Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Закон за бранителите и нивните права

Go down 
3 posters
АвторПорака
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Закон за бранителите и нивните права Empty
ПишувањеПредмет: Закон за бранителите и нивните права   Закон за бранителите и нивните права Empty18/8/2012, 14:27

Што содржи законот за бранителите предложен од ВМРО-ДПМНЕ ?

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ до Собранието на Република Македонија, поднесува Предлог за донесување на закон за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и за членовите на нивните семејства.

Курир дознава што ќе содржи законот кој има за цел регулирање на посебните социјални права кои им се уставно загарантирани на припадниците кои учествуваа во одбраната на суверенитетот на Република Македонија.

Со Предлог Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства, се очекува остварување на посебните и социјалните права на припадниците на безбедносните сили, што ќе претставува морална и материјална сатисфакција за претрпените страдања и болки од воениот конфликт во 2001 година.

Во Предлог законот се наведува дека припадниците на безбедносните сили на Република Македонија, во смисла на истиот се: војник на отслужување на воениот рок, професионален војник, воен старешина и цивилно лице на служба во постојаниот состав на Армијата на Република Македонија, униформирано лице во Министерството за внатрешни работи, како и лице со посебни должности и овластувања вработено во Министерството за одбрана и во Министерството за внатрешни работи и воен обврзник во резервниот состав на Армијата на Република Македонија и Министерството за внатрешни работи, кои организирано учествувале во одбрана на независноста, територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија и во спречување на насилно уривање на демократските институции утврдени со Уставот на Република Македонија, сметано од 1 јануари 2000 година до 31 декември 2001 година.

За загинат припадник на безбедносните сили, според текстот на предлог законот се смета припадник на безбедносните сили кој загинал во вооружени дејствија против вооружените екстремистички паравоени групации. За починат припадник на безбедносните сили се смета: 1. Припадник на безбедносните сили кај кој настапила смрт како директна последица од рана или повреда здобиена во вооружени дејствија против вооружените екстремистички и паравоени групации; 2. Припадник на безбедносните сили кај кој настапила смрт како директна последица на појава на болест и влошување на болест заради учество во вооружените дејствија против вооружените екстремистички и паравоени групации. 3. Припадник на безбедносните сили кој извршил самоубиство како последица на психичка болест која се појавила како директна последица на учество во вооружените дејствија против екстремистичките и паравоени групации.

За воен инвалид во смисла на овој закон се смета припадник на безбедносните сили кој здобил рана, повреда или болест, при одбрана на суверенитетот на Република Македонија, при што настапило оштетување на неговиот организам најмалку за 20% и чиј организам е оштетен најмалку 20% поради болест, а болеста, влошувањето на болеста непосредно е последица во вооружените дејствија против екстремистичките и паравоени групации. За членови на семејство на припадник на безбедносните сили се сметаат: брачниот другар, децата и родителите.

Лицата кои стекнале или можеле да стекнат права по овој закон, не можат да ги остваруваат тие права ако оштетувањето на организмот ги здобиле како припадници, помагачи или соработници на вооружените екстремистички и паравоени групации, односно лица против кои се води кривична постапка или кои се правосилно осудени поради недозволено држење на оружје или распрскувачки материи или за кривични дела против државата или против човечноста и меѓународното право согласно со Кривичниот законик, како и членовите на нивните семејства кои стекнале или можеле да стекнат права по овој закон.



Според предлог законското решение на припадниците на безбедносните сили и на членовите на нивните семејства им се утврдуваат следниве посебни права: ослободување од учество со лични средства при користење на здравствени услуги; вработување; стан под закуп - станбено згрижување; еднократен паричен надоместок; права од областа на образованието; работен стаж во двојно траење; семејна пензија; најниска пензија; сместување во старечки домови; одбележување на местата каде што загинале припадниците на безбедносните сили и одликувања.

-Припадникот на безбедносните сили е ослободен од учество со лични средства при користење на здравствени услуги во примарната заштита. Членовите на семејствата на загинатите и починати припадници на безбедносните сили се ослободени од учество со лични средства при користење на здравствени услуги во примарната и специјалистичко-консултативна здравствена заштита, стои во предлог законот.

Законот предлага и Владата на Република Македонија и единиците на локалната самоуправа да се должни да обезбедат вработување без јавен оглас во државните органи, јавните претпријатија и јавните установи, на еден невработен член на семејството на загинат или починат припадник на безбедносните сили доколку ги исполнува општите законски услови и условите предвидени за вработување на соодветното работно место.

Право на станбено згрижување, пак, ќе имаат воените инвалиди од I до VII група (100% до 50%) воен инвалидитет и членовите на семејството кои живееле во заедничко домаќинство со загинат или починат припадник на безбедносните сили и кои на територијата на Република Македонија немаат во сопственост стан или куќа, ниту користат под закуп стан во сопственост на Република Македонија.

Како што дознаваме, семејството на загинат или починат припадник на безбедносните сили според предложениот закон, има право на еднократен паричен надоместок за претрпени душевни болки поради смрт на блиско лице, во висина од 50 просечни плати остварени во Република Македонија во месецот кога настапила смртта на припадникот на безбедносните сили.

Висината, пак на еднократниот паричен надомест се одредува пропорционално според утврдениот процент на воен инвалидитет и просечната плата остварена во Република Македонија во месецот кога настанал воениот инвалидитет:

За права од областа на образованието, децата на загинат или починат припадник на безбедносните сили и децата на воен инвалид од I до VII група воен инвалидитет, имаат предност при запишување во државни средни училишта, под услов да исполнат минимум бодови утврдени со Конкурсот за упис.

Припадникот на безбедносните сили, децата на загинат или починат припадник на безбедносните сили и децата на воен инвалид, имаат предност при запишување во високо образовни установи без плаќање на партиципација, под услов да исполнат минимум бодови утврдени со Конкурсот за упис.

Со законот ќе се регулира и работиот стаж со двојно траење, според кој припадниците на безбедносните сили кои биле вработени или работниот стаж им се пресметувал по друга основа, за периодот од 1 јануари 2000 година до 13 август 2001 година работниот стаж им се засметува со двојно траење.

Воедно, припадниците на безбедносните сили кои не биле вработени или не остварувале работен стаж по друга основа, времето поминато во одбрана на независноста, територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија им се смета како посебен работен стаж со двојно траење согласно прописите за одбрана.

Околу семејната пензија, брачниот другар, децата и родителите на загинат или починат припадник на безбедносните сили од членот 2 на овој закон, членовите на семејството според членот 7 на овој закон, кога не се исполнети општите услови за право на семејна пензија, стекнуваат право на семејна пензија според овој закон, доколку ги исполнуваат посебните услови утврдени со прописите за пензиското и инвалидското осигурување.

Членовите на семејството на припадник на безбедносните сили кој загинал или починал пред денот на влегувањето во сила на овој закон, правото од член 12 на овој закон можат да го остварат во рок од две години од денот на влегувањето во сила на овој закон.

Посебните права утврдени со овој закон се однесуваат и на припадниците на безбедносните сили од Министерството за одбрана кои ги загубиле животите во војните во поранешна СФРЈ, на воените инвалиди и на членовите на нивните семејства.

Посебните права утврдени со овој закон кои се однесуваат на членовите на семејството на загинат или починат припадник на безбедносните сили се однесуваат и на членовите на семејствата на претставниците на Република Македонија кои го загубиле животот во воени или цивилни мисии во странство.

Предлогот ќе влезе во собраниска процедува по почетокот на работата на Собранието по летните од одмори во вторник на 22 август.

http://kurir.mk/makedonija/vesti/81705-Sto-sodrzi-zakonot-za-branitelite-predlozen-od-VMRO-DPMNE-
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Закон за бранителите и нивните права Empty
ПишувањеПредмет: Re: Закон за бранителите и нивните права   Закон за бранителите и нивните права Empty22/8/2012, 15:23

Во предлог законот за бранителите кој ВМРО-ДПМНЕ го поднесе во Собранието кој е преземен од 2002 година, се користат истите дефиниции за ОНА, која е наречена како вооружена екстремистичка паравоена формација.

Ова го кажа Стојанче Ангелов, престедател на Достоинство според кого, ОНА сепак се дефинира како група вооружени екстремисти. Според него, тоа значи и дека и министерот што се поклони заедно со униформираните лица на АРМ, за власта се вооружени екстремисти.

„Ги нарекуваат вооружени екстремисти, но во ист момент се во коалиција со командантот на организацијата која ја дефинираат како паравоена и екстремистичка“, рече Ангелов.

Според него, целиот предлог закон е голема измама. Ангелов тврди дека во нивниот предлог закон за семејствата на загинати се нудат 50 просечни плати, од времето кога просечната плата беше 170 евра.

„Значи нудат 8500 евра отштета, а тоа пак покажува дека 10 бранителите вредат како една врба во Вардар“, рече Ангелов.

Со предлогот закон, вели Ангелов, се навредува интелегенцијата на бранителите.

„Нудат беспатно здравство во примарната заштита, значи се подигруваат со интелегенцијата на луѓето, примарна заштита е матичниот доктор, а тоа е бесплатно за сите граѓани и сега“, рече Ангелов.

Тој го праша претседателот на семејствата на загинатите кој го пофали законот дали смета дека обештетувањето на загинатите со по 8500 евра е достоинствено?
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Закон за бранителите и нивните права Empty
ПишувањеПредмет: Re: Закон за бранителите и нивните права   Закон за бранителите и нивните права Empty30/8/2012, 14:01

Битка против бранителите и патриотските одредби за војната од 2001-та

За законот донесен во 2002 година не се создаде никаква политичка драма како сегашната, но во него не пишуваше дека бранителите треба да се одликуваат и да им се обележат местата каде што загинале


Закон за посебните социјални права на бранителите постои веќе десет и пол години, од јануари 2002-та. ДУИ не можеше во Собранието да се спротивстави на неговото тогашно донесување (партијата влезе во парламентот по изборите на 15 септември 2002 година), но нејзиното раководство и пратеници не правеа политички драми како сегашната, ниту подоцна, кога трипати се донесуваа измени или дополнувања. И тоа двапати кога ДУИ беше дел од владејачка коалиција.

Партијата отсекогаш го имала барањето за обесштетување или за посебни права и на другите жртви од конфликтот во 2001 година, вклучувајќи ги и борците на ОНА, но досега во расправите околу ова законско решение немало закани за растурање на владината коалиција, за распуштање на Собранието и слично.
Тогаш, што е клучната разлика меѓу новопредложениот закон и претходниот? Сегашниот им нуди повеќе бенефиции на бранителите отколку тој од 2002 година, но тоа е споредна работа. Главната разлика е во политичката тежина што ја носат двете точки што немаат врска со социјалните права и згрижувањето - одликувањата и обележувањето на сите места каде што загинал бранител. Според Сојузот на воени инвалиди, како и според други здруженија што обединуваат бранители и учесници во конфликтот од 2001 година, токму овие точки им носат морална и политичка победа на бранителите, затоа што значат дека тие добиваат помош како признание за своите заслуги за државата, а не како некаков надомест на штетата што ја претрпеле во конфликтот.

Пополнети празнините од 2002-та

Петар Петрушевски-Бинго од Здружението на бранители Куманово 2001, вели дека новиот закон надалеку ја надградува претходната верзија од 2002 година. Имено, новиот предлог-закон, според Петрушевски, ги таргетира социјалните елементи и права на бранителите, кои досега не биле исполнети.

- Со новиот закон, ако мине во Собрание, ќе се изврши затворање на дупките на претходниот закон од 2002-та. Ќе се изврши признавање на воениот стаж на бранителите, ќе се овозможи бесплатно сместување во старечките домови при залезот на нивниот живот, бесплатно ќе се сместуваат децата на бранителите во училишните домови низ градовите и така натаму. Сѐ на сѐ, ова е една долгоочекувана благодарница од државата, која ја чекаа оние што беа на браникот на државата во 2001-та - објаснува Петрушевски.

Тој коментира дека оние што се бунат дека законот е лош, а тука ги посочувам луѓето што се наоѓаат во партиите Достоинство и Обединети за Македонија, дека тоа го прават чисто од политички побуди, без притоа да размислат за добросостојбата на луѓето што наводно ги застапуваат.

- Дополнително на сѐ, доколку излезе новиот закон, сите тие треба да си ги затворат партиите, бидејќи сите права на бранителите ќе бидат исполнети, а со тоа и намената на нивното постоење во јавноста ќе престане - резимира Петрушевски.

Наспроти тврдењата на Петрушевски, првиот човек на Достоинство, поранешниот полициски генерал Стојанче Ангелов е дециден дека предлог-законот на ВМРО-ДПМНЕ сам по себе е бледа копија на претходниот закон од 2002 година, со мали измени и со декорирана содржина.

Декорирана копија

- Во овој закон на ДМПНЕ за бранителите додадено е само едно право што претходно го немаше, а тоа самото по себе не прави некоја посебна разлика во животот на овие луѓе - вели Ангелов.

Тој објаснува дека предлог-законот предвидува признавање на стажот од 2001 година. Што значи дека ако некој резервист бил еден месец мобилизиран, нему државата ќе му признае еден месец стаж.
Полицајците и онака млади се пензионираат, па и ним не им значи нешто посебно месец стаж повеќе во нивната кариера.

Според поранешниот полициски генерал, разликата меѓу новиот и стариот закон ќе биде мала бидејќи бил подготвен аматерски.

- Промена има и во однос на исплатите, оштетувањата на семејствата на загинатите бранители. Имено, за разлика од претходниот закон, на овие луѓе им се овозможува да добијат 50 наспрема претходно одредените 40 просечни плати. Кога зборуваме за овој детаљ, морам да го објаснам посликовито. Досега останаа необесштетени уште десетина семејства на загинати бранители. Тие сега, според новиот закон, би добиле приближно 170 евра по месец од датумот кога им загинал членот на семејството. Што во најголем случај некому би му биле исплатени максимални 8.500 евра. Оваа сума, според мене, е понижувачка за да се спореди со загубата на најмилото на една мајка или татко во конфликтот - вели Ангелов.

Единствена добра работа во целата ситуација, смета Ангелов, е што е замислено да биде извршен надомест на нематеријална штета врз основа на инвалидитет кај бранителите, за што се залагаат и сите оние што ја застапуваат оваа категорија луѓе во Македонија. Тој истакнува дека наместо на овие луѓе со пензија да им се реши статусот, ДПМНЕ тоа го прави со еднократна помош.

Ангелов напоменува и дека луѓето што го подготвиле предлог-законот најверојатно и го потцениле интелектуалниот капацитет на бранителите во државата.

- Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ се обидува некого да насамари. Подготвувачите одат до таа граница што ако се прочитаат одредбите ќе се види дека законот предвидува изградба на споменик на бранителите во централното градско подрачје на Скопје, кој е веќе изграден пред година и половина. Или, пак, ставање спомен-плочи што би го означиле местото каде што се загинати бранителите. Па досега редовно ние сами од Достоинство ставаме обележја кај Вејце, па некој традиционално ги крши. Зошто во иднина ситуацијата би била поинаква од сегашната практика за спомен-плочите - вели тој.


Што содржи предлог-законот за бранителите?

За починати припадници се сметаат не само тие што починале од рана добиена при учество во оружените дејства туку и оние што починале од болест или од влошување на болест поради учество во тие дејства, како и оние што извршиле самоубиство.

Четири нови посебни права се предвидени: работен стаж во двојно траење, најниска пензија, сместување во старечки домови, обележување на местата каде што загинале припадниците на безбедносните сили и одликувања.

Здравствената заштита ќе трае до завршувањето на лекувањето, избришан е делот дека таа важи најмногу две години, што им беше проблем на бранителите што добија хронични повреди или болести.

И општините се вклучени во вработувањето член на семејството на загинат или починат бранител, досега само државата (централната власт) ја имаше оваа обврска. Но исто така е воведено и ограничување, дека член на семејството може да се вработи само еднаш, и тоа во рок од две години откако ќе стапи во сила законот.

Подетално е дефинирано како може да добијат стан под закуп, како и да земат стан со повластен кредит. Мерката е слична со проектот „Купи куќа, купи стан“, а предвидува помош за станови од 40 квадрати за самци до 85 квадрати за петчлени семејства.

Еднократниот паричен надомест е зголемен од 40 на 50 просечни плати за семејство на загинат, а се предвидени и пари за воените инвалиди од 30 плати за инвалидност до 20 отсто до 150 плати за 100-процентен инвалидитет.

Изградба на постоен споменик посветен на бранителите лоциран во централното градско подрачје на Скопје.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=83012843248&id=9&prilog=0&setIzdanie=22667
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Закон за бранителите и нивните права Empty
ПишувањеПредмет: Re: Закон за бранителите и нивните права   Закон за бранителите и нивните права Empty30/8/2012, 20:46

е АЈ МРАЗИ ГИ ЛУГЕВО , СУПЕР СЕ ЕСТАБЛИШМЕНТОТО НЕ ИМ ЧИНИ.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=21FAF74E1B6AB94DBB5A15CADB459D01
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Закон за бранителите и нивните права Empty
ПишувањеПредмет: Re: Закон за бранителите и нивните права   Закон за бранителите и нивните права Empty5/9/2012, 19:52

Почна собраниската расправа за законот за бранителите

Членовите на собраниската Комисија за труд и социјална политика, денеска ја почнаа расправата по Предлог законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства.

Законот до Собранието го достави пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и негова цел е регулирање на посебните и социјални права, кои согласно член 36 од Уставот им се загарантирани на припадниците кои учествуваа во одбраната на суверенитетот на Република Македонија.

Пратениците од ВМРО- ДПМНЕ сметаат дека на ваков начин се гради општество на здрави темели и оти со донесување на предложниот закон сите заедно може да докажеме дека сакаме национално помирување по вооружениот конфликт од 2001 година. Ставот на оваа партија е дека законот не е неправеден, оти не ги крати правата на Албанците и дека не е во спротивност со духот на Рамковниот договор.

- Доказ за нашата желба за национално помирување е донесениот закон за амнестија, како и подоцна автентичното толкување на овој закон. Сега имајќи предвид дека не се решени сите проблеми на бранителите, ВМРО-ДПМНЕ го поднесува овој закон, со кој ќе им се оддолжиме на сите оние кои тогаш застанаа на браникот на татковината, рече пратеникот Веле Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ кој го образложи предлогот од име на предлагачот.

Неговата сопартијка Светлана Карапетрова во одбрана на тезата дека законот не е антиалбански или националистички посочи на фактот дека во времето на конфликтот во вооружените сили на Република Македонија имало и Македонци и Албанци, но и Срби, Власи, Роми...

Од СДСМ најавија поддршка за законот, која, како што истакнаа, е конзистентна со оглед на тоа што поддршка за вакво решение дале и во 2008 година, кога владејачката партија била против. Од партијата, исто така, сметаат дека законот не е антиалбански и не е контрадикторен со Рамковниот договор.

Според пратениците од оваа партија, спорен е контекстот во кој се носи законот, како и тоа дека причината за неговото поднесување не е грижата за бранителите, туку желбата за реванш на владејачката партија за настанот во Слупчане.

- Во 2008 година ВМРО-ДПМНЕ не даде поддршка за вакво законско решение со образложение дека за негова реализација се потребни 300 милиони евра. Тогаш тврдеа дека бранителите бараат привилегии, а не права. Сметам дека овој предлог не е резултат на грижата за нив, туку реванш и казна на коалицискиот партнер ДУИ за случувањето во Слупчане, рече пратеничката Радмила Шекеринска од СДСМ.

Таа додаде дека ваквата политика на двете владејачки партии и нивните кавги за политички поени ги загрозуваат интересите на државата.

Пратениците од парламентарните партии на Албанците се едногласни дека законот не е прифатлив, дека е антиалбански, дека ќе ги наруши меѓуетничките односи и оти е против интересите на Република Македонија.

- ДУИ не дава поддршка за ова законско решение и ќе се спротивстави со сите можни процедурални, технички и административни средства во Парламентот. Ние сметаме дека ова прашање треба да се уреди со закон, но не на ваков начин како што се прави сега. Затоа бараме да го повлечете и да донесеме еден закон кој сите ќе го поддржиме, истакна Џевад Адеми од ДУИ, додавајќи дека едно такво законско решение треба да ги опфати и бранителите и припадниците на ОНА.

Доказ, рече, дека законот е антиалбански е тоа што по ова прашање се обединија сите партии на Албанците и притоа им се заблагодари за заедништвото во, како што рече, спротивставувањето на законот.

И Адеми смета дека предложениот закон е реакција на настанот во Слупчане. - И нам не ни беше лесно кога министерот за одбрана Фатмир Бесими се поклони пред споменик на бранителите, но тој притисок го издржавме зашто мислевме дека така треба да градиме мостови на помирување, рече Адеми.

И ДПА и НДП побараа повлекување на законот. И за нив тој е антиалбански и не води кон национално помирување.

- Овој закон не води кон помирување. Тој е против интересите на Албанците, но и на државата. Со него повторно се користи можноста за мајоризација над помалубројните. Затоа сиот албански блок ќе се обедини, рече Зијадин Села од ДПА.

Овие ставови ги дели и Изет Зекири од НДП. Но, рече тој, тоа треба да се каже и да не се поддржи законот, без, како што истакна, преголема театралност, бидејќи закон за бранители бил донесен во 2002 година, потоа неколкупати бил изменуван кога на власт биле или ДУИ или ДПА, кои тогаш не правеле од тоа театар.

Со Предлог законот опфатени се припадниците на воените и на полициските безбедносни сили кои учествувале во спречувањето на насилно уривање на демократските државни институции во периодот од 1 јануари 2000 до 31 декември 2001 година. Во случај кога се работи за загинати припадници на безбедносните сили, надомест ќе добијат членовите на нивното семејство. Според законот, тие се ослободени од плаќање здравствени услуги во примарна здравствена заштита, а Владата и општините треба да вработат еден невработен член на семејството на загинат или починат припадник на безбедносните сили без јавен оглас во државните институции. Со предлогот на ВМРО-ДПМНЕ се предвидува право на станбено згрижување преку станбен кредит во времетраење од 20 години, при што државата ќе покрие половина од одобрениот кредит и 50 проценти од висината на договорната камата. Ако земат стан под закуп, ќе плаќаат 50 проценти помала кирија од онаа што е утврдена со законот. Покрај другите права, законот предвидува семејствата на загинатите припадници да добијат паричен надомест од 50 просечни плати остварени во месецот кога настапила смртта на припадникот, а воени инвалиди ќе добиваат надомест зависно од степенот на инвалидитет од 30 до 150 плати, како и работен стаж со двојно траење за време на конфликтот.

Собранието за Предлог-законот ќе расправа во редовна постапка, што значи дека прво треба да го разгледаат комисиите за одбрана и безбедност и за политички систем. Откако овие комисии ќе ја утврдат потребата од усвојувањето на ваков закон, потоа треба да гласаат и пратениците. Во втората фаза истите комисии ќе расправаат ако бидат доставени амандмани, по што законот оди на собраниска седница.

http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/83414-Pocna-sobraniskata-rasprava-za-zakonot-za-branitelite

Државава е во расуло! Готово па ги изедначија улогите на терористите и бранителите...
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Закон за бранителите и нивните права Empty
ПишувањеПредмет: Re: Закон за бранителите и нивните права   Закон за бранителите и нивните права Empty8/9/2012, 01:42

Бранителите тврдат дека државата е дволична кон нив.Додека предлага закон со кој убедува дека сака да им ги даде на бранителите правата што ги заслужуваат,истовремено ги тужи за да ги вратат парите кои веќе ги добиле како отштета. Припадниците на безбедносните сили обвинуваат дека имаат многу лош третман од државата. И не само за повреди во 2001.Полицаец кој со специјалната единица учествувал во конфликтот од почеток до крај,за тешки повреди во акција во 2004 добил отштета од 10 илјади евра,а по тужба од МВР пред неколку дена добил нова пресуда-да врати 15 илјади.Прашува каде е грижата на институциите за бранителите-го ризикувал животот,спасил колеги и наместо награда за него,тој треба да и плати на државата.

По два дена расправа во собраниската комисија за предлог-законот за бранителите,од ,,Достоинство,, се се поубедени дека се работи за договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за билдање на нивниот рејтинг секој кај своите гласачи,пред евентуални предвремени избори. Поинаку не можат да го сфатат туркањето закон кој не ги решава проблемите на бранителите.
На оваа линија на толкување на законот е и дел од експертската јавност.Сметаат дека едно општество не смее да ги прескокне фазите во постконфликтното градење на мирот. Треба да има грижа за припадниците на безбедносните сили и-демобилизација,разоружување и интеграција,односно рехабилитација на борците од,условно,другата страна.

Расправата за предлог законот е практично блокирана со маратонската дискусија на пратеникот на ДУИ,кој зборуваше два дена,а ќе продолжи и в понеделник.Предлагачите,пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се убедени дека законот ќе биде донесен.

http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=54671#.UEo9ikI0gsY.facebook
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Закон за бранителите и нивните права Empty
ПишувањеПредмет: Re: Закон за бранителите и нивните права   Закон за бранителите и нивните права Empty9/10/2012, 18:24

Kонечно, по 11 години брутална антимакедонска реалност и трендови на губење/одземање на државата, се случи толку потребниот феномен на единство помеѓу македонските политички партии. Она што одамна го посакуваат сите самосвесни Македонци, она што е најважна поука – консензус за клучните национални интереси

Во сета несреќна драматика, која деновиве ни се случува нам Македонците и на нашата држава, кога последователно се кршат позитивните законски прописи со очигледни намери да се демонстрира сила, се појавија и некои процеси кои во перспектива може да ја вратат колективната надеж на Македонците во самите себеси и во своите политички претставници. Kонечно, по 11 години брутална антимакедонска реалност и трендови на губење/одземање на државата, се случи толку потребниот феномен на единство помеѓу македонските политички партии. Она што одамна го посакуваат сите самосвесни Македонци, она што е најважна поука од гордата историја на македонскиот народ – консензус за клучните национални и државни интереси. И крајно време беше, со оглед на фактот дека време за нас Македонците среде бурето барут наречено Балкан реално има с` помалку; ние никогаш во историјата не сме имале мирни времиња во кои сме можеле целосно да се посветиме на културата, на економијата, на образованието – секогаш сме биле преокупирани со одбрана на нашата колективна физичка егзистенција. Судбината на Македонците отсекогаш била таква, трауматична и самоодбранбена, преполна со неброени херојства и со многуброен ужас – и дојде денот кога политичките елити на Македонците го направија историски умниот и прагматичен акт – се обединија во намерите и целите да биде донесен законот за правата на бранителите. Го реализираа моделот кој кога ќе се транспонира и во други ситуации и позиции во системот на институциите, односно во политичко-правни одлуки, поразите ќе ги трансформираат во триумфи, ужасите во победи. Самонадминувањето на дводецениската малодушност кај раководствата на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, враќањето на единството и на соработката меѓу нив, денес е последниот модус кој преку легални и демократски политички процеси може да го врати владеењето на правото и воопшто да ја зачува нашата држава среде секојдневните нелегални постапки на некои политички претставници на албанското малцинство.

Всушност, јасно е дека донесувањето на законот за бранителите се претвори во последна битка на правната држава и на демократијата, со систематските (политички и безбедносни) уцени, односно силата и аномијата. Со безброј релевантни и легитимни аргументи во буквално сите димензии на предложениот закон, истиот треба и просто мора да биде изгласан. Наспроти сите злоупотреби на антидемократскиот принцип на гласање според Бадентер, кој принцип (деновиве стана потполно јасно за сите, што е уште една придобивка во прилог на преиспитување на идеологизираното јавно мислење) служи за класична уцена, која се мултиплицира на места и закони, т.е. одлуки што немаат никаква врска со конкретните случаи - неизгласување одлука за законско пензионирање на заменик-јавниот правобранител, која, замислете, требало да се гласа по тој антирационален принцип (?!) - законот мора да биде изгласан. Токму наспроти барањата за менување на Уставот во правец на федерализација, наспроти потценувачкото и навредливо однесување на некои парламентарци (чиј молк го поттикнува и го симболизира мунковскиот вресок на македонската гордост) – законот, меѓу другите оправдани причини, токму затоа и ќе биде донесен во согласност со сите демократски процедури како израз на политичка волја на мнозинството. Во определена смисла токму ова е историскиот миг кога конечно мора да се вратат државата, демократијата, институциите, Уставот – на мнозинството граѓани, на македонскиот народ/нација. И тоа може да се направи единствено со заемната соработка помеѓу нашите две најголеми политички партии, како почеток на една долготрајна и стратешки функционална заедничка визија на Македонија.

Прекинувањето на тој волшебен круг на недозволива нетрпеливост меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, кој веќе премногу години постојано ја турка државата во амбисот на тотална де(кон)струкција на принципите на нејзиното структурирање и фундаментите на демократијата, денес е најновиот триумф на Македонците. Националните и државните интереси, кои треба да бидат бескомпромисен императив за секој што има каква било позиција во системот, мора да ги постават автентичните вредности на политичкиот ангажман како критериум за секој Македонец. Первертираниот, но исто така функционален метод (модел) го гледаме долг период за разлика од македонските политички партии, партиите на албанското малцинство во Македонија функционираат исклучително врз основа на заедничките интереси на тоа малцинство, што практично го гледаме токму преку нивниот заеднички став, дури и ултиматум (закана) дека законот за бранителите не смее (?!) да биде изгласан. Без оглед на спротивставените ставови за некои прашања (главно околу конкретната методологија за реализација на нивните националистички агенди), тие секогаш кога станува збор за нивниот електорат се единствени, дури и кога воопшто нема аргументи (класичен пример е т.н. Призренски договор). Оттаму ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ мора да го направат истото, да го инкорпорираат во сите свои активности тој модел на единство и соработка – и тоа се случува на радост на сите Македонци, веројатно и првпат во овие тегобни дваесетина години.

Дојде времето за манифестирање на светско-историскиот дух на Македонците и на македонската држава! По долгата агонистика на македонскиот национален дух и безбројните антагонизми во кои политичкиот опортунитет беше моделот кој беше практикуван од нашите политички претставници, се случи радикалниот и толку очекуван, дури и историски сонуван пресврт. Обединувањето на највисоко ниво преку автентично разбирање на идеите и концепциите важни за Македонците, а кои отсекогаш биле тронот од каде што се менува реалитетот, денес е најновата победа на самосвесниот дух на овој народ (нација). По денот кога законот за македонските бранители ќе биде изгласан, повеќе ништо нема да биде исто во оваа држава. Продолжувањето на единството ќе се рефлектира и во многу други закони, па дури и во потребните промени во Уставот на Р.М., со кои ќе се коригираат грешките направени во 2001 г. И што е најважно, ќе ја врати колективната верба на Македонците во своите политички партии и претставници, во институциите на системот кои долго, предолго време во суштина и во практика беа во голем дел антимакедонски. Македонскиот консензус ќе биде антимакедонски дисензус и раскол (во лиотаровска смисла).

Тони Науновски

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=55E6CDA525850946B7B7012507600387
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Закон за бранителите и нивните права Empty
ПишувањеПредмет: Re: Закон за бранителите и нивните права   Закон за бранителите и нивните права Empty9/10/2012, 20:55

Во принцип не коментирам политика па и за овој текст ќе дадам коментар од друг агол. Ми се допаѓа тоа што конечно некој погледна и на позитивната страна и дава доза на оптимизам. Закон за бранителите треба да се донесе и тоа под итно. Но не треба да се донесе Закон кој е поднапишан во некоја партиска канцеларија од страна на луѓе кои појма немаат за кого и што пишуваат. Не треба да биде донесен Закон кој е принаправен од страна на луѓе кои не ги знаат маките и страдањата на бранителите. Овој Закон МОРА да биде донесен во соработка со оние на кои тој им е најпотребен, во соработка со живите легенди и семејствата на паднатите Македонски бранители. Овие луѓе тоа го заслужуваат. И уште еднаш почит за текстот и се надевам дека она што го предвидува авторот ќе се оствари во индина.

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Закон за бранителите и нивните права Empty
ПишувањеПредмет: Re: Закон за бранителите и нивните права   Закон за бранителите и нивните права Empty29/3/2013, 00:41

Ајде тука, за да не отварам нова тема.

Уставниот суд се тресе од Стамен Филипов

Пензионираниот потполковник триста пати соборил закони

Гордана Дувњак

Потполковникот на АРМ во пензија, Стамен Филипов, кој е познат во јавноста и како „уривачот на законите“, деновиве прославува своевиден јубилеј. Триста одлуки донесени во последниве десет години од Уставниот суд по негови иницијативи.

Неговата педантна статистика покажува дека се укинати 236 иницијативи за спорни законски одредби, но и 9 закони во целина, 64 подзаконски акти, од кои 32 се укинати во целост. Во посебен регистар се еведентирани и 555 негови иницијативи за кои Уставниот суд не повел постапка, а во оваа бројка не се вброени решенијата со кои се отфрлени поднесените иницијативи. Филипов регистрирал и дека во периодот од март 1993 година, па се' до 15 март оваа година, Уставниот суд одржал и 12 подготвителни седници по негови иницијативи. Баксузната „13-та“ ќе биде повторно околу лустрацијата, бидејќи неодамна мнозинството уставни судии одлучија одново да се протресат решенијата на овој контроверзен закон.

Со пензионираниот правник се сретнавме во просторите на Здружението на воени ветерани од одбраната и безбедноста во Домот на АРМ, каде што речиси секојдневно навратува. Ја печатеше последната иницијатива излезена од неговата „работилница“, со која оспорува делови од Законот за надворешни работи. Во моментов, шеесетина иницијативи потпишани со неговото име и презиме чекаат на одлучување во Судот задолжен за контрола на уставноста и законитоста.

Како поднесувањето иницијативи до Уставниот суд стана негово хоби, поради што со самото спомнување на неговото име им се крева косата на глава на уставните судии?

„Првата иницијатива ја поднесов уште во 1993 година додека работев во АРМ, во времето додека министер за одбрана беше професорот Трајан Гоцевски. Сметав дека не може службените и другите должности во Армијата да се уредуваат со Правилник, а не со посебен закон“, се присетува Филипов, кој првото огнено крштевање го имал против неговите претпоставени. Тоа што Уставниот суд ги прифатил неговите аргументи, го охрабрило да продолжи со нови иницијативи. Следен за анализа бил Законот за внатрешни работи, а потоа, се ределе закони од различни области: здравствено и пензиско осигурување, работни односи...

„Ми влезе чивијата и нема враќање назад. Ми стана опсесија читањето закони и пронаоѓање небулози. Некои пензионери читаат весник, шетаат внуци или играат домино, а јас уживам да си седнам дома на раат и да подготвувам иницијативи. А, во законите може да се најде се' и сешто. За последниве 10 години, речиси и да нема закон кој не е барем три пати изменет“, раскажува низ насмевка Филипов.

Вели дека порано кога одел во Уставниот суд, на портирницата на зградата на Синдикатот му барале лична карта, но одамна тоа веќе никој не му бара.

„Судиите кога ме среќаваат главно се благонаклонети, а еден од нив, неодамна ме праша: Господине Стамен, до кога вака? Му велам, додека сум жив!“.

Очите му играат ѓаволесто додека раскажува дека секогаш кога оди во Уставен суд да достави нова иницијатива, се среќава со еден млад човек, кој има непријателски гард кон него.

„Кога и да одам, лошо ме гледа. Си мислам, не го познавам, што сум му направил. Се распрашав и дознав дека него го задолжиле да ги прегледува моите иницијативи дали е веќе одлучувано за нив. Очигледно, му отворам многу работа и тоа не му се допаѓа“, заклучува Филипов.

Спомнува дека своевремено еден адвокат од Кавадарци, му испратил предлог на премиерот Никола Груевски да го ангажира волонтерски нашиот соговорник, за да ги прегледува законите дали се во согласност со Уставот и законите пред да бидат пуштени во собраниска процедура. Но, никогаш не добил повратен одговор. Не е разочаран што не успеала ни намерата на група ентузијасти и вљубеници во правото, кои го предложија Стамен Филипов за наградата „13 Ноември“. Штипјанецот Панче Докузов, Манчо Манчев од Кавадарци, како и неколкумина други членови на Здружението за хуманитарни активности „Синергија“, кои заедно со Филипов беа активно вклучени во проектот за бесплатна правна помош, сметаа дека нивниот колега одамна заслужил да ја добие престижната годишна награда.

На прашањето која му е личната сатисфакција, вели дека чувствува должност како граѓанин.

„Македонија може и заслужува да стане правна држава. Но, има толку неквалитетни закони, кои мора да бидат коригирани. Ги миниравме правото и правната држава. Досега се крстев во Уставниот суд, но полека почнувам да губам надеж!“, вели на крајот.


______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Закон за бранителите и нивните права Empty
ПишувањеПредмет: Re: Закон за бранителите и нивните права   Закон за бранителите и нивните права Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Закон за бранителите и нивните права
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Министерство за Внатрешни Работи - МВР-
Отиди до: