Предмет: Re: Ситуацијата измеѓу Северна и Јужна Кореја 29/3/2013, 00:44
Ракетите на Северна Кореја на готовс да пукаат кон американски бази!
„Дојде време да ги расчистиме сметките со американските империјалисти“, изјавил лидерот на Северна Кореја, пренесуваат државните медиуми
Пјонгјанг наредил ракетните единици да бидат на готовс за да отворат оган кон американските бази во Јужен Пацифик.
„Дојде време да ги расчистиме сметките со американските империјалисти“, изјавил лидерот на Северна Кореја, пренесуваат државните медиуми
Ова следува по четврточното прелетување на американскиот невидлив бомбардер Б-2 над Јужна Кореја и испуштањето лажна муниција како дел од заедничка воена вежба.
Севернокорејскиот лидер и маршал на армијата Ким Јонг Ун изјави дека „револуционерните вооружени сили на Северна Кореја ќе реагираат на американската нуклеарна уцена со безмилосен нуклеарен напад и со агресивна војна и жестока војна за правда“, според агенцијата КЦНА .
Предмет: Re: Ситуацијата измеѓу Северна и Јужна Кореја 29/3/2013, 01:17
Не знам зошто меѓутоа имам одредени симпатии кон Северна Кореја, можеби поради тоа што од време на време знаат да ги потресат малку Американците. Сепак ми се допаѓа кога гледам ваква самостојна воена сила која не зависи од ниеден сојузник и не се плаши од никоја друга држава. Иако сум против нуклеарното оружје, сепак имам голем респект за Северна Кореја како воена сила и мое мислење е дека таа е една од најсилните 5 држави во светот кога станува збор за воена сила.
SIG
Број на мислења : 6108
Предмет: Re: Ситуацијата измеѓу Северна и Јужна Кореја 29/3/2013, 02:56
Не би рекол дека е една од 5-те најсилни во никој случај. Оружјето е тотално застарено, нема никаква новина, и се барем 30 години заостанати во конвенционално вооружување.
Ј. Кореја ќе ги сомеле, само се плашат од артилеријата нивна која го има Сеул на домет.
Smrtnikot
Број на мислења : 1272
Предмет: Re: Ситуацијата измеѓу Северна и Јужна Кореја 29/3/2013, 14:37
Frogfoot напиша:
Не би рекол дека е една од 5-те најсилни во никој случај. Оружјето е тотално застарено, нема никаква новина, и се барем 30 години заостанати во конвенционално вооружување.
Ј. Кореја ќе ги сомеле, само се плашат од артилеријата нивна која го има Сеул на домет.
Немам никакви информации за оружјето кое го користат моментално бидејќи она што успеав да го најдам низ интернет беше оскудно или сосем надвор од темата. Инаку кога станува збор за Јужна Кореја, се согласувам со тебе дека и тие се воена сила, меѓутоа симпатиите ги оставам на страната на Северна Кореја.
Stamenov
Број на мислења : 58
Предмет: Ситуацијата измеѓу Северна и Јужна Кореја 29/3/2013, 14:42
Ако Ј.Кореја ги нема САД на нивна страна ќе бидат прегазени од страна на С.Кореја така било и во првата корејска војна така ќе биде и сега нај опасно е тоа што на страната на С.Кореја може да застане Кина е тогаш дури ќе има проблеми многу поголеми од што се сега!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
______________________ Воената победа се завршува со карневал во црнина...!!!!
SIG
Број на мислења : 6108
Предмет: Re: Ситуацијата измеѓу Северна и Јужна Кореја 29/3/2013, 18:22
Ситуацијата меѓу северна и јужна е како јужна пред себе да има 100 луѓе со ножеви на нишан со пушкомитролез. Што му можат?
beowulf
Број на мислења : 765
Предмет: Re: Ситуацијата измеѓу Северна и Јужна Кореја 29/3/2013, 19:38
Ако случајно севернокорејците ги испалат овие интерконтиненталните ракети, како би се бранеле американците, каде најблиску имаат противракетен штит кој би ги пресретнал? Против вакви ракетишта ќе ги користат системите Патриот или постои нешто посоодветно?
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
Предмет: Re: Ситуацијата измеѓу Северна и Јужна Кореја 29/3/2013, 19:52
Не ги подценувајте Северно корејанците,иако имаат застарено оружје им изгледа како од фабрика излезено...мислам дека и С.К ке има грб,кој ќе биде ке видиме...
SIG
Број на мислења : 6108
Предмет: Re: Ситуацијата измеѓу Северна и Јужна Кореја 29/3/2013, 20:36
Абе северно корејците знаете до кога ке имаат грб? во првите 24 часа додека не му ја сотрат артилеријата, потоа со жива сила неможат да направат ништо...
Што се однесува до балистичките прокетили, прашање е колку ги имаат..неверувам повеќе од неколку..а базите американците не ги оставаат голи..
Sponsored content
Предмет: Re: Ситуацијата измеѓу Северна и Јужна Кореја