Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Ал-Каида

Go down 
+5
SIG
Alvar
Генерал
Profesionalec
AlexGreat
9 posters
Отиди на страна : 1, 2, 3  Next
АвторПорака
AlexGreat

AlexGreat


Број на мислења : 277

Ал-Каида Empty
ПишувањеПредмет: Ал-Каида   Ал-Каида Empty3/10/2011, 16:13

Функционира од:
1988 – денес

Водач:
Осама бин Ладен (убиен) и Ајман ал-Завахири

Подрачја:
Авганистан, Алжир, Ирак, Пакистан, Саудиска Арабија, и Судан како и ќелии на Балканот,вклучувајќи ја БиХ,Косово и Македонија.

Идеологија:
Исламизам, Сунитски ислам, Пан-исламизам, Радикален Ислам и Кутбизам.

Статус:
Означена како странска терористичка организација од американскиот Стејт департмент
Означена како Забранета група од Велика Британија
Означена како терористичка група од Европската Унија

_____________________________________________________________________________________________


Ал-Каида (арапски: القاعدة‎ = база, ќелија) е меѓународен сојуз на исламски терористички-милитантни организации, кој се смета основан во 1988 од Осама бин Ладен и други ветерани од Советско-Авганистанската војна. Ал-Каида напаѓала цивилни и воени цели во разни земји, а најзабележителен е нападот од 11. септември 2001 на Светскиот трговски центар во Њу Јорк, САД. Овие напади предизвикале владата на САД да отвори воена и разузнавачка кампања против Ал-Каида, и оние држави, групи, и индивидуи кои и даваат закрила или/и воена, финансиска, и стратешка поддршка, наречена „Војна против теророт“.

Политичките цели на Ал-Каида вклучуваат ставање на крај на странските влијанија во муслиманскиот свет и создавање на нов Исламски калифат.

Ал-Каида е прогласена за терористичка организација од Советот за безбедност на ОН, Генералниот секретар на НАТО, Комисијата на ЕУ, Владата на САД, Владата на Австралија, Министерството за јавна безбедност на Канада, Русија, и други земји и меѓународни организации.

Карактеристичните терористички техники вклучуваат употреба на самоубиствени напади и истовремено бомбардирање на различни цели. Активностите кои ѝ се припишуваат на Ал-Каида може да вклучуваат членови, но и бројни поединци кои биле на разни терористички тренинзи но формално не припаѓаат на организацијата. После 11. септември и почетокот на Војната против теророт, се мисли дека водството на Ал-Каида е географски изолирано, што предизвика појава на децентрализирано лидерство на регионални групи кои го користат „брендот“ на Ал-Каида.


Поради нејзината тајност и полу-автономните ќелии, големината и нивото на одговорности на Ал-Каида за поедини напади е тешко да се определат.

______________________
Born to be Macedon!
Вратете се на почетокот Go down
Profesionalec

Profesionalec


Број на мислења : 149

Ал-Каида Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ал-Каида   Ал-Каида Empty3/5/2012, 19:12

Објавени документите на Бин Ладен

Новообјавените документи откриени во скривалиштето на Осама бин Ладен ги откриваат фрустрациите на лидерот на Ал каеда додека се обидувал да ја оживее ослабената терористичка мрежа, тврдат американски воени извори.


Документите запленети при претресот на комплексот во Аботабад се објавени на Интернет од страна на Центарот за борба против тероризмот на американската воена академија.

Во документите може да се забележи дека тој бил незадоволен од тоа што неговите соборци напаѓале други муслимани, повикувајќи ги наместо братоубиствена војна, да ги напаѓаат САД.

Објавени се седумнаесет документи од вкупно 6.000 запленети. Би-би-си пренесува дека засега објавените документи не значат ништо додека не се видат во контекст.

САД се трудат да го претстават Бин Ладен како целосен неуспех, а не како сериозна сила, пишува Би-би-си. Мора да се има предвид дека лидерот на Ал каеда останува симболична фигура за многумина поради долгото избегнување да биде фатен од Американците.

Документите објавени денес, во неделата кога се одбележува годишнината од смртта на Бин Ладен, датираат од септември 2006 до април 2011, и во нив се вклучени и писма од други водачи на Ал каеда.

Во дел од документите се сугерира дека терористичката организација имала тесни врски со Иран. Од друга страна, пак, нема никаков доказ дека тие биле поврзани со институциите на Пакистан, каде што Бин Ладен наводно живеел цели 9 години.

Пред неколку дена, Џон Бренан, одговорниот за антитероризам во Белата куќа, изјави дека документите го докажуваат ставот на САД дека светот е побезбедно место без Бин Ладен.

[You must be registered and logged in to see this link.]

______________________
Don't underestimate your enemy!
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Ал-Каида Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ал-Каида   Ал-Каида Empty6/10/2012, 21:21

Нова стратегија на Ал Каеда - палење на шумите во Европа

Меѓународната терористичка мрежа Ал Каеда премина кон нова стратегија - организирани пожари на шумите во Европа. Ова го соопшти директорот на Федералната служба за безбедност на Русија, Александар Бортников, на состанок на шефовите на тајните служби, органите за безбедност и спроведување на законите.

Со палењата, Ал Каеда предизвикува значителни економски и морални штети без сериозни финансиски трошоци и без подготовка. "Веројатноста тајните служби да утврдат кои се потпалувачите е минимална", додал Бортников.

За палењата, според него, сведочат натписите на екстремистичките сајтови на кои има инструкции за организирање на "шумски џихад", вклучувајќи препораки за местата и начините на палењата.

“Ал Каеда се обидува да навлезе во органите на власта во голем број региони“, изјавил Бортников, цитиран од ИТАР-ТАСС.

Тој истакнал дека "релативното слабеење на јадрото на Ал Каеда, која е поврзана со искоренување на голем број лидери, се компензира со зголемената активност на контролирани или присоединети кон неа регионални терористички организации кои имаат корист од национални, верски и етнички конфликти", рекол Бортников.

"На преден план излегува заканата од ширење на терористичката дејност на Блискиот Исток и Северна Африка. Токму тука забележуваме дека меѓународните терористички организации имаат корист од внатрешните конфликти во одделни држави. Нивната улога за дестабилизација на ситуацијата и промената на режимот е зголемена во голем број земји ", рекол Бортников.

[You must be registered and logged in to see this link.]

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10949

Ал-Каида Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ал-Каида   Ал-Каида Empty19/11/2012, 18:37








______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Ал-Каида Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ал-Каида   Ал-Каида Empty24/2/2013, 20:44

Ал-Каеда се обучувала во Македонија, а користела српска тактика на војување?

Агенцијата АП откри документ во кој се опишува тактиката на војување на Ал-Каеда во Мали, во која меѓу другото се препорачува да се применуваат истите методи на залажување кои ги применувала српската војска против НАТО.


Документот содржи 22 совети за преживување и тој датира уште од 2011 година, а автор на истиот е водачот на Ал-Каеда за Арабискиот полуостров Абдулах бин Мухамед.

Еден од советите за преживување од нападите на американските беспилотни летала е да се пореметува електронската комуникација со користење на стара опрема со јака фрекфенција која ќе биде активна 24 часа дневно, при што би требало да се користат истите трикови кои ги користела Југословенската армија при НАТО нападите на Југославија.

Како пример се наведува начинот на кој српската војска успевала НАТО проектилите погрешно да ги наведува со помош на микробранови релни.

На терористите исто така им се советува, на крововите да ставаат рефлектирачко стакло, да се кријат под дрва, да избегнуваат да се собираат на отворени површини, како и да користат кукли.

Ова не е првпат Ал-Каеда да се поврзува со некои балкански земји. Најчесто се укажувало дека оваа терористичка организација се повеќе регрутира терористи од Балканот.

Но некои познавачи на оваа проблематика тврдат дека освен што регрутира терористи, Ал-Каеда во некои од ови земји има и свои кампови.

Така професорот и експерт за безбедносни прашања Иван Бабамовски, на Семинарот посветен на борбата против насилниот екстремизам кој се одржува минатата година во Скопје, изјави дека во Македонија, имало три кампа за обука на припадници на Ал каеда.

- Од една етничка партија 25 активисти беа на обука во Техеран во камп во кој се обучуваат терористи. Еден од лидерите на таа партија беше во Ком кој е духовен центар на Шиитите и таму се обучуваше за духовен пропагатор и духовен водач на структури кои исто така имаат допирни точки со тероризмот, појасни тогаш професорот Бабамовски.

Учесниците во антитерористичката коалиција, додаде, не и помагаат на Македонија ниту финасиски, ниту технички, ниту кадровски.

- Ние имаме структури на безбедноста кои не можат адекватно да им парираат на овие налети, бидејќи Македонија е транзитно подрачје меѓутоа и често се инсталираат одредени терористички групации и структури, истакна професорот Бабамовски.

[You must be registered and logged in to see this link.]

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10949

Ал-Каида Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ал-Каида   Ал-Каида Empty25/2/2013, 13:12

Генерал напиша:
- Од една етничка партија 25 активисти беа на обука во Техеран во камп во кој се обучуваат терористи. Еден од лидерите на таа партија беше во Ком кој е духовен центар на Шиитите и таму се обучуваше за духовен пропагатор и духовен водач на структури кои исто така имаат допирни точки со тероризмот, појасни тогаш професорот Бабамовски.

Баш ме интересира од која етничка партија биле на обука во Техеран.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Ал-Каида Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ал-Каида   Ал-Каида Empty25/2/2013, 13:28

Не сме самите свесни колку уствари е ранлива државава наша...недај Боже!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10949

Ал-Каида Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ал-Каида   Ал-Каида Empty25/2/2013, 13:29

Па веројатно голем дел (т.е грото) од граѓаните не се. За среќа не се сите со превез преку очи.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Ал-Каида Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ал-Каида   Ал-Каида Empty13/5/2013, 17:45

KАКО ДЕВОЈКА ОД БРИТАНСКО ВОЕНО СЕМЕЈСТВО СТАНА ТРЕНЕР НА АЛ КАЕДА (ФОТО)

Како и милиони други млади жени, така и Саманта Лутвејт (29) сака времето да го минува на социјалните мрежи. Сепак за разлика од поголемиот дел од своите врсници, таа на друштвените мрежи не зборува за музиката, модата или за забава, туку за најозлогласената терористичка мрежа во светот. Во моментов е на обука во терористичките ќелии во Источна Африка и се бори за нивна контрола. Таму е позната под името Бела вдовица.

Саманта доаѓа од воено семејство од Бекингемшир, и била во брак со еден од бомбашите самоубијци, учесници во нападот на метрото во Лондон во 2005 година. Меѓу нејзините лојални помошици позната е како „Dada mzungu“, или „бела сестра“. Таа стана тренер на жените бомбаши самоубијци, чии мети се во оквирот на глобалниот џихад Западњаци на Источна Африка.
Најмлада од трите деца, Саманта е родена во Даун во Велика Британија во 1983 година. Нејзиниот татко е Андреј и нејзината мајка Кристин, потекнуваат од Северна Ирска, а се развеле кога Саманта имала 11 години.

Нејзините пријатели тврдат дека разводот на родителите бил клучен настан до таму, што таа токму во исламот ја побарала утехата. Кога имала 17 години ја земала исламската вера и почнала да се облекува во склоп со исламските обичаи. Се запишала на верско и политичко школо на Факултетот за ориенталистика и африкански студии во Лондон. Во тоа време преку комуникацијата на интернет го запознала Џермајн Линдзи, роден во Јамајка, преобратен муслиман. Се венчале во Ајлезберију во 2002 година и имаат две деца.

По смртта на Жермен, Саманта изјавила дека не знаела ништо за неговите активности, а полицијата ја преместила во сигурна куќа на тајна локација, поради испитувањето.
Во 2007 година, нејзиното име престанува да се појавува во јавноста, а таа две години подоцна ја прекинува секоја врска со своето семејство. Се знае дека минатата година често патувала со фалсификуван пасош, под лажното име Натали Веб.
Повторно се јавва во јавнот минатата година, по повод бомбашкиот напад на кафич во близина на Најробија, во кој настрадаа три лица, вклучувајќи и деветгодишно момче, а ранети се 30 лица.

Во нејзиниот лов, учествувале припадници на SAS, FBI и CIA. Во меѓувреме се фатени четири џихад активистки, кои се држат во затворот со висока безбедност. Саманта до сега не е фатена веројатно поради тоа што, полицијата на границата, ретко ги запира жените облечени во исламска носија. Во исто време, не толку цврстите граници и корумпираните граничари, кои примаат само 300 фунти месечна плата, им одат на рака на екстремистите како Саманта, да им дозволат да патуваат во Африка.

[You must be registered and logged in to see this link.]

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Ал-Каида Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ал-Каида   Ал-Каида Empty29/5/2013, 12:07

Еден од најбараните терористи во светот, Осама Бин Ладен, не бил убиен од американските војници, туку самиот се разнел со експлозив, тврди неговиот поранешен телохранител.

Се работи за поранешниот телохранител на Осама, Набил Наим Фатах кој изјави дека е лажна приказната за убиството на Осама Бин Ладен бидејќи пред неговите очи сам се разнел.
Осама го активирал експлозивот кој му бил замотан околу појасот кога американските специјалци во текот на операцијата Џеронимо влегле во неговата скривница.

Фатах исто така вели дека лидерот на Ал Каеда во последниве 10 години цело време носел "самоубиствен појас", бидејќи бил одлучен да не им се предава на Американците.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Ал-Каида Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ал-Каида   Ал-Каида Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Ал-Каида
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 3Отиди на страна : 1, 2, 3  Next

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Тероризам - нова светска војна-
Отиди до: