Доколку ги прашате постарите тие ќе го наречат каќуша но денес ќе ви представам еден од неговите наследници BM-21 Grad со калибар 122mm сметам дека треба да има посебна тема затоа што АРМ поседува 12.
Ракетниот лансер BM-21 Grad(нато ознака - М1964) Овој ракетен лансер се произведува во Русија но и во други земји по руска лиценца. Со модернизацијата максималниот дострел е зголемен од 20 на 40 km. Со модификацијата на моторите на ракетите во кои се вградени копмпозитни материјали, тежината на ракетата е намалена од 20 на 9 kg, а е подобрена и нејзината аеродинамичност. Ваквите измени најмногу влијаеле на прецизноста каде што најголема заслуга има модификацијата на дизајнот. BM-21 Grad има голема убојност, дострел и точност на погодок кој уништува се околу себе во дијаметар од 200 метри квадратни за ова најмногу придонела модификацијата каде е зголемена за шест пати. Секое орудие има по 40 цевки со поединечна стрелба од 0,5 секунди. За само 20 секунди се лансираат сите гранати од орудието покривајки простор од 8 km. За да се подготви за дејство BM-21 Grad процесот трае само шест минути за разлика од предходно биле потребни од 25-30 минути. Контролата се врши преку капустник-Б а се користи и компјутер багет-41 со високи перформанси, како и ардио уреди, комуникациски системи, како и системи за испитување на временските прилики. Зависно од ракетата која се користи BM-21 се употребува за против тенковска борба, за разминување минирани полиња, создавање димни завеси или за осветлување на ноќта како ден. Може само 6 ракетни системи да се употребуваат сихронизирано како на видеото:
BM-21 Grad е ракетен систем на 21 век кој е во служба на АРМ од 2001 година.
Гостин Гостин
Предмет: Re: BM-21 Grad 11/11/2014, 23:25
На последната јавна изложба на АРМ имав прилика да го видам, само тој беше обичната верзија со домет 20км. Оваа шасија е наменета за тежок off-road, секакви варијанти има од камионов, и плавуша да вози неможе да го заглави никаде...
Iceman
Број на мислења : 17
Предмет: Re: BM-21 Grad 12/11/2014, 18:55
Вчера бев во брзање еве податоци : Камион: Урал-375Д Мотор: ЗИЛ-375 -V8, 7 л Моќност: 180 кс. Максимална брзина на автопат: 75 км/ч. Погон: 6X6
Гостин Гостин
Предмет: Re: BM-21 Grad 12/11/2014, 19:54
Iceman напиша:
Вчера бев во брзање еве податоци : Камион: Урал-375Д Мотор: ЗИЛ-375 -V8, 7 л Моќност: 180 кс. Максимална брзина на автопат: 75 км/ч. Погон: 6X6
6x6 погонот оди во комплет со диференцијали кои се закочуваат, што значи едно тркало ако лизга, и камионот неможе да тргне, со рачка се закочуваат сите диференцијали, и сите тркала се вртат со иста брзина, тоа има ист ефект како да му ставиш гасеници...