Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Генерал - Михајло Апостолски

Go down 
3 posters
АвторПорака
AlexGreat

AlexGreat


Број на мислења : 277

Генерал - Михајло Апостолски Empty
ПишувањеПредмет: Генерал - Михајло Апостолски   Генерал - Михајло Апостолски EmptyВто 2 Aвг 2011 - 5:12

Михајло Апостолски (Ново Село, 8 ноември 1906 - Дојран, 7 август 1987) бил македонски партизан, генерал, командант на НОВ и ПОМ, воен теоретичар, политичар, историчар и народен херој

[You must be registered and logged in to see this image.]

Биографија:

Основното и средното училиште ги завршил во Штип. Во 1927 г. ја завршил Воената академија во Белград, во 1933 Високата воена академија, а во 1938 г. ка завршил и Генералштабната академија.
Втората светска војна го затекнала во чинот генералштабен мајор на служба во Љубљана (на должноста началник на штаб на дивизија).
Во текот на кратката Априлска војна во 1941 година командувал со планинските единици на Алпите. Кога Германците ја нападнале Југославија, тој наредил да се урнат сите мостови за да се забави нивното напредување. По капитулацијата на Југославија заробен е од италијанската војска и одведен е во логорот Вестоне. Според бугарски извори на 23 јуни 1941 година неговиот таткото испраќа молба до бугарскиот министер за одбрана за негово ослободување и таа е одобрена. Тој потоа бил префрлен во Риека, каде што бил ослободен со група Македонци.
По враќањето во Македонија окупирана од бугарски фашистичка, 1 чизма, во септември 1941 година за поврзува со народноослободителното движење во Македонија. Во септември истата година бил назначен за член на Покраинскиот воен штаб на Македонија, а од јуни 1942 година за командант на Главниот штаб на народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија. Во мај 1943 година бил назначен за генерал мајор. На Второто заседание на АВНОЈ бил избран за член на Претседателството на АВНОЈ.
Од февруари 1944 година покрај 33 македонски оперативни бригади, под команда на Апостолски се наоѓаат и бригади од Косово и од јужна Србија. Член е на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ. Учествува на Првото заседание на АСНОМ и е избран во неговиот Президиум.
Во февруари 1945 година бил назначен за началник на Врховниот штаб на НОВ (односно на Генералштабoт на Југословенската армија). Извршувал и други одговорни функции во ЈНА. Помеѓу 1946 и 1952 година бил командант на сараевската воена област и началник на високата воената академија на ЈНА. Се пензионирал со чин генерал-полковник.
По престанувањето на неговата активна воена служба, започнал интензивно да се занимава со историја. Во периодот од 1965 до 1970 година бил директор на Институтот за национална историја.
При формирањето на Македонската академија за науки и уметности (на 18 август 1967 година) е избран за нејзин прв редовен член. Во 1968 година е избран за дописен член на Српската академија на науки и уметности. Подоцна е избран и за член на Југословенската (денес: Хрватска академија на науките и уметностите), Словенечката, на Академијата за науки и уметности на Босна и Херцеговина и на Академијата на Косово.

Од 1976 година до 1983 година бил претседател на МАНУ. Во периодот од 1978 до 1981 година бил претседател на Советот на академиите на науки и уметности на СФРЈ. Бил и член на и Советот на федерацијата.
Во 1953 година бил одликуван со орденот Народен херој. Добитник е и на наградата АВНОЈ во 1978 година - највисоката награда која ја доделувала СФРЈ.



Укажани почести во независна Македонија:

Денес Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ во Скопје и орденот „Михајло Апостолски“ го носат неговото име.



Публикации на Михајло Апостолски:

Михајло Апостолски, Благоја Симоновски, Пет години слободно Скопје, Градски одбор на народен фронт, 1949, Скопјe.
Михајло Апостолски, 40 години од формирањето на крупните воени единици во Македонија, ИСТОРИЈА, 19, 1 (1983), стр. 43-51.
Михајло Апостолски, Митко Панов, Радовиш и Радовишко, Општински одбор на здружението на борците од НОБ, 1984.
Mihajlo Apostolski, Dančo Zografski, Aleksandar Stojanovski, Gligor Todorovski, Graham W. Reid (eds.), A history of the Macedonian people Macedonian Review, Skopje, 1979.
Михајло Апостолски, Ацо Алексиевски (уредници), Из прошлости македонского народа, Радио-телевизија, Skopje, 1969.
Михајло Апостолски, Кочанско и Виничко во Фебруарскиот поход, статија од монографијата: Кочани и Кочанско во НОВ 1941-1945, Ванчо Андонов (уредник,), Општински одбор на Сојузот на здруженијата на борците од НОВ, 1985. стр. 347-357.

-----------------
Извор:Википедија
Вратете се на почетокот Go down
kocov




Број на мислења : 137

Генерал - Михајло Апостолски Empty
ПишувањеПредмет: Re: Генерал - Михајло Апостолски   Генерал - Михајло Апостолски EmptyЧет 11 Aвг 2011 - 8:53

Да Михајло Апостолски е човекот кој ја ослободи Македонија и имаа многу за пишиње за неговите воени дејствија од 1943 до 1945.
Вратете се на почетокот Go down
AlexGreat

AlexGreat


Број на мислења : 277

Генерал - Михајло Апостолски Empty
ПишувањеПредмет: Re: Генерал - Михајло Апостолски   Генерал - Михајло Апостолски EmptyЧет 11 Aвг 2011 - 8:56

Па кочов кажи нешто...за неговото ослободување на Македонија. Very Happy

______________________
Born to be Macedon!
Вратете се на почетокот Go down
kocov




Број на мислења : 137

Генерал - Михајло Апостолски Empty
ПишувањеПредмет: Re: Генерал - Михајло Апостолски   Генерал - Михајло Апостолски EmptyЧет 11 Aвг 2011 - 8:57

Особено е значен за тоа дека тој е еден од основачите на Т.О во поранешна Југославија
Вратете се на почетокот Go down
kocov




Број на мислења : 137

Генерал - Михајло Апостолски Empty
ПишувањеПредмет: Re: Генерал - Михајло Апостолски   Генерал - Михајло Апостолски EmptyПет 12 Aвг 2011 - 17:39

Од онаа што го памтам за овој генерал е тоа дека и тој како илинденците се крева на едно општо востаније но разликата е тоа што михајло апостолски не се концетрира на еден град како што направија во 1903 тука постојано се движи и напајга помали места а како рути за своите движења ги користи планиските врвови исто како римјаните значи се движи од еден врв на друг врв или по сртот на планината така да ако се земи картата на македонија многу лесно можиме да одиме на било кое место ако се користат планиските масиви, друго нешто е тоа што тој не води воени дејствија само околу територијата на Македонија тука влегува во егејска Македонија потоа го прави нападот на зелено поле које које се наојга во Софија што ги збеснало бугарите и ја кренале целата авиација и почнале да го гоната така да Михајло Апостолски заедно со своите бригради бега се до горните текови на морава па потоа преку стара србија или рашка да слези повторно во македонија и мислам дека неговте едници поминале 300 км на марш низ планини.
Вратете се на почетокот Go down
kocov




Број на мислења : 137

Генерал - Михајло Апостолски Empty
ПишувањеПредмет: Re: Генерал - Михајло Апостолски   Генерал - Михајло Апостолски EmptyВто 16 Aвг 2011 - 13:05

imaa mnogu za pisnijne no samo da gi najdam negovite knigi
Вратете се на почетокот Go down
AlexGreat

AlexGreat


Број на мислења : 277

Генерал - Михајло Апостолски Empty
ПишувањеПредмет: Re: Генерал - Михајло Апостолски   Генерал - Михајло Апостолски EmptyСаб 17 Сеп 2011 - 12:34

Интересно,ако најдеш нешто пиши,баш ме интересира.

______________________
Born to be Macedon!
Вратете се на почетокот Go down
BABUN

BABUN


Број на мислења : 133

Генерал - Михајло Апостолски Empty
ПишувањеПредмет: Re: Генерал - Михајло Апостолски   Генерал - Михајло Апостолски EmptyСаб 20 Jул 2013 - 23:30

kocov напиша:
Да Михајло Апостолски е човекот кој ја ослободи Македонија и имаа многу за пишиње за неговите воени дејствија од 1943 до 1945.
Ја ослободи МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Smile 
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Генерал - Михајло Апостолски Empty
ПишувањеПредмет: Re: Генерал - Михајло Апостолски   Генерал - Михајло Апостолски Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Генерал - Михајло Апостолски
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Воена историја-
Отиди до: