Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Kако ја замислувате АРМ во иднина

Go down 
+16
loran11
Mrshajnoski
Smrtnikot
Генерал
патриот
Dejan N
JKD
Iko
Legija91
Зоран
РИС
beowulf
Alvar
tonin
SIG
Momak od Gjorce
20 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3 ... 10 ... 18  Next
АвторПорака
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10949

Kако ја замислувате АРМ во иднина - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Kако ја замислувате АРМ во иднина   Kако ја замислувате АРМ во иднина - Page 2 Empty25/7/2012, 20:54

Momak od Gjorce напиша:
Еве една Тема, каде може да пишувате за тоа како ја замислувате АРМ во иднина.

Вака отприлика. Twisted Evil


______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6109

Kако ја замислувате АРМ во иднина - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Kако ја замислувате АРМ во иднина   Kако ја замислувате АРМ во иднина - Page 2 Empty21/11/2012, 14:32

Од 2007 година досега 2.963 граѓани се пријавиле доброволно да служат во АРМ. Засега нашата армија има доволен број доброволци за да може во иднина да се пополни недостигот од професионални војници, но ваквата слика може да се промени, сметаат стручњаците, и во иднина да немаме кадар за професионална војска

Ако не се зголеми бројот на доброволците што се пријавуваат да служат воен рок, или ако не се променат условите за ангажирање професионални војници, Армијата на Република Македонија во иднина би можела да остане без доволно војска.
Минатата недела 281 војник-доброволец, од кои 20 беа жени, дадоа заклетва во велешката касарна дека доброволно ќе отслужат точно 63 работни дена од воениот рок во АРМ. Од Министерството за одбрана објаснија дека во седумнаесетте ротации, колку што ги имало од 2007 година досега, кога е укинат регрутниот систем, вкупно 2.963 граѓани се пријавиле за доброволно отслужување на воената обврска.

Еден од условите да станеш професионален војник е да имаш завршена воена обврска во АРМ. Досега сите професионални војници беа ангажирани од војниците што отслужија воен рок според регрутниот систем, но како што одминува времето бројот на отслужените регрути ќе се намалува поради староста, па АРМ во иднина ќе мора да ги црпи кадрите исклучиво од редовите на доброволците.

Засега нашата армија има доволно регрути, кои се пријавуваат доброволно да отслужат воен рок, за да може во иднина да го пополни недостигот од професионални војници, кои ќе си заминуваат од работа поради старосната граница. Но ваквата слика може да негативно да се промени, сметаат стручњаците, и во иднина би можеле да се најдеме во ситуација да нема доволно кадар за професионална војска.

Да се врати задолжителната воена обврска

Пред повеќе од пет години, меѓу првите во регионот Македонија ја укина обврската за служење воен рок. Овој чекор беше оправдан со воените реформи што секоја земја-аспирант мора да ги направи за приближување кон НАТО. Во 1990-тите во просек годишно АРМ имаше по 13.000 регрути за кои се издвојуваа приближно 45 милиони евра. Откако се отфрли безбедносниот систем на регрутација, 13-те илјади регрути беа заменети со 4.700 професионални војници, 1.900 подофицери, 919 офицери и 364 цивилни лица што работат за потребите на армијата.

Пензионираниот генерал Митре Арсовски објаснува дека тој и неговите колеги, поранешни генерали на АРМ и на некогашната ЈНА, во јавноста неколкупати го кажале своето мислење на оваа тема.

- Ако се врати, задолжителната воена обврска би била полезна и за државата и за младината - смета генералот.

Регрутите би научиле подобро да ракуваат со оружје во споредба со овие 63 дена, колку што им трае обуката, со што би се одржал рентабилен бројот на воени резервисти, а младите би развиле осет за дружење, ред, дисциплина и за морал.

- Учеството на младите во одбраната е лекција за патриотизам, за разлика од сега, каде што во најголем дел доброволците се пријавуваат од економски причини за да можат потоа да се вработат во АРМ - смета воениот експерт.

Тој е дециден дека поради тие причини треба да се иницира повторно враќање на регрутирањето во АРМ.
Генералот го дели ставот дека, наместо големите бројки регрути што годишно пристигале во минатото во АРМ, сега треба да се регрутираат само 30 проценти од тогашниот годишен просек.

- Овие луѓе што би се регрутирале на годишно ниво или на некој пократок временски период би ги одмениле професионалните војници во вршењето на помалку битните работни обврски - објаснува поранешниот прв човек на Генералштабот на АРМ.

Експертот го истакнува фактот дека иако сите тежнееме да влеземе во НАТО и во ЕУ, сепак цело време не треба да се игра на таа карта, туку треба да се размислува и на втора варијанта за безбедносна заштита на државата или на план Б.

Доброволците се пријавуваат поради лошата економија

- Што ако не влеземе во НАТО? Како ќе ја одбраниме државата со 5-6 илјади војници и без никаква резерва? Целата ситуација ќе нѐ доведе на многу лизгав терен, во кој ако се загрози Македонија, ќе немаме бројна армија да си ја одбраниме - резимира генералот.

Воениот аналитичар Благоја Марковски е дециден дека ваквото темпо на регрутирање на доброволците во војската е сосема доволно да се затворат неопходните потреби на АРМ.

- Македонија пред неколку години се одлучи за професионални војници, а со тоа целосно се отфрли регрутниот систем - вели аналитичарот.

Тој објаснува дека ваквите, условно кажано, мали бројки по 200 доброволци во класа се сосема на место бидејќи и онака еден професионален договор на војник трае од девет до 15 години.

- Мислам дека бројката на оние што сакаат да се вработат во АРМ е сосема иста со оние што си заминуваат оттаму, поради старосната граница, и тука никогаш нема да се создаде несакана празнина - објаснува тој.

Според неговото мислење, дури и ваквата бројка од приближно 200 доброволци во класа е добра и е благодарение на лошата економска ситуација во државата и слабата можност да се најде цивилна работа.
- Замислете да се подобри економијата и да се отворат повеќе работни места во цивилниот сектор, тогаш јас ви велам дека никој од младите не би сакал да работи толку ризична професија каква што е професионалниот војник. Сигурен сум дека дури тогаш ќе имаме проблеми, а оваа скромна бројка дополнително ќе се намали. Е сега, треба да размислуваме однапред и плански за во иднина да избегнеме можна ситуација и да не се најдеме во несакан ќор-сокак и да најдеме дополнителни начини што би ги мотивирале младите доброволно да се пријават за служење во АРМ - заклучува Марковски.


Во Европа задолжително служење воен рок има само во 11 земји, и тоа во Ерменија, Австрија, Белорусија, Кипар, Данска, Финска, Грција, Норвешка, Русија, Швајцарија и во Турција.

На Балканот сите држави преминаа на моделот на професионална армија, а прва тоа го направи Словенија во 2003 година. По голема дебата во 2004 година тоа го направи и Унгарија, а потоа и БиХ, Романија, Македонија и Црна Гора во 2006 година. Воената обврска Бугарија ја укина во 2007 година, додека Хрватска една година подоцна. Албанија изврши професионализација на војската во 2008 година, а последна беше Србија во 2010-та.


Доброволци за отслужување воен рок

Година Број на доброволци
2007 199
2008 509
2009 471
2010 412
2011 418
2012 726

Вкупно: 2.936

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=112112845497&id=9&prilog=0&setIzdanie=22735
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6109

Kако ја замислувате АРМ во иднина - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Kако ја замислувате АРМ во иднина   Kако ја замислувате АРМ во иднина - Page 2 Empty21/11/2012, 14:34

Формирањето на АРМ и сегашната состојба (1)

Оваа година ја славиме дваесетгодишнината од основањето на Армијата на Република Македонија (АРМ). Нејзиното формирање датира од 27 март 1992 година, кога Република Македонија ја презеде контролата на целата своја територија. Формирањето на нашата армија се случуваше во најсложени воено-политички времиња, по распаѓањето на поранешна СФРЈ. Повлекувањето на поранешна ЈНА, од осамостоените републики на СФРЈ, беше во 1991 година. Тогаш почнаа крвави војни на територијата на поранешна СФРЈ, особено во Хрватска и во Босна и Херцеговина, врз основа на националистички и верски спротивности. Судирот меѓу ЈНА и словенечката територијална одбрана беше првиот воен судир наречен царинска војна, поради военото преземање на граничните премини од страна на ЈНА. Во тој судир загинаа 48 војници на поранешна ЈНА. По овој воен судир доаѓа до договорено повлекување на силите на ЈНА од Словенија, при што ЈНА со сите свои ефективни сили се префрли во Хрватска и делумно во Босна и Херцеговина (во регионот на Бања Лука и регионот на Херцеговина). Тогашниот став на военото раководство на ЈНА, а која уште тогаш ја напуштија определен број високи воени функционери од разни националисти, особено Хрвати и Словенци што пристапија во новоформираните воени формации во нивните републики, беше дека ЈНА има улога на раздвојување на воените сили и заштита на населението во оние региони што беа зафатени со војна. Уште тогаш се појави тезата за скратена (намалена) поранешна СФРЈ и формирање нова Југославија на познатата линија Вировитица - Карлобаг. Оваа теза се појавуваше во настапите на српскиот претседател Милошевиќ, а ЈНА доби задача главно да го заштитува српското население во оние делови на Хрватска и Босна и Херцеговина што беа зафатени со воени дејства. Во тоа време беше потпишана Спогодбата за напуштање на ЈНА од Македонија, позната под името Спогодба меѓу Глигоров-Хаџиќ, кој во тоа време беше началник на Генералштабот на поранешна ЈНА. Во тоа време е познат обидот на македонската страна со помош од полицијата да се преземе современото оружје од магацините на ЈНА во Визбегово и преземањето два тенка Т-55 што беа на ремонт во специјални возила во „Металски завод Тито“. Обидот беше неуспешен бидејќи ЈНА тогаш сѐ уште беше на територија на Македонија и целокупното оружје и тенкови беа вратени, односно веќе беа однесени во Србија. Уште тогаш кај новосоздадените институции на Македонија беше јасно дека вооружена база за создавање своја армија може да се формира само врз оружјето што го имаше Територијалната одбрана. Поранешна ЈНА го однесе целокупното вооружување од Македонија и во значителна мера ги девастира објектите во касарните.

Значаен настан беше одлуката на првата експертска влада на Македонија, со претседателот Никола Кљусев, според која секој старешина на поранешна ЈНА може да остане во Македонија и, доколку сака да се приклучи кон идната АРМ, да се пријави во новоформираното министерство за одбрана. Голем број старешини од поранешна ЈНА го направија тоа и се создаде извонредна база на образовани и високопрофесионални кадри за идната АРМ. Таа покана на првата влада на Република Македонија не беше покана упатена само на лицата од македонска националност туку до сите националности што живееја во поранешна СФРЈ. Од нејзиното формирање АРМ беше мултиетничка армија и таква останува до денес, строго водејќи грижа за правичната застапеност на сите етникуми што живеат во Македонија. За споредба, при формирање на армиите во другите осамостоени држави на поранешна СФРЈ, процесот се одвиваше исклучиво врз национална основа и сите припадници на тие вооружени сили биле исклучиво по националност иста како и државата во која е формирана таквата армија. Формирањето на АРМ врз мултиетничка основа ќе стане нејзина голема предност во сопствената држава, а притоа таа постапка ќе биде признаена и од меѓународниот фактор. Констатиравме дека единствен можен извор за вооружување на идната АРМ беше оружјето на Територијалната одбрана на Македонија. Таа територијална одбрана се пополнуваше и се снабдуваше со оружје по две основи. Првата основа беше добивање застарено и неперспективно оружје од поранешна ЈНА, без надомест или со минимален надомест. Вториот извор (постапка) беше да се купува современо оружје со сопствени средства што беа ограничени, така што идната АРМ беше принудена да се опремува со неадекватно вооружување за една идна современа армија. Од првиот ден на формирање на АРМ, клучна улога во нејзиното формирање, во формацискиот состав, видот на вооружување со кои армијата можеше да располага, индиректно но и доста влијателно, одлучуваше меѓународниот фактор преку разни свои институции, особено преку НАТО, ОБСЕ, ЕУ и особено САД. Дециден став на тие институции беше дека вооружените сили на секоја држава на поранешна СФРЈ и регионот во поширока смисла треба да бидат така димензионирани по својата големина и видот на вооружувањето што не можат повеќе да бидат воена сила во рацете на политичката елита за решавање на меѓусебните спорови, особено во територијална и меѓуетничка смисла. Треба да напоменеме дека постојат цела низа меѓународни договори и документи што ги определуваат критериумите за големината и видот на вооружувањето на армиите во другите држави во светот, но тие наведени критериуми не можат да бидат применети кај државите на поранешна СФРЈ. Потребна е анализа на горенаведените документи за да се сфати на кој начин се градела и развивала АРМ и каква е нејзината сегашна состојба. АРМ циклусно и постојано станува предмет на политички пресметки на некои политички субјекти. На пример, ако само се анализираат амандманите на предложениот закон за бранителите, а општопознато е дека бранители во 2001 година беа припадниците на АРМ и полицијата, се поставува прашањето која е вистинската цел на поднесените амандмани и која е правата намера на подносителите на амандманите. На пример, во нив се бара да се избрише поимот „професионален војник“, а овој поим се употребува во сите армии во светот, или пак се бара да се избрише терминот „Армија на Република Македонија“. Со вакви постапки се проблематизира улогата на АРМ во извршувањето на нејзините уставни надлежности за чување на територијалниот интегритет на државата, без АРМ да дава каква било причина за таквата постапка. Клучниот настан при создавањето на АРМ беше одлуката на Собранието на Република Македонија донесена на 23 декември 1993 година за полноправно членство на Македонија во НАТО. По оваа одлука текот за создавање на АРМ има свои фази и циклуси.

(продолжува)

Авторот е воено-политички аналитичар

Автор: Петар Шкрбина
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6109

Kако ја замислувате АРМ во иднина - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Kако ја замислувате АРМ во иднина   Kако ја замислувате АРМ во иднина - Page 2 Empty21/11/2012, 14:34

Формирање на АРМ и сегашната состојба (2)

Геостратегиската положба на Македонија и нејзината улога на глобален план во некогашните (по осамостојувањето) и сегашните геополитички трендови сега веќе не може да се употребува како аргумент за членство во НАТО и во ЕУ. Овој аргумент не треба целосно да се маргинализира, бидејќи постоеја определени кратки периоди кога нашата земја имаше значајна улога и секојпат постои можност да се повтори геостратегиската важност на Македонија во зависност од настаните во регионот. Да наведеме само неколку примери кога имавме значајна геостратегиска положба. На пример, кога во Македонија дојдоа силите на УНПРЕДЕП, потоа во времето на воздушните напади врз тогашна СР Југославија во 1999 година, косовската бегалска криза за време на воздушните напади на НАТО-силите против СР Југославија, дозволата со која на силите на НАТО им се овозможи да влезат во Косово преку нашата територија и во време кога ние како земја-домаќин им дадовме логистичка поддршка на силите на КФОР и УНМИК. Од геостратегиски аспект сѐ уште остануваме во игра како држава што ќе има стратегиско значење за да се заокружи јужното крило на НАТО. Политичкото раководство на Македонија во 1992 година беше свесно дека државата не е во можност да ги создаде потребните армиски и политички капацитети во краток временски период за заштита на територијалниот интегритет, бидејќи на границите со Албанија и со Косово секојдневно имаше инцидентни ситуации. Поради тоа, Владата на Република Македонија одлучи да се обрати до Обединетите нации. Врз основа на Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, број 795, беше одобрено испраќање на воени сили под покровителство на ОН за заштита на границите кон Албанија, Косово и делумно јужна Србија, кон Прешевската долина. Во ноември 1992 година пристигнаа првите припадници на УНПРОФОР во Македонија. Тогаш пристигнаа 300 американски војници, а потоа и нордиски баталјон (составен од Финци и Швеѓани) со околу 700 војници.
На 1 февруари 1996 година, УНПРОФОР прерасна во самостојна команда за Македонија под името УНПРЕДЕП, која престана да функционира на 2 декември 1998 година, кога во Македонија пристигнаа силите на НАТО за извлекување на косовската верификациска комисија, позната под името според американскиот генерал, Вокерова комисија.

За нас во Македонија тоа беше големо изненадување што во еден толку краток временски период се реализира упатување на толку голема респективна воена сила, како и самото донесување на Резолуцијата 795 на Советот за безбедност на ОН. Особено изненадување претставуваше доаѓањето на 300 американски војници со несфатливо големо количество опрема, која ја донесоа со околу 50 лета со познатиот стратегиски авион „Ц-130“. Тогаш не бевме во можност да ги процениме вистинските причини за ваквата постапка, но набрзо работите веќе станаа јасни. Покрај обезбедувањето на границите со Албанија и со Косово, силите на УНПРОФОР на самата тогашна граница кон СР ЈУгославија, во Куманово изградија и опремија втор по големина комуникациски центар на НАТО-силите во Југоисточна Европа. Дотогаш најголем НАТО-комуникациски центар за Југоисточна Европа беше во Грција. Овој новоизграден центар подоцна им послужи за контрола врз ембаргото против СРЈ и за преземање на подготовките за воздушни напади врз СРЈ и за раководење на операциите при воздушните напади врз СРЈ, бидејќи околу 40 отсто од прелетувањата на авионите на НАТО се извршуваа преку Албанија и Македонија. Овие настани битно ќе влијаат врз натамошното формирање на АРМ и нејзиното приклучување во евроатлантските структури. Без оглед на тоа што со Уставот на Република Македонија точно се одредени улогата и задачите на идната вооружена сила на Армијата на Република Македонија и нејзината ориентациско-формациска структура, можеше да се забележи дека се работи за доста голема армија по бројноста и големиот резервен состав. Таквата проекција на големината на новоформираната АРМ не беше во корелација со финансиските можности на нашата држава, особено во тоа време. Претходно наведената аргументација за присуството на странските воени сили во Македонија, особено американските, ѝ овозможија на Македонија, а со самото тоа и на АРМ, побрз и полесен пристап до евроатлантската интеграција. АРМ во последователниот период доби значајни и вредни донации од повеќе земји-членки на НАТО во вид на воена опрема и вооружување, што битно ќе влијае врз нејзината борбена подготвеност. Непосредно по осамостојувањето во Македонија се јавија две тези за идната организација на одбраната на државата врз основа на Уставот. Првата теза беше за постојана или привремена неутралност на државата. Во прв момент кај пошироката јавност се стекна впечаток дека државата треба да се организира без сопствени вооружени сили. Набрзо се сфати, врз примерите на некои постојни неутрални земји во Европа, како Австрија и Швајцарија, дека и неутралната или привремено неутрална држава треба да има силен сопствен одбранбен систем, односно своја армија.
Австрија и Швајцарија имаат добро организиран одбранбен систем на повеќе нивоа и армија што е современа, релативно бројна во однос на бројот на своите жители.

Втората теза беше дека носител на одбраната во државата треба да биде полицијата, а не армијата. Под влијание на меѓународниот фактор двете тези беа отфрлени. Во тоа време постојано имавме некакви инцидентни ситуации, кои беа проследени со употреба на полициски сили. Таков беше случајот со Бит-пазар, а подоцна и во Гостивар. Најконтроверзен случај во тоа време беше самоорганизирањето на Албанците за своја самоодбрана. Начинот на кој тоа беше направено е што таквата организираност личеше на формирање паравоена војска, што во тоа време создаде големи политички проблеми. Овој случај никојпат не беше целосно разјаснет, иако имаше и некои судски постапки. Дециден одговор на прашањето за таквото воено организирање за самоодбрана никојпат не се доби, како и одговор на прашањето од кого тие требаше да се одбранат и кој е тој што ќе ги нападне. Меѓународниот фактор тогаш го забрза процесот за приклучување на Македонија во НАТО и во ноември 1995 година Македонија, односно нејзината армија, стана членка на Партнерството за мир, а во март 1996 година беше примена во Северноатлантскиот совет за соработка. Еден од меѓународните договори, кој ги определува критериумите за формирање вооружени сили, е познатиот документ на ОБСЕ, т.н. Виенска декларација, која беше создавана од 1992 до 1999 година. Македонија пристапи кон создавање на тој документ во 1994 година, меѓутоа не ги применуваше критериумите на тој документ.

(продолжува)

Авторот е воено-политички аналитичар


Автор: Петар Шкрбина
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6109

Kако ја замислувате АРМ во иднина - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Kако ја замислувате АРМ во иднина   Kако ја замислувате АРМ во иднина - Page 2 Empty21/11/2012, 14:35

Формирањето на АРМ и сегашната состојба (3)

Не без причина го анализираме по фази (години) формирањето на АРМ и односот на Република Македонија како држава спрема нејзиното стратегиско определување за членство во НАТО. Особено во прв план ги анализираме претходните постојни меѓународни договори што Македонија ги прифати, бидејќи во процесот на нивното создавање таа активно учествуваше, меѓутоа доследно тие не беа применувани. Тој факт во значителна мера влијаеше на нашето приклучување во НАТО. Не е проблемот само во промената на името на нашата држава како предуслов за членство во НАТО, туку постојат и други критериуми кај политичко-воената организација на НАТО. Македонија усвои дел од бараните документи преку разни декларации и потпиша разни спогодби потребни во процедурата за остварување статус на земја-кандидат за членство во НАТО. Покрај одлуката на Собранието за членство во НАТО и пристапувањето за членство во Партнерството за мир, се потпиша СОФА-договорот во 1996 година за регулирање на статусот на странските војници во Македонија, потоа следуваше приклучување кон ПАРП (Процес за анализа и планирање) и ИПП (Индивидуална програма за партнерство) во 1997 година. Во рамките на Партнерството за мир од 1999 година бевме обврзани секоја година да изработуваме и презентираме ГНПЧ (Годишна Национална програма за членство во НАТО). Уште од 1993 година, Македонија заедно со уште 52 држави стана потписник на Договорите ЦФЕ и ЦФЕ-1 што стапија во сила уште во 1997 година за ограничување на конвенционалното вооружување во Европа. Завршниот документ на Дејтонскиот договор е временски неограничен и отвори врата за дополнителни билатерални и мултилатерални односи на сите подрачја за воена соработка. На 8 и 9 јуни 1998 година претставници на Македонија, Словенија, Албанија и на Австрија учествуваа на еден инструктивен семинар во виенскиот дворец „Хофбург“. Целта на овој семинар била да се појаснат основите на Договорот ЦФЕ и членовите 4 и 5 од Дејтонскиот договор. Еден од најважните заклучоци беше стриктна примена на критериумите на ОБСЕ во врска со процентот за определување на бројот на припадниците на вооружените сили. Тој процент може да се движи од 0,5 до 0,7 отсто за припадници на вооружени сили во однос на бројот на жители на дадената земја. При изработка на првата македонска Годишна национална програма за членство во НАТО 1999/2000 година, Македонија не се придржуваше кон тој критериум. Поради тоа нашата програма три пати беше враќана од Брисел за доработка. При првата изработка на ГНПЧ било предвидено АРМ да располага со активна вооружена сила од 40 илјади луѓе и со резервен состав од 120 илјади луѓе. Во првата ГНПЧ се предвидува АРМ, покрај Генералштабот, да формира еден активен корпус, еден резервен корпус, гранична бригада, команда за обучување и логистика, како и команда за ПВО (противвоздушна одбрана) и ВВ (воено воздухопловство), со придружни единици и определен број самостојни единици. Во третата верзија од таа програма, од февруари 2000 година, во делот на Заклучоци за реструктурирање стои дека сегашниот мирновременски состав на вкупните вооружени сили во кои спаѓаат воените и цивилните лица ќе биде околу 22.000 луѓе и ќе се намали на околу 16.000 или помалку.
Во 3-та верзија резервниот состав се предвидува од 120.000 да се намали на околу 60.000-70.000. Буџетот за одбрана на Македонија во 2000 година беше 76 милиони долари, или 2,17 отсто од БДП. Воено-политичката криза во Македонија од 2001 година, која практично почна во 2000 година и траеше до потпишувањето на Охридскиот рамковен договор во август 2001 година, покажа дека АРМ (не по своја вина) не беше подготвена да се справи со новонастанатата ситуација. Тогашното тукушто почнато организациско-формациско преструктурирање и слабата опременост (поради малиот буџет за потребите на армијата) ја доведоа АРМ во незавидна ситуација во борбено-воена смисла. Оваа констатација не се однесува на индивидуалната подготвеност на добро обучените војници како поединци, туку на поголеми борбени системи што требаше да се спротивстават на терористичко-воената организација наречена ОНА. Беше потребно итно да се доопреми АРМ со потребните борбени системи што би биле во функција на неутрализирање на противничката страна, која настојуваше да го загрози територијалниот интегритет на државата. Итно беше извршена набавка на муниција за повеќецевни ракетни фрлачи оган и пламен, дивизион на ракетни фрлачи град, четири авиони „сухој-25“ и 14 хеликоптери „ми 8“, „ми 17“ и „ми 24“ (борбени хеликоптери), потоа ракетни системи ПВО со краток дострел со потребната муниција и ракети за наведените системи. Беше добиена донација од 94 тенка „Т-55“ од Бугарија (во 1999 година), но тие само во мала мера ја зголемија борбената подготвеност на АРМ, бидејќи добиените тенкови беа во лоша техничка и борбена состојба. Буџетот за одбрана за 2001 година беше утврден во висина на 4.583 милиони денари или 7,5 отсто од буџетот на Македонија, односно 1,92 отсто од БДП. Како резултат на нарушената безбедносна состојба во Македонија и значително високите трошоци за справување со кризата, во август 2001 година се усвои ребалансот на буџетот. Буџетот на Министерството за одбрана се утврди на висина од 15,509 милиони денари или 20,5 отсто од ребалансираниот буџет за 2001 година, односно 6,78 од БДП. Бидејќи се работеше за итни набавки, цената на новонабавените системи за вооружување не беше мала. Вистински сојузници на Македонија во тоа време се покажаа Хрватска и Украина. По воено-политичката криза од 2001 година, македонската страна сфати дека во дотогашните предлози во Годишната национална програма за членство во НАТО за 2001/2002 година имаше доста погрешни претпоставки, па поради тоа во Анексот 3 од ГНПЧ (сегашната структура на АРМ) и Анексот 4 (сегашната структура на МО) треба да бидат предмет на ревизија. По овие настани се отвори простор за поинакво гледање на системот за одбрана во Македонија.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=11211291412&id=13&prilog=0&setIzdanie=22735
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




Kако ја замислувате АРМ во иднина - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Kако ја замислувате АРМ во иднина   Kако ја замислувате АРМ во иднина - Page 2 Empty21/11/2012, 17:36

Frogfoot напиша:
Од 2007 година досега 2.963 граѓани се пријавиле доброволно да служат во АРМ. Засега нашата армија има доволен број доброволци за да може во иднина да се пополни недостигот од професионални војници, но ваквата слика може да се промени, сметаат стручњаците, и во иднина да немаме кадар за професионална војска

Ако не се зголеми бројот на доброволците што се пријавуваат да служат воен рок, или ако не се променат условите за ангажирање професионални војници, Армијата на Република Македонија во иднина би можела да остане без доволно војска.
Минатата недела 281 војник-доброволец, од кои 20 беа жени, дадоа заклетва во велешката касарна дека доброволно ќе отслужат точно 63 работни дена од воениот рок во АРМ. Од Министерството за одбрана објаснија дека во седумнаесетте ротации, колку што ги имало од 2007 година досега, кога е укинат регрутниот систем, вкупно 2.963 граѓани се пријавиле за доброволно отслужување на воената обврска.

Еден од условите да станеш професионален војник е да имаш завршена воена обврска во АРМ. Досега сите професионални војници беа ангажирани од војниците што отслужија воен рок според регрутниот систем, но како што одминува времето бројот на отслужените регрути ќе се намалува поради староста, па АРМ во иднина ќе мора да ги црпи кадрите исклучиво од редовите на доброволците.

Засега нашата армија има доволно регрути, кои се пријавуваат доброволно да отслужат воен рок, за да може во иднина да го пополни недостигот од професионални војници, кои ќе си заминуваат од работа поради старосната граница. Но ваквата слика може да негативно да се промени, сметаат стручњаците, и во иднина би можеле да се најдеме во ситуација да нема доволно кадар за професионална војска.

Да се врати задолжителната воена обврска

Пред повеќе од пет години, меѓу првите во регионот Македонија ја укина обврската за служење воен рок. Овој чекор беше оправдан со воените реформи што секоја земја-аспирант мора да ги направи за приближување кон НАТО. Во 1990-тите во просек годишно АРМ имаше по 13.000 регрути за кои се издвојуваа приближно 45 милиони евра. Откако се отфрли безбедносниот систем на регрутација, 13-те илјади регрути беа заменети со 4.700 професионални војници, 1.900 подофицери, 919 офицери и 364 цивилни лица што работат за потребите на армијата.

Пензионираниот генерал Митре Арсовски објаснува дека тој и неговите колеги, поранешни генерали на АРМ и на некогашната ЈНА, во јавноста неколкупати го кажале своето мислење на оваа тема.

- Ако се врати, задолжителната воена обврска би била полезна и за државата и за младината - смета генералот.

Регрутите би научиле подобро да ракуваат со оружје во споредба со овие 63 дена, колку што им трае обуката, со што би се одржал рентабилен бројот на воени резервисти, а младите би развиле осет за дружење, ред, дисциплина и за морал.

- Учеството на младите во одбраната е лекција за патриотизам, за разлика од сега, каде што во најголем дел доброволците се пријавуваат од економски причини за да можат потоа да се вработат во АРМ - смета воениот експерт.

Тој е дециден дека поради тие причини треба да се иницира повторно враќање на регрутирањето во АРМ.
Генералот го дели ставот дека, наместо големите бројки регрути што годишно пристигале во минатото во АРМ, сега треба да се регрутираат само 30 проценти од тогашниот годишен просек.

- Овие луѓе што би се регрутирале на годишно ниво или на некој пократок временски период би ги одмениле професионалните војници во вршењето на помалку битните работни обврски - објаснува поранешниот прв човек на Генералштабот на АРМ.

Експертот го истакнува фактот дека иако сите тежнееме да влеземе во НАТО и во ЕУ, сепак цело време не треба да се игра на таа карта, туку треба да се размислува и на втора варијанта за безбедносна заштита на државата или на план Б.

Доброволците се пријавуваат поради лошата економија

- Што ако не влеземе во НАТО? Како ќе ја одбраниме државата со 5-6 илјади војници и без никаква резерва? Целата ситуација ќе нѐ доведе на многу лизгав терен, во кој ако се загрози Македонија, ќе немаме бројна армија да си ја одбраниме - резимира генералот.

Воениот аналитичар Благоја Марковски е дециден дека ваквото темпо на регрутирање на доброволците во војската е сосема доволно да се затворат неопходните потреби на АРМ.

- Македонија пред неколку години се одлучи за професионални војници, а со тоа целосно се отфрли регрутниот систем - вели аналитичарот.

Тој објаснува дека ваквите, условно кажано, мали бројки по 200 доброволци во класа се сосема на место бидејќи и онака еден професионален договор на војник трае од девет до 15 години.

- Мислам дека бројката на оние што сакаат да се вработат во АРМ е сосема иста со оние што си заминуваат оттаму, поради старосната граница, и тука никогаш нема да се создаде несакана празнина - објаснува тој.

Според неговото мислење, дури и ваквата бројка од приближно 200 доброволци во класа е добра и е благодарение на лошата економска ситуација во државата и слабата можност да се најде цивилна работа.
- Замислете да се подобри економијата и да се отворат повеќе работни места во цивилниот сектор, тогаш јас ви велам дека никој од младите не би сакал да работи толку ризична професија каква што е професионалниот војник. Сигурен сум дека дури тогаш ќе имаме проблеми, а оваа скромна бројка дополнително ќе се намали. Е сега, треба да размислуваме однапред и плански за во иднина да избегнеме можна ситуација и да не се најдеме во несакан ќор-сокак и да најдеме дополнителни начини што би ги мотивирале младите доброволно да се пријават за служење во АРМ - заклучува Марковски.


Во Европа задолжително служење воен рок има само во 11 земји, и тоа во Ерменија, Австрија, Белорусија, Кипар, Данска, Финска, Грција, Норвешка, Русија, Швајцарија и во Турција.

На Балканот сите држави преминаа на моделот на професионална армија, а прва тоа го направи Словенија во 2003 година. По голема дебата во 2004 година тоа го направи и Унгарија, а потоа и БиХ, Романија, Македонија и Црна Гора во 2006 година. Воената обврска Бугарија ја укина во 2007 година, додека Хрватска една година подоцна. Албанија изврши професионализација на војската во 2008 година, а последна беше Србија во 2010-та.


Доброволци за отслужување воен рок

Година Број на доброволци
2007 199
2008 509
2009 471
2010 412
2011 418
2012 726

Вкупно: 2.936

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=112112845497&id=9&prilog=0&setIzdanie=22735


Како ќе се пријават доброволци кога од таа војска можеш да дочекаш само разочарување. Не сум бил да видам како е, ама секој што го познавам што бил 3 месеци во Велес ми го кажува истото како и другите. Почнувајќи од најосновните работи како што се немање униформи и останата опрема, исхраната е лоша, се штеди на муниција за вежбање, па од вработување со врски каде што тој што го вработиле не е за таа единица, и после ќе ти се прави специјалец, а појма нема од ништо ти доаѓа да му ја учукаш една, а некој што душа дава да влезе да го работи тоа го одбегнуваат и го понижуваат, па се од 2002 до ден денес исчезнување на патриотизмот и моралот кај Македонецот. И ај баш сакам да видам како тие генерали ќе го кренат моралот и патриотизмот кај Македонецот кога секој ден гледаме на Рамковните како им се попушта се на штета на Македонците и другите народи што живеат тука. Јас имав желба до пред некое време да одам 3 месеци во Велес, па после да конкурирам за во војска, ама кога видов како стојат работите и кого највеќе форсираат пред способниот и професионалниот, (се мисли за тие со врски и рамковните) ми се одмилува само кога ќе помислам на војска. Како прво во мене се изгуби патриотизмот и моралот кој го имав до пред неколку години, па така да не може ништо повеќе да го заживее се додека е ваква ситуацијата. Истото е и со полицијата.
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Kако ја замислувате АРМ во иднина - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Kако ја замислувате АРМ во иднина   Kако ја замислувате АРМ во иднина - Page 2 Empty28/11/2012, 19:41

Последниот дел...

Формирањето на АРМ и сегашната состојба (4)

За да може армијата оперативно да функционира потребно е во наредниот период да се довршат и усовршат комплетниот воен комуникациски систем и неговото поврзување со цивилниот комуникациски систем, односно со државните органи на Република Македонија


Клучен документ за натамошниот развој на АРМ беше донесувањето на Стратегискиот одбранбен документ (СОП) во 2004 година. Со овој документ требаше да се предвиди натамошната трансформација на АРМ и да се работи според критериумите на НАТО. Задачите дадени во СОП се однесуваат за периодот од 2005 до 2012 година. Во тој период беше спроведена радикална трансформација на АРМ. По 2005 година АРМ целосно се трансформира во професионална војска со помал воен персонал и структура. Задачите предвидени со СОП беа обемни, бараа голем број активности и значајни финансиски средства. На самитот на НАТО во Букурешт, кога бевме убедени дека ќе го оствариме правото за членство во Алијансата, заедно со сесрдна поддршка од САД, намерата не ни беше остварена.

Македонија и нејзиното политичко раководство беа подготвени на цела низа политички отстапки за да се оствари геостратегискиот интерес на нашата земја за членство во НАТО, вклучувајќи го и ставот да бидеме примени под името БЈРМ. Меѓутоа, тоа не доведе до одлука за наш прием во НАТО поради познатиот став дека одлуките во Алијансата се донесуваат со целосна согласност на сите земји-членки на НАТО. Грчкиот став беше дека таква одлука за прием не може да се донесе. Сите истражувања на јавното мнение покажаа дека околу 90 отсто од македонските државјани се за членство во НАТО. По самитот во Букурешт значително падна поддршката од јавното мислење за членство во оваа организација. Покрај трансформацијата на АРМ во организациско-формациска смисла и професионализацијата на армијата, за опремување со нови борбени системи беа предвидени околу 160 милиони евра. При спроведувањето на СОП беа исполнети речиси сите предвидени задачи, но поради недостиг од финансиски средства неколку клучни задачи не беа завршени. Оваа алијанса во својот скрининг на македонскиот одбранбен систем ни дозволи одредени отстапувања. Најзначајна задача од областа на Партнерските цели беше Придонесот со борбени единици (ПЦ Л 00351). Беше потребно до крајот на 2009 година АРМ да се опреми со еден моторизиран пешадиски баталјон, а до крајот на 2013 година треба дополнително да се зголеми до ниво на група на моторизирани пешадиски баталјони. Наведените единици беа битни за НАТО поради потребите во извршувањето на мировните мисии. НАТО прифати, наместо нови модерни оклопни транспортери, баталјоните да се пополнат со транспортерите хермелин, кои беа добиени како донација од СР Германија.
Задачата за опремување треба да се изврши во периодот од 2012 до 2020 година. АРМ денес располага со осум вида транспортери. Во документот Состојба на оклопните транспортери од декември 2006 година е определена динамиката за тоа кои транспортери остануваат долгорочно во АРМ, а кои се вишок сѐ до набавката на новите оклопни транспортери. Наведовме само еден пример од поголемиот број задачи што АРМ треба да ги реализира во идниот период за подигнување на својата борбена способност. Во периодот од 2008 година до денес беа донесени клучни стратегиски документи и тоа: Стратегија за национална безбедност од 2008 година, Стратегија за одбрана од 2010 година и Долгорочен план за развој на одбраната од 2011 до 20202 година. Најважна задача битна за суверенитетот на Македонија е воено-радарската контрола и набљудување на воздушниот простор. Со цел оваа задача успешно да се реализира, со помош и сугестија од НАТО, се пристапи кон организирање регионален центар за набљудување. Оваа задача треба да се заврши до 2015 година. Суштината е да се воспостави адекватен систем за воздушно набљудување и јавување и тој систем да се поврзе со соодветни капацитети на НАТО преку Програмата за размена на податоците за состојбата во националниот воздушен простор. За да може армијата оперативно да функционира потребно е во наредниот период да се довршат и усовршат комплетниот воен комуникациски систем и неговото поврзување со цивилниот комуникациски систем, односно со државните органи на Република Македонија. Исто така, потребно е АРМ да се доопреми со противвоздушни системи, таканаречени со краток и среден дострел. Системите на средниот дострел, покрај оружјето, треба да имаат во својот состав посебни посматрачки и нишански радари.

Постојното артилериско вооружување не ги задоволува критериумите на НАТО со постојниот дострел.
Потребно е да се набави вооружување со дострел до дваесет километри, па и повеќе. Секторот за воено разузнавање е битен елемент на вкупниот систем за одбрана и претставува клучен елемент за успехот на борбените единици. Барањето за негово етаблирање како важен елемент е задача што треба да се реализира како и другите. Создавање на активна резервна сила од 1.800 војници (најмалку со два баталјони) е задача што требаше да биде реализирана уште во СОП, но се планира таа да се реализира во наредниот период. Реализацијата на оваа задача е многу сложена поради недостигот од обучени војници и потребата од големи финансиски средства, за обучување и надоместоци за војниците од резервниот состав.

За период од наредните осум години горенаведените задачи многу тешко ќе бидат реализирани поради нискиот буџет со кој Министерството за одбрана располага. Од 2005 година до 2012 година буџетот за одбрана беше 2,27 отсто и падна на 1,20 отсто во 2012 година од бруто-националниот доход. Проекцијата за периодот од 2012 до 2020 година покажува дека се предвидува буџетот за одбрана да се зголеми на 2,10 отсто во 2020 година. За реализација на горенаведените задачи за модернизација на АРМ со вака проектиран буџет не може да се гарантира дека задачите за модернизација на АРМ ќе бидат реализирани. Излезот од ваквата ситуација може да се согледа само во форма на некоја донација од другите земји, особено од земјите што се членки на НАТО.

(крај)

Авторот е воено-политички аналитичар

Автор: Петар Шкрбина
Вратете се на почетокот Go down
РИС




Број на мислења : 2383

Kако ја замислувате АРМ во иднина - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Kако ја замислувате АРМ во иднина   Kако ја замислувате АРМ во иднина - Page 2 Empty11/8/2013, 12:42

Постојано сме во исчекување ,некој да го заврти замаецот и работите во АРМ да тргнат на подобро .Очигледно е дека на Македонија и е потребена земја стратешки партнер окилу набавката и модернизацијата на оружјето.Некој ги преферираат САД некои Русија а некои и Турција .Турција е најблизу и би одговарала да не е опасноста од исламот која таа во последно време агресивно го шири.
Дали лани Македонија ја пропушти шансата да си обезбеди земја стратешки партнер во лицето на Полска и полека но сигурно да почне да ја гради иднината на стабилна и квалитетна армија.
http://sitel.com.mk/mozhnost-za-modernizacija-na-arm-so-koristenje-na-polskoto-iskustvo-i-tehnologii
Патем дали е одржана заедничка воена вежба лани во јуни во Полска?
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Kако ја замислувате АРМ во иднина - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Kако ја замислувате АРМ во иднина   Kако ја замислувате АРМ во иднина - Page 2 Empty11/8/2013, 17:36

Не изгледа се изјалови работата а цената која ја побара за Росомак беше како да продаваат Лопард 2.
“ 3 „милиони евра за парче .
Вратете се на почетокот Go down
Legija91

Legija91


Број на мислења : 1330

Kако ја замислувате АРМ во иднина - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Kако ја замислувате АРМ во иднина   Kако ја замислувате АРМ во иднина - Page 2 Empty12/8/2013, 02:51

И дали ништо не бидна и од росомаците ? Shocked 

______________________
If you're going throw hell, keep going.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Kако ја замислувате АРМ во иднина - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Kако ја замислувате АРМ во иднина   Kако ја замислувате АРМ во иднина - Page 2 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Kако ја замислувате АРМ во иднина
Вратете се на почетокот 
Страна 2 of 18Отиди на страна : Previous  1, 2, 3 ... 10 ... 18  Next
 Similar topics
-
» Војник на иднината - како го замислувате?

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: