9K34 Стрела-3ЛЕСЕН ПРЕНОСЕН РАКЕТЕН СИСТЕМ9K34 Стрела-3“ (НАТО ознака „SА-14 Gremlin“) е руски лесен преносен ракетен систем (ЛПРС) за противвоздушна одбрана, односно MANPADS – Man Portable Air Defense System. Овој систем бил развиен поради потребата за зголемување на ефикасноста на претходникот „9K32М Стрела 2М“ (SА-7 Grail), а со цел уништување на непријателски нисколетечки цели во долет и одлет.
Развојот на самата ракета, во голема мера бил базиран врз основа на претходната ракета за „Стрела-2М“, што придонесе за нејзин забрзан развој. Најголемата разлика која е воведена е новата глава за самонаведување која функционира на принцип на фреквентна модулација, наместо амплитудната модулација која се користеше кај „Стрела 2М“. Исто така, новина е и ладењето на главата со азот под притисок. Ладењето овозможува да се зголеми чувствителноста на подолги бранови должини (на нешто над 4 µm, спротивно на претходните 2,8 µm). Во практиката, ова овозможува подолго и попрецизно следење на цели кои маневрираат и кои се во долет (цели кои се приближуваат). Секако, овие измени имаат и негативни ефекти, односно, зголемена е тежината на ракетата, што предизвика мало намалување на кинематичките перформанси во однос на „Стрела-2М“. Меѓутоа, целокупната ефективност беше значително подобрена, кога станува збор за релативно бавни и нисколетечки цели во воздушниот простор.
Руската армија го воведе во употреба ракетниот систем „Стрела-3“ во 1974 година. Овој ракетен систем, во големи количини е извезен во повеќе од 30 земји од Азија, Африка, Блискиот Исток и во Европа. Помеѓу другите, земји корисници на овој ракетен систем се и: Бугарија, Унгарија, Полска, Србија, Чешка, Словачка и Украина. Досега, ЛПРС „Стрела 3“ се користел во повеќе конфликти во светот. Имено, се користел во Ирак за време на операцијата „Пустинска бура“, во конфликтот во Абхазија (1992 и 1993), во Конго, Авганистан и Ангола, како и во конфликтите на територијата на поранешна Југославија. Овој ракетен систем, останува во употреба до денес.
ТЕХНИЧКИ ПЕРФОРМАНСИРелативно малата тежина и димензиите, како и можноста, со содветна обука за релативно кратко време да се оспособи стрелецот, го прави и овој ракетен систем многу баран од страна на терористичките организации. Овој тип на ракета е произведуван и во поморска верзија со ознака „SА-N-8“.
Ракетниот систем „Стрела 3“ е составен од:
- ракета (9M36);
- лансирен механизам (9P59);
- термална батерија/ резервоар за гас (9P51).
Според надворешен изглед, ракетниот систем „Стрела-3“ е многу сличен на „Стрела-2М“. Лансирниот механизам, лансирната цевка и телото на ракетата се речиси идентични. Најзначајните разлики се појавуваат во новиот систем за самонаведување и изменетиот облик на термалната батерија со резревоар за гас кои сега имаат топчест облик. Новиот начин на ладење на главата за самонаведување е со азот, што овозможува поефикасно наведување на ракетата на издувните гасови од воздухопловите. Подобрената глава за самонаведување, дозволува „Стрела-3“ да биде лансирана на цели под многу поголеми агли, елиминирајќи го влијанието на инфрацрвените мамци. Боева глава на „Стрела-3“ има поголема тежина во однос на релативно малата боева глава на „Стрела-2М“. За да се искомпензира за потешката боева глава и да се подобрат перформансите на аеродинамичен лет, кај ракетниот систем „Стрела-3“, намалена е тежината на електронските уреди и вграден е нов мотор на цврсто гориво.
Ракетата за ракетниот систем „Стрела-3“, со ознака 9M36, е суперсоничен проектил со максимална брзина на лет од околу 410 м/с. Со оваа ракета може да се гаѓаат суперсонични цели на далечина до 4500 метри и до максимална височина од 3000 метри. Ракетата 9M36, освен експлозивот во боевата глава, го користи и преостанатото ракетно гориво во моментот на средба на ракатата со својата цел.
Следбеник на ракетниот систем „Стрела-3“ е Лесниот преносен ракетен систем „ИГЛА“, за кој ќе стане збор во наредниот број.
Спецификации:Послуга: – 1 војник
Тежина на системот: – 16 кг (во борбена положба)
Тежина на ракета: – 10,3 кг
Тежина на боевата глава: – 1,17 кг
Должина на ракетата: – 1,47 м.
Дијаметар на ракета: – 75 мм
Далечина на гаѓање на цели: – 4500 m
Тип на воздушни цели: – тактички авиони и хеликоптери
Тип на боева глава: -високо експлозивна – фрагментарна (фреквентна модулација со сензитивност од 2–4.3 µm)
Брзина на лет на ракета: – 410 м/с
Максимална далечина на гаѓање: – до 4500 метри
Минимална височина на гаѓање: – 30 метри
Максимална височина на гаѓање: – 2300 метри
Систем за наведување: – пасивно инфра-црвено наведување
Максимална брзина на целта,
во долет/одлет: – 310/260 м/сек
Време на самоуништување: – од 14 од 17 секунди лет на ракета
Табела за компарација на ракетните системи „Стрела-2М“ и “Стрела-3“Ракетен систем 9K32M Стрела-2M
(ракета: 9M32M) 9K34 Стрела-3
(ракета: 9M36)
Година на воведување во употреба 1968 1974
Тежина на системот во борбена положба 15 кг 16 кг
Тежина на ракетата 9.85 кг 10.3 кг
Должина 1.44 м 1.47 м
Боева глава 1.15 кг (0.37 кг нитроамински експлозив) наведувана – фрагментарна 1.17 кг (0.39 кг нитроамински експлозив) наведувана – фрагментарна, вклучувајќи 20 гр дополнително полнење за да се искористи преостанатото ракетно гориво
Глава за самонаведување Амплитудна модулација со сензитивност од 1–2.8 µm Фрекфентна модулација со сензитивност од 2–4.3 µm
Максимална далечина на гаѓање 4200 м 4500 м
Брзина на лет на ракета 430 м/с 410 м/с
Максимална брзина на целта, долет/одлет до 260 м/с 310/260 м/с
http://www.morm.gov.mk/?shtit=9k34-%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B5%D0%BB%D0%B0-3&lang=mk