Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Грузија - жртва на руската воена машинерија

Go down 
3 posters
АвторПорака
Profesionalec

Profesionalec


Број на мислења : 149

Грузија - жртва на руската воена машинерија Empty
ПишувањеПредмет: Грузија - жртва на руската воена машинерија   Грузија - жртва на руската воена машинерија Empty1/3/2012, 12:37

ГРУЗИЈА, НЕЈЗИНИТЕ НАМЕРИ И ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД РАДИКАЛИЗМОТ НА ПОЛИТИЧКАТА И ВОЕНАТА ВЛАСТ


Гледано од денешна перспектива гледаме дека со доаѓањето на Сакашвили на власт, Грузија и покрај нестабилната економија и високата незапосленост сосем се посветува на забрзана изградба на можна армија која ќе може да го скрши воениот отпор на Абхазија и Јужна Осетија. Најдобар ретроспективен индикатор на грузиските намери е воениот буџет на таа држава кој во 2002 – 2008 пораснал од 16.4 до 989.3 милиони долари!

[You must be registered and logged in to see this image.]

Забрзаната модернизација и постоеното квантитативно зголемување на грузиските вооружени сили предизвикале реакција од Москва која јасно ставила до знаење дека нема да дозволи унилатерално решавање на грузискиот проблем со Абхазија и Јужна Осетија. Во таа смисла, руските авиони неколку пати дрско го нарушуваат воздушниот простор на Грузија ,во делот на Јужна Осетија, а исто така собориле и најмалку 2 беспилотни летала над Абхазија. Тензиите се зголемиле во јули кога Русите во близина на грузиската северна граница извеле воена вежба „Кавкаски граници 2008„ во која учествувале 8000 војници, поддржани со околу 700 борбени возила и повеќе од 30 воени летала. Истовремено, во Грузија во периодот од 15 до 31 јули одржавана е грузиско-америчка воена вежба „Моментален одговор 2008„ , во чија реализација учествувале 1630 војници. Во меѓувреме тензиите опасно се зголемуваат долж „границата„ помеѓу Грузија и Јужна Осетија кога инцидентите прераснувааат во пресметки помеѓу осетиските сепаратисти и грузиските сили. Ваквиот развој на случувањата грузиското воено и политичко раководство го користи за тајно распоредување на 16000 припадници на грузиската војска и министерството за внатрешни работи долж конфликтната линија со Јужна Осетија. Воените конфликти помеѓу сепаратистите со грузиските сили доаѓаат до кулминација на 7. Август 2008. кога доаѓа до жестока размена на оган при што животот го губат 10 грузиски мировници распоредени во конфликтната зона. И покрај претрпените губитоци, грузиските сили не одговораат на провокациите почитувајќи ја наредбата на претседателот Сакашвили. Сепак, чашата се прели касно навечер истиот ден, кога сепаратистите го напаѓаат селото Приси, лоцирано близу Чинвали, а воедно е започнат жесток артилериски напад на селото Тамаршени. Према официјално Тбилиси, тоа била главна причина да грузиските сили, околу 23:30ч започнат со долго припреманата и планираната операција „Чисто поле„ со крајна цел воспоставување на уставниот поредок во Јужна Осетија. На тој начин започнува војна со голем интензитет кој бил инициран како грузиска воена операција за реинтеграција на Јужна Осетија кој завршува со дезинтеграција на таа мала кавкаска држава и на крај, со руско признавање на независноста на Абхазија и Северна Осетија.

КАВКАСКИ ВОЕН КОКТЕЛ

На почетокот на август 2008 година, грузиската армија е доволно вооружена и припремена за изведување на офанзивни дејства од широк размер. Гузиските вооружени сили броеа околу 28 990 лица организирани во КоВ, ВВ, ВМ, и националната гарда. Копнените сили се најголем и најсилен дел од грузиската војска и беа составени од пет пешадиски бригади:

1 бригада – Гори
2 бригада – Сенаки
3 бригада – Кутаиси
4 бригада – Вазаини, и
5 бригада (во тогашно основање) – Хони.

Грузискиот Стратешки Одбрамбен Преглед од 2007 година, пишува дека во својот состав поседува три лесни пешадиски батаљони, еден комбиниран текновски батаљон и еден артилериски батаљон.

За огнена поддршка на пешадиската бригада задолжена била елитната артилериска бригада од градот Гори пополнета со 1200 војници. Во оквирот на копнените сили постоела и инжењерска бригада (во основање – тогаш) потоа 6 самостални батаљони (мешовит тенковски батаљон – Гори, лесен пешадиски батаљон – Адила, санитетски батаљон – Сагурамо, батаљон за врска – Вазиани, батаљон за електронско извидување – Кобулети и батаљон за одржување – Тбилиси), како и батаљон за против-воздушна одбрана, лоциран во Кутаиси и опремен со ракетни системи Оса-АК/АКМ.


ВООРУЖУВАЊЕ И ОПРЕМА НА ГРУЗИСКИТЕ БЕЗБЕДНОСНИ СИЛИ

ГРУЗИСКО ВВ
Грузиското ВВ на почетокот на август го чинеа авијацијата и ПВО, со број на припадници од 1813. За постојано базирање на авијациската компонента во мирнодопски услови користени се аеродромите Марнеули и Алексеевка. Млазната авијација беше базирана во Марнеули и ја чинеа 30 воздухоплови: девет јуришници Су-25 (седум едноседи и два двоседи Су-25УБ), девет тренажни авиони Л-29 Делфин, и 12 тренажни авиони Л-39Ц Албатрос. Од друга страна, хеликоптерската компонента беше базирана на аеродромот Алексеевка и беше составена од осум борбени хеликоптери Ми-24 (пет Ми-24В и три Ми-24П), 18 повеќенаменски хеликоптери Ми-8Т/МТВ-1, два санитетски хеликоптери Ми-14ПС и шест повеќенаменски хеликоптери УХ-1Х. Во состав на грузиското ВВ оперативни беа и пет авиони Ан-2 , четири тренажни авиони Јак-52,како и одреден број на беспилотни летала Скајларк, Хермес 450, и Аеростар. Во Грузија авијациска компонента поседувало и МВР (најмалце два хеликотери Ми-17 и еден хеликоптер Енстром 280ФХ), граничната полиција (2 Ан-28, и најмалце 1 хеликоптер Ми-2, еден Ми-8 и два Ми-17).


ГРУЗИСКА ВМ
Во август 2008 ВМ била најмал и најслаб развиен дел на грузиските вооружени сили со вкупна јачина од 892 припадници кои за базирање на своите 35 бродови ги користеа пристаништата во Поти и Батуми. Исто така постоела и обална стража со еден патролен брод и 35 помали пловни објекти.


ГРУЗИСКОТО ПВО

Грузиското ВВ пред самиот почеток поседуваше најмалце шест модерни радари : 2 тродимензионални 36Д6-М , лоцирани во Тбилиси и кај селото Шавшвеби и четири дводимензионални радари П-180У , по еден во Марнеула и Алексеевка, и по еден во близина на црноморското пристаниште Поти и Батуми. Грузија поседуваше и најмалце еден , а веројатни дури 5 комплекси за пасивна детекција од типот Колчуга0М како и еден комплекс за електронско војување од типот Мандат. Целата мрежа на воените радари во 2006 била поврзана со четири цивилни радари за контрола , и интегрирана во единствен систем АСДЕ (Air Situation Data Exchange).

За остварување на своите задачи,грузиската ПВО била опремена со два батаљони со модернизирани ракетни системи С-125М Нева-М , лоцирани во близина на Тбилиси и Поти, како и еден батаљон (составен од 4 батерии) со мобилниот ракетен систем Бук-М1, базиран во Гори.Доколку се земат во обзир системите за ПВО и копнената војска, може да се заклучи дека пред војната, Грузија поседуваше респектабилни можности за откривање,лоцирање и уништување на воздушни цели.


ГРУЗИСКА КоВ

7 август беше вооружена со 247 тенкови (191 Т-72 од кои 120 беа модернизирано на стандард Т-72-СИМ-1, 56 Т-55АМ), 154 борбени возила на пешадијата (65 БМП-1, 15 БМП-1У и 74 БМП-2), 11 оклопни извидувачки возила БРМ-1К , 5 оклопни извидувачки возила БРДМ-2, 52 оклопни транспортери (15 БТР-70, 2 БТР-70ДИ, и 35 БТР-80), 86 оклопни гасеничари МТ-ЛБ, 6 самоходни топови Пион од 203мм, 1 Мста-С 152мм, 11 влечни хаубици Мста-Б 152мм, 13 самоходни хаубици Акација 152мм, 24 самоходни топови-хаубици Дана 152мм, 3 влечни топови Гиатсинт-Б 152мм, 109 влечни хаубици Д-30 122мм, 15 Противтенковски топови Д-44/48 од 85мм, 5 ПЦФР М-87 Оркан, купени од БиХ) , околу 30 разни повеќе цевни фрлачи на гранати, околу 80 минофрлачи 120мм, до 300 минофрлачи од 60,81 и 82мм, 150 ПО ракетни системи Фагот, Факторија, и Конкурс во пакет со 1750 ракети, потоа 15 влечни против авионски топови С-60 од 57мм, 30 влечни против авионски топови ЗУ-23-2 од 23мм , 15 самоходни против авионски системи ЗСУ-23-4 Шилка, од 23 мм, 8 системи за ПВО Оса-АК, 10 Оса-АКМ, како и големи количини на лесно преносливи системи за ПВО од типот на Стрела-2М, Стрела-3 , Игла-1 и Игла.

[You must be registered and logged in to see this image.]

Наспроти компактната,добро вооружената,високо мобилизираната и скоро потполно професионализираната грузиска војска стоеа силите на Абхазија и Јужна Осетија, како и воената машинериа на Русија. Во предвечерието на војната, осетиските сили броеа 2500 припадници и поседуваа 15 тенка Т-55 и Т-72, шест оклопни возила БРДМ-2 , 24 БТР-70/80, и 22 БВП БМП-1/2, потоа 95 различни артилериски орудија , (12 самоходни хаубици Акација, 12 Гвоздика 122мм, 12 влечни хаубици Д-30 122мм, 6 повеќе цевни фрлачи на гранати БМ-21 Град 122мм, 18 минофрлачи 120мм и 30 минофрлачи од 82мм. Потоа, 40 противоклопни ракетни системи Фагот и Конкурс, четири хеликотери Ми-8, три ЗСУ-23-4 Шилка од 23мм, шест ПВО системи Стрела-10 и 100 Стрела-2м и Игла.

[You must be registered and logged in to see this image.]

Вооружените сили на Абхазија во 2008 летото, броеа околу 4800 припадници. КоВ се состоеше од 4000 припадници,, и поседуваше 45 тенка (10 Т-72 и 35 Т-55) околу 100 БВП БМП-1/2, пет ОТ БТР-70, седум БРДМ-2, 18 МТ-ЛБ , 16 влечни хаубици Д-30 122мм, 20 противтенковски топа Д-44 од 85мм, седум БМ-21 Град, 12 минофрлачи 120мм, 20 минофрлачи од 82мм, 12 влечни ПВО топови ЗУ-23-2 од 23мм, пет ЗСУ-23-4 Шилка, како и 30 леснопреносливи ПВО системи Стрела-2М. Абхазиското ВВ се состоеше од 4 млазни авиони Л-39Ц, два Ми-24П, два Ми-8, два авиони Ан-2 кои беа базирани на Дранда-Бабушер, во близина на Сухуми. Оваа база беше седиште и на еден радар од типот 51У6 Каста-2Е1,. Абхазиската морнарица ја чинеа три дивизиони опремени со патролни бродови и помали пловни објекти.

Последниот елемент на експлозивниот кавкаски коктел се вооружените сили на Русија. Во конфликтот беше ангажирана 58. Армија на северно-кавкаскиот воен округ, потоа елементи на 4.Армија на ВВ и ПВО како и елементи на воздушно десантните војски, Црноморската флота, 76. и 98. Гардиски воздушно-десантни дивизии, и секако незаобиколните специјални единици на руските вооружени сили и Руското МВР. Споменатите сили се скоро во целост професионализирани а вооружени се со скоро целото стандардно конвенционално оружје кое е оперативно во руските вооружени сили. Сепак, во операцијата против Грузија приметена беше и доминација на вооружување и техника уште од времето на Советскиот Сојуз, направена за време на Студената војна.


ГРУЗИСКИОТ ПАТ ОД РЕИНТЕГРАЦИЈА ДО ДЕЗИНТЕГРАЦИЈА

Нападот на грузиската војска врз Јужна Осетија започна вечерта на 7 август, така што градот Чинвали најпрво остана без електрична енергија, после што грузиската артилерија започна со жесток неселективен напад на градот кој траеше од 23:30 до 05:00ч. Одговорот на Москва не требаше долго да се чека – утрото на 8 август, елементи на 58. Армија навлегоа во Јужна Осетија низ стратешки важниот тунел Роки кој е долг 4 километри, а се протега низ руско-грузиската планинска граница и претставува единствена квалитетна патна врска помеѓу јужната руска провинција Северна Осетија и северната грузиска провинција Јужна Осетија. Првите руски трупи се виде во Јужна Осетија околу 8:00 ч.Брзата реакција на руските сили беше потврда дека руската војска веќе била во висок степен на борбена готовност и дека одбраните единици само чекале знак за акција. Продорот на руските сили во Јужна Осетија беше најава за опасната ескалација на конфликтот.

Грузискиот напад за воспоставување контрола во Чинавли почна утрото на 8 август, кога околу 600 војници поддржани од тенкови Т-72, после жестоки битки и прегрупирања, успеаа да го скршат обрачот на градот и ги потиснат осетиските бранители, најпрво према центарот на градот, а подоцна и на самата периферија. Во борбите активно учествуваа грузиските авиони Су-25 и хеликоптерите Ми-24. Руската авијација започнува активно да делува во Јужна Осетија околу 9:45ч кога со најмалце 3 бомби е неуспешно нападнат грузиски радар 36Д6-М лоциран кај Шавшвеби, во близина на градот Гори. Само 45 минути подоцна, руски авион Су-24 дејствува кај селото Вариани, 75 километри северозападно од Тбилиси. Во 10:57ч, следи напад на два руски авиони по деловите на грузиската артилериска бригада распоредена кај Гори. Вториот бран на руските воздушни удари започнува во 15:05 кога еден авион со две бомби го напаѓа воениот аеродром Вазијани, лоциран во близина на меѓународниот аеродром Тбилиси. Дејствата по грузиските воени аеродроми продолжуваат во 16:30ч кога се бомбардирани аеродромот Маурнеули и касарната во градот Болниси. Потоа следуваат уште два напади на Марнеули, еден во 17:00ч и еден 35 минути подоцна. Како резултат на трите напади на аеродромот Марнеули, Русите успеваат да уништат три авиони Ан-2 кои биле приземјени, и да и нанесат голема материјална и инфраструктурна штета на самата база. Во меѓувреме, околу 16:00ч руските тенкови влегуваат во Чинвали по што доаѓа до директен и жесток сукоб кој активно го помагала руската авијација. Последниот напад на руското ВВ во текот на првиот ден се случило во 18:45ч кога пет авиони жестоко ја напаѓаат артилериската бригада во Гори. Делови на руската црноморска флота, во меѓувреме го напуштаат пристаништето Севастопол, и до крајот на денот успеваат да воспостават неформална блокада на грузискиот брег.

[You must be registered and logged in to see this image.]

Спорото напредување на руските трупи низ тунелот Роки и лошата патна инфраструктура до градот Чинвали не им дозволува на Русите да брзо ги распоредат своите сили во зоните на борбените операции. Од таа причина на 9 август, руските копнени сили сеуште немаат започнато со поголеми офанзивни акции и наместо тоа тие настојуваат да ги задржат своите позиции и да формираат воени сили кои ќе и го нанесат конечниот удар на грузиската армија. Во исто време, руското ВВ продолжува активно да дејствува и ги шири своите операции долж целата територија на Грузија. Најпрво, во 00:12ч жестоко е бомбардирано пристаништето Поти при што е потопен еден брод за хидрографски истражувања, а само пет минути подоцна Русите жестоко ја бомбардираат воздухопловната база и железничка станица во градот Сенаки. Во 00:20ч руските авиони по втор пат од почнувањето на војната ја напаѓаат базата Вазијани, а еден час по полноќ следел и вториот напад на пристаништето Поти. Првиот бран на руските воздушни удари на 9 август завршува рано наутро, во 1:20ч, кога руските авиони вршат напад врз цели во Гатчијани и Гардабани, населени места лоцирани 20км јужно од Тбилиси, во непосредна близина на нафтоводот Баку-Тбилиси-Цејхан и границата со Азербејџан. Нападите на руската ВВ продолжуваат претпладне , во 10:00ч кога по прв пат бомбардирана воздухопловната база Копитнари. Во 10:22ч руската авијација дејствува по грузиските сили кои се стационирани во околината на Гори а веќе во 12:40ч следува и втор напад на аеродромот Копитнари. Околу час и пол подоцна руското ВВ ги шири своите зони на дејство и на територијата на Абхазија каде што повторно се нападнати грузиските положби во регионот Горна Абхазија, кој пред почетокот на август беше под контрола на грузиските сили. Во овие бомбардирања извршен е напад врз аеродромот кај село Омаришара. Во 16:35ч следи напад врз грузиските сили во околината на градот Они.Дејството на руското ВВ завршува во 22:30ч после бомбардирања на цели во Чхалти, административниот центар во регионот Горна Абхазија. Вечерта, на 9 август, руската ракетна корвета Мираж влегува во воен судир со четири грузиски брода по што е потопен ракетниот брод Тбилиси. Во утринските часови на 10 август, грузиските сили конечно успеваат да во целост го завземат градот Чинвали и да ги протераат руските и осетиските сили на позициите северно од градот.

[You must be registered and logged in to see this image.]

Но тоа е само пирова победа доколку се земе во обзир фактот дека само неколку часа подоцна, околу 10 000 руски војници поддржани од 120 тенкови, авиони Су-24 и Су-25, како и од хеликоптерите Ми-24, започнуваат офанзива за протерување на грузиските сили од Јужна Осетија.Грузиските позиции и нивните можности додатно се угрозени поради брзата мобилизација на абхазиската армија како и брзото распоредување на околу 9000 руски војници во Абхазија каде што помал број на грузиски војници се наоѓаат во цврст обрач во долината Кодори, каде што истите се повикани да се предадат или да се соочат со уништување. Во меѓувреме, дејството на руската авијација продолжува да дејствува со ненамалена жестина и интензитет. Во 5:45ч руски Су-25 со три бомби ја погодува фабриката за авиони ТАМ, лоцирана во близина на Тбилиси. Два часа подоцна, руските авиони вршат напад врц цели северно од Поти, а еден час потоа десет руски борбени авиони вршат дејство врз грузиските сили во долината Кодори. Во 11:15ч следува ново бомбардирање на грузиските радарски инсталации во близина на Шавшвеби. Бомбардирањето на грузиските сили продолжува во 15:00ч каде што е дејствувано во околината на село Кнолеви. Десет минути подоцна, руските авиони уште еднаш вршат воздушна поддршка на единиците кои учествуваат во абхазиската офанзива во Горна Абхазија. Во 16:05ч и во 19:10ч руски авиони Су-25 изведуваат две нови бомбардирања врз фабриката ТАМ, која пак беше специјализирана за сериско производство,генерален ремонт и модернизација на авионите Су-25, иронично зар не?
Во 19:35ч два руски авиони вршат дејство кај градот Сенаки. Последниот напад на руската авијација тој ден се случил околу 20:25ч кога два авиони повторно напаѓаат позиции во Абхазија. До крајот на денот Русите го завземаат разрушениот град Чинвали по што продолжуваат со офанзивата во правец на Гори. Руската офанзива продолжува се до 11 август. Паралелно со еуфоричното копнено напредување во правец на Гори, руското ВВ со исто толкав интензитет ја шири кампањата врз целата територија на Грузија. Во 00:30ч по трет пад е извршен напад врз радарскиот комплекс кај Шавшвеби, а дејствувано е и врз грузиски положби во Абхазија.

[You must be registered and logged in to see this image.]

Во 3:05 од воздух, по прв пат се нападнати цели на територијата на автономната грузиска република Аџдарија. Во 3:12ч во истата област следи и воздушен напад на воената база Хелвачаури. Во 3:26ч руските авиони повторно дејствуваат врз грузиски цели во Абхазија. Во 4:30ч утрото, руската авијација врши бомбардирање каде што делумно го уништува цивилниот радар кај селото Лениниси, на само пет километри од главниот грузиски град Тбилиси. Во пет часот следело првото и единственото бомбардирање на аеродромот Шираки, лоциран на крајниот исток на Грузија.
Во 6:10ч руското ВВ врши напад врз грузиски тенкови во околината на Гори. Во меѓувреме, во утринските часови, руските десантни единици од Абхазија влегуваат во западна Грузија по што извршуваат напад и ја уништуваат модерната воздухопловна база Сенаки, со цел оневозможување на нејзиното користење и изведување на воздушни контра-удари од страна на грузиското ВВ. При тоа, руските сили уништуваат два хеликоптери од типот Ми-8, и еден Ми-24.

Последниот напад на руската авијација на 11 август се случил во 7:15ч наутро, кога руското ВВ ја бомбардира полетно-слетната стаза на воениот аеродром Сенаки. Во текот на денот руските копнени сили додатно напредуваат и успеваат да потполно ја исчистат Јужна Осетија од грузиските сили, а утрото на 12 август, започнуваат со преминување на линијата која ги раздвојува Јужна Осетија и Грузија, со цел воспоставување на 25км долга демилитаризирана зона која би оневозможила идно дејство на грузиската артилерија по Јужна Осетија.

[You must be registered and logged in to see this image.]

Соочена со жестоко и бескомпромисно настапување на руската војска, грузиската армија почнува со панично и неорганизирано повлекување во правец на Гори, а потоа и во правец на Тбилиси. Во повлекувањето, грузиските војници зад себе оставаат голема количина на модерно вооружување. Последниот забележан напад на руското ВВ се случил на 12 август кога од 9:30 до 10:55 се изведени низ удари по градот Гори и неговата околина.
После ова следеше одлуката на рускиот претседател Дмитриј Медведев за прекид на активната фаза на воените операции.
На 15 август руската војска застанува на само 55км од главниот град Тбилиси, а во текот на наредниот ден влегува и во Гори и Сенаки каде што потполно се посветува на заплена и уништување на грузиското наоружување и опрема.
Повлекувањето на руските сили започнува на 18 август а завршува на 22 август, по што на 26 август Русија и официјално ја признава независноста на Абхазија и Јужна Осетија со што е ставен крај на долгогодишното настојување на Грузија да ги реинтегрира нејзините бунтовни про-руски региони.

[You must be registered and logged in to see this image.]

Текст превземен и изменет од Аеропрофил,Игор Божиновски,

Измена и превод: ОДБРАНА

______________________
Don't underestimate your enemy!
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Грузија - жртва на руската воена машинерија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Грузија - жртва на руската воена машинерија   Грузија - жртва на руската воена машинерија Empty2/3/2012, 20:53

Вратете се на почетокот Go down
Hivemind

Hivemind


Број на мислења : 52

Грузија - жртва на руската воена машинерија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Грузија - жртва на руската воена машинерија   Грузија - жртва на руската воена машинерија Empty26/4/2013, 13:15

Не за џабе имаше предупредувања дека од Косово ќе има низа ефекти што е нормално и на ова многумина предупредија бидејќи се прекрши принципот на непроменливост на грани9ците.

Очигледно ООН не си ја врши работата бидејќи од 50-60 милиони жртви во ВВ2 после имаме уште 50 локални и регионални конфликти во кои до 1995 животот го загубија 14 мили8они луѓе за бројката на ранетите silent

Исто и за злоупотребата на деца тинејџери во војни ширум меридијаниве светски.

Но кога станува збор за конфликтот Русија грузија(имајте предвид дека Украина продаде последните неколку години оружје на Грузија во вредност од милијарда и 120 милиони долари, за Полска,САД,Србија,Германија да не зборам, но она што е важно е дека се испроба во реални услови НАТО концептот на нели мала, добро организирана, обучена и модерно вооружена армија како поефективна и поевтина од "источниот па и екс ЈУ" модел на помасовна армија овој концепт пропадна во вода и во пракса и покрај модерното вооружување, Русија не употреби ниту еден Т-90 не па ли масовно бомбардирање и тоа да речеме со Тупољев мечката или блекџек.

Сега доста интересно е што и покрај овој доказ србија сепак значително ја редуцираше Армијата најверојатно веќе немаат елан за експанзија Smile
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Грузија - жртва на руската воена машинерија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Грузија - жртва на руската воена машинерија   Грузија - жртва на руската воена машинерија Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Грузија - жртва на руската воена машинерија
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» Оклопни борбени возила
» Владо Поповски - Руската политика кон Македонија
» Руската војска во Чеченија - студија за воениот морал на војниците
» Воена географија
» Воена географија

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Воена историја-
Отиди до: