Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Паравоени формации на Западен Балкан - анализа

Go down 
5 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2
АвторПорака
Гостин
Гостин




Паравоени формации на Западен Балкан - анализа - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Паравоени формации на Западен Балкан - анализа   Паравоени формации на Западен Балкан - анализа - Page 2 Empty3/7/2012, 21:29

Profesionalec напиша:
Анализа на разузнавачот Кошиновски: Кога дојдоа радикалните исламисти во Македонија, со кого контактираат и како да се искоренат!

Радикалните исламисти од Македонија во функција на спроведување на своите цели одржуваат контакти со лица и организации од БиХ, Албанија, Косово, Саудиска Арабија и други исламски земји, вели Кошиновски, разузнавач со долгогодишно искуство.

Исламскиот милитантен екстремизам е сериозна закана за одбраната и безбедноста на Република Македонија. Се работи за современ експлицитен феномен што провоцира, продуцира и диригира воени конфликти. Основна база се екстремните гледања и ставови за исламот (исламскиот фундаментализам, вахабизмот, муџахединството, свети борци за Алах, џихад), милитаризирањето и црните валкани пари, вели во анализата за МКД.МК Тоше Кошиновски, поранешен началник во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК).

Радикалниот ислам, односно вахабистичко-селефистичко движење во Македонија, како што вели, како организирана групација се појавува во 1997 година, претставено преку лица што теолошкото образование го стекнале во Саудиска Арабија и Јемен.

Кошиновски, кому во триесетгодишната разузнавачка кариера специјалност му се токму состојбите на Балканот, вели дека во функција на спроведување на своите цели, радикалните исламисти од Македонија одржуваат контакти со лица и организации од БиХ, Албанија, Косово, Саудиска Арабија и други исламски земји. Некои од нив, како што тврди, директно учествувале во војната во БиХ, а некои учествуваа (2001 год.) во единиците на ОНА“.


„Учеството во овие единици им овозможи да стекнат воено искуство и да научат да ракуваат разни видови софистицирано оружје и експлозиви и да ги продлабочат контактите со меѓународни исламски терористи или нивни приврзаници, што создава реален услов, поради нивниот верски фанатизам, да учествуваат во организирањето или извршувањето терористички акции со исламски предзнак, токму како што беше убиството кај Смиљковци“, вели Кошиновски.

Според него, порастот на тероризмот и јакнење на врските со структурите на организираниот криминал и екстремните политички организации и движења бара нови методи, подобра соработка и учество на сите субјекти на безбедноста во регионот заради негово сузбивање.

Анализата за појавата, состојбата и развојот на радикалниот ислам на балканските простори од Кошиновски, поранешниот шеф во УБК, но и началник во военото разузнавање и разузнавач во Агенцијата за разузнавање, ви ја пренесуваме во целост:

Исламско „будење“ на Балканот

Исламското „будење“ на Балканот започна под влијание на Исламската револуција во Иран во 1979 година. Интензивирано е со настаните на Блискиот Исток, во Авганистан и во Ирак.

Балканот добива на значење како долготрајна и стабилна логистичка, регрутна и финансиска потпора на исламските терористи и екстремисти на тлото на Европа.

За тоа придонесува неговата специфична географска положба (простор на кој се испреплетуваат цивилизациски разлики, етнички и религиски предрасуди, а старите територијални претензии го поттикнуваат дејствувањето на екстремистите), етничка структура, миграции, економски проблеми, незавршени реформи на одбранбено-безбедносните системи и недоволна меѓудржавна соработка.

Својата милитантна промоција на Балканот радикалниот исламизам ја имаше за време на конфликтот во БиХ, каде што по повик на лидерот Алија Изетбеговиќ пристигнаа „свети воини“ (муџахедини), од Саудиска Арабија, Иран, Јемен, Тунис, Мароко, Египет, Турција, Судан и други исламски земји. Неколку стотини од нив денес имаат босанско државјанство, живеат во помали комуни околу Зеница, Високо, Травник, Орашац и Долна Бојиња и се активисти на исламски хуманитарни организации. Повеќето се тесно поврзани со Хамас, Хезболах, Џихад и со други екстремистички организации од арапските земји.

Со потпишувањето на Дејтонскиот договор и со отворениот прогон на екстремистичките организации во БиХ од страна на силите на СФОР и на Министерството за внатрешни работи, започна нивната повторна дислокација во Албанија, односно во камповите Кукц, Тропоја, Корча, Валона и Вљора, кои се ставија во функција на изведувачи на обука на парамилитантните албански структури во регионот. Тоа се поклопува со периодот на максималното радикализирање на конфликтот на Косово (1995-1999 година), што таму доведе до брзо приближување меѓу радикалните исламисти и албанските сецесионисти.


Радикалниот ислам во Санџак

Радикалниот ислам со примена на прозелитски методи, успеа да се имплантира и во Санџак, односно да се наметне како идеологија кај дел од клерот на ИВЗ, со тенденција за натамошна прогресија. Ваквата појава се должи пред сè на влијанието на ИВЗ на БиХ врз локалните верски лица во Санџак. Воедно во Санџак е издиференцирана и појавата на сè почести барања за наведување на Бошњаците како народ во Уставот на Црна Гора, а истовремено се декларираат и отворени тенденции за отцепување од Србија. Ваквата појава меѓу другото се должи и на влијанието на сараевската ИВЗ врз локалните верски лица во Санџак, од кои некои се образовале во Саудиска Арабија.


„Нова Палестина во срцето на Европа“

Напорите на водечките исламски терористички организации во светот се насочени кон јакнење на единството и координација на активностите на: дефинирање на приоритетните цели на „исламското прашање“, приспособување на стратегии кон актуелните услови и набавка на средства за масовно уништување.

Истовремено, на пониските нивоа на организирање се бара што поголема дисперзија на „ќелиите“ и децентрализација во одлучувањето и методите на дејствување, во склад со условите во опкружувањето. Со тоа е овозможено јакнење на терористичката мрежа, и покрај широката мобилизација на најважните меѓународни субјекти во борбата против тероризмот.

И во новонастанатите услови Израел, САД и Русија остануваат главни цели на напад. Покрај тоа, терористите настојуваат активностите да ги пренесат на подрачја каде што постои можност за „покомотно“ дејствување и нанесување удари по „меки цели“ со значајни политички стремежи. Врз основа на тоа е и зголеменото дејствување на терористите на просторите од државите со висок степен заштита на човекови права (земјите на ЕУ), секуларни исламски земји (Турција и Египет) и земјите во транзиција, а процените се дека тие ќе добијат на интензитет.

Врз основа на сфаќањата на „Хамас“ џихадот не се води само во Авганистан, Ирак и Израел, туку и на Балканот. Поткрепа на ова е податокот дека компакт-дискови на палестинската организација „Хамас“, кои илегално се дистрибуираат во делот на исламските образовни установи во светот, укажуваат на тоа дека таа организација се идентификува со чеченскиот и со меѓународниот тероризам и дека нивните цели ќе бидат на просторот на Чеченија, Авганистан, Кашмир, Палестина, Либан и Балканот. Така иранскиот ајатолах А. Џанати порачал: „Мораме да создадеме нова Палестина во срцето на Европа.“

Mоже многу брзо да се очистат овие од Македонија на разни начини,рускиот модел од ФСБ со мртовечките одреди во Чеченија (ова е примитвен и брутален начин), апсења со подршка на муслиманското население кое највеќе страда од овие структури, лоцирање на дувлата на радикаливе со уфрлување на прикриени агенти најчесто познавачи на религијата и вехабизмот (најдобар пример е серијата Sleeper Cell која се емитуваше на А1 телевизија пред неколку години) и специјални операции со претходни созанија и маркирања на локациите каде што се наоѓаат со цел да не се направи грешка и да не настрадаат невини цивили. Еве операцијата "Монструм" е најдобар пример дека специјалните единици на МВР имаат голем потенцијал и професионализам за да изведат такви операции. Веќе се знае каде се нивните дувла, најголемот дувло за Балканот е Санџак и Нови Пазар, а за Европа, Виена. Во Скопје се знае веќе каде се лоцирани, во кои места и во кои џамии оперираат и регрутираат следбеници. Парите што доаѓаат од С. Арабија, служат за регрутирање на следбеници од најсиромашните слоеви, купување на големи количини на оружје, муниција, експлозиви и воена опрема, поткупување на корумпирани цариници за полесен пренос на опремата и оружјето во друга држава, парите за овие намени доаѓаат преку лажни хуманитарни организации и одбори за изградби на џамии и сл. Значи се знае се, зашто службите не преземаат акции се им е изџвакано само да го голтнат. Само изгледа не им одговара на некои луѓе да бидат елиминирани брадоњиве и ги користат за дестабилизација на Балканот, а подоцна и цела Европа
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Паравоени формации на Западен Балкан - анализа - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Паравоени формации на Западен Балкан - анализа   Паравоени формации на Западен Балкан - анализа - Page 2 Empty3/7/2012, 22:44

Уште да имавме држава како Израел ке бевме.
Денес се зависи од договор !
Свигало или не така е,.
Вратете се на почетокот Go down
 
Паравоени формации на Западен Балкан - анализа
Вратете се на почетокот 
Страна 2 of 2Отиди на страна : Previous  1, 2
 Similar topics
-
» Analytica - анализи за Македонија и Западен Балкан
» Исламски терористички органзации и паравоени групи

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Тероризам - нова светска војна-
Отиди до: