Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Ситуацијата помеѓу Кина и Јапонија!!!!

Go down 
2 posters
АвторПорака
Stamenov

Stamenov


Број на мислења : 58

Ситуацијата помеѓу Кина и Јапонија!!!! Empty
ПишувањеПредмет: Ситуацијата помеѓу Кина и Јапонија!!!!   Ситуацијата помеѓу Кина и Јапонија!!!! Empty7/5/2013, 08:39

Хју Вајт, професор на австралискиот Национален универзитет и поранешен претставник на министерството за одбрана, верува дека неодамнешните повреди на кинеските авиони во јапонскиот воздушен простор, како и изборот на новиот, националистички настроен премиер на Јапонија, се сигурни знаци дека двете азиски велесили се движат во насока на војна во 2013 година, пишува денеска австралискиот весник „Сиднеј морнинг хералд“, пренесува Вијести.
Вајт во својата колумна пишува дека тензиите што сега се во развој меѓу двете земји се фактори што многу пати во историјата доведувале до војна, па дури и кога конфликтот не е во ничиј интерес.

Вајт исто така вели дека САД несомнено ќе бидат вовлечени во таа војна за да ѝ дадат поддршка на Јапонија, а и дека не е сигурно дека војната ќе биде кратка и едноставна.

Спорот околу ненаселените острови во Источно Кинеско Море, кои Јапонија ги нарекува Сенкаку, а Кина Џиаоју, „всушност е симптом на напнатост чиј корен лежи насекаде, во растечкото кинеско оспорување на долготрајната доминација на американското влијание во Азија и одговорот на САД“, пишува Вајт.Кина и Јапонија пред војна: ќе донесе ли 2013-та катастрофа од светски размери?

Хју Вајт, професор на австралискиот Национален универзитет и поранешен претставник на министерството за одбрана, верува дека неодамнешните повреди на кинеските авиони во јапонскиот воздушен простор, како и изборот на новиот, националистички настроен премиер на Јапонија, се сигурни знаци дека двете азиски велесили се движат во насока на војна во 2013 година, пишува денеска австралискиот весник „Сиднеј морнинг хералд“, пренесува Вијести.

Професорот Хју Вајт

Вајт во својата колумна пишува дека тензиите што сега се во развој меѓу двете земји се фактори што многу пати во историјата доведувале до војна, па дури и кога конфликтот не е во ничиј интерес.

Вајт исто така вели дека САД несомнено ќе бидат вовлечени во таа војна за да ѝ дадат поддршка на Јапонија, а и дека не е сигурно дека војната ќе биде кратка и едноставна.

Спорот околу ненаселените острови во Источно Кинеско Море, кои Јапонија ги нарекува Сенкаку, а Кина Џиаоју, „всушност е симптом на напнатост чиј корен лежи насекаде, во растечкото кинеско оспорување на долготрајната доминација на американското влијание во Азија и одговорот на САД“, пишува Вајт.

Во последниве неколку години Кина стана посилна и попродорна, па Америка одговори со стратегиска доминација во Азија.

Сега Кина им го возвраќа ударот на САД земајќи ја Јапонија како цел.

„Ниту една страна не може да победи во една таква војна и таа би била катастрофална, не само за нив, туку и за нас другите“, вели Вајт.

______________________
Воената победа се завршува со карневал во црнина...!!!!
Вратете се на почетокот Go down
philldm




Број на мислења : 29

Ситуацијата помеѓу Кина и Јапонија!!!! Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ситуацијата помеѓу Кина и Јапонија!!!!   Ситуацијата помеѓу Кина и Јапонија!!!! Empty31/8/2013, 16:17

Случувањата помеѓу Кина и Јапонија мора да се гледа низ призмата на 35. милиони жртви што ги даде Кина во периодот од 1933 до 1945 година, т.е. Кина не ги даде до тој тепен, колку што Јапонија си ги зеде, со разни експерименти, уништувања и асимилација. Ден денес, по повеќе од 65 години од крајот на Втората светска војна, Јапонија е единствената држава во светот, кој што била поразена тогаш, а сеуште бара некакви фантомски делвои назад. Прво Курилите од Русија, па потоа безбројните микроострови од Кина.

______________________
The towheaded black eagle... he shall be suffocated... in his own blood!
Вратете се на почетокот Go down
 
Ситуацијата помеѓу Кина и Јапонија!!!!
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» Ситуацијата измеѓу Северна и Јужна Кореја
» Ситуацијата измеѓу Eрменија и Азербејџан (Нагорно Карабах)
» Ситуацијата во Иран
» Русија, Индија, Кина и новиот светски поредок
» Ситуацијата во Европа: поделба на најмоќните

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Европа и Азија-
Отиди до: