Ракетниот крстосувач од проектот 1164 (поранешна „Украина“) ќе биде дограден во Николаево до крајот на годината и ќе ѝ биде предложен на Русија за 1 милијарда рубљи (околу 23 милиони евра). Овој брод стои незавршен веќе 20 години поради отсуство на финансии.
„Се договоривме до крајот на годината украинските крстосувач да биде довршен во интересите на нашите морски сили. Ние предложивме за него 1 милијарда рубљи. Тоа е многу добра цена за брод кој не е довршен, и ако воопшто се договараме понатаму - цената ќе се намалува“, изјави претставник на Воено-индустриската комисија при владата на Русија.
Претходно беше соопштено дека во 1995 година, цената на крстосувачот изнесувала 720 милиони долари. Според оценката на фабриката, изградбата на бродот е 95% завршена. Претставник на Воено-индустрискиот комплекс смета дека Украинците го преувеличуваат степенот на готовност на крстосувачот.
SIG
Број на мислења : 6118
Предмет: Re: Руска Морнарица 9/9/2013, 19:37
Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, донесе одлука да се прекинат државните тестирања на нуклеарните подморници „Александар Невски“ и „Владимир Мономах“, како и прекин на тестовите на интерконтиненталните балистички ракети „Булава“ поради неуспешното лансирање на тој вид ракети на Камчатка. Ракетата регуларно беше лансирана од лансирниот контејнер, но во втората минута од летото дојде до дефект во нејзиниот навигациски систем.
Комисијата под раководство на адмиралот Виктор Чирков ги разгледува причините за неуспешното лансирање.