Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Независност. Колку гордо тоа звучи!

Go down 
+3
SIG
Smrtnikot
philldm
7 posters
Отиди на страна : 1, 2  Next
АвторПорака
philldm




Број на мислења : 29

Независност. Колку гордо тоа звучи! Empty
ПишувањеПредмет: Независност. Колку гордо тоа звучи!   Независност. Колку гордо тоа звучи! Empty31/8/2013, 12:33

Добар ден. Нов сум на форумов и решив мојата прва тема да биде токму оваа. Што мислите, дали Македонија е навистина независна земја? Дали земјите од нашето опкружување се независни? Па дури и земји како Германија, Франција, Индија, Кина итн. БИсакал доколку имате некакви аргументи да ги наведете, па да продолжиме со дебатата. Сите тие во своите Устави ги имаат внесено редиците реченици во кои се декларира независност. Но дали е тоа навистина така?
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

Независност. Колку гордо тоа звучи! Empty
ПишувањеПредмет: Re: Независност. Колку гордо тоа звучи!   Независност. Колку гордо тоа звучи! Empty31/8/2013, 13:03

Пред се би сакал да ти посакам добредојде на форумов и се надевам дека ќе се дружиме и понатаму Smile

А сега малку на темава.. Што се однесува до независноста на Република Македонија, теоретски сме независна држава меѓутоа за секој наш потег сме приморани да чекаме одобрение од големите сили, најчесто од САД. А доколку разгледаме малку подобро ќе видиме дека никоја држава самостојно не го контролира светот, туку тоа се посебни оклутни друштва како друштвото на слободните ѕидари(т.н. Масони), групата билдерберг и разни други оклутни друштва. Еве како пример ќе ја земам нацистичка Германија која била дефинитивно контролирана од окултни друштва како друштвото "Туле" за чиј ученик и марионета се претпоставува дека бил фирерот Адолф Хитлер. Во книгата "Окултната магија на третиот рајх" од Сергеј Зубков го поставува прашањето "Дали Адолф Хитлер бил навистина голем фирер или само обична марионета во рацете на луѓе со голема моќ?", а потоа наведува аргументи и дава можни одговори и опширни објаснувања.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Независност. Колку гордо тоа звучи! Empty
ПишувањеПредмет: Re: Независност. Колку гордо тоа звучи!   Независност. Колку гордо тоа звучи! Empty31/8/2013, 14:05

Вака, ајде почетнички да ја дефинираме (не)зависноста, онака како што се учи на правен факултет по Уставно право, и Вовед во право.

Секоја земја се декларира како независна и суверена во својот Устав, но во пракса НИТУ ЕДНА земја на светот не е потполно и во секој поглед независна.

Дури и најголемите светски веле-сили имаат подрачја на кои неможат независно да влијаат. Тоа најмногу се однесува на меѓународната политика. Значи, по дефиницијата, секоја земја, со самото стапување во некаков сојуз со друга земја, при склопување на некој меѓународен договор и сл. доброволно и свесно се откажува од одреден дел на независноста.

Пример, Македонија се откажува од својата независност на одлучување при потпишувањето на еден договор за почеток на преговорите со ЕУ, на потпишување на договор за билатерална соработка со некоја соседна земја итн итн...

Ја сфаќате поентата?

Е сега, работата е која земја е толку силна да остане што повеќе независна и на кое поле. Пример, трговијата сериозно ја „нарушува„ независноста на сите земји, без исклучок.

Зборот ми е, во меѓународните процеси и случувања, НИЕ како земја, се откажуваме од дел од нашата независност поради „повисоки цели„ , било тоа да е по наша волја или нечија друга.
Вратете се на почетокот Go down
philldm




Број на мислења : 29

Независност. Колку гордо тоа звучи! Empty
ПишувањеПредмет: Re: Независност. Колку гордо тоа звучи!   Независност. Колку гордо тоа звучи! Empty31/8/2013, 15:20

[quote="Smrtnikot"]Пред се би сакал да ти посакам добредојде на форумов и се надевам дека ќе се дружиме и понатаму Smile

Во врска со мистицизмот на Туле, нема никаква врска со реалноста. Хитлер е сосема друга тема, а со никаква мистично општество не можеш да создадеш армија како Вермахтот, т.е. од руини да создадеш (во тоа време) современа армија. Сите тие теории се само глупости за да се прикријат вистинските патрони на Нацистичка Германија, т.е. Белика Британија и САД.

______________________
The towheaded black eagle... he shall be suffocated... in his own blood!
Вратете се на почетокот Go down
philldm




Број на мислења : 29

Независност. Колку гордо тоа звучи! Empty
ПишувањеПредмет: Re: Независност. Колку гордо тоа звучи!   Независност. Колку гордо тоа звучи! Empty31/8/2013, 15:36

Frogfoot напиша:
Вака, ајде почетнички да ја дефинираме (не)зависноста, онака како што се учи на правен факултет по Уставно право, и Вовед во право.
Одличен пост.

Се поставува прашањето, откако Македонија ќе се откаже од дел од својот суверенитет, кој истиот го контролира потоа? Брисел? А Брисел е контролиран од? Берлин, Лондон, Париз, Мадрид? А тие од кого се? И зошто при потпишување на истиот тој договор Лондон ниту во еден случај не ја жртвуваше својата независност за носење одлуки во согласност со своите национални интереси? Како на пример разногласие во врска со финансиската ситуација во ЕУ и ред други прашања, а доколку кај нас се креира независно мислење сродно со интересите на Македонија тоа се смета за престап кој што треба да се казни со смртна пресуда.

И дајте да анализираме уште малку. Која нација може да се нарече независна?
Таа што има:
1) Економска независност;
2) Политичка независност;
3) Воена независност и
4) Културна независност.

1) Ќе го земем скорешниот пример со условите за увоз на пченица. Србија се најде засегната во таа ситуација и објави контрамерки. Прво не тужеше во СТО, па потоа нареди контра мерки. Се поставуваат неколку прашања. Зошто своеглаво си го оддадовме суверенитетот за некои трговски цели, кои не секогаш се совпаѓаат со нашите нацционални идеали? И зошто ако ние сме ги прекршиле договорите од СТО и Србија може да не тужи, не можеме и ние неа за контра-мерките што ги најави? И кој е тој суд што ќе одлучи за тоа?

2) Мислам дека сите знаеме дека политичката независност Македонија ја изгуби со осамостојувањето. Сите директиви сега доаѓаат не од Белград, а од Брисел. А нему од Вашингтон и Лондон. Единствената разлика е во тоа што во Белград имавме наши претставници и не го негираа нашиот идентитет. Сега се токму спротивните параметри. Ниту имаме претставник во Брисел, ниту имаме право да одлучуваме во политиката на Брисел, но сме приморани да ги следиме директивите кои доаѓаат од таму.

3) Бидејќи ова е форум кадешто има воени лица, оценувањето на воената независност ќе го оставам на нив. Нека направат една анализа што би се случило доколку би стапиле во воен судир со Грција. Дали би го издржале тоа и што би правеле кога нашата политика е директно контролирана од Брисел?

4) Што се однесува до културата, мислам дека колку-толку опстојуваме на стаклени нозе, но замавот станува се поголем и поголем. Ги имам во предвид моралните вредности кои ни се наметнуваат, како на пример, дека мора да ги ставиме хомосексуалците во Устав и да ги заштитите со посебен закон. Дека мора да прифатиме на секоја нова црква што се гради да биде проследено со разно-разни пречки, протести итн, а за неконтролираното градење на џамии доколку се спомне нешто, одма станува збор за верска нетолеранција од страна на мнозинството! Освен тоа, нашите национални јадења, не се продаваат во разни продавници низ Европа, туку кај нас огромен замав зема брзата храна. Колку млади пијат и кршат по кафани на српско (немам ништо против Србија), а се срамат од своите национални дејци како Васка Илиева, Александар Сариевски и ред други кои во својот опус, прекрасно ја имаат отпеано македонската голгота низ вековите.

______________________
The towheaded black eagle... he shall be suffocated... in his own blood!
Вратете се на почетокот Go down
philldm




Број на мислења : 29

Независност. Колку гордо тоа звучи! Empty
ПишувањеПредмет: Re: Независност. Колку гордо тоа звучи!   Независност. Колку гордо тоа звучи! Empty31/8/2013, 15:40

И заборавив да допишам во делот „Економска независност“. Дали некој од вас знае кога и колку можеме да печатиме денари?

______________________
The towheaded black eagle... he shall be suffocated... in his own blood!
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Независност. Колку гордо тоа звучи! Empty
ПишувањеПредмет: Re: Независност. Колку гордо тоа звучи!   Независност. Колку гордо тоа звучи! Empty8/9/2015, 13:10

За многу години
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Независност. Колку гордо тоа звучи! Empty
ПишувањеПредмет: Re: Независност. Колку гордо тоа звучи!   Независност. Колку гордо тоа звучи! Empty8/9/2015, 13:53

За многу години.

Незацвисност да и тоа е нешто.
Курдистан има популација од 40 милиони луге и пак немааат држава.

______________________
Мијак 100 %
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Независност. Колку гордо тоа звучи! Empty
ПишувањеПредмет: Re: Независност. Колку гордо тоа звучи!   Независност. Колку гордо тоа звучи! Empty8/9/2015, 16:19

Честит празник Македонијо, да бидеш силна и вековита!
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




Независност. Колку гордо тоа звучи! Empty
ПишувањеПредмет: Re: Независност. Колку гордо тоа звучи!   Независност. Колку гордо тоа звучи! Empty8/9/2015, 16:59

Честит празник!

http://ohridsky.com/?p=96998
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Независност. Колку гордо тоа звучи! Empty
ПишувањеПредмет: Re: Независност. Колку гордо тоа звучи!   Независност. Колку гордо тоа звучи! Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Независност. Колку гордо тоа звучи!
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 2Отиди на страна : 1, 2  Next
 Similar topics
-
» Средства за Против Воздушна Одбрана
» Хрватската војна за независност
» 30 Години Независност - Дефиле на АРМ и МВР
» Колку нашето општество е спремно за војна?

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: