Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Global positioning system ( GPS )

Go down 
2 posters
АвторПорака
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Global positioning system ( GPS ) Empty
ПишувањеПредмет: Global positioning system ( GPS )   Global positioning system ( GPS ) Empty16/10/2012, 23:37

Во оваа тема да споделиме некој знаења во врска со системот кој го промени во целост начинот на планирање и организирање на воените задачи, а се разбира има големо влијание и во цивилството.

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Global positioning system ( GPS ) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Global positioning system ( GPS )   Global positioning system ( GPS ) Empty17/10/2012, 00:24

Можеби повеќето од вас го прочитале но еве за оние кои не се овде ќе споделам само дел од текстот во Октомврискиот број на списанието „ Штит“ кој се однесува на оваа тема. Кога ќе излезе во електронска верзија ќе го постираме целиот.

Што треба да се знае за ГПС

ГПС е кратенка од „Global Positioning System“ - Систем за глобално позиционирање. Наменет е за точно одредување на положбата на некоја точка ( или положбата во однос на некоја точка ) на Земјината топка. Основа на системот е мрежа од ГПС сателити чиј сопственик е Министерството за одбрана на САД. Службеното име на системот е „NAVSTAR“и бил наменет за воени цели, но во 1973 година е ставен на располагање и за цивилните потреби. Развој на системот започнал во 1973 г., првиот сателит бил лансиран во 1978 г., а сегашниот број од 24 активни сателити е достигнат во 1994 г. Системот е прогласен за целосно оперативен во 1995 г.

Просечниот век на трањене на еден сателит е десетина години, а се одржуваат и заменуваат со средства од буџетот на Министерството за одбрана на САД. Покрај 24 сателити кои се сметаат за основни за ГПС - системот, во поново време се поставени и дополнителни сателити кои служат за зголемување на прецизноста. Освен вселенскиот сегмент, системот го сочинуваат и контролен сегмент ( мрежа на земни контролни станици со главен центар во Колорадо Спрингс, Калифорнија ) и кориснички сегмент - ГПС - приемници на корисниците низ целиот свет.

ГПС - сателитите прават еден круг околу Земјата за 12 часа, орбитирајќи на височина од 20.200 км и движејќи се со брзина од околу 11.200 км на час. Користат соларна енергија, а имаат и батерии кои им овозможуваат работа во периодите кога се на темната страна на Земјата.

Корекции на орбитите се вршат со помош на мали ракетни мотори. Тежината на еден сателит е околу 900 кг, а со раширени соларни панели дијаметарот му изнесува околу пет метри. Силата на предавателот е околу 50 вати. Сателитите емитираат радиосигнали со ознаки L1 и L2. Цивилниот ГПС - систем користи фрекфенција L1 - 1575.42 мегахерци од УХФ опсегот. Сигналот може да помине низ облаци, стакло или пластика, ама не и низ згради и поголемиот број на цврсти објекти. Сите ГПС - сателити имаат часовници наместени на исто време, а за прецизноста се грижат по два атмоски часовници во секој од нив. Секој од сателитите емитира сигнали во кои се сместени три основни вида на информации: псеудорандом код, ефемерис податоци и таканаречен алманах.

Псеудорандом - кодот е „името и презимето“, односно ознаката на сателитот кој праќа сигнал и може да се прочита на ГПС - приемникот. Ефемерис - податоците ги содржат информациите за статусот на сателитот ( „healthy“ или „unhealthy“, односно дали може да се користи во даден момент или не ), датум и многу прецизно време на испраќање на сигналот. Оваа содржина е суштинска за одредување на положбата. Алманах е збир на податоци кои му кажуваат на ГПС - приемникот каде на небото треба да биде секој од сателитите во текот на 24 часа. Го емитираат сите сателити, па ГПС - приемникот добива информации за сите орбити во системот ако „гледа“ барем еден од сателитите.

Кога ГПС - приемник ќе добие сигнал, тој ја споредува разликата помеѓу моментот на праќање и моменталното време. Врз основа на оваа разлика, која претставува време на патувањето на сигналот од сателитот до приемникот, се одредува оддалеченоста од сателитот. Со обработка на сигналот од најмалку три сателити со метод на триангулација можно е прецизно да се утврди положбата на приемникот на Земјината топка.

Три сателити се доволни за одредување на 2Д координати, односно на географската широчина и должина. За одредување на третата димензија - надморската височина, потребни се сигнали од најмалку четири сателити. Кога овие податоци ќе се комбинираат со времето, може да се пресмета брзината на движењето, поминат пат, брзина на качување или симнување, време потребно да се стигне до целта итн. ГПС - приемникот тоа и го работи: непрекинато вредно прима сигнали, споредува, пресметува... и ги праќа резултатите на вашата дланка.

Извадок од текстот „ГПС нова технологија во служба на војникот“ во рубиката Шаржер и софтвер во Октомвриското издание на списанието „Штит“ под реден број 38. Текстот е на Александар Сојчевски.

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6110

Global positioning system ( GPS ) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Global positioning system ( GPS )   Global positioning system ( GPS ) Empty17/10/2012, 13:37

Мислам дека имам еден материјал, во ПП презентација, ќе го побарам и ќе го ставам на нет да го видете...
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Global positioning system ( GPS ) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Global positioning system ( GPS )   Global positioning system ( GPS ) Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Global positioning system ( GPS )
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Кантина :: Наука и литература-
Отиди до: