Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонскиот милениумски континуитет

Go down 
АвторПорака
SIG

SIG


Број на мислења : 6110

Македонскиот милениумски континуитет Empty
ПишувањеПредмет: Македонскиот милениумски континуитет   Македонскиот милениумски континуитет Empty23/4/2012, 00:47

Македонски милениумски континуитет (1)

Васил Чулев


Европското негирање на Македонскиот континуитет

21-от век не донесе ништо ново ниту промени нешто во упорното Европско негирање на Македонската а со тоа и на сопствената историја. Како и во најдобрите златни времиња на инквизицијата, така и денес разните диктатори, политичари, лихвари, мулти-национални корпорации и eвробирократи, очајно настојуваат да ги задржат заземените позиции и територии и да го прикријат сопственото криминално минато и фалсификувана историја напишана од „победниците”. Под плаштот на лажната „Европска демократија” и еднострани „човечки вредности” се промовираат масовна медиумска илузија и колективна амнезија во име на западно-eвропските ниски страсти за „супериорност” и светска доминација.Српските окупаторски сили. Денес дел од музејска збирка во Белград.


Западно-Европската фалсификувана историја е производ и последица на вековната борба за превласт и доминација чија шема е сублимирана и зацртана уште со поделбата на Римското царство. Вечниот конфликт на Западното и Источното Римско царство, Католичката и Православната црква, не престана со крстоносните војни и падот на Константинопол, ниту пак со падот на Берлинскиот ѕид. Во перспектива на оваа борба за превласт и западна жед за хегемонија, источна Европа и Азија секогаш се прикажани како извор на сите зла. Овој принцип на Западно-Европските центри на моќ е доследно применуван и систематски повторуван на сите нивоa и по секоја цена. Колку e перверзна и ретардирана ваквата нео-империјалистичка политика може многу лесно да се види од очајно бесмислените и неверојатни историски манипулации:



Според важечкиот модел на Европската Холивудска историја првите Индо-Европејци се претставени како „Страшни коњаници со камени секири,” дојдени од исток во 4 милениум п.н.е., кои со молскавична војна ја освоија Европа преку нoќ. Но, притоа „забораваат” да ни кажат дека не постоеле коњи за јавање во тоа време. Коњот како домашно животно за првпат почнал да се употребува, и тоа најпрво како запрежно животно, дури во 2-от милениум п.н.е.![1]

Исто така „забораваат да спомнат” дека Индо-Европејците како типична и развиена Европска култура вeќе постоеле и биле присутни на Македонскиот полуостров (Балканот) уште во 7 милениум п.н.е., одкадешто постепено ја колонизирале цела Европа. Археологијата и модерните техники за анализирање на остатоци од човечки населби со радиоактивен Јаглерод14, и во согласност со истражувањата на други научни дисциплини, тоа прецизно и го потврдија. Kонцентрацијата, хронологијата и типологијата на археолошките, антрополошките, jaзичките, генеалошките и др. наоди, недвосмислено посочуваат кон срцето на Балканот т.е. Македонија. Ho Западните историчари, оваа прва праисториска Европска култура со корен на Балканот ја нарекуваат – „Култура од Винча”, „Венетска”, „Магдаленска”, и т.н., но никако Македонска.

За посликовито да се покаже како е создадена Европската историја од 19 век, и колку e евтина илузија и филмска монтажа, најдобар пример e „Таткото на Археологијата”, инаку обичен богат Еврејски трговец од Немачка, Х. Шлиман (Heinrich Schliemann). Kога ги нашол погребните златни маски од Микена, кои не му изгледале доволно „кралски”, како од Хомеровата „Илијада” – Шлиман ги однел на златар и им направил мустаќи и брадa! Тоа е веродостојно посведочено и прикажано во документарен филм на Британското Национално Географско Друштво [National Geographic Society] под наслов „Митот за Троја”, чие вистинско име патем воопшто и не e „Троја” туку Илион (оттаму и името на Хомеровата „Илијада”).

Исто така произволно е преименувана и древната Македонска престолнина Бела (Бело море, Беломорска Македониjа), која станала „Пела” од проста причина што веќе подолго време се наоѓа под странска окупација. Имено, платеничките банди и слуги на окупаторот (т.н. „Грдси”) во новата азбука и писмо измислени за нив во 19 век од Западно-Европските господари и воведени во 1976 г. – ја немаат буквата „Б”. Наместо „Б” користат „МП”, па така, Бела си ја препишаа како „МПела”. А окупаторот (Енглезите и другите Западни нео-империјалисти), нетрудејќи се многу-многу да прочитаат „МП”, и без да прашаат никого, едноставно си ја променија во „Пела”.

Ваквиот вулгарен пристап кон преименувањето и бришењето на Македонскито културно наследство и сведоштва не познава граници. Кога во делот на Македонија под Грчка окупација беше преименуванa Долна Џумаја, за некој случајно да не се посомнева дека некаде постои и друга Џумаја – беше веднаш ургирано и до Бугарската страна да се промени името и на Горна Џумаја (денес Благоевград).

Како што и имињата на многу Европски градови (Берлин, Виена, Лајпциг, Будим-Пешта и др.) се типично Македонски – и старото „Индо-Европско” име на Хамбург е Трева (Да, Трева!), како и прастарото име на „Софија” кое се до присилната вулгаризација во 19-от век било – Средец. Ако погледнете на Географска карта веднаш ќе ви стане јасно и зошто – Средец („Софија”) се наоѓа точно на средина на Македонскиот полуостров, а таму каде што се наоѓа денешен „Хамбург” растела само (ај' погодете!) – трева.

Во модерните речници секако нема да најдете објаснување за овие и други типично Македонски зборови. Но затоа ќе најдете илјадници нејасни „објаснувања” за потеклото на зборовите од „Грчки”, „Латински” и други геополитички и новонационални јазици, за кои не постои ама баш никакво етимолошко објаснување. Во западно-европските јазици и нивните соодветни Латински писма се има отидено дури дотаму што намерно се изoставени и буквите „S”, „Ц”, „Ч”, „Џ”, „Ж” и „Ш” за да се отстрани колку што е можно повеќе секаква можна врска и сличност со Македонските јазици.

Исто така преименувано e и Македонскотo царство на Македонскиот Цар Душан. Во официјалните документи од негово време, како и во познатиот „Законик на Цар Душан”, тоj e запишан како Македонски цар и наследник на Самоиловото царство преку роднинска врска со ќeрката на Цар Самоил! Но какошто Душановото Македонско царство подоцна влегло во сферата на поголемите и понови Руски и Европски империјалистички интереси на Балканот, така и царското „Македонски” морало дa се избрише и да биде преименувано во „Славјанскo”, „Србскo”, „Вулгарно” и т.н.

Најфрапантен пример за малоумните лаги и евтини манипулации на Европската историја сепак останува бившата вештачка федерација „Југославиа”. Колку и да е апсурдна и бесмислена именката „Југо-славиа” (Каде ли се „Северославиа”, „Истокославиа” и „Западославиа”?), толку повeќе запрепастува крајната безобразност и вулгарност со која таа била воведена. Траги-комично и зачудувачки неверојатно е како еден толкав суверен апсурд бил така лесно применет, независно од тоа колку и да e прост.
[1] Досега најстар доказ за користење на коњот како транспортно средство во Евро-Азија е погребна кочија која датира од 2-от милениум п.н.е. пронајдена кај Синташта-Петровка од „Андроново” Културата во Русија. Јавањето е подоцнежен „изум”.
Вратете се на почетокот Go down
 
Македонскиот милениумски континуитет
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» Борбата за македонскиот идентитет 1870-1912

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Кантина :: Наука и литература-
Отиди до: