Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Превозни средства во службите за безбедност

Go down 
+5
Legija91
Зоран
Генерал
Alvar
SIG
9 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9  Next
АвторПорака
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Превозни средства во службите за безбедност - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Превозни средства во службите за безбедност   Превозни средства во службите за безбедност - Page 2 EmptyЧет 03 Јан 2013, 15:36

Генерал напиша:
Alvar напиша:
Вчера ги видов на некои од вестиве.
Имаат нови радио уреди внатре. Поинакви од тие до сега што ги користеа.

Тетра систем

Генерале Алвар е експерт за сиситемите , он вели нешто по ново!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10947

Превозни средства во службите за безбедност - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Превозни средства во службите за безбедност   Превозни средства во службите за безбедност - Page 2 EmptyПет 04 Јан 2013, 22:26

Smile

До сега користеа Sepura SRG3500... додека за новиве ќе треба да ги видам одблизу.
http://www.sepura.com/products/mobile/srg3500.aspx

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Превозни средства во службите за безбедност - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Превозни средства во службите за безбедност   Превозни средства во службите за безбедност - Page 2 EmptyСаб 19 Јан 2013, 18:05

Возилата „шкода јети“ со карактеристични ознаки ги минуваат првите километри, откако официјално беа промовирани како нов заштитен знак на македонската полиција.

Пред речиси пет години „Нова Македонија“ подготвуваше репортажа со сообраќајната полиција и имавме можност да се провозиме со еден од сега пензионираните „крајслери“. Полициските службеници што ни беа соговорници тогаш ,во обид да ни ги презентираат перформансите на автомобилот, во еден момент прокоментираа: „Е, да имавте шанса да видите како одеа кога беа нови“.

БЕЗБЕДНОСНИ НОВИТЕТИ

Не сакавме да ја испуштиме таа шанса сега, кога нивниот наследник „шкода јети“ е нов, иако за тоа како се покажува како полициско возило можеби сѐ уште е рано да се зборува.

Овој пат наши домаќини се Борче Грујоски, главен инспектор и раководител на отсекот за превенција во патниот сообраќај, и неговиот колега, инспекторот Боби Ѓорѓиев.

За разлика од колегите што ја подготвуваат популарната емисија за автомобилизам „Топ гиар“, немавме подготвено сценарио - тетовирање на задната клупа на „шкода јети“ во услови на офроуд-возење, за да се демонстрираат амортизацијата и стабилноста или, пак, слетување хеликоптер на покривот од возилото.
Нашиот терен беа скопските улици и булевари и асфалтот на блиските автопатишта.

Без многу формалности и задржување во полициската станица во населбата Пролет, каде што е седиштето на сообраќајната полиција, влеговме во „јетито“, кое нѐ чекаше на паркингот.

Речиси само што симнато од фабричка лента, во возилото се чувствуваше мирисот на пластиката, а од аглите ѕиркаа мали парчиња од најлонската фолија со која била покриена внатрешноста. Она што нѐ интересираше е опремата по која полициските „шкода јети“ се разликуваат од обичните возила на производителот.

Уредот за манипулација со светлосната и звучната сигнализација е поставен над ретровизорот за возачот, различно од „крајслерите“, каде што тој беше во едно лежиштата на командната табла. Тој е вграден од производителот, уште една разлика со претходникот, во кој тие биле дополнително вградувани. На ветробранското стакло е поставен уште еден ретровизор за полицискиот службеник, на совозачкото седиште дел од опремата, како што ни објаснија нашите соговорници, што била наведена во тендерската документација.

Новина во овој автомобил е системот за комуникација - радиостаницата.

- Станува збор за „тетра-систем“, кој е дигитален, кодиран и е од последната генерација вакви уреди, кои нудат поголема заштита и безбедност, што значи многу тешко се пробива фреквенцијата и не може да биде прислушувана. Уредот има и систем за позиционирање, односно џи-пи-ес, па така кога целосно ќе почне да функционира, во центарот за командување што пред извесно време беше промовиран, во секој момент ќе се гледа кое возило каде е. Тоа е многу важно, во даден момент при интервенција колегите што се најблиску да бидат насочени на местото на настанот - објаснува инспекторот Грујоски.

Од возачки аспект, позицијата на возачот и совозачот е висока и има добра прегледност на патот, што е корисно. Бидејќи станува збор за возило што спаѓа во категоријата „СУВ“, јетито е со високо подвозје, робусно, што е погодно не само за офроуд-возење туку и за маневрирање во урбаните средини, ако се земе предвид дека имаме релативно високи тротоари, а при интервенција треба да се влезе секаде.
Грујоски за овие карактеристики на шега вели: „Сега за сега ги чуваме и не ги качуваме на тротоари. Од друга страна, има доволно простор и имаат голем багажник, што е многу важно, бидејќи со себе носиме опрема што мора да ја собере. И ’крајслерите’ имаа добар и голем багажник, но беа подолги. Овие се пократки и движењето со нив низ градските улици е поедноставно, особено кога има метежи“.

ОДЛИЧНИ ПЕРФОРМАНСИ

По неколку круга низ скопските улици и булевари, излеговме на обиколницата, а потоа и на автопатот Скопје - Куманово, за да ја провериме брзината. Навремената интервенција е битен сегмент од полициската работа. Обично за дизелите е познато дека побавно стартуваат и забрзуваат. Но сто и седумдесетте коњски сили на турбодизелот реагираат брзо при газењето на педалот за гас. За миг телата ни се залепија за потпирачот на задната клупа, додека со вклучени сирени и ротациски светла двајцата инспектори ни демонстрираа чистење на коловозната лента на автопатот. Стрелката на брзинометарот покажуваше 200 километри на час, а она што ни остави впечаток беше стабилноста на возилото при таква брзина. Нема тресење, занесување настрана, можеби мала бучност, од гасењето на тркалата на асфалтот.
На звукот на сирената и вклучените ротациски светла, другите возила правеа пат, единствено едно не беше сигурно што да прави во моментот, па малку нѐ забави.

- Ова се случува, особено кога се во прашање тазе возачи. На тестови точно знаат што треба да направат во таква ситуација, но кога ќе се најдат во реална ситуација ги фаќа паника - кажуваат инспекторите.
Полициската „шкода јети“ е со погон на сите четири тркала и има шестстепен менувач. Потрошувачката е околу седум литри дизел во градско возење и околу пет литри на автопатот. Комбинирано околу шест литри, за разлика од 17 литри бензин, колку што голташе моторот на нивниот претходник. Шестата брзина придонесува на економичноста, вели Грујоски, бидејќи тогаш целосно се искористува силата на моторот и практично не троши гориво.

„КРАЈСЛЕРИТЕ“ ОСТАНУВААТ ЗА СПОМЕН

Сепак полициските службеници не криеја дека се задоволни од службата на „крајслерите„, кои во поголем дел ќе бидат отуѓени, а оние што се во добра состојба ќе се тркалаат уште под ознаките на полицијата.
Велат дека за овие 12 години, колку што ефективно се користат, поминале многу, и тоа во услови за кои и не се баш скроени да ги поминуваат.

- „Крајслерот“ е како тенк. Моќно и силно возило. Откако беа набавени, во 1999 година, досега поминаа многу. За време на конфликтот во 2001 година во нив се превезуваме по пет лица, со дупла опрема. Немаше никакви проблеми. Последните години, поради дефекти, додека едни возила беа на поправка, буквално тие што беа во возна состојба не ги ни исклучувавме. Едната смена завршуваше со работа и во нив веднаш влегуваа колегите од другата смена - раскажува Грујоски.

За новите „шкода јети“ има време да се покажат.

Од европските полиции, покрај македонската, овие возила се дел од возниот парк на прашката и на лондонската полиција.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=11913840357&id=12&prilog=0&setIzdanie=22783
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Превозни средства во службите за безбедност - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Превозни средства во службите за безбедност   Превозни средства во службите за безбедност - Page 2 EmptyПет 01 Фед 2013, 13:25

Превозни средства во службите за безбедност - Page 2 Brza-policija-
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10947

Превозни средства во службите за безбедност - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Превозни средства во службите за безбедност   Превозни средства во службите за безбедност - Page 2 EmptyПет 01 Фед 2013, 15:38

Аман, уште ли ги тркалаат кршовиве?

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10947

Превозни средства во службите за безбедност - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Превозни средства во службите за безбедност   Превозни средства во службите за безбедност - Page 2 EmptyПон 25 Мар 2013, 22:47

Блиндираните возила ги следат методите на атентаторите

На осмислувањето и креацијата на заштитата на блиндираните возила работат цели инженерски тимови, специјализирани за оваа работа, во само неколку светски компании

Заштитата на светските лидери е сериозна работа, а блиндираните возила со кои се превезуваат дома или при посета на некоја странска земја денес се нејзин суштински дел. За да се постигне оптимална безбедност на овие возила им е потребно многу повеќе од неколку воздушни перничиња и прецизен систем на управување.

Блиндираните автомобили на лидерите на земјите што ја креираат светската политика, според нивоата на заштита што ги имаат, буквално може да го добијат епитетот „тврдини на тркала“. Очекувано, врв меѓу нив е „кадилакот“ на американскиот претседател, кој, како и сѐ друго со кое патува лидерот на оваа земја, ја има придавката „еден“, а момците од тајната служба милуваат да го викаат „ѕвер“.

Минатата недела овој автомобил повторно се најде во фокусот на светската јавност, поради мала баналност, кога не сакаше да тргне од аеродромот во Тел Авив, за време на посетата на Барак Обама на Израел, оти возачот го помешал горивото, па наместо дизел, ставил бензин, барем така беше официјалното соопштение. Пред една седмица, во пресрет на устоличувањето на новиот папа, „Мерцедес бенц“ го изненади поглаварот на Католичката црква со нов „папамобил“, кој сам по себе е уникат не само во безбедносен туку и во дизајнерски поглед.

И лидерите на помалите земји можат да се пофалат дека се возат во блиндирани автомобили, кои нудат највисоко ниво на заштита, а некои и на своја кожа ја искусиле потребата од нив.

НИВОА НА БЕЗБЕДНОСТ

Нашата држава минатата година реши посериозно да поработи на оваа мерка, кога Министерството за внатрешни работи набави нов блиндиран „мерцедес“ од луксузната класа „С“. Според некои податоци, последната набавка на блиндирано возило била направена пред 12 година. Нема официјална информација колку точно службени „блинди“ има во државата, но од МВР не кријат дека, покрај новиот „мерцедес“, имаат уште две, од кои едната е амортизирана и не е во возна состојба.

Тајна е каква заштита има новата „блинда“.

- Станува збор за автомобил со највисокото ниво на безбедност - велат од МВР.

А според стандардната класификација има четири нивоа. Од најниското Б4 до највисокото Б7 или, уште познато, како „претседателско ниво“. Од безбедносните нивоа зависи и цената на возилото.

Блиндираните „мерцедес с 600“, какво што е она што го набави полицијата, за сума од речиси 600.000 евра, го имаат ова ниво на безбедност. Од друга страна, експерти сметаа дека државава не води доволно сметка за оваа проблематика и во иднина ќе мора посериозно да обрати внимание, кога станува збор за „мобилната“ безбедност на своите лидери.

- Генерално, во нашата држава, малку внимание ѝ се посветува на оваа форма на заштита, односно кога станува збор за блиндираните возила. Ние како првин да чекаме да се случи нешто, а потоа да мислиме што да преземаме, поточно што требало да преземе. На оваа проблематика треба навреме да се мисли, особено бидејќи очекувањата се дека заканите од организирани криминални групи во иднина ќе имаат поголем замав - вели професорот по оперативна техника и тактика на универзитетот ФОН, Владимир Пивоваров.

На осмислувањето и креацијата на заштитата на блиндираните возила работат цели инженерски тимови, специјализирани за ова работа, во само неколку светски компании. Иако постојат нивоа на заштита, сепак, според Пивоваров, тие постојано се менуваат.

- Стандардите, кога станува збор за блиндираните возила и за нивоата на заштита, се минлива категорија. Тие се менуваат и се усовршуваат како што се менуваат методите на работа на атентаторите. Едни умови работат на заштитата, други да ја најдат слабата точка и таму да дејствуваат - вели Пивоваров.

ВОЗИЛА СО ОКЛОПИ

Професорот Владимир Пивоваров вели дека тие што подготвуваат напад секогаш се професионалци и долго време го планираат нападот. Доколку планираат да го нападнат автомобилот на личноста што им е цел, се обидуваат да ја најдат најслабата точка, а за тоа понекогаш користат и доверливи информации.
Тоа го потврдува и случајот од 1993 година, кога беше убиен легендарниот италијански борец против мафијата, судијата Џовани Фалконе, чие возило беше кренато во воздух од бомба поставена на површината на автопат. По ова, инженерите се фатиле за работа, да се оневозможат последиците од мина или бомба на подвозјето од автомобилот, од кои постои и најголем страв.

Според денешните стандарди, повеќето блиндирани возила мора да имаат оклоп на вратите, поради што овие возила се многу тешки, потоа системи за ноќно гледање, каросеријата на автомобилот да е обвиткана со оклопни плочи со дебелина од 13 сантиметри. Автомобилот мора да издржи напад од „калашников“, чие зрно има голема разорна моќ, и резервоарот да е дизајниран да може да издржи топлина и да спречи експлозија колку што е можно подолго време. Еден од апсолутните стандарди што ги препорачуваат сите фирми се тркалата „ран-флет“, односно бандажите на возилото мора да бидат доволно цврсти, во случај гумите да бидат пробиени од куршуми, тоа да може да продолжи да се движи без проблем.

Најважна е секако патничката кабина, ако таа потфрли, големи се шансите атентаторите да си ја завршат работата.

Кога станува збор за блиндираните возила, не штедат ниту државите од Балканот. Пред три години Србија набави „мерцедес“ од С-класа, додека нејзиниот сосед Хрватска претендира на блиндирани модели на „бмв“, кои барем надворешно се од сериите „5“ и луксузната „7“, но со високо ниво на заштита.

„Блиндите“ спасуваат животи

Дека покрај телохранителот, за да се спаси жива глава е важно и возилото покажува и случајот со бившиот грузиски претседател Едуард Шеварднаѕе. Во 1998 година најмалку 10 тешко вооружени лица го нападнаа неговиот моторизиран конвој и отворија оган кон неговото возило од лесно оружје, автоматски пушки и ракетен фрлач - „РПГ“.Три лица загинаа, но не и претседателот, кого го спаси оклопот на возилото, инаку подарок од пријателските западни влади.
Германската влада веднаш потоа му испрати ново возило. Првото блиндирано возило направено за политичар се верува дека е лимузината на инженерската фирма „О`Гара - Хес и Ајзенхард“, за претседателот Хари Труман во 1949 година.
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=32513104207&id=12&prilog=0&setIzdanie=22838

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Legija91

Legija91


Број на мислења : 1330

Превозни средства во службите за безбедност - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Превозни средства во службите за безбедност   Превозни средства во службите за безбедност - Page 2 EmptyЧет 02 Мај 2013, 16:33

Frogfoot напиша:
Превозни средства во службите за безбедност - Page 2 Brza-policija-

Ги тркалаат, кај нас имаат исто вакво само не е патничко, за приведување, е , доста интересно е преку зиме, кога мора да ги туркаат да запалат...

______________________
If you're going throw hell, keep going.
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Превозни средства во службите за безбедност - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Превозни средства во службите за безбедност   Превозни средства во службите за безбедност - Page 2 EmptyПет 16 Aвг 2013, 12:05

[img]Превозни средства во службите за безбедност - Page 2 Hammer43F043E043B043804460438045804300[/img]

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

Превозни средства во службите за безбедност - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Превозни средства во службите за безбедност   Превозни средства во службите за безбедност - Page 2 EmptyСре 27 Ное 2013, 23:08

Генерал напиша:
Превозни средства во службите за безбедност - Page 2 <a href=Превозни средства во службите за безбедност - Page 2 Hammer43F043E043B043804460438045804300" />
алфи така? 2 имаат или не?
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Превозни средства во службите за безбедност - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Превозни средства во службите за безбедност   Превозни средства во службите за безбедност - Page 2 EmptyЧет 28 Ное 2013, 12:09

JKD напиша:
Генерал напиша:
Превозни средства во службите за безбедност - Page 2 <a href=Превозни средства во службите за безбедност - Page 2 Hammer43F043E043B043804460438045804300" />
алфи така? 2 имаат или не?
Имаат и тоа цивилен?? Хамер 2

Логиката на АЛФА да е неупадлива и сегде присутна како што им стои во натписот МОБИЛНА.
Ова возило на времето го имаше единицата ТИГАР.Еве како изгледа возилото на АЛФИТЕ.Превозни средства во службите за безбедност - Page 2 522946_532791503401017_1095905617_n
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Превозни средства во службите за безбедност - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Превозни средства во службите за безбедност   Превозни средства во службите за безбедност - Page 2 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Превозни средства во службите за безбедност
Вратете се на почетокот 
Страна 2 of 9Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9  Next
 Similar topics
-
» ПВО средства на АРМ
» Средства за сузбивање на демонстрации
» Средства за противоклопна борба
» Минско експлозивни средства - МЕС
» УБК - Управа за Безбедност и Контраразузнавање

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Министерство за Внатрешни Работи - МВР-
Отиди до: