Кај нивните полисмени е нормално да се пука само врз сомневање
Таму пред сега веќе 10тина години на предавање од областа на Употреба на средства за присилба од страна на полициските службеници на Полициска академија или Факултетот за безбедност имав мала дебата со на сите познатата професорка Најчевска.
Накратко: Предавањето беше задолжително за повеќе групи на студенти па дури и на оние кои не слушаа предмет Човекови права, а се со цел да се собере солидна бројка пред некои странски делегации. За нејзина жал беше задолжително и јас да пристуствувам. По завршеното нејзино излагање дојде ред на прашања. Станав и најдиректно што можев и посочив: (парафразирам) Професорке, сето ова што го кажавте а е ставено во законските одреби со кои се регулира Употребата на средства за присилба изгледа солидно на хартија...
... Дали знаете дека во САД полицијата има право да употреби оружје дури и при постоење на основано сомневање...
Секако и го посочив и најпластичниот пример со тонфите: Во САД регуларната полиција располага со тонфи, кај нас право да користат тонфа имаат само ЕБР. Посочив уште ред други детали но мислам дека ви ја доловив поентата.
Сега ми е криво што не можам да се најдам на такво предавање и да и го посочам ова видео и уште многу други кои тогаш за жал не ми беа достапни како сега.