем се шие кај шнајдер ако веќе го имаш амблемот, бидејќи шнајдер не прави амблеми, туку само ги сошива на униформата
Второ, амблеми се везат во печатници кои имаат таква машина покрај таквите за печатење или има специјални работилници кои прават само такви работи. Во скопје има неколку
(Sajt [You must be registered and logged in to see this link.] се наоѓа кај Влада на РМ, СтелаТекс [You must be registered and logged in to see this link.] позади Даре Џамбаз и има уште кои не ги познавам многу [You must be registered and logged in to see this link.] )
Трето, никој од овие работилници, барем знам за Сајт и СтелаТекс нема да ви се нафатат да ви везат амблеми на овакви служби, бидејќи цивили не смеат да имаат воени и полициски ознаки и стари и нови. Во Стела Текс имам видено везен амблем на Арканови Тигри. Ако ви се нафатат да ги везат (што не верувам за овие амблеми), мора да нарачате количина од над 10 амблеми бидејќи нема да им се исплати да ги везат. Цената на еден амблем зависи, колку е голем амблемот, колку апликации има во него и дали сакаш некои додатни работи како што е ставање чичак трака (лепенка). На цената на амблемот зависи и количината, значи колку повеќе амблеми толку помала цена од амблем. Решение за овие работи е да најдете некој кој има таква машина приватно и да се договорите дали може да ви направи 1 или колку сакате амблеми и дали ќе се нафати армиски и полициски амблеми да везе, бидејќи може да заврши кривично ако го фатат дека копира забранети ознаки за цивили.
Материјалот на кој се изработуваат денешните амблеми е крапен. Стариот амблем на полицијата на Тигар и Лавови е од темно сина чоја. Новите амблеми од Тигрите и ЕБР се изработени со техниката жакард или ткаење (изгледаат мазно, етикетите на алиштата кај што ја пишува големината на облеката е изработена со жакард техника). Жакард техника мислам дека една работилница има ама таа мислам дека е Источна Македонија.
Амблемите се везат на специјална машина за везење која е поврзана на комјутер, бидејќи со таа машина доаѓа софтвер или програм, кој е специјално наменет за конвертирање на векторот или сликата во везен објект, инаку е сличен како програмите за векторско цртање (Corel Draw и Illustrator). Тој е инсталиран во комјутерот кој е поврзан со машината и принципот на работа мислам дека е како кај принтерите.
За подетално да разберете
Последната промена е направена од Frogfoot на 29/11/2012, 14:28. Мислењето е променето 1 пати (Reason for editing : ВО ИДНИНА ПРИ ПОСТАВУВАЊЕТО НА ДОЛГИ ЛИНКОВИ КОРИСТЕТЕ ЈА ОПЦИЈАТА „ЛИНК„)
SIG
Број на мислења : 6108
Предмет: Re: Колекционарство 29/11/2012, 14:31
Јас исто предложив ваква идеја пред некој месец..наместо да се бараат амблеми кои е тешко да се најдат можеби е поефтино и подобро да нарачаш да ти сошијат, и 10 ако треба па уште ќе имаш за размена
Би било добро да им се прати по е-маил прашање колкава би била цената за некој амблем со одредени димензии...
Ако има заинтересирани тука за некој амблем можеме да се договориме.
Гостин Гостин
Предмет: Re: Колекционарство 29/11/2012, 16:46
Frogfoot напиша:
Јас исто предложив ваква идеја пред некој месец..наместо да се бараат амблеми кои е тешко да се најдат можеби е поефтино и подобро да нарачаш да ти сошијат, и 10 ако треба па уште ќе имаш за размена
Би било добро да им се прати по е-маил прашање колкава би била цената за некој амблем со одредени димензии...
Ако има заинтересирани тука за некој амблем можеме да се договориме.
Абе другар амблеми не се шијат туку се везат има голема разлика
Треба да ги видите димензиите на секој амблем. Најубаво е тие кој работат во војска или полиција, да постават слики од амблеми на некои единици, и да ги измерат нивните димензии. За да бидат што поблиску до оригиналните.
Генерал
Број на мислења : 2343
Предмет: Re: Колекционарство 23/2/2013, 18:29
Продаден автобусот на Тачер, отпорен на куршуми, бомби, хемиски и нуклеарни напади
Автобусот отпорен на бомби кој го користела некогашната британска премиерка Маргарет Тачер е продаден на аукција за 20 илјади евра. Делумно корозирал, но се уште има историска вредност.
Како што пренесува „Франс прес“ автобусот тежи 28 тони, а произведен е во 1980 година, за посетата на Тачер во Северна Ирска, која била на удар на уличното насилство.
Автобусот предизвика голем интерес. Продажбата е испратена со громогласен аплауз- наведе припадникот на ЈП Хамберт.
Возилото кое што беше произведено по нарачка на тогашната британска власт, беше опремено со додатен генератор и уредување за додаток на воздух, а констукторите тврделе дека е отпорен не само на куршуми и бомби, туку и во случај на хемиски и нуклеарен напад.
Автобусот кој може да прими 35 патици, првин бил користен за патувањата на челичната дама и нејзините министри, а подоцна бил предаден на војската.