Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Воени вежби на Криволак

Go down 
+6
ESN
Alvar
РИС
SIG
AlexGreat
Momak od Gjorce
10 posters
Отиди на страна : 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10  Next
АвторПорака
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Воени вежби на Криволак Empty
ПишувањеПредмет: Воени вежби на Криволак   Воени вежби на Криволак Empty1/10/2011, 11:36

Предизвик 2011

На АП ,,Криволак“ својата врвна обученост ќе ја прикажат припадниците на баталјонот за противвоздушна одбрана (ПВО) и воздухопловниот ВИНГ на АРМ заедно со припадниците на бригадата за воено воздухопловство (ВВ) и ПВО на ВС на Република Словенија, кои ќе изведат: гаѓање на цели во воздушниот простор со лесен преносен ракетен систем ,,Игла“, бомбардирање со борбени авиони PC-9M и ракетирање со борбени хеликоптери Ми-24.

Вежбата ,,Предизвик 2011“ е трета по ред од ваков вид која на АП ,,Криволак“ заедно ја изведуваат припадниците на АРМ и ВС на Република Словенија, што придонесе на последната вежба која се изведуваше деновиве да се реализираат и сложени гаѓања со борбени авиони, ракетни системи за ПВО и борбени хеликоптери, обука на тренажери, но и за прв пат заедничка обука за контрола на воздушниот простор и наведување. Успешното завршување на вежбата ,,Предизвик 2011“ и совладувањето на специјалистичката обука со нови содржини, во многу ќе придонесе за зголемување на борбената готовност, оперативната способност, како и интероперативноста на баталјонот за ПВО и воздухопловниот ВИНГ на АРМ. Заокружувањето на овој проект претставува уште еден силен импулс кон јакнењето на билатералната воена соработка на АРМ со ВС на Република Словенија, но и најдобар начин за промоција на можностите и капацитетите на АП ,,Криволак“ пред останатите армии-членки на НАТО.

Воени вежби на Криволак Amblem%20predizvik
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Воени вежби на Криволак Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воени вежби на Криволак   Воени вежби на Криволак Empty1/10/2011, 11:38

Воени вежби на Криволак P_aad7500aae
Воени вежби на Криволак P_f76dcdf293
Воени вежби на Криволак P_e146665970
Воени вежби на Криволак P_7da1cafe00
Воени вежби на Криволак P_0e44e619d0
Воени вежби на Криволак P_85b414c41a
Воени вежби на Криволак P_4e76431c18


Последната промена е направена од Momak od Gjorce на 1/10/2011, 11:50. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Воени вежби на Криволак Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воени вежби на Криволак   Воени вежби на Криволак Empty1/10/2011, 11:38

Воени вежби на Криволак P_b2a5f9b704

Воени вежби на Криволак P_315b8be9a2

Воени вежби на Криволак P_a6e37be5cc

Воени вежби на Криволак P_c9bdb0659a

Воени вежби на Криволак P_03f6a9aa9e

Воени вежби на Криволак P_c61e6dae06

Воени вежби на Криволак P_cb8ce9238e


Последната промена е направена од Momak od Gjorce на 1/10/2011, 11:52. Мислењето е променето 2 пати.
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Воени вежби на Криволак Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воени вежби на Криволак   Воени вежби на Криволак Empty1/10/2011, 11:39

Воени вежби на Криволак 312228_2296139477409_1066752281_2667460_52493776_n

Воени вежби на Криволак 296799_2296139957421_1066752281_2667461_1332419073_n

Воени вежби на Криволак 308131_2296139077399_1066752281_2667458_866152765_n

Воени вежби на Криволак 319978_2296141557461_1066752281_2667471_1756320741_n

Воени вежби на Криволак 299019_2296140797442_1066752281_2667465_1105959918_n

Воени вежби на Криволак 308207_2296140957446_1066752281_2667466_1200130816_n

Воени вежби на Криволак 312272_2296141037448_1066752281_2667467_1755521697_n

Воени вежби на Криволак 305702_2296141157451_1066752281_2667468_743117806_n

Воени вежби на Криволак 309538_2296141317455_1066752281_2667470_1321670556_n

Воени вежби на Криволак 299508_2296140637438_1066752281_2667464_1077949304_n

Воени вежби на Криволак 318608_2296140117425_1066752281_2667462_1759556792_n
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Воени вежби на Криволак Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воени вежби на Криволак   Воени вежби на Криволак Empty1/10/2011, 11:53

Воени вежби на Криволак P_a31e892fad
Воени вежби на Криволак P20110930_6
Воени вежби на Криволак P_0a7ee4311a
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Воени вежби на Криволак Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воени вежби на Криволак   Воени вежби на Криволак Empty14/10/2011, 17:43

И конечно после подолг период видео од вежбата Предизвик 2011...




СТРОГО ПРЕТПОРАЧЛИВО...

















Видеата се направени од страна на Словенското МО...

Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Воени вежби на Криволак Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воени вежби на Криволак   Воени вежби на Криволак Empty16/10/2011, 20:43

Започна вежбата Македонски блесок 08

Во период од 15 до 22 Октомври 2011, на армискиот полигон „Криволак”, и во касарната „Чеде Филипоски - Даме“ во Кичево ќе се одржи теренската вежба „Македонски Блесок 08“.

Свеченото отварање на вежбата се одржа денес (16.10 2011 година) во Центарот за обука (ЦО) „Пепелиште“ , на кое се обрати директорот на вежбата, полковник Митре Стојанов. Тој истакна дека вежбата „Македонски Блесок 08“ претставува континуитет на досега успешно изведените вежби за самооценување и НАТО оценување на декларираните единици на АРМ, согласно Концептот за оперативна способност, кој се применува во Алијансата. На вежбата и претходеа неколкумесечни индивидуални и колективни подготовки, со цел да се изврши обука и извежбување во различни ситуации, предвидени со листата на задачи на НАТО (NTL 3.0) определени при изведувањето на операциите за подршка на мирот (PSO).

На „Македонски Блесок 08“ ќе учествуваат над 550 припадници од Армијата на Република Македонија и 36 припадници на Вооружените сили (ВС) на Република Србија. Во командната структура на вежбата се од АРМ се вклучени припадниците на Здружената Оперативна Команда, Командата за логистичка поддршка, втората механизирана пешадиска бригада (2.мпбр), и баталјонот за врски, од кои се очекува и со примена на искуствата и научените лекции стекнати од досегашните вежби и учествата во мисиите во Авганистан и Ирак, успешно да ги реализираат поставените задачи на вежбата.

Вежбата ,,Македонски Блесок-08“ се изведува како жива вежба со единици на терен (FTX/LIVEX) базирана на сценарио за операции за поддршка на мирот (PSO) предводени од НАТО и ЕУ, а под мандат на ОOН, со која треба да се демонстрира обученоста и целосна интероперабилност на декларираните единици на АРМ со армиите на земјите-членки на НАТО.

За време на „Македонски Блесок 08“ ќе се изврши Самооценување НИВО 2 – CREVAL /Combat readiness evaluation/ на декларираната средна пешадиска чета која е од составот на 2.механизиран пешадиски баталјон од 2.мпбр, предвидени за составот на баталјонската група на ЕУ (EU BG II/2012), како и одделение АБХО од четата АБХО од ЗОК, Со една механизирана пешадиска чета од 1.механизиран пешадиски баталјон од 2.мпбр, ќе се изврши Самооценување НИВО 1 во чиј состав ќе биде вклучен и еден вод од ВС на Република Србија.

Оценувањето ќе го изврши националниот тим составен од претставници на АРМ.

Согласно сценариото, вежбата ќе се реализира во шест фази и ќе заврши на 21 Октомври со првичниот брифинг за постигнатите резултати од оценувањето
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Воени вежби на Криволак Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воени вежби на Криволак   Воени вежби на Криволак Empty18/10/2011, 17:38

Започна оценувањето на ,,Македонски Блесок 08“

Денес започна оценувањето на пешадиската чета од 1.механизиран пешадиски баталјон од составот на 2.механизирана пешадиска бригада (мпбр), во која е вклучен и водот од Војската на Република Србија и декларираната чета за Баталјонската Група на Европската Унија (ЕУ БГ II/2012) од составот на 2.мпбр.

Самооценувањето Ниво -1 и НИВО-2 на двете единици започна истовремено во касарната ,,Чеде Филипоски-Даме“ во Кичево и на армискиот полигон (АП) ,,Криволак“. Во наредните два дена, согласно OCC концептот на НАТО, ќе се оценува обученоста, оперативната способност и борбената подготвеност на оценуваните единици.

Според динамиката на „Македонски Блесок-08“, првиот дел од оценувањето на четата ЕУ БГ II/2012 започна со брифинг на Шефот на оценувачкиот тим и командирот на четата, по што следеше постројување на единиците со комплетното вооружување, борбената техника, материјално-техничките средства и опремата со која располага четата. Според сценариото, четата ЕУ БГ II/2012 доби задача да изврши марш кон АП ,,Криволак“, при што во текот на маршот колоната ќе се соочи со различни инциденти, а по пристигнуваето на АП „Криволк“ ќе мора да воспостави база.

Согласно планот и сценариото за реализација на вежбата во тек на денешниов ден пешадиска чета од 1.механизиран пешадиски баталјон на 2.мпбр во која е вклучен и водот од Војската на Р.Србија предвидено е да ги реализира следните активности: воспоставување на набљудувачница, обезбедување на база , постапка со артилериски и пешадиски напад и MEDEVAC, патролирање, како и воспоставување на мобилна и привремена контролна точка. Оценувањето на двете единици ќе го спроведат оценувачки тимови на АРМ.

Инаку, денес од страна на учесниците на „Македонски Блесок-08“ во ЈУ “Специјалниот завод ” во Демир Капија беше врачена донација, а до 20 октомври, со отстранување на отпадот во околината на селото Криволак, планирано е еколошко уредување на просторот околу селото.

Утре, во рамките на вежбата ќе се организира отворен ден за претставниците на медиумите, заради што ГШ на АРМ обезбеди превоз со поаѓање во 09.00 часот од пред зградата на МО и ГШ на АРМ. Претставниците на медиумите кои имаат намера да пристигнат со сопствени возила, потребно е пред влезот на Центарот за обука ,,Пепелиште“ да бидат најдоцна до 10.30 часот.

Воени вежби на Криволак Jsf0p4

Воени вежби на Криволак Oiakjl

Воени вежби на Криволак Sg4oko

Воени вежби на Криволак Xcn0as

Воени вежби на Криволак 245y548

http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=zapocna-samoocenuvanjeto-na-mk-blesok-08&lang=mk
Вратете се на почетокот Go down
AlexGreat

AlexGreat


Број на мислења : 277

Воени вежби на Криволак Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воени вежби на Криволак   Воени вежби на Криволак Empty18/10/2011, 22:42

Покрај сите недостатоци и лоши работи што се случуваат во АРМ, можеме барем да кажеме дека со вежби сме таман...секое мало има по нешто! Smile

______________________
Born to be Macedon!
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Воени вежби на Криволак Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воени вежби на Криволак   Воени вежби на Криволак Empty21/10/2011, 17:55

Успешен завршеток на вежбата Македонски „Блесок 08“

Денес, 20 Октомври 2011 година, заврши самооценувањето Ниво-1 и Ниво-2, согласно Концептот за оперативни способности /ОCC/.

Согласно планот и сценариото за реализација на вежбата пешадиска чета од 1.механизиран пешадиски баталјон/2.механизирана пешадиска бригада каде беше вклучен и водот од Војската на Р.Србија ги реализираше следните активности: ескортирање на хуманитарен конвој со реакција на импровизирана експлозивна направа,воспоставување на набљудувачница, обезбедување на база со контрола на толпа и преговори, патролирање и воспоставување на привремена контролна точка, кордон и пребарување, патрола со реакција на импровизирана експлозивна направа, постапка во случај на пешадиски и артилериски напад на база и MEDEVAC како и офанзивни операции.

Декларираната чета ЕУ БГ II/2012 во тек на оценувањето ги реализираше следните активности: обезбедување на база и контрола на толпа, постапка во случај на пешадиски и артилериски напад на база и MEDEVAC, кордон и пребарување, ескортирање на хуманитарен конвој со реакција на импровизирана експлозивна направа, патролирање и поставување на мобилна точка и реакција на импровизирана експлозивна направа, како и изведување на офанзивни операции (изведување на водно боево гаѓање со поддршка на водот за огнена поддршка минофрлачи 82мм ).

За време на вежбта “Македонски Блесок 08″ пешадиската чета од 1.механизиран пешадиски баталјон/2.механизирана пешадиска бригада успешно го завршија самооценувањето НИВО1 согласно Концептот за оперативни способности (OCC), при што демонстрира висок степен на посветеност и професионализам во извршувањето на мировните операции за поддршка на мирот и ја покажаа својата подготвеност за учество во мировни операции предводени од НАТО, ЕУ и ООН.

Согласно концептот за оперативни способности, декларираната единица од составот на 2.мпбр, беше оценета за извршување на мисија надвор од територијата на Р.Македонија, самостојно или во состав на повисока единица. Оценувањето го изврши национален тим за оценување составен од искусни и сертифицирани оценувачи. Во претходните три дена персоналот од оценуваната единица демонстрираше високо ниво на посветеност и професионализам, при реализацијата на сложените задачи дадени согласно листата за настани и инциденти. Финалниот резултат ќе биде реална слика на прикажаните способности за исполнување на суштинските задачи.

Во тек на оценувањето беа проиграни вкупно 33 настани и 77 инциденти.

Денешниов ден беше и последниот ден од Самооценувањето со што практично и завршува вежбата „Македонски -08“.

Утре, 21 Октомври (Петок), единиците се враќаат во своите гарнизони.

Воени вежби на Криволак DSC04187_resize
Воени вежби на Криволак DSC04114_resize
Воени вежби на Криволак DSC04216_resize1
Воени вежби на Криволак DSC04126_resize
Воени вежби на Криволак DSC04232_resize

http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=uspesen-zavrsetok-na-vezbata-mk-blesok-08&lang=mk
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Воени вежби на Криволак Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воени вежби на Криволак   Воени вежби на Криволак Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Воени вежби на Криволак
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 10Отиди на страна : 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10  Next
 Similar topics
-
» Воени сили во Светот (воени сили за кои нема посебна тема)
» АРМ - новости
» Вежби на АРМ
» Вежби на MВР
» Воени новости

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Воени вежби на полицијата и армијата-
Отиди до: