Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 ИРА - Ирска Републиканска Армија

Go down 
3 posters
АвторПорака
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

ИРА - Ирска Републиканска Армија Empty
ПишувањеПредмет: ИРА - Ирска Републиканска Армија   ИРА - Ирска Републиканска Армија Empty26/4/2013, 15:58

ИРСКА РЕПУБЛИКАНСКА АРМИЈА - 1 ДЕЛ

Во секое општество, опстојуваат и наѕираат разни идеи и вредности кои се разликуваат меѓусебно, и кои не ретко се поставени во видна спротивставеност. Заедно, сведени на едни место, формираат една апстрактна идеологија, која “бара” да биде спроведена во пракса и да се трансфоримира, од нешто невозможно во реалност. Движечката сила која го потпомага овој процес е токму политичката партија.
Политичките партии со агрегација на сопствените интереси во политичките платформи, им оставаат на граѓаните можност самите да се определат по кој од понудените патеки ќе тргнат - го бираат начинот на кој ќе бидат владеани. Насоката во креирањето на политичките активности во политичкиот, или во поширокиот, општествен систем бара директна контрола во работењето и во дејствувањето на системските институции. Ваквата есенцијално значајна контрола ја превземаат политичките партии преку својата примарна цел – фузионирање во власта и непосредно влијание врз неа.
Многу ретко во светот се среќаваат држави каде што не постои ниту една форма на политичко организирање. Тоа е случај во малите традиционални општества, кои се водени од доминантни фамилии и во државите каде партиите се забранети или се водени од авторитарни водачи со милитантни структури.

Покрај овие, постојат и партии кои настојуваат да освојат место во Парламентот за да ја остварат својата цел, односно само за да го дестабилизираат политичкиот систем и да ја доведат државата во својство на распаѓање. Постојат и такви кои се формираат само за забава или исмејување на политиката како активност. Организациите чијашто задача и цел на формирање е да го продолжат животот на актуелниот режим или насилно да го променат, може да имаат и свои т.н. “политички крила” кои се признаени како политички партии. Така, многу е тешко да ги разграничиме политичкото и военото крило на една политичка организација, како што се на пр. Ирските Шин Фејн и Ирската Републиканска Армија. Ирската Републиканска Армија револуционерна воена организација на Ирските волонтери, која е создадена на 25.ноември.1913г, и која во април 1916 г. го започнале Велигденското востание ( Easter Rising ). Ирските волонтери ги препознал прв, Dail Eireann кои ги прифатил како легитимна војска на подоцна прогласената Ирска Република на Велигден 1916г. Тогаш, ИРА водела герилска кампања против британските власти во Ирска за време на Ирското востание за независност од 1919 до 1921г.

Идејата за вооружена борба против англискиот окупат имала долгогодишна историја, уште од Обединетите Ирци и нивните побуни од 1798 до 1803 година, буната на Младите Ирци 1848 и побуните на Ирските братства 1867 г. Сите методи со кои се служела ИРА биле инспирирани од традицијата на милитантните селански друштва, кои ја промовирале идејата за слободна Ирска.

Политичкото насилство кое постоело во Ирска помеѓу 1916 година и 1923 година ги гледа своите корени во барањаа на Ирските националисти во барањата за своја сопствена Влада и поголема автономија. Во истиот момент, кога Британија започнала да ги остварува овие барања, во Ирска започнуваат да се создаваат унионистички и националистички вооружени паравоени формации како што се Волтеровите сили на Алистер и Ирските волонтери. Со префрлањето на некои од своите овластувања од Британската Влада на Ирската Влада, со цел да се добие поголема автономија внатре во Велика Британија и Ирска, доаѓа до внатрешни превирања и несогласувања меѓу гореспоменатите паравоени формации, што доведува дури и до граѓанска војна.

Меѓутоа, поради првата светска војна дошло до одлагање на граѓанската војна, иако тоа не ги спречува големите внатрешни превирања. Имено сто илјади волонтери под водство на Ирската Парламентарна Партија и нејзиниот лидер Џон Редмонд, биле спремни да ги прифатат Британските ветувања и да се приклучат кон Британската војска, и од нив дваесет илјади се приклучиле; додека од друга страна дванаесет илјади волонтери, предводени од Еион Мекнел, и под влијание на Ирското Републиканско Братство, одбиле да се приклучат кон Британската војска и го задржале својот назив Ирски волонтери. Притоа, започнале со организирање на Велигденското востание, кое започнува на 24 април 196 година. Велигденското востание се развива полека, најпрвин се завзема поштенската зграда во Даблин. Иако после некое време ова било голем ден за ирските националисти, тогаш, оваа побуна наишла на огромна критика од преку двестеилјадната војска што служела на британската страна за време на војната. Јавноста, главно ги окривувала побуниците и остро реагирала барајки дури и нивно погубување. Во наредните две години јавното мислење се менува драстично. И тоа, не било како, туку, британската војска започнува да ги погубува постарите лидери, како што е Џејмс Коноли, кој бил престар дури и да стои. Во 1917 и 1918 г. уште повеќе луѓе застанале на страната на востаниците, поради бесрамното искористување на ирската војска исклучиво за свои цели, од страна на Велика Британија. Во тоа време, обвинета била малата националистичка партија Шин Фејн, дека го огранизирала Велигденското востание. За да парадоксот биде поголем, нејзиниот лидер Артур Грифит, ја поддржувал идејата за настанување на Ирска Влада, но внатре во “двојната монархија”. Подоцна, преживеаните од Велигденското востание, го завземале Шин Фејн во 1917г. и си задале за цел “осамостојување на Ирската република”. Во 1918г. Шин Фејн ги добил генералните избори, и тогаш тие се повлекле од Британскиот парламент и прогласиле Ирска Република, со своја легитимна Влада и Парламент. Во оваа состојба, Ирските волонтери, се реорганизирани како војска на Ирската Република, и започнуваат да го носат називот Ирска Револуционерна Армија.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

ИРА - Ирска Републиканска Армија Empty
ПишувањеПредмет: Re: ИРА - Ирска Републиканска Армија   ИРА - Ирска Републиканска Армија Empty26/4/2013, 15:59

ИРСКА РЕПУБЛИКАНСКА АРМИЈА - 2 ДЕЛ

Првата реорганизација на Ирските волонтери започнала на 27.септември 1917 г. за време на конвенцијата во Даблин. На оваа конвенција присуствувале околу 250 луѓе, додека другите (кои биле во затвори) биле спречени да присуствуваат. Со конвенцијата претседавал де Валера кој ден предходно бил избран за претседател на Шин Фејн. Освен него, на конвенцијата биле присутни и многу други заслужни волонтери, од кои повеќето биле затвореници. Де Валера бил прогласен за претседател, избрано е и извршно тело кое се состоело од провинциски претставници. Други кои биле избирани за претседатали на разните ограноци на ИРА се Мајкл Колинс ( водач на организирањата ), Дарјмјуд Линч ( водител на комуникациите ), Мајкл Стејнс ( водач на увозот ), Рори О’Конор ( водач на техничките ограноци ). Шон МекГери е исбран за генерален секретар, додека Катал Бурга е избран за претседател на извршното тело.
Парламентарците на Шин Фејн, кои биле избрани, го исполниле своето ветување и не седнале во фотелјите на Британскиот парламент, туку оснивале сопствен независен Ирски Парламент на 21.јануари.1919 г., кој Парламент, за прв пат заседавал во Даблин. За премиер е избран Катал Бурга. Во глобала земено, ИРА била потчинета на Парламентот, но во пракса таа создавала многу големи проблеми. Новото водство на Ирската република се плашело дека ИРА нема да го прифати нивниот авторитет. Стравот, уште повеќе се зголемил кога на 21.јануари, кога новиот национален парламент требал да се состане, побунетата фракција на ИРА во експлозија ги убила Џејмс МекДонел и Патрик О’Конел, припадници на Ирската полиција. Тие кои тоа го направиле, подоцна требало да бидат осудени од страна на ИРА, но сепак тоа не се случило за да се даде на знаење и предупредување дека милитаризмот заживеал. Од овој момент, започната “битката” помеѓу IRA и RIC ( Royal Irish Constabulary ). Желбата да настане договор помеѓу ИРА и Ирскиот парламент се пројавила пред нападот во јануари. Огранокот на ИРА, Волонтерите, ги издале начелата кои виле договорени меѓу ИРА и Ирската Влада, во која јасно се истакнува дека према сите непријателски вооружени сили – било да се тоа војници или полицајци, ќе се однесуваат како према непријателска војска. За да работите се доведат уште повеќе во ред Бруга, предложил да сите борци му положат заклетва на Парламентот. Истото им е предложено и на парламентарците. На 25 февруари Аугуст Колинс со своето писмо до де Валери укажува дека проблемите со Волонтерите се решени.

Оваа организација, од секогаш водела жестоки битки со Британците, претежно поткрепени со желбата за независност. Сите движења кои биле превземани од страна на ИРА, уште од минатото биле во форма на познатите герилски движења. Тоа може да се каже дека го опфаќа првиот период ( 1919г. ) на дејствување на ИРА во минатото. Предводени од Ерниеа О’Мали беше оформена единицата за огранизирање на атентати против видни лица на RIC и Даблинска Матрополитска Полиција. Оваа единица подоцна го доби името “Дванаесетте апостоли”. Втората фаза, или вториот период се протега од јануари до јули, и во кој период се вршеле напади на полициски станици низ целата територија на Британија. Третата фаза, веќе целиот процес кулминира, ИРА сфаќа дека се бори против видно појак противник, и сите движења ги прави со тактика “во заседа”.

Многу од борбите за независност ги извршила и завршила токму ИРА. Во својата историја, военото и политичкото крило на ИРА во одредени сегменти се поклопуваат во одредени сегменти се оделуваат, но воглавно се согласуваат во многу нешта.

Активностите, на военото крило или паравоената формација ИРА ( формација на парламентарната Шин Фејн ) сеуште егзистира во Ирска, и сеуште ги има оние цели кои ги имала пред колку децении, односно и ден денешен се бори за целосна независност на Северна Ирска од Кралството Британија. Секојдевно гледаме, како неуморно се повторуваат навидум мали инциденти на тлото на островото, кои неуморно ја тресат британската јавност, и полека но сигурно им даваат на знаење на британските парламентарци дека се подготвени на се, се она што ќе доведе до комплетна независност. Комплетната независност ја гледаат во независен Парламент, независна Влада, независен Устав, независна полиција, и се друго што ја прави една држава суверена и независна.
Вратете се на почетокот Go down
Stamenov

Stamenov


Број на мислења : 58

ИРА - Ирска Републиканска Армија Empty
ПишувањеПредмет: ИРА - Ирска Републиканска Армија   ИРА - Ирска Републиканска Армија Empty29/4/2013, 13:57

[You must be registered and logged in to see this link.]
Интересен документарен филм за ИРА само малку од друга гледна точка !!!! Rolling Eyes

______________________
Воената победа се завршува со карневал во црнина...!!!!
Вратете се на почетокот Go down
ISD

ISD


Број на мислења : 2

ИРА - Ирска Републиканска Армија Empty
ПишувањеПредмет: само дел од делата на ИРА   ИРА - Ирска Републиканска Армија Empty4/9/2014, 11:31

[You must be registered and logged in to see this link.]
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





ИРА - Ирска Републиканска Армија Empty
ПишувањеПредмет: Re: ИРА - Ирска Републиканска Армија   ИРА - Ирска Републиканска Армија Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
ИРА - Ирска Републиканска Армија
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» ЈНА - Југословенска Народна Армија
» тнр. „ОНА„ - Ослободителна Народна Армија
» АНА - Авганистанска Национална Армија
» Федерална Армија и Територијална Одбрана
» Оклопни борбени возила

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Тероризам - нова светска војна-
Отиди до: