Израел ќе донесе закон за затворање на деца од 12 години поврзани со тероризам
Израелскиот парламент сака да воведе закон со кој ќе може да затвора палестински деца осудени за тероризам.
Хуманитарните организации го осудија израелскиот закон со кој ќе се овозможи затворање на деца од 12 години осудени за тероризам.
Предлог-законот за млади го помина третото читање во израелскиот парламент.
Се предлага да биде дозволено затворањето на малолетници – дури и деца помлади од 14 години – осудени за тешки кривични дела како убиство, обид за убиство или убиство од небрежност.
Израелските власти тврдат дека интензитетот на нападите во последните неколку месеци бара “агресивен пристап, вклучувајќи ги и малолетните лица”.
Израелската организација за човекови права Б’Целем го критикуваше предлог-законот и постапувањето на израелската армија спрема палестинските деца.
“Наместо да ги затвора, ќе беше подобро Израел да ги испрати на училиште каде што ќе можат да растат достоинствено и слободно а не под окупација”, изјавија луѓето од Б`Целем.
“Затворањето на толку млади малолетници ги лишува од можноста за подобра иднина.”
Речиси половина милион Израелци живеат во стотици еврејски населби во окупираниот Западен Брег, според Б’Целем.
Министерот за правда Ајелет Шекед, член на ултранационалистичката партија Израел наш дом, целосно го поддржаа законот кога се презентираше на Комитетот на министри минатата година.
Според Мрежата за поддршка на затворениците Аддамеер, најмалку 414 палестински деца биле затворени во израелските затвори во јули.
http://www.pravdiko.mk/izrael-ke-donese-zakon-za-zatvorane-na-detsa-od-12-godini-povrzani-so-terorizam/
______________________
Si vis pacem, para bellum