Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија

Go down 
+21
Mrshajnoski
Rashid
Panter
Спенсер
Цане
ESN
РИС
JKD
Legija91
Smrtnikot
shady3
tose
Macedonian Knight
Alvar
beowulf
Makedon
Davormkd
Зоран
Генерал
filip555
SIG
25 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5 ... 19 ... 35  Next
АвторПорака
Macedonian Knight

Macedonian Knight


Број на мислења : 318

Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија   Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија - Page 4 Empty22/6/2013, 23:32

https://www.youtube.com/watch?v=_t3qOh03-X8




Еве видео од планинска бура само незнам дали се ЕБР или Тигрите
Вратете се на почетокот Go down
tose

tose


Број на мислења : 160

Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија   Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија - Page 4 Empty22/6/2013, 23:41

не е битно кој се...битно е дека е добро завршена работа без повредени и жртви од наша страна...
Вратете се на почетокот Go down
shady3




Број на мислења : 113

Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија   Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија - Page 4 Empty24/6/2013, 02:09

tose напиша:
не е битно кој се...битно е дека е добро завршена работа без повредени и жртви од наша страна...


Не е точно, од наша страна загина Игор Драганов, т.е. им подлегна на повредите.
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија   Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија - Page 4 Empty24/6/2013, 15:30

shady3 напиша:
tose напиша:
не е битно кој се...битно е дека е добро завршена работа без повредени и жртви од наша страна...


Не е точно, од наша страна загина Игор Драганов, т.е. им подлегна на повредите.

Колку што успеав да се информирам, Игор Драганов загинал во Танушевци во 2007, а не во Бродец. Колку што паметам по акцијата "планинска бура" немаше известување за загинати или ранети припадници на полицијата.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10949

Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија   Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија - Page 4 Empty25/6/2013, 13:27



ВИДЕО: Како течеше акцијата „Филтер“ со која се удри по шверцерите на цигари

Утринава заедно со кривична пријава и обезбедениот доказен материјал, 17 лица кои беа дел од дваесет члена организирана криминална група инволвирана во криумчарење на цигари, беа изведени пред надлежен Истражен судија.
Имено, криминалната група составена од 19 македонски и 1 бугарски државјанин, се товари дека во периодот од септември 2010 година до септември 2011 година, организирала вкупно 12 нелегални транспорти на цигари од Р.Македонија во Р.Бугарија.
Последната акција за сузбивање на тутунската мафија која се водеше по Оперативно име „Филтер“, беше реализирана во текот на вчерашниот ден во Скопје, Тетово и повеќе градови низ источна Мпри што беа приведени и организаторите и членовите на добро структурираната криминална група,
Според досега документираните сознанија групата во Септември 2010 година ја создал 47 жител на Скопје, потпомогнат од 41 годишно лице од Тетовое и други пет лица од Скопје, заради вршење на кривични дела криумчарење на цигари. Останатите членови од Струмица, Делчево, Кочани и Берово, кои се на возраст од 25 до 60 години, имале задача илегално да ги пренесуваат цигарите во соседна Бугарија. Како логистика од другата страна на границата им бил 34 годишен бугарски државјанин, кој исто така е опфатен со пријавата. Меѓу пријавените фигурира и еден полициски службеник, вработен во граничната полиција, кој имал задача членовите на групата да ги информира за движењето на полициските патроли по граничната линија.
Инаку, криминалната група се занимавала со организирање на криумчарење и транспорт на акцизна стока – цигари со и без акцизни маркички од Р.Албанија и Косово во Р.Македонија, а потоа од Р.Македонија кон Р.Бугарија. Членовите на групата цигарите ги складирале во магацински простории на територијата на Скопје и околината или во помошни магацински простории лоцирани во близина на македонско- бугарската граница во нивна сопственост. Мал дел од криумчарените цигари членовите на криминалната група ги пуштале во промет и на територијата на Р.Македонија, додека поголемиот дел по нелегалното внесување, повторно ги транспортирале и ги криумчареле во Р.Бугарија, поради тоа што цигарите како акцизна стока, во Р.Бугарија имаат значително поголема вредност (споредено со малопродажните цени во РМ), што на организираната група и носела значително поголем нелегален профит.
Членовите на криминалната група имале строго зацртани задачи во хиерархијата. Организаторот и неговите помагачи набавувале цигари од странство и го организирале криумчарењето до Р.Македонија и од Р.Македонија во странство, плаќањето на цигарите, складирањето на територијата на РМ, обезбедувањето на транспортот, како и продажбата на цигарите во земјава и во странство. Истите имале организирана мрежа на транспортери кои ги транспортирале цигарите до источниот дел на Р.Македонија на подрачјата на Крива Паланка, Делчево, Кочани, Берово, Струмица каде што ги предавале цигарите на останатите членови на групата.
Целата операција на МВР за сузбивање на оваа група се работеше подолго време така што покрај овие 20 лица, претходно се кривично пријавени, дополнителни шеснаесет члена на оваа криминална група (12 македонски и 4 бугарски државјани) – транспортери на цигари кои во временскиот период од септември 2010 година до септември 2011 година се обиделе да извршат 12 транспорти на вкупно 2.976.220 парчиња на цигари од Р.Македонија во Р.Бугарија. Овие транспорти на цигари од страна на МВР на РМ се спречени, при што вкупната вредност на запленетите цигари изнесува околу 8.000.000,00 денари.
Вчера, со судска наредба, беа извршени и 17 претреси во домовите на членовите на криминалната група при што се пронајдени поголема количина рефус цигари (3 пакети), неколку килограми марихуана, 100 пакети енергетски пијалак РЕД БУЛ (нелегално внесен од Косово), над 15.000 евра, 341 штеки цигари без акцизни маркички, 3.983 македонски акцизни маркички за кои се претпоставува дека се фалсификувани и едно патничко моторно возило користено за вршење на кривичните дела.
Тројца од осомничените вчера не и беа достапни на полицијата и против истите ќе се преземат дополнителни мерки за нивно пронаоѓање. Против сите 20-мина членови на криминалната група до Основно Јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал поднесена е кривична пријава за сторени кривични дела „Криумчарење“.
Паралелно со реализирањето на оваа акција, МВР по претходни добиени оперативни сознанија пресече уште еден меѓународен канал за криумчарење на цигари. Откриени се повеќе лица од Делчево кои подолг временски период се занимавале со криумчарење на акцизна стока - цигари на подрачјето на Делчево кон Р. Бугарија. По превземени оперативни мерки неколкумина од нив се приведени и од истите се одземени 700 штеки цигари, од кои 600 штеки ЈОРК и 100 штеки БЕНСТОН, со бандерола и едно моторно возило – трактор.
Борбата против криумчарењето акцизни и други видови стоки и натаму останува приоритет на МВР. Во минатото беа реализирани голем број случаи како „Пепел“, откривани нелегални магацини и документирани незаконитости во работењето на тутунските комбинати. Од 2006 година наваму, откриени се преку 600 кривични дела од оваа област за кои беа пријавени над 770 сторители. Во полициските акции беа запленети приближно 22,5 тони дробен тутун, 25 тони различни цигари и над 330 000 штеки цигари.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија   Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија - Page 4 Empty9/7/2013, 12:57

Во комбинатот "Југохром", денеска ќе бидат уништени запленети оружје и дрога


http://sitel.com.mk/node/86615
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10949

Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија   Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија - Page 4 Empty29/7/2013, 13:13



Приведување на танчарки во Тетово

Министерството за внатрешни работи, изврши акциска контрола и претреси во пет објекти (два угостителски и три станбени) на подрачје на Тетово, за кои претходно се добиени сознанија дека во истите нелегално работат како танчарки и келнерки странски државјанки, а истите се сместувани во претходно изнајмените станови, објави "Курир".

При извршената акциска контрола во угостителски објекти “БАБИЛОН“ затекнати се пет девојки од Србија кои работеле како танчарки и келнерки, а во угостителскиот објект хотел “ДИНАМИКА“ пронајдена е една девојка исто така од Србија кај која се пронајдени и одземени 90.400 денари, 150 швајцарски франци и 80 евра.

Во угостителскиот објект “БАБИЛОН“ пронајдени и одземени се кутии за пари-бакшиш со испишани имиња на девојките (на секоја од кутиите) во кои имало околу 20.000 денари.

При извршениот претрес во хотелот “ДИНАМИКА“, во просторијата каде што е лоцирана рецепцијата на хотелот пронајден е и еден пиштол марка “Црвена Застава - екол туна“ 8 мм со 3 куршуми без дозвола и истиот е одземен со потврда за привремено одземени предмети од сопственикот Б.М. од Тетово, против кого ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Од извршените претреси во становите за кои постојат сознанија дека биле сместувани странските државјанки, пронајдени се женски алишта, опаковки од користени СИМ картички, потврди за трансфери за пари преку Вестерн Унион како и извесна сума на пари (околу 40.000 денари и 120 евра).

Од извршените проверки утврдено е дека странските државјанки кои биле затекнати во угостителските објекти оствариле легален влез во РМ, а против истите согласно Законот ќе им биде изречена мерка забрана за влез во РМ. МВР продолжува да работи на целосно расветлување на случајот за што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=7D8D8C0FBA4F3343B65D58E1DF585FB7

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија   Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија - Page 4 Empty17/9/2013, 16:58



Добар вкус нема што.

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10949

Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија   Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија - Page 4 Empty17/9/2013, 17:05

HK, Glock, Walther, S&W, Beretta, Desert Eagle... машала, машала, изгледа добро плаќал гркот. Cool

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија   Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија - Page 4 Empty17/9/2013, 21:49

Alvar напиша:
HK, Glock, Walther, S&W, Beretta, Desert Eagle... машала, машала, изгледа добро плаќал гркот. Cool
Или типот имал вкус,
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија   Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија - Page 4 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија
Вратете се на почетокот 
Страна 4 of 35Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5 ... 19 ... 35  Next
 Similar topics
-
» Воени сили во Светот (воени сили за кои нема посебна тема)
» Македонија - 2001
» Македонија во 2001
» Потреба од SAR служба во Македонија?
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Министерство за Внатрешни Работи - МВР-
Отиди до: