Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Авганистан

Go down 
+6
JKD
Smrtnikot
Momak od Gjorce
Генерал
Alvar
SIG
10 posters
Отиди на страна : 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9  Next
АвторПорака
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Авганистан Empty
ПишувањеПредмет: Авганистан   Авганистан Empty4/3/2013, 21:25

САД се помируваат дека ќе бидат само еден од глобалните играчи

Во почетокот на веков Џорџ Фридман, шефот на Стратфор-институтот за стратегии, нѐ повика на туристичка тура со времеплов за да ја видиме иднината на нашиот свет со искуствата што ги стекнавме во 20 век.
Пакетот што ни го понуди, како и секој таков, има една маана - ограничен е во понудата. А кога веќе сте повикани да пловите со умот низ времето, брзо сфаќате дека погледот во иднината ви е посуштински ако како репер го земете уште подалечното минато. На пример, ако се вратите едно две илјади години наназад.

Пред 1.700 години пропадна Римското Царство, ама како бактерија преживеа моделот на владеење. Овој модел беше земен како основа за организација на западните општества и, секако, како ментален склоп за водење и разбирање на политиката.
Во срцевината на римската филозофија беше дека постои еден господар и многу варвари (дивјаци), кои треба да се цивилизираат. Тоа беше темелот на кој гордо почива целокупната европска историја во фазите на империјализмот и колонијализмот. На таква основа и денес се води евроатлантската политика.

Во моментов светот присуствува на демонтажа на матрицата по која се создаваа западните империи и по која се устрои светската политика на сила. Мотото раскарај, па владеј, веќе дава само краткотрајни резултати, а и тие имаат сѐ поголема цена, а помали конечни ефекти. Барак Обама во својот втор мандат очигледно е принуден да биде и првиот американски претседател што ќе го почне транзитирањето кон нов политички поредок. Новоназначениот шеф на американската дипломатија Џим Кери, кој на својата прва турнеја низ девет држави тргнува од мајката-империја, Обединетото Кралство, има задача да ги соопшти новите американски политики. Ќе соопшти дека САД, иако не се помириле, сепак го прифаќаат фактот дека веќе нема да бидат господар на светот, туку само еден од глобалните играчи. Тоа е прв чекор кон воспоставување сосема поинаква организација на светските односи, односно кон почеток на длабоки реформи во постојните форми на организираност, кои сѐ уште се под евроатлантска доминација.

Три опции

Промената беше изнудена по дебаклот на „римската политика“ на Америка во серијата азиски војни за „имплементација на демократија“ и по бламажата со свои асистенции, што во пари што во бомби, во воспоставувањето на политичкиот ислам како моќно „биолошко“ оружје за создавање поводи за „револуции“, нестабилност и нови војни. По ваквите порази, а во нов амбиент, Вашингтон имаше три опции: да продолжи да тоне, да влезе во нова фаза на изолационизам, што не би било новина за оваа држава, или да се приспособи на новото време и на промените што ги донесе. За американски услови, се чини, дека изборот што го направи оваа администрација е најразумен. Впрочем, прагматизмот во политиката на подолг рок дава повеќе резултати. Само слепец крај очи не би го видел она што го гледа официјален Вашингтон: Кина вторпат во две години најавува нова светска валута. Индија најави своја вселенска мисија на Марс. Русија објави дека нема намера да ја напушти позицијата на глобална сила преку обновата на своето присуство во источниот Медитеран, Средниот и Блискиот Исток и во Европа.
Да почнеме со фактот дека реизбраната администрација на САД упати неколку значајни пораки со кои го најавува костурот на својата идна глобална политика, која во првата фаза има цел да го обнови донекаде угледот на државата среде светската популација. Тој е целосно руиниран и компромитиран. Тоа е факт.
Империја што ги губи едноподруго сите војни, иако ги освоила државите, не е баш препорака за почит или барем стравопочит. Системот за производство на лаги не функционира веќе. Сатрапите поставувани од Вашингтон не се капацитетни да управуваат со домицилното население зашто се доживувани како генетски модифицирано семе, кое автохтониот организам со имунолошкиот систем ги отфрла како туѓо тело. Лабораториски одгледаниот политички ислам (од Ал каеда до Ал нусра), кој служеше и како повод и како причина за војните (судир на цивилизациите), не се покажа како успешен начин за воспоставување свет со еден господар.

Време на транзитирање

Доказ? Тие се секаде околу нас. Прашање е кој колку е вешт овие делчиња да умее да ги смести на вистинското место за да му пукне пред очи големата слика. На пример, пораката упатена до ЕУ дека САД имаат право да ја креираат европската заедничка политика зашто многу инвестирале во стабилноста на континентот. Во тој дух се и предупредувачките пораки до Тирана и до Анкара, да не брануваат многу во регионите, оти така дополнително го бламираат Вашингтон, кој ги поддржува.

Не верувам дека кој било до лани можеше да претпостави дека САД ќе ѝ понудат на Кина да го пополни вакуумот по американското повлекување од Авганистан в година. Дека ќе ја остават земјата недоправена и ќе ѝ ја препуштат на Кина, која очигледно никогаш не била фасцинирана од римскиот модел на управување. А што да се каже? Пекинг ќе вмаршира во Авганистан без војска, без ниту еден испукан куршум, одземен живот, разурната куќа и ќе може да триумфира со партнерство со локалното население преку инвестиции. Ова е еден ексклузивен начин на кој победникот како поразен му го препушта воениот плен на некој сосема неутрален за тој да го менаџира и користи како свој бонус - профит! Вака ли Вашингтон ќе се раздолжува кон својот кредитор?

Кој можеше да претпостави дури дека една Америка веќе две години ќе го држи отворен огласот за вработување на нетерористичка опозиција во Сирија, за која Обама одобри фазла „народни“ пари на презадолжената земја. Имено, беше неочекувано дека токму државната секретарка Хилари Клинтон пред примопредавањето на должноста ќе признае пред светот дека сириската опозиција се состои од една функционална терористичка организација Ал нусра и група прегазени од времето азиланти. Две се причините за неуспехот на Обама во Сирија. Отпорот на народот во одбрана на мултиетничкиот и мултиконфесионалниот модел на живот и интересот на Москва преку Сирија, односно преку некогашната воена база во пристаништето Тарус во кое вплови 1971 година, да го маркира своето присуство во источниот Медитеран и Јужна Европа, ама и да го подигне својот државен углед кај девастираните Арапи, што е преттекст за остварување на економските интереси. На Обама му требаше воена победа преку граѓанска војна во Сирија за да ги диктира условите за „мир“. Но не успева. Дури ни таму каде што ги диктираше, не доби на долги патеки. Сега претстои време за транзитирање. Дизајнери како Кисинџер или Бжежински не вршат веќе работа. Со нив се мајтапат веќе и дваесетгодишни образовани и интелигентни блогери.

Два се главните уроци што мораше во првата деценија на 21 век да ги научи западната политика заснована на искуствата на римските императори. Моделот на инсценирање војни „раскарај, па владеј“ во овој нов свет веќе не ги дава оптималните резултати. Провален е на планетарно ниво. Оттаму ланскиот дебакл на мисијата на Клинтон низ Азија и Африка. Луѓето научиле. Сѐ почесто фрчат огласи за авторитетни предизвикувачи на граѓански војни, а сѐ помалку има кандидати. Ова, се разбира, не важи за СДСМ, кој самиот праќа огласи до потенцијалните работодавци зашто не го задоволува основниот критериум - авторитетен и вториот исто толку важен - да биде писмен. Затоа корпорацијата „Отпор“, која произведува сценарија за граѓански војни и преврати, е пред банкрот.

И никако не важи за политичари како што е францускиот министер за одбрана Жан Ив Ле Дран, кој војната на Франција со Мали ја толкува како „целосно преосвојување на бившата колонија“.

Навистина, што ли ќе прави Европа ако САД продолжат со демонтажата на постмодерното Римско Царство? Како ли ќе излезе од таа мегакриза ако ѝ се кутне едниот од двата темели? Уште колку потоа ќе продолжи да се држи на атинскиот „демократски“ столб? Или и тој веќе почна да се рони?


Доказ за почетокот на транзитирањето на САД кон новото време и новите правила на светската политичка игра е и начинот на кој старите и истрошени моделчиња за препарација на теренот (НВО) се обидува да ги замени со нови „авторитетни“ логистичари. На пример, тукушто пукна резилот дека Би-би-си, светскиот сервис, бил спонзориран од Стејт департментот. Имал примарна задача да ја одработи Кина така што ќе ја следи одблизу и однатре, и „објективно и слободно новинарски“, и ќе известува за локални теми. Ама транзитирањето се покажа уште во почетокот малку тешко. Кинеските хакери го провалија системот, а светскиот сервис Би-би-си беше целосно компромитиран како неморална спонзоруша, ем се посрамоти спонзорот.

Економски потиснати од Кина, САД решија да го свртат својот поглед кон Африка, каде што конкурентот веќе се распосла преку свои инвестиции и партнерства со африканските држави. САД ги целат стратегиските извори на Западна Африка, каде што обезбедуваат 25 проценти од увозот на нафта.
Со последни атоми од силата и со помош на Ал каеда, која служи како општ изговор за војување и инсталација на воени бази, САД се обидуваат да ја намалат „штетната“ улога на Кина на континентот. Војната во Мали, која примарно ја води ЕУ, односно Франција, им служи на САД како покритие за инсталирање своја база во Нигер од каде што ќе зрачи свој интерес.
И ова е новина. Освен во Либија, каде што Американците беа фатени со смкнати гаќи како хуманитарно обучуваат и финансираат слободоумни терористи и платеници, изгледа дека во блиска иднина тешко да ќе видиме американски војници ангажирани во локални и во регионални војни.


Што добива Кина на подарок од САД? Го добива Авганистан. Тоа не е азиска вукоебина населена од диви племиња. Тоа е централноазиска земја, стратегиски исклучително добро позиционирана. Кина и Авганистан имаат 300 километри долга заедничка граница. Авганистан е блиску до Русија. Ги дели само Таџикистан. Блиску е со Иран, а со тоа и до Персискиот Залив. Добивајќи го Авганистан, Кина ќе си го реши прашањето со ујгурското и со таџикиското малцинство, кои римската политика на Вашингтон пред некоја година ги стимулираше да почнат граѓанска војна. Како впрочем и Тибет, па Виетнам...
Економски Кина добива концесии за експлоатација на нафта, бакар, јаглен, литиум. Првите процени се дека рудното богатство на Авганистан изнесува илјада милијарди долари. Далеку од очите на јавноста, Кина веќе одржала две сесии на форумот „Пакистан-Авганистан-Кина“ и веќе добила концесии за експлоатација на нафтата, вложила милијарда долари во подготовка на теренот за инвестирање. Но се чини дека еднакво важна е новата реторика на Вашингтон, на која допрва ќе се навикнуваме, а гласи вака: „Кина носи одговорност да учествува во политичката и во економската обнова на Авганистан. Стабилен Авганистан е од витално значење за безбедноста на западна Кина. Вашингтон го охрабрува Пекинг да учествува во мировни операции“. Кој би рекол, а до пред некој месец уште слушавме за стратегиски непријател број 1. Предноста со која Кина стартува во новиот век е што не влегува во „римската“ замка, како што направија евроатлантските империи.


Мирка Велиновска
НМ

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=3413931325&id=9&prilog=0&setIzdanie=22820
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10949

Авганистан Empty
ПишувањеПредмет: Re: Авганистан   Авганистан Empty5/3/2013, 17:56


______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Авганистан Empty
ПишувањеПредмет: Re: Авганистан   Авганистан Empty12/3/2013, 11:11

Avganistan: Poginulo pet vojnika NATO-a

Pet vojnika NATO snaga u Avganistanu poginulo je prilikom pada helikoptera na jugu te zemlje, saopšteno je u utorak, prenosi Reuters.

Uzrok pada helikoptera još nije poznat.

- Istraga o uzroku nesreće je u toku, ali, prema prvim rezultatima, u ovom sektoru u momentu nesreće nije bilo neprijateljskih aktivnosti – navedeno je u saopštenju.

A dok je istraga u toku talibanski pobunjenici su preuzeli odgovornost za ovu nesreću.

U saopštenju Isaf nije naveo nacionalnost poginulih vojnika,ali u južnom dijelu Avganistana raspoređeni su australijski, britanski i američki vojnici.

http://www.pobjeda.me/2013/03/12/avganistan-poginulo-pet-vojnika-nato-a/
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Авганистан Empty
ПишувањеПредмет: Re: Авганистан   Авганистан Empty5/4/2013, 09:46

Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10949

Авганистан Empty
ПишувањеПредмет: Re: Авганистан   Авганистан Empty11/6/2013, 16:23


______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Авганистан Empty
ПишувањеПредмет: Re: Авганистан   Авганистан Empty19/6/2013, 15:22


______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Авганистан Empty
ПишувањеПредмет: Re: Авганистан   Авганистан Empty25/6/2013, 08:45

Талибанците ги нападнаа канцеларијата на ЦИА и претседателската палата во Кабул


Авганистан 48546

Нападот на талибанските бунтовници врз канцеларијата на ЦИА и претседателската палата во Кабул заврши по 90 минути престрелка и сите напаѓачи се ликвидирани, соопшти авганистанската полиција.
 
- Најмалку три напаѓачи се убиени, изјави началникот на полицијата во Кабул, Мухамед Ајуб Саланги.
 
Тој наведе дека во инцидентот нема загинати припадници на авганистанските безбедносни сили. 



http://www.24vesti.mk/talibancite-gi-napadnaa-kancelarijata-na-cia-i-pretsedatelskata-palata-vo-kabul

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Авганистан Empty
ПишувањеПредмет: Re: Авганистан   Авганистан Empty26/6/2013, 12:32


______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Авганистан Empty
ПишувањеПредмет: Re: Авганистан   Авганистан Empty26/6/2013, 14:00

Упм, буквално е како на видео игра, не ти можат ништо само млатиш...
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Авганистан Empty
ПишувањеПредмет: Re: Авганистан   Авганистан Empty26/6/2013, 14:13

Нашите АМИ-24 можат вака да дејствуваат...???
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Авганистан Empty
ПишувањеПредмет: Re: Авганистан   Авганистан Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Авганистан
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 9Отиди на страна : 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9  Next
 Similar topics
-
» Војната во Авганистан

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Европа и Азија-
Отиди до: