Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Југословенска Вселенска програма

Go down 
+4
tonin
SIG
Генерал
Subzero
8 posters
Отиди на страна : 1, 2  Next
АвторПорака
Subzero

Subzero


Број на мислења : 213

Југословенска Вселенска програма Empty
ПишувањеПредмет: Југословенска Вселенска програма   Југословенска Вселенска програма Empty11/3/2012, 23:28

Еве трилер од документарецот за Југословенската вселенска програма и тоа како тие
му ја продаваат на САД. Слушнав дека овој документарец се уште е во фаза на снимање.
Па да видам ваше мислење околу ова.
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Југословенска Вселенска програма Empty
ПишувањеПредмет: Re: Југословенска Вселенска програма   Југословенска Вселенска програма Empty11/3/2012, 23:38

Уште еден доказ за вредностите и силата Југославија.

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Југословенска Вселенска програма Empty
ПишувањеПредмет: Re: Југословенска Вселенска програма   Југословенска Вселенска програма Empty12/3/2012, 00:36

Искрено не верувам дека Југославија имала капацитет за било што близу до ова..
Вратете се на почетокот Go down
tonin




Број на мислења : 26

Југословенска Вселенска програма Empty
ПишувањеПредмет: Re: Југословенска Вселенска програма   Југословенска Вселенска програма Empty12/3/2012, 09:19

jugoslavija imala ucen narod be bratko ona duri bila i podobra i od rusite i od amerikancite site gi znaeme tie pozemnite kasarni i sto uste ne bea.
znam za eden podzemen aerodrom samo ne mi teknuva kaj bese smesten. zatoa amerikancite ja unistija bese svetska vele sila.

______________________
девојко да не постоеше МАКЕДОНИЈА мојата љубов ќе ти ја дадев на тебе.
Вратете се на почетокот Go down
Subzero

Subzero


Број на мислења : 213

Југословенска Вселенска програма Empty
ПишувањеПредмет: Re: Југословенска Вселенска програма   Југословенска Вселенска програма Empty12/3/2012, 09:59

Тонин па немала само Југославиа подземни касарни како што ги викаш ти и СССР имале и САД и ред други земји.
Вратете се на почетокот Go down
Profesionalec

Profesionalec


Број на мислења : 149

Југословенска Вселенска програма Empty
ПишувањеПредмет: Re: Југословенска Вселенска програма   Југословенска Вселенска програма Empty12/3/2012, 10:53

Сите тие идеи се превземени од другите земји, на пример идеите за подземните касарни покрај СССР се превземени и од Шведска.Конкретно мислиш на подземната воздухопловна база Жељава кај Бихаќ. Таа идеа е земена од Шведска,немој да мислиш дека Југославија измислила топла вода.Југославија развиваше млазни авиони како и клипни,но скроз самостојно неможеше да направи некој поголем проект од тој домен,се тоа беше со странска помош,од Русија,САД,Франција и слично.

______________________
Don't underestimate your enemy!
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Југословенска Вселенска програма Empty
ПишувањеПредмет: Re: Југословенска Вселенска програма   Југословенска Вселенска програма Empty12/3/2012, 11:16

Факт е дека Југославија била во позиција да користи искуства и од СССР и од Западот. Тоа може да се смета за една од позитивните работи кои допринеле за побрз општествен и воен развој.

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
tonin




Број на мислења : 26

Југословенска Вселенска програма Empty
ПишувањеПредмет: Re: Југословенска Вселенска програма   Југословенска Вселенска програма Empty13/3/2012, 10:38

kako i da e imala strucen kadar i imala kapacitet barem za nekoi delovi od ovoj dokumentarec

______________________
девојко да не постоеше МАКЕДОНИЈА мојата љубов ќе ти ја дадев на тебе.
Вратете се на почетокот Go down
Supeme General

Supeme General


Број на мислења : 9

Југословенска Вселенска програма Empty
ПишувањеПредмет: Re: Југословенска Вселенска програма   Југословенска Вселенска програма Empty3/5/2012, 15:29

Еве сега подетално за подземниот аеродром Жељава кај Бихаќ, Босна и Херцеговина !

Подземниот аеродром Жељава се до 1992 година бил најмоќна воена база во тогашната Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ), а може да се каже и на Европскиот континент. Такви типови на подземни бази имале многу малку земји, а најпозната по тоа е Шведска и од таму е користен моделот за изградба на аеродромот Жељава. Овој објект е лоциран на границата помеѓу Босна и Херцеговина и Хрватска (кај Бихаќ, или 22 км од Кореница или уште попозната како Титова Кореница) и поради тоа доживува ваква судбина. За време на војната во Хрватска 1991 овој аеродром е интензивно користен, но по судирот во БиХ, неговата понатамошна перспектива од геостратешката положба била неиздржлива. Затоа објектот кон крајот на мај 1992, од страна на ЈНА е онеспособен за понатамошно користење. По рушењето добар дел од објектот е оставен на тогашната војска на Република Српска, а еден мал дел кој се наоѓал на територијата на БиХ и бил под команда на армијата на БиХ. Во 1995 во операцијата ОЛУЈА е завземен од страна на армијата на БиХ, но многу брзо е предаден на Хрватската војска. Моменталната ситуација околу оваа поранешна воздухопловна база не е ни малку променета. Објектот бил проектиран во далечната 1957 година под шифрирано име “Објект 505“ во реализација на специјалното одделение за градежна управа во тогашното Министерство за одбрана (МО). Главните проектанти и реализатори на проектот се полковникот др. Љ. Кодеља и подполковникот В. Смирнов. Претходно е извршен избор за локација и одредени геолошки испитувања. Поради исклучителната геостратешка положба во тогашната Федеративна Народна Република Југославија (ФНРЈ) и природните богатства на планината Пљешевица, во близина на градот Бихаќ(БиХ) и Личко Петрово Село(Хрватска) одбрана е микро локација. Дури во средината на 1959 година започнале првите градежни работи на теренот. Работите биле доверени на војното градежно претпријатие “Соча“. Истовремено започнала изградба на полетно слетни писти и копање на тунели во утробата на планината Пљешевица. Тука градителите наишле на првиот голем проблем – имено планината била составена од исклучително цврсти карпи и морало да се користи минирање, проектантите смислиле специјален систем на рушење со кој рушењето било многу прецизно. Ова било многу ефикасно зошто изградените галерии морале да бидат широки 20м и високи 8м и долги повеќе од 1км. Под најголем степен на тајност се работело во три смени со околу 250 ангажирани работници. Сите работи биле завршени во 1965 година.

Базата која тогаш изгледала импресивно – вкупно во утробата на планината биле изградени три галерии и една помошна (како резервен излез) кои се спојувале на “раскрсници“. Овие три галерии имале импресивни димензии – биле долги 400, 500 и 350 метри, секоја со висина од 8м и ширина 20м. Базата била проектирана со систем на заштита да издржи директен удар на нуклеарен проектил со јачина од 20 кт. , ист каков што е фрлен на Нагасаки. Затоа пред влезот во секоја галерија е направена предкомора таканаречена “бленда“, односно бетонски заштити кои се спуштаат полукружно од таванот на секои десетина метри поради амортизација од огромен притисок за масивната врата од челик и бетон да не би претрпела поголем удар од три атмосфери. Влезот во секоја галерија бил затворан од овие врати. Сите черири биле со дебелина 1м, високи 9м и широка 20м. Секоја тежела по 100 тони и биле подвижни и галериите ги затварале херметички. Во самиот објект била изградена комплетна инфраструктура за одмор на повеќе од сто запослени од ресторанот, спалните, канцелариите, амбулантата, па се до техничната работилница, моќната агрегатна станица за производство на електрична енергија, складишта на керозин и убојни средства (UBS).

Во самото средиште на објектот постоел лифт со кој лицата се искачувале на висина од триесетина метри над нивото на базата каде се наоѓало тешко воочлив бетонски бункер (гледано од пистите) во кој постоела контролна кула и од неа се управувала авијацијата. Објектот е проектиран така да во случај на тотална војна да може самостојно да обезбеди непрекинато дејствување со сопствена авијација (имало околу 60 МИГ 21) околу седум дена без дополнување на гориво и убојни средства. Базата е снабдувана со керозин преку подземен цевовод од војниот склад на брдото Покој кај Бихаќ – самиот цевовод бил долг преку 20км. Надворешното складиште на убојни средства било одалечено околу 5км. од селото В. Поле. Занимливо е да се спомене дека при копањето на тунелот е пронајдена река понорница така да тоа било доста корисно – базата не морала да се грижи за снабдување со вода и случаен дефект. Во самиот објект од неговото отварање работел систем за климатизација кој за тоа време било право ремек дело. Во објектот е одржувана константна температура и била вршена филтрација на воздухот. Надворешниот дел на објектот имал аеродром кој се состоел од 5 писти (2 полетно-слетни и 3 полетни) и касарна (која воедно била и логистичка база) во близина на Личко Петрово село.

На самиот врв на планината Пљешевица (1650м.) биле инсталирани британски радари S-613 најмодерни во тоа време, со домет преку 400км со кој е надгледувана речиси цела територија на Италија, Австрија и добар дел од Унгарија. Исто така, тука е вграден подземен објект со оперативен центар.
Радарите биле поврзани во единствен систем на ПВО (против воздушна одбрана) на ЈНА. Од целокупниот систем кој бил поврзан за самиот аеродром само овие радари останале активни од 1992 до 1995 год. Радарите се уништени во 1995 од страна на војската на Република Српска за да не останат во рацете на хрватската војска.

Биле користени авиони МИГ-21, но било планирано да во блиска иднина тие да бидат заменети со МИГ-29, но околностите не го дозволиле тоа. Дури почнало проширувањето на едниот влез за сместување на 29-ки – имено за да се смести овој тип авиони морало да се прошири “бетонската завеса“ на влезот во објектот. Таа таканаречена завеса била проектирана според профилот на МИГ-21 кој има еден вертикален стабилизатор. Бидејќи 29-ката има два вертикални стабилизатори, морало да се поправи. Сепак мајсторите не се мачеле многу – останала само идејата.

Во бивша СФРЈ сличен објект на овој бил изграден во Приштина (аеродром Слатина), но тој бил многу мал и не би можел да парира на Бихачкиот аеродром.
Постои проценка дека објектот и аеродромот ја чинеле тогашната држава во тоа време (а секако и денес) фантастични 4 милијарди американски долари.
Со тие пари можело да се изгради супер модерен автопат со четири ленти (со пропратни објекти) од Триглав до Гевгелија.
Вратете се на почетокот Go down
Supeme General

Supeme General


Број на мислења : 9

Југословенска Вселенска програма Empty
ПишувањеПредмет: Re: Југословенска Вселенска програма   Југословенска Вселенска програма Empty3/5/2012, 15:32

Еве сега најдов и додатни информации околу аеродромот Жељава !


Иако е онеспособен пред повеќе од 20 години, аеродромот Жељава крај Бихаќ и денес е тема на разни коментари, проценки и речиси неверојатни приказни.
Своевремено важел за најмодерен објект од таков вид, а тоа што се работело и на подземен аеродром за чија изградба и уредување не се штедело во намерата да се постигне максимален ефект, предизвикувало не само восхит и стравопочит, туку и незмислива имагинација за неговите можности.
Најинтересно во целата приказана за аеродромот Жељава е таа иста фама, владее и ден денес, дури на моменти и појака од порано.

Клек, објект 505, Жељава – синоними се за најголемиот подземен аеродром, не само во екс Југославија. Познатиот комплекс е сместен под и во внатрешноста на планината Пљешивица.

Имал пет писти и четири тунели високи 8, широки 3 метри и долги 3,5 километри. Тешко е се претпостави со што се’ располагал овој објект во кој нормално не можел секој да влезе, а колку самата база била елитна говори самиот податок што службата во неа била сметана за посебна чест и само најдобрите доаѓале токму на овој аеродром.

Меѓу нив бил и Иван Прша, офицер во поранешната ЈНА, потполковник на авијацијата.

„Почна да се гради 1948 година. Од проектирање, изборот на локацијата и изградбата се работеше повеќе од 20 години. Оперативната употреба почна во 1967 година кога е комплетиран ловечко-авијацискиот полк, 117. ЛАП од Загреб дојде тука на Жељава. Вредноста на тој објект е тоа што во голема мера подземен објект со цела елементарна инфраструктура под Пљешовица така што ние сметавме дека можеме да се одбраниме и од тактички нуклеарни удари и затоа многу пари се вложени во него – околу 4,5 милијарди тогашни долари“, изјавил Прша за Радио Слободна Европа.

„Значи, намената на аеродромот и авијацијата беше да се заштити воздушниот простор на поранешна Југославија западно од линијата Сараево – Осијек и затоа беше еден од најмодерните и најмоќните затоа што требаше да одговори и во варијантите од западна или источна агресија. Во овој ’таен’ аеродром не можел секој да влезе. Само одбрани луѓе можеле да влегуваат во самиот подземен објект, така што едноставно јавноста не знае што имало во аеродрмот Жељава и какви тајни криел, а немало многу тајни. Факт е дека тоа било моќна авио база со педесеттина авиони, тоа е нешто ако носач на американските авиони и навистина беше голема огнена моќ за одбрана на воздушниот простор на поранешна Југославија, и ништо повеќе!“, додал потполковникот.

Планови за реконструкција

Денес рушевините и остатоците изгледаат мизерно ако се имаат на ум сите податоци за грандиозноста на градбата и функционирањето на најмоќната воена база, според многумина во Европа.Поранешната ЈНА пред повлекувањето го минирала и онеспособила објектот, како што кажуваат со 56 тони експлозив. Забот на времето исто така си го направил своето. Со оглед на тоа дека за време на војната во ’90-тите објектот бил линија за раздвојување, ова подрачје е и минирно. Од босанската страна го надгледуваат припадници на Граничната полиција.

„Околу десеттина километри од граничната линија, зелената граница, го покриваме просторот околу аеродромот Жељава. На територијата на БиХ се наоѓа една голема писта и две помали писти за полетување. Останатото е на страната на Хрватска“, вели командирот на единицата на граничнката полиција Арман Миќиќ.

Нормално, имало и предлози за обнова на аеродромот Жељава од обете страни на границата. Своевремено бил и изработен план за негова ревитализација, но поради цената, целиот проект паднал. Потоа се споменувала можноста за да се изгради картинг или велосипедска патека, слободна царинска зона, и на крајот, цивилен аеродром.

„Би се работело тука на еден карго аеродром во кој би имало пет логистички центри. Целата инвестиција би чинела околу 2,7 милијарди евра“. „Се уште постои таа приказна аеродромот да се комерцијализира, има логика и основа за тоа, ако се има пари и волја за тоа“, изјавил Хамдија Липовача.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Југословенска Вселенска програма Empty
ПишувањеПредмет: Re: Југословенска Вселенска програма   Југословенска Вселенска програма Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Југословенска Вселенска програма
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 2Отиди на страна : 1, 2  Next
 Similar topics
-
» ЈНА - Југословенска Народна Армија
» Југословенска Ратна Морнарица

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Кантина :: Наука и литература-
Отиди до: