Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Федерална Армија и Територијална Одбрана

Go down 
АвторПорака
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Федерална Армија и Територијална Одбрана Empty
ПишувањеПредмет: Федерална Армија и Територијална Одбрана   Федерална Армија и Територијална Одбрана Empty10/5/2012, 19:38

Со одлуките на АСНОМ, по ослободувањето, Македонија како федерална единица беше во состав на Федеративна Народна Република Југославија, односно подоцна Социјалистичка Федеративна Република Југославија. На ниво на заедничката федерација постоеше Југословенска армија (подоцна Југословенска Народна Армија – ЈНА), која во ослободената земја ја презеде и продолжи трансформираната улога на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Југославија (НОВ и ПОЈ), во чиј состав беше и НОВ и ПОМ. Во неа македонските регрути го опслужуваа својот воен рок, а работно беа ангажирани и македонски активни воени старешини и цивилни лица. Во неа еден број македонски војници и старешини, во состав на одред на ЈНА, од 1956 до 1967 година учествуваа и во мировните сили на полуостровот Синај, а во еден период и во Јемен.

Федерална Армија и Територијална Одбрана Istorija_slika12

Со измените на Законот за народна одбрана на тогашната СФРЈ, од 1969 година вооружените сили се трансформираат во Оперативна Армија и Територијална одбрана (ТО), со паралелно функционирање и на Систем на служби и единици на Цивилна заштита. Целта на трансформацијата има за основа пренесување на одговорноста за одбраната на сите сегменти на општествено и работно организирање во Федерацијата, што значи и поединечно за секоја република. Од тој аспект, на ниво на републиките и покраините, општините и работните организации се формираат штабови на територијалната одбрана.

Федерална Армија и Територијална Одбрана Istorija_slika13

На 19 март 1969 година е формиран Главниот штаб за народна одбрана на Социјалистичка Република Македонија. Потоа следи формирањето на штабови по општините и на пониско ниво, со единици на ниво на општините и претпријатијата, вклучувајќи и младински и милициски единици. Ваквиот територијален принцип на воено организирање во 1970 година придонесува Територијалната одбрана да има можност за вклучување на околу 74.000 македонски воени обврзници.

Во 1973 година, во рамките на Територијалната одбрана се формираат маневарски единици (на ниво на баталјони) и просторни (на ниво на работни организации и месни заедници), а веќе во следната година се формираат 14 територијални партизански бригади.

Обуката се врши во Центарот за обука при Републичкиот штаб на ТО, во школските центри на поранешната федерална армија, а подоцна и во Центарот за обука Пепелиште крај Неготино.

Територијалната одбрана на Македонија престанува да функционира со донесувањето на Законот за одбрана на Република Македонија во 1992 година, кога е и формирана Армијата на Република Македонија.


ИЗВОР: МОРМ
Вратете се на почетокот Go down
 
Федерална Армија и Територијална Одбрана
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» тнр. „ОНА„ - Ослободителна Народна Армија
» ИРА - Ирска Републиканска Армија
» АНА - Авганистанска Национална Армија
» ЈНА - Југословенска Народна Армија
» Оклопни борбени возила

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Воени и полициски единици :: СФРЈ-
Отиди до: