Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Криминалистика

Go down 
3 posters
АвторПорака
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Криминалистика Empty
ПишувањеПредмет: Криминалистика   Криминалистика Empty6/12/2012, 14:02

Ова како вовед, натаму се надевам и повеќе

ОТПЕЧАТОКОТ НА ПРСТИТЕ - ШТО ОТКРИВААТ ЛИНИИТЕ

Врз основа на што се утврдува дека два оптечатоци на прстите се идентични? И каква врска со тоа има Чарлс Дарвин?


Дали сте знаеле дека Чарлс Дарвин, освен теоријата на еволуцијата е заслужен и за тоа што полицијата денес ги користи отпечатоците од прстите за идентификација? Добро, не го измислил тоа Дарвин, но за овој голем научник е поврзана интересна анегдота за тоа како отпечатоците на прстите влегле во употреба на полицијата.

Имено, на шкотскиот хирург Хенри Фолдс, кој работел во болница во Токио, му се допаднала некоја јапонска грнчарија на кој се гледале отпечатоци на прсти во глината. Набљудувајќи ги, Др. Фолдс се заинтересирал за оваа тема и некое време ги проучувал прстите на луѓето, на мајмуните и на другите животни и открил голема сличност и некои правилности.

Сето тоа, како изгледаат линиите на прстите на јапонските мажи како и на Европејците го запишал во статија која во 1880 година е објавена во магазинот Нејчер. Фолдс ги скицирал линиите на хартија и со нив ги обележувал податоците на нивните „сопственици“: бојата на очите, кожата и косата, полот, националноста. Во статијата предложил отпечатоците да се забелеажт и да се зачуваат такашто прстот да се натопи во мастило па да се остави трага на хартија, бидејќи на тој начин се добиваат најјасни линии. Се обидел и со оставање на отпечатоци на стакло, но тие биле бледи и помалку прецизни.

Врз основа на својот заклучок, Фолдс предложил дека отпечатоците на прстите би можеле да послужат за идентификација на криминалците. И самиот, како што навел, помогнал да се разрешат два случаи - во едниот човек, крадец, со мрсни прсти допрел на стаклото, а во другиот случај криминалецот се качувал по бел ѕид, оставајќи траги.


Кога 6 години подоцна се вратил во Велика Британија, Фолдс своите идеи и предлози ги изнел пред Лондонската полиција, но тие не покажале интересирање за неговото откритие. Но, тој не се откажал. За својот метод му напишал на Чарлс Дарвин. Чарлс веќе бил премногу стар и болен за да започне да се занимава со тоа, па му го пуштил писмото на неговиот роднина Френсис Галтон, кој бил мошне заинтересиран за антропологија.

Галтон денес се смета за еден од најважните луѓе кога станува збор за влегувањето на отпечатоците на прстите во полициската истрага, бидејќи забележал дека тие може да се класифицираат во неколку групи. Галтон во 1982 година ја објавил книгата „Отпечатоци на прстите“ во која дал прецизен статистички модел и пресметал колкава е можноста две личности да имат идентичен оптечаток на прстите (1:64.000.000.000).
37 векови претходно...

Иако идејата за идентификација на луѓето според нивните оптечатоци изгледа релативно нова, уште порано, Вавилонците и Еѓипјаните за отпечатоците имале специјално значење. Затоа тие оставале отпечатоци на прстите и дланките на предметите кои ги правеле од глина. Во Вавилон отпечатокот на прстите на договор служел како доказ дека не станува збор за фалсификат, а дури според некои сознанија вавилонскиот крал Хамураби во 18 век п.н.е барал на уапсените граѓани да им се земаат отпечатоци од прстите.

Во Кина на почетокот на 3 век п.н.е.отпечатоците исто така служеле за идентификација, а биле и доказ во случај кога некој бил уапсен поради кражба.

И покрај тоа , идејата за разликување на луѓето врз основа на отпечатоците на прстите не бил разработена ниту општоприфатена. Дури во 17 век повторно станала интересна - пред се за научниците.

Нови сознанија

На пример, Холанѓанецот Говард Билдо и Италијанецот Марчело Малпиги истовремено во 1685 година ја објавиле книгата „Анатомија на човечкото тело“ и „Анатомска опсервација на надворешните органи за допир“ во кои и двајцата ги објаснале линиите кои ги гледаме на пртите. Но, тие не се занимавале со индивидуалните разлики на луѓето врз основа на изгледот на прстите.

Кон крајот на 18 и почетокот на 19 век неколку доктори пишувале за нивните истражувања во врска со отпечатоците: Јохан Мајер, Георг фон Меиснер, Јан Пуркињ. Сер Вилијам Џејмс Хершел во 1858 година во Индија иницирал воведување на отпечатоци на прсти кои би осигурале исправност на договорот, а потоа собирал отпечатоци од прстите на затворениците, а исто така била воведено пензионерите да оставаат отпечатоци во базата за после нивната смрт роднините да не продолжат да земаат пензија од државата.

Еднаква важна улога во во градењето на дактилоскопијата имал шефот на аргентинската полиција Хуан Вучетиќ, кој измислил систем за регистрирање на отпечатоците на прстите и останатите податоци за криминалците како што е нивниот опис, висина, димензии на одредени делови на телото, боја на коса, очи и слично.

Проучувајќи ја книгата „Отпечатоци на прстите“ на Галтон, Вучетиќ во 1892 година измислил практична систематизација за отпечатоци и во Буенос Аирес го основал првото биро за отпечатоци на прсти во светот.

Истата година пристигнал и успехот: Инспекторот Алварез, колегата на Вучетиќ работел на случај на убиства во кое била повредена една жена, а нејзините два синови биле заклани. Жената го обвинувала соседот, но тој упорно и после мачното испитување во полиција, негирал било каква врска со нападот. Но, Алварез на вратата на куќата во која се случило убиството нашол отпечаток на палец во крв. Всушност отпечатоко бил на повреднеата жена која после тоа признала дека ги убила своите два синови.

Случајот го прослави Вучетиќ и неговото биро, а интересот за дактилоскопија и форензика започнало забрзано да расте па во наредните години и децении се отварале слични бироа за отпечатоци.

Кој тип сте вие?

Штом се отвори првата база за отпечатоци на прстите, се поставило прашање како таа да се пребарува. Како меѓу стотици и илјадници картончиња, да се пронајде оној кој го барате, а кој можеби воопшто не постои?

Денес базата не се пребарува рачно, туку тоа го прави компјутерот наместо нас. Но, во минатото за претрагата да се забрза и да се олесни, била направена груба класификација на отпечатоци кои биле поделени во четири групи. Кога полицијата ќе пронајдела некој отпечаток на прстите на местото на злосторството, тие го носеле кај форензичарите кои оценувале во која од четири групи спаѓа. Така за кратко време биле елиминирани три четвртини од базата бидејќи таквите отпечатоци воопшто не се ист тип, и се продолжувало пребарувањето меѓу останатите.

Подоцна, кога базите станале преголеми, четирите групи добиле и подгрупи, па така повторно се забрзала претрагата.

Врз основа на што се направени групите?

Главната поделба е направена врз основа на обликот на линиите. Се набљудува дали линиите се од левата или десната страна, дали поминуваат од една страна, дали прават полукруг во средината и се враќаат назад, дали образуваат концентрични кругови... Покрај тоа, во употреба е таканаречената ненумеричка метода за идентификација која користи други индивидуални карактеристики како што се потните жлезди и други.

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6110

Криминалистика Empty
ПишувањеПредмет: Re: Криминалистика   Криминалистика Empty6/12/2012, 16:36

Интересно
Вратете се на почетокот Go down
Zajcef

Zajcef


Број на мислења : 41

Криминалистика Empty
ПишувањеПредмет: Re: Криминалистика   Криминалистика Empty6/12/2012, 17:44

Интересна тема Генерал aplauz учам предмет Криминалистика овој семестар.Планирам да поднапишам нешто на темава кога ќе имам малце повеќе време,сега некако во тесно сум Laughing
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Криминалистика Empty
ПишувањеПредмет: Re: Криминалистика   Криминалистика Empty6/12/2012, 18:29

Zajcef напиша:
Интересна тема Генерал aplauz учам предмет Криминалистика овој семестар.Планирам да поднапишам нешто на темава кога ќе имам малце повеќе време,сега некако во тесно сум Laughing

Слободно пиши. Само пази што пишуваш, ќе внимавам на тебе Smile

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Zajcef

Zajcef


Број на мислења : 41

Криминалистика Empty
ПишувањеПредмет: Re: Криминалистика   Криминалистика Empty7/12/2012, 23:00

Генерал напиша:
Zajcef напиша:
Интересна тема Генерал aplauz учам предмет Криминалистика овој семестар.Планирам да поднапишам нешто на темава кога ќе имам малце повеќе време,сега некако во тесно сум Laughing

Слободно пиши. Само пази што пишуваш, ќе внимавам на тебе Smile

Криминалистика The_Departed%20-%202%20-%20Mark_Wahlberg ?

Laughing Laughing Laughing Laughing Laughing Laughing Laughing
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Криминалистика Empty
ПишувањеПредмет: Re: Криминалистика   Криминалистика Empty8/12/2012, 03:11

Zajcef напиша:
Генерал напиша:
Zajcef напиша:
Интересна тема Генерал aplauz учам предмет Криминалистика овој семестар.Планирам да поднапишам нешто на темава кога ќе имам малце повеќе време,сега некако во тесно сум Laughing

Слободно пиши. Само пази што пишуваш, ќе внимавам на тебе Smile

Криминалистика The_Departed%20-%202%20-%20Mark_Wahlberg ?

Laughing Laughing Laughing Laughing Laughing Laughing Laughing

Не ја отвара сликата

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Zajcef

Zajcef


Број на мислења : 41

Криминалистика Empty
ПишувањеПредмет: Re: Криминалистика   Криминалистика Empty11/12/2012, 14:30

Криминалистика Depart3
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Криминалистика Empty
ПишувањеПредмет: Re: Криминалистика   Криминалистика Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Криминалистика
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Кантина :: Наука и литература-
Отиди до: